1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Исхраната е само дел од тоа што е потребно за стекнување добар и силен имунитет. И јас сум јадела сѐ, ама пак сум била болежлива. Претпоставувам немаш дете, ама еве како мајка ќе ти кажам дека има деца кои јадат ама баш сѐ, и пак се болежливи. А кога ќе земеме предвид колку е зголемен бројот на деца и возрасни со интолеранција и алергии на млечни производи, јајца, глутен и сл., на што ќе го препишеме тоа? Сигурно не е тоа избор на родителите. И тие деца ќе бидат здрави, само со друг режим на исхрана. И муабетите од типот ние сме јаделе и пораснавме, мене ми се истите како оние кога на бебиња давале кравјо млеко на месец дена, па и порано, или манџи на 3 месеци. И нив не им фалело ништо. Или можеби не е така? Времето ќе покаже дали ни фали или не ни фали ништо, допрва. Со толку болести што демнеат околу нас, ние уште истите изречици ги користиме, а примерите околу нас сѐ повеќе и повеќе кажуваат дека многу ни фали здравје.
     
    На Sanjichka007, SV1911, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Цел живот си веган или од пред некоја година, кога почна трендов ? До пред некое време светов немаше ни чуено за веганството, како поим не постоеше, после се започна со кампањи,проекти, фејк статии од научници, или пак статии од научници кои тврделе дека месото е неопходно за правилен раст и развој а потоа менуваат страна. Мање више исто како манијава што ги опседна родителите со невакцинирањето.
    Ниту еден педијатар нема да ти даде зелено светло. Јас знам дека го сакаш најдоброто за своето дете, ама сега тргнуваш од гледна точка на возрасна личност,дали како дете си размислувала вака.Затоа и те прашав дали си цел живот вег.
    Не можеш на мало дете да му објасниш дека сок од мокров или сок од коприва е поздрав од кока кола рецимо. Не можеш да го чуваш под стаклено звоно и во изолација од се што е штетно. Кога тогаш кога ќе почне да се меша со другите деца ке подлегне на искушенијата. Не знам како би можела да уклопиш дневно веганско мени на дете, со оглед на условите и опкружувањето. Кога потпорасне малце, на мал одмор кога сите негови врсници ќе јадат тостови,хамбургери,сендвичи мислиш дека дури и од радозналост нема да го тргне кутичето спремено од дома со брокула, салата, помешано со триста вида на семе, и да посегне по она што јадат сите.
    Не знам зошто под здрава храна подразбирате се освен месо, и дека човек што јаде месо автоматски е понездрав односно веганот поздрав. Клучот е во разновидноста, што повеќе свежо, што помалце обработувано, што помалце слано и мрсно. Умереност во се, а не рестрикции. Оставете ги децата да бидат деца, има време здравје кога ќе пораснат, и свесно ќе можат да донесат било која одлука па така и за начинот на сопствената исхрана.
     
    На Dust, Mishela, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ги ставивте веганите на исто рамниште во анти-ваксерите еј. :D
     
    На Sanjichka007, SV1911, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сами се ставаат. Секој радикализам и екстремизам, не чини.
     
    На Mishela, Nausicaa, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Во 70% од случаите може да се препише на "синдромот на модерна мамичка" - детето нема алергија, ама она прочитала во "Женски домаќински муабети" дека е опасен алерген таа храна. И порано имало алергии, ама кој се тестирал? Сега повеќето од децата се тестираат.
     
    На Nausicaa, forumce, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. Ама for the sake of the argument, нема смисла да се спомнуваат екстремни случаи на темава од типот на детето што умрело од глад. Тоа е исто како да одиш на тема за миленици и да кажеш сте слушнале ли за змијата што ја изела својата сопственичка, или одиш на тема за Германија и викаш сте слушнале ли за Хитлер, или на тема хомосексуалност да велиш сте слушнале ли за педофилов?

    Некој што го храни детето според одредена диета не значи дека е по дифолт екстремист.
     
    На honest girl, SV1911, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Сум за тоа родителите да им „наметнуваат“ ствари на децата за кои е апсолутно и недвосмислено докажано дека се здрави и добри за нив, како и за тоа да им забрануваат ствари за кои е очигледно докажано дека се штетни. Не сум за тоа да им наметнуваат сопствени фикс идеи и ствари кои се нивен личен избор, базирани на личен став и преференци.

    Веганската и вегетаријанската исхрана не се едни од оние работи со апсолутно и недвосмислено докажан бенефит - се’ уште нема ни едно дефинитивно истражување на темава, а тие кои ги има се со противречни резултати. Во најдобар случај, вегетаријанството и веганството се исто толку (не)здрави колку и разновидната исхрана. Што, само по себе, за мене не е доволно добра причина ваква исхрана да се наметнува на дете уште од најмала возраст.

    Ако родителите се вегани/вегетаријанци, шансите дека и нивното дете ќе биде се и без тоа големи - како и за многу други нешта во животот - тука се работи за воспитување преку личен пример. Кога детето ќе стане доволно големо за да разбира, ќе праша зошто тоа јаде месо, а мама и/или тато не, родителите ќе му објаснат зошто одлучиле да не јадат месо (а причините за тоа се прилично убедливи) и детето речиси сигурно ќе го следи нивиот пример. Ама барем ќе има право на избор во таа одлука.

