Ама битно е и самиот организам, генетика, други фактори нели? Ако на едно дете би му годела таква исхрана, веганска, не значи дека и за друго би била добра.
Исхраната не е единствен фактор за здрав организам, али е еден од поважните секако. Но, според мене, не може едно дете кое е хрането да речеме со тревки, семиња и исклучително храна од растително потекло, да биде поздраво од дете кое во своето мени има разновидна исхрана. Зборувам во нормални услови, без страни причини кои ќе го доведат едниот организам да биде (по)болежлив.
Вегетаријанството/веганството е избор. Да сум јас веган или вегетаријанец, нормално е дека покрај мене би било и моето дете, ама нема да му ја кријам пластичната печена кокошка за да не посака да проба. Знаете во кој свет растат тие деца? Да не го знае вкусот на месото, да се плаши да проба месо? Со која цел? Само од страв на родителите дека ќе сака месо, дека ќе ги разочара. Екстремизам е тоа, како сакате викајте го вие. Едно е да не готвиш месо, па покрај тебе и детето да не јаде месо, а сосема друго е да му одредиш диета според која не смее никогаш да проба месо, затоа што мамичка одлучила дека тоа е добро за него. Seems legit.
Па тоа и јас зборам. Ама ние тврдиме дека МОРА да јаде сѐ дури е мало за да биде здраво. Од каде знаеме, може за некое дете смета ваквиот начин на исхрана, а може и да не пројави алергиска реакција. Сакам да кажам да не ги осудуваме веганите како радикалисти и екстремисти, затоа што и тие го прават тоа со најдобри намери за нивните деца, исто како и ние. А кој е во право или не, ние не можеме да кажеме, од проста причина што немаме такви примери. Да не се осврнуваме на статиите "починало дете на вегани". Тоа е далеку од релевантен извор за да знаеме како функционира тој начин на живот.
Уште од кога постоел човекот јадел месо, му се развивал мозокот додека правел разни алатки за да го улови животното, кога открил дека е поубаво печено времето што предходно го минел џвакајки сирово месо почнал да го користи за социјализација со другите луѓе. Ама да, месото е штетно за човекот и тој е тревојадец што илјадници години јадел месо иако немал никаква хранлива вредност од него. Сепак, сфаќам луѓе што не сакаат да јадат месо и до некаде океј сум со тоа да не им даваат месо на своите деца. Хранливи вредности што ги има во месото ги има и во растенијата и со соодветна диета дете вегетарјанец може да нема никаков недостаток на витамини и минерали. Веганизам е веќе претерано, греота е на дете да му забраниш сладолед, сирење, мед, пецива што содржат јајца. Здравата исхрана е многу важна за и за деца и за возрасните, само што ние јадеме и што треба и што не треба се до моментот кога ќе се разболиме. Мајките што не им даваат чоколадо, леб, брза храна и смоки на децата и да го прават тоа од чисто помодарство, факт е дека децата ги лишуваа од докажано штетна храна. Но здравата храна бара многу истражување, спремање, готвење и време така да не ги обвинувам родителите што го оставаат детето да појадува леб и ајвар или пак да си купи чипс и смоки нашколо. Само што се треба да биде умерено, ако од било која причона не можеме да ги следиме препораките на нутриционистите, не значи дека треба да ги обвинуваме за помодарство оние кои се трудат да живеат поздраво. И да, точно е дека месната индустрија штети на околината, ама тоа е бидејќи човекот јаде повеќе месо отколку што е препорачано. Еве интересно видео во врска со тоа:
Ако мислите дека човекот е создаден да јаде месо тогаш пробајте сирово месо со крв како што јадат месојадите и сештојадите и видете што ќе се случи. Да не биде само муабет на празно, пробајте и видете што ќе се случи и според тоа донесете заклучок.
Сирово месо со крв, месо кое не е готвено на никаков начин туку само исечено од мртво животинско тело? Сирова риба имам и јас јадено ама предходно исчистена од крв, и тоа е готвење на некој начин.
Зарем не јаделе нашите претци така? Која ти е логиката? Сирово значи необработено термички. Толку. Земи ти јаде сиров грав ако не, никако не обработен. Па да видиме што ќе се случи. Вришти логиката
Пробај јади месо со крв како месојадите и сештојадите па дојди кажи што ќе се случи. Па имаш и тревојади кои не јадат одредени растенија. Немора да значи дека ако си тревојад дека треба да го јадеш секое растение.
Aко чистење на рибата е готвење. тогаш и миење на салатата то ест нејзино чистење од бубачки, полжави испаѓа готвење. Не знаев дека толку добар готвач сум.
Рибата стои во солена вода неколку дена одкако предходно е исчистена од крв и коски. Руски рецепт, русите така спремаат риба.
Повеќето тревојади јадат само одредени растенија и плодови, исто како и човекот. Ај ти оди касни отровна риба па пиши што ќе се случи.
Знам дека дури и на маче не се препорачува да му се дава сирово месо, иако се омнивори, или да му се дава многу џигер да јаде.