1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Мислев дека нема потреба да се наведе конкретен тип на чоколадо, а зборев за млечните чоколади, за кои е општо познато дека не се здава опција за оброк.
    Еден ред чоколадо нема да направи штета, ама не можеш да јадеш цело чоколадо наместо оброк, три или четири пати во неделата и тоа да нема негативни последици.

    Прашај некој земјоделец со што ги прска неговите растенија, и колку пати годишно го прави тоа. Прашај дали некоја култура би можела да успее доколку не е прскана воопшто и тогаш дојди повторно на темава и кажи дека месото се поштетно од растенијата, гледано од аспект на загадување, прскање итн.
     
    На blackwave, christinnn, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Во право си за прскањето, ама месото што го јадеме, е исто така сомнително. Ќе почнам од хормоните што ги даваат за побрзо да растат, антибиотици, исхрана, и на крај дознаваш дека не е само тоа. Пред некоја година излезе тоа со лепакот, што ние мислиме дека е 'рскавица, а уствари не е. Ама мислам дека тоа е веќе друга тема. Дискусијата не е за квалитетот, туку дали е неопходна таквата исхрана за човекот.
     
    На Sanjichka007 и daylight им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Верувај ми на збор, и растенијата се подеднакво нездрави како и месото.Доколку те интересира, распрашај се околу оваа тема, луѓе кои се занимаваат со оваа тема ке ти го потврдат истото.

    Како може да е здраво да јадеш патлиџан во јануари? Дали е нормално јагода да има иста големина како кајсија?
     
    На Victorian, Doozy, blackwave и 12 други им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Ќе ти ги сликам моиве заби, па спореди ги со заби на крава, куче и некој предатор и кажи ми дали сме тревојади или сештојади.

    Он: никако, се е тоа од аздис.
     
    На Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да, тој случај.

    Убаво е малку сите да намалите со помодарството.
    Што вика @forumce , за некои деца, мисловна именка е чоколадо.
    Ние сите дома јадеме се'. Ако сака ќерка ми да изеде 50гр чоколадо, ќе си изеде, а јас ќе го мавнам остатокот... не пак за месо да зборуваме.

    Не верувам на ниту една 'експертска' анализа дека вегетеријанство кај деца е здраво... Па колку сака нека ме убедува некој. Сега со овој интернетов, сечие мислење стана валидно. Затоа и земјата стана рамна |(
     
    Последна измена: 23 јуни 2018
    На Rebecca_R, blackwave, RoseRain и 6 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.311
    Пол:
    Женски
    Во право си. Далеку од тоа дека чоколадото треба да се јаде како оброк, а не ужинка, ама ред чоколадо повремено не е штетно, дури и се препорачува
     
    На blackwave, sofi2107, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Ама јас воопшто не го негирам тоа. Се согласувам со тебе, само мислам дека не е тоа поентата на муабетот. Не дискутираме за квалитетот на храната која ја јадеме, туку дали може да се биде здрав со тие начини на исхрана.
     
    На Rebecca_R и daylight им се допаѓа ова.
  8. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    4.739
    Пол:
    Женски
    Ако си веган или вегетаријанец НЕ значи дека си изгладнет. Навистина не знам зошто вака гледате на оваа работа. Изгладнување е невнесување НИКАКВА храна во организмот, со што се губи на тежина и на хранливи материи во крвта и телото. Мислам на храна од било какво потекло тука.
    Виделе некој слабичок веган/вегетаријанец и одма "аха, до исхраната е, види го на што личи, ќе го умре детето, му дава само треви за јадење". (facepalm) Значи според вас човек од 120 kg што се храни со fast food и junk food е здрав?

    Секој за себе си знае што и како да јаде. Секој си одлучува како ќе си го воспита детето и како ќе си го храни.

    Не можам да се класифицирам во ниедна од овие групи, бидејќи јадам риба и други морски плодови, кашкавал и сирење, пијам млеко и јогурт. Утре нема детето да си го "убијам" ако сака да јаде говедско, но ќе му ги пренесам моите размислувања и ставови во врска со животните. Понатака само нека си одлучи.

    Ако кучето може да биде домашно животно и сакано како да е член од семејството, зошто тоа да не биде овцата, прасето или кравата?
     
