1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Човекот не е сештојад, имаш интернет, истражи, нема што јас да те убедувам.
    Човекот преживува и без месо дури и живее далеку поздрав живот од оние кои јадат месо.
    И радикализам да е, се ќе направам за моето дете да биде како што треба. Тебе лично ако ти е радикализам не го прави тоа, но дозволиму на оној кој сака да биде радикален да си биде. А за канибализам што велиш? Во ред ли е? Ако не, зошто? Познавам жена која е веган од своја 12 година, не е битно од кои краишта, нема врска тоа од каде и да е.
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Побогу, каква врска има ова со муабетот???(facepalm)
     
    На lovestoneddd, Lianna Anna, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Сештојади сме, не сме тревојади. Еве многу убаво објаснато:
    carnivore-herbivore-omnnivore-comparison.jpg
    На човекот му е потребна исхрана и од растително и од животинско потекло. Особено за децата е од суштинско значење за правилен раст и развој. Се учи по биологија уште од петто одделение.
     
    На mariz, Victorian, Bender Rodriguez и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Па има племиња кои се канибали. Јадат месо нели, само прашав, нема потреба од паничење.
    Вакво сликовито објаснување и јас можам да најдам кое покажува дека човекот не е месојад. Џабе се препукуваме, подобро секој со својот став да си остане.
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Секако дека сум свесна оти преживуваат многу луѓе без месо, но тоа не го прави човекот хербивор. Вегетаријанците и веганите јадат разни видови храна која е замена за месо во однос на протеини, и самите така се изразуваат, што кажува многу.
    12 години се далеку од најмали нозе, сигурно сама одлучила, таман возраст е за да почне детето веќе само да расудува и одлучува за некои работи. Тука се зборува за мали деца и бебиња во развој на кои им се наметнува од страна на родители.
    Споредбата со канибализам не заслужува коментар, некни баш имав прилика на фб да видам страна со мемиња и „хумор“ на такви забегантуси против сите што не сме вегани. Таквите си го заслужуваат целиот rant и потсмев.
     
    На Victorian, lovestoneddd, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    И сѐ уште нема врска со муабетот.
     
    На lovestoneddd, Lianna Anna, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Па не сме месојади де, сештојади сме. Постојат тревојади, месојади и сештојади. Ние спаѓаме во сештојади.
     
    На lovestoneddd, WildMk, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не е ни хербивор :) Немаме ензими за целулозата како хербиворите. И ов верувај не го најдов на интернет, го знам

    Ако мислиш дека не е здраво месото поради додадените хормони во право си. Ама само по себе не можеш да ме убедиш дека не е здраво.

    И за мало дете не е во ред ваква исхрана. Барем може да се посоветува мајката со доктор ако веќе сака.
    Ама не тврдете во глобала за некоја исхрана дека е здрава за секого. Секој организам е различен.
    Како што јас можам да имам железо 20 без многу да внесувам храна што го содржи, познавам луѓе кои многу јадат храна богата со железо и пак се анемични. Значи и до организмот е.
     
    На sj *O*, Victorian, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Никогаш не сум исмевал ниту исмевам човек кој има друг начин на исхрана нема ни да го правам тоа. Таков црн хумор и такви мемиња има и на сметка на вегани и вегетаријанци, имаш видено претпоставувам.
    Имам приметено дека за се и сешто велиш дека е наметнување, на некој начин е наметнување ама се работи за доброто на детето и не му наштетува. Јас сум вегетаријанец, немам никаква замена за месо, јадам зеленчук овошје, јајца, мед, млеко.
    Не не сме сештојади, објасни членката погоре.
    Месото како извор на протеини не е причина за да го јадеме.
    Како нема? Прашав што мисли за тој начин на исхрана, бидејќи и тие ''луѓе'' јадат месо нели. Дали и тоа го подржувате ако подржувате исхрана со животинско месо?
     
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Стварно го продолжуваш муабетот? Канибализам не е спомнато тука, исто како што не е спомнато месо од крокодили, мајмуни, стаорци и сл. Мислам дека се подразбира за што зборуваме.
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Добро вегетеријанец си, океј тоа. Ама јајцата, млекото, млечните производи и медот се животински продукти и нив тревојадите не ги конзумираат (пошто сметаш дека човекот спаѓа во тревојади а воопшто не е така).
     
