1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ништо не проаѓа без вашето исмевање и понижување. Рибата се спрема како што кажав неколку дена, се чисти, се остава во солена вода, потоа се суши. И тоа е еден вид на готвење или обработка на месото како сакате. Со мајтапот не успеваш да го зацврстиш својот аргумент, ниту да го докажеш.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2018
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сакаш да кажеш дека јадеш само сирова храна?
     
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не, од каде тоа?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Затоа што збориш против термичка обработка и против јадење на храна која е термички обработена.
    Што им фали на копривите? Само што не се јадат сирови.
    Исто како што ни гравот, компирот не се јадат сирови.
    Ех, дете, дете... Сам си ставаш зборови во уста - после други ти се криви.
    Ако ти не јадеш само сирова растителна храна, зошто да јадам јас сирово месо?

    Во однос на сирово месо и риба, да, имам јадено сирови и неотстоени во сол, ако тоа те занимаше. :hai:
     
    На blackwave, Amellie13 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На blackwave, Tan4ence, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не ми извртувај мислења никаде не кажав дека сум против термичка обработка, кажав дека постојат и животни кои не јадат одредени растенија а твоиве другарки пробуваат да ми докажат дека ако човекот е тревојад требало секое растение да го јаде, што не е точно. Јадам инаку сирова растителна храна најчесто но јадам и термички обработена или зготвена на друг начин. Реков да јадеш било какво месо со крв како што тоа го прават месојадите за да се увериш дека човекот не е месојад ниту сештојад. Човекот не е ниту грабливец, ниту има канџи за лов на животни ниту има остри заби како месојад, ниту има организам како месојад.

    Неможам да ја видам сликата за жал. Мислењето го избришав по грешка, ме цитираа на истото може да прочиташ што ти пишав.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2018
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    1. Човекот има секачи, има заби како сештојад. Има желудник како сештојад. Си видел како изгледа желудник на тревопасно животно? Целулоза не можеме да вариме, тоа ти е доволно.
    2. Човекот јаде растенија што не би ги јадело друго животно, јаде и месо ГОТВЕНО, затоа што фала богу, развил ментални способности да го зготви тоа месо. И на куче да му дадеш зготвено месо ќе јаде, само не е способно да си зготи само.
    Толку.
    И човекот може да јаде сирово месо со крв и се, зошто мислиш дека не може?
     
    На sofi2107, blackwave, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Абе Витали Витали.. XD
    Никој не ти извртува зборови, тоа е тоа што ти го кажа срочено во 2 реченици.
    Велиш за да докажеме дека сме месојади треба да јадеме свежо необработено месо.
    Викаш дека човекот е и тревојад, еве за да ме увериш ти предложив да пробаш свежа коприва,незготвена.
    Не ти се бендисуваат моите коприви ееее не може да ти угоди човек :D
     
    На mode-kristina, blackwave, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    :rofl: Човекот неможе да јаде сирово месо бидејќи се добиваат болести а и ретко кој би се осудил да проба сирово месо со крв и притоа да не му се згади. Тоа е доволно за да се заклучи дека човекот не е сештојад ниту месојад. А сирови растителни плодови можеш да јадеш слободно и тоа е доволно за да се заклучи дека човекот е тревојад
    Па има тревојади кои не јадат секакви плодови. Што значи ако си тревојад дека секое растение треба да го јадеме? |(
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Има луѓе што и од брокула им се гади. :D
    Мешаш баби и жаби. Значи и гравот не е за јадење затоа што мора да се готви? И пченицата, и леќата и компирот?
    Туку, кому се фатив јас да објаснувам.
     
    На theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа се исклучоци, повеќето јадат. Ако им се гади од брокула имаат илјадници други плодови и растителна храна. Гравот може да се јаде бидејќи човекот има разум и знае како да го зготви исто и пченицата и компирот и леќата. Да убиеш нешто за да го јадеш е стварно безсмислено и нечовечки, џабе разум џабе се. А ги гледаш истите кои јадат месо зборуваат како тие се против насилство кон животните, како тие се греота, како и тие се живи а секој оброк им содржи месо. Која иронија.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Да почнеме од тоа дека повеќето велат нешто слично од типот на: на детето му е потребно разновидна храна, а тоа подразбира? Месо, млечни производи, зеленчук и овошје.