    На Victorian, honest girl, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    @Rebecca_R, доколку мислиш дека месото е поздраво од овошјето и зеленчукот, не планирам да те убедувам. Јас не живеам со тој став.
    Загрижени сте здравјето за децата, а не сте загрижени за нивните потомци што ќе немаат вода за пиење и воздух за дишење? Свесна си колку природа се уништува годишно за да се задоволи побарувачката на месо? Никој не те тера веган да станеш, ама вакви коментари не се на место.
     
    На Victorian, honest girl, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас ги жалам такви деца на кои уште од мали се им е забрането да јадат.
    Се знае дека додека се развиваат им треба на децата разновидна храна, а под тоа се подразбира и месо и млеко и јајца.
    За да стекне имунитет, јачина, хранливи материи.

    Кога ќе биде доволно зрело нека одлучи што сака да биде, ама на 3 годишно дете грев е да му наметнуваш да биде веган.
    Па искрено веќе одвратно ми е за гледање кога некои родители му забрануваат смоки, чоколатце, бомбони и го трупаат со храна што не е својствена за наше поднебје...семе од ова, семе од она :wasntme: според мене се обични ГЛУПОСТИ и докажување кој е побогат.

    Бабите се израснати во доба што била каде каде поздрава од нашата, па често ги прашувам како се хранеле.
    Секогаш спомнуваат јајца, млеко, месо, овошје и зеленчук. Е сега, се ова што го набројав тогаш го имале домашно, за разлика од денешно време што купуваме, ама ако гледаме дека месото е штетно, тогаш и овошјата и зелеччуците се штетни зашто се прскани со отрови.

    Од кога постои човекот се храни со месо и на телото за правило да се развие потребно му е месо.
     
    На mssuniquee, sofi2107, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    А суплементи примаат децата? Б12 како?
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Оправдувам, под претпоставка веганската исхрана да подразбира навистина разновидност+суплемент Б12, а не да се сведе на чипс и кока-кола. Тогаш нема ништо да недостига од хранливите материи и протеини.

    Месната исхрана може да биде подеднакво наметнување како и безмесната исхрана.
    Ништо не треба со сила. За почеток би било доволно од градинките и училиштата да се исфрли месото и рибата како мртва храна, дома пак ќе се храни кој како сака.

    Секое дете носи во себе поинаква душа со поинакви програми за оваа инкарнација. Понекоја душа носи со себе силни програми за јадење животинска храна. Ако тоа наместо да се разгради се потиснува со забрани, тогаш се прави само поголема штета. Родителите се тие кои би требале да бидат позитивен пример за детето, на пр. дека го почитуваат животот преку вегетаријанската исхрана. Но дали детето ќе го следи тој пример треба да биде негов слободен избор.
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Поддржувам веганство ама кај возрасни луѓе,зрели и добро информирани,по нивно сопствено убедување.
    Кај деца кои се во процес на раст и развој НЕ. Mразам кога под здрава исхрана луѓето подразбираат вегетаријанство. Можеш да јадеш се и сешто, само да бираш од каде и кого купуваш и пак да си здрав.
    Кога би имала деца, би им давала да јадат се, покрај зголемен внес на витамини и минерали, би им дозволувала да јадат и џанк фуд, и чоколадо,сладолед, чипсови, газирано ама сепак во разумни граници.
    Јас јадам се од погоре наведеното, понекогаш знам и да претерам па ете ме совршено здрава и права.
    Ова стана некој тренд у последно време, а нај мразам кога некој некому нешто наметнува, од помодарство што рекоа погоре, во овој случај родителите на своите деца. Веганска исхрана на децата е сеуште неистражена проблематика, што по мене е клучно. Не може со сигурност да се каже дека е со фатален исход ама не може ни да се збори за евентуалните придобивки, ризикот е едноставно голем.

    Не правете од вашите деца експериментални глувци плс.
     
    На ludoto19, sofi2107, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.311
    Пол:
    Женски
    Во групата зхзд една пишала дека е подобро суплементи да примаат децата отколку да јадат животински производи :headbang:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Мојата омилена тема за дискусија! ^_^

    Искрено, жалам што не преминав на веганска исхрана уште одамна!