    На mode-kristina и blackwave им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Самиот факт што на луѓето им се допаѓа месото и сакаат да го јадат кажува дека има еволуциска предност, што значи, да, здраво е, потребно е и очигледно е дека децата кои јаделе месо во минатото преживеале и ја пренеле таа своја карактеристика понатаму, што довело до тоа најголемиот дел од популацијата сега да сака да јаде месо.

    Го расчистивме тоа? Океј. Витали всушност има право што го спомнува канибализмот. Тоа е исто така начин на преживување. Силувањето исто така. Сите тие се еволуциски предности. See where I'm going with this? Тоа што нешто е еволуциска предност (како јадењето месо) не значи дека е добра работа.

    Точно е дека ние сме животни, а животните кои се склони кон јадење месо како нас ги убиваат своите пленови за преживување. Само што тие немаат свест да сфатат дека тоа е неморално. Погледнете од друг аспект на целава работа: ние, еден вид животни, си земаме за право да градиме цели индустрии за убиство на друг вид животни, со изговор: ама на нашите деца им треба за правилен раст и развиток. :D
    Секако, ова е доволно добра причина да убиваме за нас, ама објективно, ако земеме предвид дека сме суштества со морал, е крајно себична работа.

    Тоа е причината поради која тврдам дека веганите се апсолутно во право и држат moral high ground. Патем, ова доаѓа од некој што јаде месо, млеко и јајца, затоа што немам можност да бидам веган во моментов. Тоа го правам со чувство на вина и би станала веган (најмалку вегетаријанец) најбрзо што можам.

    Што се однесува на темава, стојам на фактот дека на децата не треба да им се наметнува ништо што не им е неопходно (овде спаѓа храна, вода, живеалиште, облека, образование, вакцини, а не спаѓа омилена боја, музика, религија).

    Како еден родител ќе го храни своето дете е негов избор. Додека му ги обезбедува потребните хранливи состојки, сѐ е во ред. Дали може тоа да се постигне со веганска исхрана? Секако, зошто не. Нормално, нема да е лесно без млеко, јајца и месо, ама не е невозможно, па затоа не гледам причина за таквите родители да се предмет на осудување на рамниште со оние кои им наметнуваат религија и политички гледишта на децата.
     
    На honest girl, Victorian, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Има вид мечки кои се тревојади ама кога ќе начекаат пчели им го јадат медот. Исто така и тревојадите цицачи пијат млеко. Така да не ти е на место аргументот.
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    https://www.24sata.hr/news/roditelji-dobili-dozivotnu-za-izgladnjivanje-bebe-17036
    Овој случај ли беше? Знам дека имаше такво нешто, ама не се сеќавам точно како беше.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Веганството и вегетаријанството се многу повеќе од леб и ајвар, како што милува да каже една моја другарка. А колку вегетаријанци знам што јадат само тоа. :)

    Во странство полесно функционира ова, има секаква заменска храна од колку-толку контролирано потекло... овде е тешко за возрасен, камоли за дете. Да почнеме од тоа дека литар бадемово е 165 денари и повеќе, и да завршиме кај растителните кашкавали од коишто може да ти никне трета цицка. :|

    Бледо се сеќавам на 1, 2 деца во ваков случај, со наметнато веганство од религиозни причини, пројадоа месо подоцна, баталија и религија и се'.

    Ретко осудувам за нешто, ама ова го осудувам и не го оправдувам воопшто.

    Наметнатите религии, а особено па канибализмот што не е ни општествено прифатен, немаат место во темава и нека не ја дрви членот. Најнакратко, оти ме мрзи да куцам од телефон, нема да умре никој ако го тераат да се моли на Господ секој ден додека е дете, ама ако го изгладнат, ќе умре.

    Ако на нешто можете да ги научите децата, учете ги на умереност во исхраната. Да јадат се' што е здраво по многу, а нездраво по малку, да џвакаат полека и да пијат многу вода.
     