    Прво и основно, на луѓето им се потребни витамини, минерали, протеини, јаглехидрати, масти, итн, а од каде ќе ги внесат според мене не е важно. Вегетеријанците/веганците не бараат замена за месо, туку бараат извор на сето наведено. Па ако може возрасен човек да внесе доволно нутритивни вредности без месо, тогаш може и дете.
    Од таа причина, не ги осудувам. Односно, се додека: 1) успеваат да ги хранат со доволно н.в. и 2) секогаш се искрени, тогаш не ги осудувам. Под искреност мислам на тоа дека ќе му ги објасниш и животинските видови на храна, што се и од каде доаѓаат и ќе му понудиш да ги конзумира. Во искреноста спаѓа и некриењето на својата перпектива кон направениот избор на нејадење животинска храна.

    Второ, зошто сметате дека станува збор за помодарство? Реално, тек сега се' повеќе се прават испитувања околу веге исхраната и тек сега имаме генерации кои со децении живеат нормално и здраво со веге исхрана. Тек сега можеби ќе дознаеме дека навистина МОЖЕБИ местото одмагало сето ова време. Да, помогнало во опстанокот на човекот, но можеби и помогнало во одредени мутации и создавање на одредени пореметувања и болести. Поентата ми е не би гарантирала дали е ниту лошо, ниту добро ни едното ни другото. Од таа причина не идам право на осудување и прифаќање на одговорот "така ние сме растеле и што ни фали".

    Трето, треба да имаш дебел џеб за да тераш веге лајфстајл. За наша среќа, изборот се зголемува со текот на годините, но сепак цените се превисоки. Јас кога би можела, искрено би терала веге. Ама финансиски не можам.

    Четврто и многу важно, мислам дека е прашање на вкус. Во светот има такви веге верзии на "животински" производи, што верувам дека би се прелажале лесно. Што значи, не станува збор за потреба за месо или кашкавал или whatever, туку станува збор за потреба на вкусот на местото, кашкавалот или whatever.

    П.С. Што сте запнале за недавање на смоки, бонбони и слично? Па нели смоките се од кикирики? :wasntme: Се зезам. Ама сериозно, тој тип на храна нема врска со веге исхрана.
     
    На Kaetana, Joi, honest girl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ја вртиш сега темата во друг правец :)
    Секој разумен човек е против насилство врз животни и нивно убивање ради забава, иживљавање, потреба за супериорност и слично. Убивање на одредени животни заради прехрамбена сврха постоело одсекогаш и ќе постои завек. Таков е синџирот на исхрана едноставно и тоа е тоа.
     
    На DAngel, Amellie13 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Каков е тој разум кој бара заштита на животните а ги убива за да ги јаде. :^) Или тоа не се прави пред негови очи па во ред е, може и на дрво го набрале месото. Тој синџир на исхрана е кај животните кои немаат разум а не кај човекот кој има разум и не е месојад.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај ова, многу ме интересира дали на @Vitaly кој порано ставаше аватари од ловци со уловени мечки како трофеј, му се сменило мислењето и почнало да му се гади од сето тоа (т.е. од ловот)? Ако не, ова сè што пишуваш ти паѓа во вода, дете.
     
    На mode-kristina, blackwave, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.623
    Пол:
    Женски
    Животните се убиваат меѓусебе за да се прехранат, тоа е природа get over it. :)
    Направи разлика сега помеѓу убивање за храна и изживување со нив пред да ги убиеш за забава. Никој нормален не оправдува изживување.
     
    На Joi, mode-kristina, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  17. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот сум била алергична на сончоглед, па тек на 20 години ми ја открија на алерготест, а секој ден јадев и немав никакви симптоми. И не си станала на стари години алергична, туку тогаш си добила реакција. Отсекогаш постоеле алергии. Веганската исхрана нема никаква врска со алергиите, колку што може да е некој алергичен на млеко и јајца, толку може да е и на глутен и други семиња и растенија, така што алергиите се лош изговор за да го направиш детето веган.

    Знам на што мислеше, и јас на тоа мислев. Што имаат врска виршлите сега? Има разлика од здрава и нездрава разновидна исхрана, не мора да значи дека ако некој не е веган јаде само виршли и паштети. Има луѓе што си одгледуваат домашни животни, и здрави се ко дрен.
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    За ова морам да се сложам.Посебно прженото месо што се пржи во милиони зејтини.Се губи хранливата вредност со самата преработка што испаѓа дека е џабе.
     
    На tigrica92, WildMk и joy1 им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Затоа се јаде најмалку medium.
    Препржено месо е уништено месо.
    [​IMG]
    :mm:
     
    На mode-kristina, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Џабе медиум сестро ако е чувано три години во месара.Имаше случај дека скоро се продавало месо од времето на Тито.За мене не вреди ништо ако не е свежо месо или најмногу три дена конзервирано.
     
    На NarCis@ и joy1 им се допаѓа ова.