    Многу е глупо да се прават споредби помеѓу случаи каде што ненормални родители не ги дохранувале децата или пак им даваат само џанк фуд. И двете екстреми се штетни, на сите ни е јасно тоа.

    Има купишта студии кои што јасно докажуваат дека црвеното месо е канцерогено, дека млечните производи содржат хормони кои што се наменети за раст на потомството на кравите итн. и влијаат штетно на луѓето бидејќи млекото служи за да прехрани новородено животно, само за тоа. Би пиеле ли млеко од жена доилка? Исто е.

    Протеини постојат и во растителната храна. Леќа, наут, грав и куп други кои што се широко достапни на пазарот и имаат слична вредност на протеини во 100 грама колку парче месо со истата грамажа.

    Луѓе лечат дијабетес, рак и срцеви заболувања со whole food plant based vegan diet, имам читано многу сведоштва на такви поединци.

    Крај краева, ако не ви е гајле за другите животни, треба да ставите прст на чело и да се замислите за вашите потомци. Како што кажа @Ketchup, огромна територија на земја се повеќе и повеќе се посветува за одгледување на животни за прехрана, плус огромна територија на која што се одгледува храна за тие животни. Поради огромното количество на животни кои што се потребни за да се задоволат потребите на потрошувачите, оваа индустрија е на второ или трето место како најголем загадувач во светот.

    Информирајте се, не се држете слепо за тоа што ве учеле од дома.

    Што кажува ова? Протеините секако се потребни за да може организмот правилно да функционира. Не е тоа замена за месо, туку е начин на живот кој што е далеку поздрав.

    @kukla21 Веганите примаат б12 и витамин Д. Б12 го произведуваат бактериите во почвата, затоа ако пиеш вода од чист извор во природа, ќе внесеш б12. Животните сами по себе не го произведуваат овој витамин, туку го внесуваат преку пасење и пиење на нефилтрирана вода. Во индустриското производство им даваат инекции и/или додатоци во исхраната кои го содржат овој витамин.

    Омега 3 поради кој што многу луѓе консумираат риба на пример, го има во лененото семе, сусамот, семките од тиква, чиа семе и итн.

    За своето дете во иднина би сакала да ја има најдобрата можна основа за здрав живот, а според мене тоа е веганскиот начин на исхрана.

    Велите дека ова е екстремно? А не е екстремно да убивате живо суштество кои што не сака да умре? Да тргнеме од тоа.
     
    На Kaetana, andromedae, honest girl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    На децата им е потребна храна од секаков вид,особено во тек на развој.Месото е богато со витамини,а при хиповитаминоза се јавуваат сериозни заболувања.Јас ако имам дете би го хранела со месо,иако сум вегетаријанец.АМА со органски зеленчук и овошје (знам дека ретко го има тука),и месо што ќе ми е со сигурно потекло,а не мелено месо,салами,паштети.Ако мислите дека тие шунки што ги јадете се здрави тогаш...Верувам дека долго време ќе сум вегетаријанец,па ако на моето дете ако во пубертетот му се допадне тој стил на живот нека биде и тоа вегетаријанец.Секако нема да му забранам,но нема ни да му ги наметнувам моите ставови.Јас сум израсната со разновидна храна.Со јуфки,со смоки,со домашно приготвена храна.Не знам што се суплименти и прв пат слушам.Во денешно време многу мајки и иритираат со тој нивен режим на исхрана.Посебно кога ќе слушнам „моето дете не јаде ова,па му давам замена“.Од толку многу пазање и давање синтетска замена може да му се расипе желудникот,не дај Боже.Секогаш сум ЗА природна храна.Јагоди,банани,крушки,патлиџани па и брокула.Колку и да е грозна,сепак е многу здрава.Детето треба да се храни и со млеко,јајца,печурки,риба.Можеби поради тоа што сме сештојади имаме привилегија да одбираме што ќе јадеме.А месото мене никогаш не ми имал убав вкус ни па мирис.Исто како да јадам пластика.Подобро да се гледа на детето да не му се дава маргарини и такви канцерогени храни.Повторно ќе кажам,месото е важно ама не било каков вид на месо (во смисла виршли,паштети).Забегав од темата јас :D .Сум за хранење на децата со месо,се додека не бидат доволно возрасни па да одлучат дали ќе продолжат така или не.
    П.С.Има толку дебилни одговори на темава што не можам да се изначудам.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Ова посебно ми е грижа на совест :( Иако не сум вегетаријанец или веган, потполно ја разбирам нивната философија и скоро со сѐ се согласувам. Добро е што имаме и вегани на темата, па веќе може да се дискутира. Иако, јас би сакала да те читам кога ќе имаш деца, каков е тогаш веганскиот начин на исхрана, затоа што имам многу прашања. На пр. што ако мајката не е во можност да дои, кое млеко се дава тогаш, а да ги задоволи потребите на новороденото бебе. И уште многу други недоумици :)
    Факт е дека на секој човек му е тешко да прифати нешто ново и непознато, па го третира како нездраво. Ако вас ви е жал да ги гледате како јадат некој друг десерт на пр. кој не содржи млеко, нив им е жал кога ги гледаат вашите деца како јадат обичен сладолед. Инаку сум пробала веганска храна, од предјадење, преку главен оброк и на крај десерт, и можам да кажам дека е превкусно. Не зборам за 'ртени никулци, туку баш за храна, готвена, веганска торта, мафини и сл. По вкус исто како овие што ги јадеме ние. Значи може, само мислам дека треба да се има голема желба и да се вложи многу труд, затоа што кај нас ова е научна фантастика и може да добиеш само етикета на "луд и неодговорен родител".
     
