Децата како и миленичињата што им е неопходно да јадат месо не можат да направат свој избор што да јадат па тоа го прават родителите. Во храната од животинско потекло има многу витамини и минерали кои се битни за правилен раст и развој. Сметам дека не треба децата да се лишуваат од таа храна, особено од јајца и млечни производи. Огромен респект имам за вегани кои не им го наметнуваат тој избор на тие кои не можат сами да изберат. Кога ќе порасне детето нека избере само, воопшто нема проблем да имам како ќе се исхранува сѐ додека со таа исхрана не си го нарушува здравјето. Плус, секој организам е различен. Јас никогаш не можам да бидам веган, I've been there.
Јас сум од оние шо мислат многу унапред. Ама да. Скроз разбирам шо велиш и баш зато сега седам цврсто на ова. Пошто стварно барав пошто сакам да знам како би се организирала јас со мојата диета и ете во иднина дете оти неќам штета да му напрам. И да јадев месо пак ќе барав како да хранам дете. И иако го делев ставот на претходните две мислења сега знам дека е скроз изводливо и возможно и има луѓе кои се така растени. Дефицит има само ако диетата е несоодветна и под то мислам брза храна, недоволна нутриција. А то можи и со омни диета да се случи, шо е случај голем дел од хроничните болести да се ради диетата. Избор посекако прајме за децата. И давање месо е избор. И давање брза храна е избор.
Нема ништо лошо во тоа Ете, си имала доволно време за да смениш мислење. Не сакам да давам глупи примери, зашто сите познаваме некој, или сме чуле за некој што му се случило тоа и тоа, ама сепак ќе посочам на неколку мои блиски личности. Имам пријателка во Скопје која е вегетаријанец долги години, лакто вегетаријанци се фамилијарно, не јадат јајца. Синот ѝ го познавам од кога беше во забавиште изгледа. Еве го на факултет, оди во теретана, висок здрав прав, што би рекла баба ми. Овде каде живеам имам пријателка која е мажена за Индиец, и тие се фамилијарно вегетаријанци со генерации. Имаат две дечиња, паметни здрави прави Не знам дали има удел што индиската храна е стварно разноврсна, се јадат секакви зеленчуци, гравчиња, зачини... Инаку живеам во земја која иако сега е доминантно месождерска, има долга традиција на вегетаријанство па и веганство, и стварно знам многу луѓе кои долги години и генерации така се хранат. Така што, понастрана од тие јутубери момички што живеат од марула демек, и сѐ ќе биде океј. Се осудуваат родители кои не даваат месо на децата, а никој не ги спомнува тие кои растат деца со смоки, животинско и бургери. Моите уште си мислат дека нема проблем во тоа што ми дозволувале да пијам кечап како мала, да јадам леб и мајонез за доручек. Паштети, виршли, посебни салами, маргарин.... So....
Па само тие имаат видеа за зошто преќинале да се веган. Еве јас абер ко немав ко ќе видев шо јадат бев ????. Лично обожавам pick up limes од аспект нутриција, исто и heathycrazycool. А малку понездраво ама супер гурмански - avantgarde vegan. Али поздраво од то шо јадев претходно дефинитивно. Индиска кујна е п р е д о б р а. Балансирана, добро зачинета, вкусна. И да, изворно доминантно веге. Али лично сакам мексикански вкус па вегетаријанизирам мексиканска кујна. Али со замени лесно е.
avantgarde vegan е супер, сме правеле некои негови рецепти. Индиска, мексичка и храна од блиски исток ми се дефинитивно омилени. Дури и дете ми сака зачинета храна (не лута), богата на вкус.