    На ludoto19, JuLleE, Espadrila и 21 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Извинете ако некој се пронаоѓа ама кога видам во групите на фб некоја мајка колку здраво го храни детето, што за ужинка пиперка му дава, а чоколадото за детето е мисловна именка, искрено превртувам очи. Јас не знам, како да има некој натпревар и постојано се докажуваат која поздрава храна зготвила и одма рипаат на оние кои даваат чоколадо и смоки. И чоколадото е потребно како и пиперката. И месо и јајце и урда. За дете во раст и развој се му е потребно, па и чоколадо одвреме навреме. Убаво пишала некоја во групата зхзд дека направиле нејадачи од децата поради тоа 'ова смее,она не смее да јади'. Претеризам е. Од узур веќе не знаат што да смислат. Извинете, можеби не е за овде мислењето ама морав да си кажам
     
    На ludoto19, mariz, Espadrila и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде ти е оваа констатација, ама да ти кажам дека сајтот на кој си прочитал дека месото само заситува - дебело лаже.

    Дали ти воопшто знаеш што значи нутритивна вредност? Дали знаеш месото каква нутритивна вредност има? Еве една табела (поточно линк со табела) каде што е наведено кој тип на месо, каква нутритивна вредност има. http://www.novalek.mk/nutritivna-tabela
    Можеби вредностите не се точни до број, ама горе-долу може да се добие впечаток.

    Како што можеме да заклучиме, храна која само заситува е онаа која нема никаква нутритивна вредност, а производи кои само заситуваат се чоколадите, да речеме. И да, не се здрави, воопшто.

    Друга многу битна работа е да се договориме дека ниту месото, ниту зеленчукот се здрави. Ако гледаме на глобално ниво, зaгаденоста во Индија не е поврзана со чистите пасишта во Скандинавските земји. Ама ако се вратиме во реалноста ке дојдеме до заклучок дека Македонија е едно парче земја и е загадена од многу фактори. Значи, дури и зеленчукот кој ти го јадеш секој ден е загаден, па не е океј да се трескаш во гради дека месото е загадено, кое среќа, ти не го јадеш.
     
    На mode-kristina, lovestoneddd, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Зошто не е здраво чоколадото? Темните чоколади пример и тие ли не се здрави?1
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Во врска со сештојади, веганите, настрана од моралните причини, имаат и научни објаснувања кои исто така тераат на размислување. Прво за месото. Според нив човекот не е создаден за да јаде месо, од причина што за да го јаде, мора да е термички обработено, односно ги нема забите кои ги имаат месојадните животни за да можат да го јадат сирово, а и дигестивниот систем е многу посличен со тревопасните животни. Друго, ние луѓето сме единствениот вид кој конзумира млеко и млечни производи од други животни. Телето пие млеко од крава, јагнето од овца итн. Мене ова ме тера на размислување и стварно држи вода. Ама држи вода и дека илјадници години наназад луѓето преживуваат со ваков вид на исхрана, месо и производи од животинско потекло, па е тешко тоа така лесно да се искорени. Во ДНК-то ни е влезено :D Ама како и да е, ако побарате на интернет, ќе најдете и многу статии за здрави деца на вегани. Ама тие родители имаат услови и достапни продукти за да го живеат тој начин на живот. Убаво пиша членката погоре, кај нас вегани и вегетаријанци јадат леб и ајвар, а тоа малку веганско што го имаме е изгор скапо. Ма ние сме народ што немаме пари за месо и млечни производи, грото јадат евтини паштети и виршли за да преживеат, ама правилно сме се хранеле оти јадеме сѐ. Туку ај, тоа е друга тема.
     
    На Gosh, Victorian, Bender Rodriguez и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    На темава може до утре да се убедуваме со линкови од интернет. Има и многу научни докажувања дека од месото нема никаков бенефит, дури и дека е причина за појава на разни болести. Исто така има и статии каде што пишува дека месото е прездраво. Доктор многу нормално дека ќе ти каже да јадеш месо, демек било неопходно и слично. И мене докторот ми има кажано да јадам бар еднаш неделно. Нутриционист па кога кажав дека сум вегетаријанец, ми кажа дури и со млечните да сум намалел. И кога веќе сè e загадено, подобро да јадам штетен зеленчук и овошје, отколку штетно месо. Месото се добива на многу поштетен начин, отколку производите со растително потекло. И ко што кажа членката, погоре. Постојат и деца вегани што се здрави и прави, постојат и деца што умреле од салмонела. Не може да се донесе заклучок по еден случај.
     
    На Kaetana, honest girl, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.