    На tina-63, makedonkamak, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Сум била сведок на истражувања дека месото скапува во организмот бидејќи најтешко се вари, рибата, млечните производи и слично, само што штета денес ретко кој е доволно информиран за истото, луѓето денес живеат во голема заблуда дека рибата е здрава, за месото па да не зборам, иако и јас некогаш јадам месо (ретко, но сепак јадам) тешко е да се држи таа здрава храна во вакви услови, но таква е реалноста за жал...во однос на темата, и јас сум за тоа да не се наметнува нешто со сила, бидејќи може многу лошо да се одрази понатака, имав порано другарка каде што мајка и ја тераше да јаде се, буквално со сила, не знам на што личи тоа, ама тие родители си знаат, сепак за се има граница.
     
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Ги поддржувам оние кои доброволно станале вететаријанци/вегани. Нивен живот, нивни правила.

    Јас не би се откажала никогаш од храната од животинско потекло бидејќи ми е вкусна, не ми претставува никаков проблем за организмот и сл. Ги сакам животните да, ама повеќе си се сакам себеси. Не дека нема да преживеам ако ја исклучам храната од животнинско потекло од моето мени, али познавајќи се себеси, ќе бидам вечно гладна, намрштена и револтирана. За мене оброк без мевце или млечен производ, не е оброк што ќе ме најади. Не е тоа за мене.

    Кога сме веќе кај родителите и малите деца, секоја чест на исклучоци, ама денешниве родители уште не знам што ќе направат за да се докажат како нај-родители. Ми се повраќа од онаа нивна претерана грижа и потресување.:puke: Чоколадо, ајрокрем, кроасан, сладолед - скраја да е. Рани со со тревки само ако не. Ги чуваат во стаклено звоно од бебиња и после болежливи биле, слабички биле. Епа ќе бидат. Безвеза. Па деца се тие, им треба разноивдна храна за правилен раст и развој. Кога ќе пораснат, ако одлучат дека не сакаат да јадат месо, млеко или јајца, бујрум, нивно право, биди си што сакаш..
    Дека и јас и брат ми сме растени со секаква разновидна храна, која замислете вкулучувала и благо, и овошни и зеленчукови салати, и прженици, ете не пораснавме или ни фали нешто. :@
     
    На Ambitious, sofi2107, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    И така сите среќно си живееја под виножитото....хахахах, де бре, уште ли со еколошка катастрофа муабетите?

    Секое бркање помодарство преку своите деца е аздис, било тоа да е вегетаријанство, Златно славејче или форсирање спорт.
     
    На Amellie13 и WildMk им се допаѓа ова.