Ако јас од нејадење месо си накалемив еден куп проблеми во фамозната крвна слика што ја спомнувате и хормонално, кои патем се средија откако го вратив местото во исхраната, тогаш не сакам ни да размислувам што може да му се случи на дете во развој кое пред се има предиспозиции како човечко суштество да јаде омниворно. Не сметам дека е исправно да му се ускратува на дете правилна исхрана особено првите години кога практично треба да се запази и самиот редослед на давање на намирници, не врз база на лични убедувања без некоја медицинска индикација за истото. И да, месото е исклучително битно за правилен хормонален развој особено кај девојчиња, ќе се обидам да најдам еден труд кој се занимава со врската помеѓу двете и ако успеам ќе го постирам во некое следно мислење. Нездрава храна исклучувам од ова оти кондиторски прозиводи со палмини масла даваат и вегетаријанци на децата, лично сум видела. Не е дека само овие другите даваат глупости.
Никогаш до крај не разбрав дали биолошки сме тревојади или месојади, сум читала сосем спротивставени мислења, нејсе, мислам дека и да сме биолошки тревојади, генетскиот код ни е троа подизменет, па затоа не би лишила бебе од животински продукти. Особено ако земеме предвид дека во првите две години од живот детето достигнува дури половина од висината која максимално ќе ја достигне во животот, а за втората половина има уште 16 или повеќе години. Па во две години на таков интензивен раст, јас не би била храбра да скратам голем дел на извор на протеини. Моето знаење е до таму и само се надевам дека правам правилен избор за детето, дали е така, веројатно времето ќе покаже
Не сме месојади бидејќи нашиот одганизам ни приближно не е сличен како кај месојадите. Почнувајќи од забите па се до ензимите кои ги имаме во желудникот. Не сме во можност да ловиме како што тоа го прават месојадите, а ниту имаме таков нагон. А и се прашувам што би се случило кога би се хранеле со сирово месо со крв. Не е лошо да се јаде месо и друга храна од животинско потекло, лошо е кога таа ќе стане приоритет до степен што растителната храна ќе ја внесуваме во мали количини или воопшто нема да ја внесуваме. Сметам дека растителната храна треба да биде на прво место, а месото и производите од животинско потекло како зачин или додаток.
Ќе да сме омнивори. Уште од самиот почеток на некаква организација луѓе цртале ловење на животни за храна. И собирале овошки. @SugarHoney Тоа со ензимите е сменето низ еволуција, зошто сме прекинале да јадеме живо месо. Во забите е дојдено до промена како резултат на намалување на големината на черепот, а делумно и изобилие на процесирана храна која не бара јаки вилици. Секако треба да има и баланс, не да се форсира исклучиво месо. Кога веќе зборуваме за природа, поприродно за човекот е да јаде месо, отколку да пие млеко (зборувам за животинско, не мајчино) и да јаде млечни продукти, зошто месото првично е дел од нашата храна и содржи многу од нутритивите кои се потребни на нашиот организам. За разлика од тоа, во нутритивна смисла помалку корисно е млекото и млечните продукти.
За тоа со млекото потполно се согласувам. Во еволуција не верувам многу пошто е сепак само теорија. Искрено не се замарам на таа тема бидејќи избегнувам дискусии кои водат во ќор сокак. Си јадам се ама умерено, не претерувам. И сметам дека нема потреба и е глупаво со сила во името на веганизмот и слично да не пробаме мевце а лиги да ни течат. Или пак да ги лишиме децата од тоа. Битно е да не се претерува.
Ја тие шо ги знам не ги тераат, животен стил им е тоа , нормална исхрана. Имаат слобода да јадат месо и млечни производи ако сакаат али и децава одбираат да не јадат .
Јас познавам вегани и ги тераат децата. Не им даваат, забрануваат храна од животинско потекло. Децата плачат за мевце, јајце, сиренце, па на гости дури и скришно си каснуваат.
Јас познавам мајка која на детето му забранува да јаде храна сѐ што таа смета дека не е здраво. Значи детето смее да јаде само сирова храна, јатки, овошки, зеленчук. Ова пред неа. Кога детето е на гости (цел месец) без мајка му, тука ги гледа другите деца како јадат смоки, сладолед, пијат сокче, јадат сендвичи, секако дека и тоа пие со нив без мајка му да знае. Не знам кое е полошо, тоа што му забранува, или тоа што кријат од неа.