    Ако мислите дека вегетаријанството и веганството се вистинскиот животен избор, тогаш обидете се во истото да го убедите вашето дете со аргументи, факти и личен пример, а не со наметнување на вашите ставови врз него и со присилно лишување од разновидна исхрана.
     
    На Sanjichka007, JuLleE, Ambitious и 10 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ги наведов како пример, пошто и едното и другото се крајности, и едното и другото се форсираат у последно време. parenting level: Internet
     
    На Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Помодарство, или зголемување на свеста кај народот? Не гледам никаква причина некому да смета веганскиот начин на живот.
     
    На Sanjichka007, SV1911, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нема потреба од било какви диети за децата, освен ако немаат здравствен проблем.

    Да, кога личноста е свесна и одлучува сама за себе. Да воведуваш посебен режим на исхрана кај дете, без потреба, е бесмислено.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2018
    На Mishela, Nausicaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Точно, ама во Македонија :)
    Нема никаква врска со веганството, затоа што моето дете јаде сѐ, ама јас пак кока кола не му давам. Веганите исто така можат да пијат кока кола. Веганско не значи здраво, исто како што сѐштојад не значи здраво. И едните и другите може да конзумираат џанк фуд. Значи тоа се правци во исхраната, мислам дека треба да ги разграничите овие поими.
    Не, немало порано толку алергии. Јас сега на стари години станав алергична. Да не зборам за интолеранција на храна. Оди во темата за алергии да видиш колку деца имаат проблеми и се ограничени со храна. Не е помодарство, туку е тешка борба. Некогаш може и месеци да се фатат, а да не се знае на што е алергично детето. Тоа е тешка агонија, да гледаш дека се мачи, а не можеш да му помогнеш затоа што не знаеш од што е. Факт е дека некои намирници може да направат алергиска реакција ако се воведат порано од препорачаната возраст, дури може алергијата да се јави и понатаму во животот кај возрасна личност.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно немам ништо против вегетаријанците, не ме сфаќајте погрешно, дури и ви се восхитувам, како можете да одолеете на толку убава храна и специјалитети на нашето мило балканско подрачје,ако ништо друго бар со добра храна може да се пофалиме :D
    Јас лично никогаш не би можела да се откажам од месото, јадам скоро секој ден, дури и да се докаже дека е штетно не би била толку јак карактер за да го прешкртам од листата на јадења. И не се срамам од тоа, сечија одлука е. Не треба ни ти да ми се правдаш зошто си веган, ни јас зошто обожавам месо.
     
    На blackwave, mode-kristina, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Апсурдно е да се споредуваат. Без вакцини детето го изложуваш на ризик за смрт, а со соодветна (key-word) веганска исхрана нема никаква штета.

    Кога кажав диета, мислев на одреден начин на исхрана. И давање паштети и виршли е еден вид диета.
     
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Баш ја читав дискусијата за темава во група на фб.
    Лично јас сметам дека ако родителите се вегани/вегетаријанци, а тоа е нивна лична определба и избор кој го направиле кога свесно сами размислиле, не е во ред да им УСКРАТУВААТ неопходни хранливи продукти на своите деца!! Месото има протеини, аминокиселини, железо кое со ниеден суплемент не може да се надохнади, особено на бебе испод година.
    Едно големо НЕ по оваа тема од мене
     
    На Lolipop23, sofi2107, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако не е од здравствен аспект, која е поентата на вегетаријанството тогаш? Поради идеологија?
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Гледам сте спомнале алергии. Алергиите не мора да имаат врска со колку тоа нешто е здраво. Има луѓе што се алергични на ореви, јагоди, јаболки...ова сигурно не е нездраво така?
    Јас на пример не толерирам грав. Некогаш знае многу да ми го надуе стомакот и ужасни болки да имам после јадење грав.
     
    На Nausicaa, mode-kristina, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Па и тие тврдат дека нивното е здраво, како што и ние тврдиме дека нашето е здраво. А јас ти кажувам дека и меѓу нив има што се хранат лошо, и меѓу нас има исто така.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Екстремно е и да не му даваш да јади месо, исто како што е екстремно да има 3 оброци дневно со грицки и чоколада.

    Пирамидата на исхрана, не е сменета со децении. Се знае што се' треба да внесува дете.

    За возрасните како се хранат, нема проблем. Кој што сака нека јаде, само нека не наметнува на други, вклучувајќи и деца, кои не се способни да одлучат сами за себе.
     
    На Annath, Nausicaa, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Првото е апсолутно точно, ама ете бројот на невакцинирани деца се повеќе расне, иако резултатот може да е фатален. Дај ми доказ за второто. Пишав претходно, дека и научниците и нутриционистите се поделени по ова прашање,нема да најдеш ништо конкретно. Е тука доаѓаме до фазата на експириментирање врз ДЕЦА ВО ФАЗА НА РАСТ И РАЗВОЈ.
     
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Спомнато е во друга конотација. Сѐ почесто има деца и возрасни кои се алергични или интолерантни на млечни производи, јајца, и други намирници кои овде се спомнуваат и се тврди дека не се може без нив, а да се биде здрав. Оние кои не смеат да ги конзумираат, не значи дека ќе бидат болежливи и со послаб имунитет, само значи дека ќе треба да најдат замена за тие производи и да функционираат како останатите.