Па ако е интолерантно на месо, ќе му даваш ли да јаде? Тоа е доволна причина да не јаде. Едит: Гугл вика постои и алергија на месо.
Не реков дека не постои, туку дека е екстремно ретка. Исто како што е екстремно ретка и нетолерантноста на месо.
Времињата се менуваат. Сега е реткост, понатаму ќе видиме, времето ќе покаже. Али темата не е за алергии, јас сакав само да направам споредба дека има деца кои не смеат да конзумираат таква храна, поради здравствени причини и пак може да бидат здрави и витални како и оние кои смеат. Најубаво го објасни @MissChievous тоа што сакам да го кажам.
Ете месо може да си јаде. Но, доколку не постои алергија, нема потреба да се лишува од јајца и млечни производи.
Читај погоре. Видете, јас не сум ниту веган, ниту вегетаријанец, дома се храниме со месо, јајца, млечни производи и мед. Но, доколку решиме дома да бидеме вегани, од било кои причини, јас пак ќе се стремам да се храниме здраво и да најдеме соодветна замена на сите тие продукти. Јас на ваше место, од радозналост ќе барам на нет примери на здрави деца растени како вегани. Не барајте само тоа што вас ви одговара. Тврдите за нешто дека е лошо, а немате многу информации за тој начин на живот, освен статиите од типот "почина изгладнето дете на вегани".
Ме напаѓаш со пример и зборови што ги напишал некој друг, сериозно? Гледам во реалниот живот, нема потреба да читам глупости по интернет, и не се ни потпирам на такви статии.
Како ти со мене така јас со тебе. Ако сакаш да дискутираме нормално престани со изразите ''дете'' и слично. Се залагам за тоа и сум против убивање на животни без разлика дали за храна или од забава тоест лов. Јајца мед и млеко сметам дека е во ред е да се користи бидејќи со тоа не се убиваат животните.
Тоа го мислев и јас, чоколадо како оброк е крајно нездрава опција. Јас јадам чоколадо, дечко ми јаде, нема ниту моето дете да го лишам од слатки задоволства. Се додека чоколадо се јаде во умерени количини, нема да има штетно влијание врз здравјето. Јас немам став, не збориме овде за мода, па јас мислам дека фармерките не ми стојат добро, а ти мислиш дека се супер. Овде збориме за употреба на хемикалии, загаден воздух и ред други факти, па и мислења на луѓе кои секој ден се соочуваат со штетници, луѓе кои живеат од добиток, па затоа не е логично да имаш став.
Слушнете нутриционисти што ќе кажат на ова прашање не зборувајте напамет на пример има некој се едуцирал на ова поле. Има храна која комплетно го заменува месото сум слушала дебати и мислења на познати експерти нутриционисти кои ќе ги постирам а тесна сум со време у моментов така да трпение...
Once again, што е замена за месо? Замена за потребата на вкусот на местото? Замена за потребата за џвакање месо?
Сојата мене ми е совршена замена за месо. Нутритивните вредности може не се такви како на месото, ама мене ми е поубава на вкус. На темата: Некогаш не е до родителите, до детето е. Јас уште од мала не јадам месо. Моите ме терале да јадам ама ја не сум сакала, освен ако не било салама, шунка или нешто од оние ептен процесираните. Денес ретко, скоро воопшто и не јадам месо, а израсната сум во фамилија на “месождери”. Е сега факт е дека во Македонија се уште нема услови за развој на веганството/вегетаријанството. Ограничени сме со избор на производи, а и тоа што го има е многу скапо и неквалитетно. Пр: - 1л кравјо млеко е 55 денари, еден литар млеко од соја е 168 денари; - 200 грама веган сирење е 115 денари; - “Посниот” кашкавал е ефтин ама ако не го истостираш не може да се јаде; Сосем друг проблем е менталитетот и тоа што сите мислат дека се изгладнуваш ако си веган/вегетаријанец. Пс. Ако сакате да видите како се хранат веганите, пробајте да постите некои пости (без риба).
Јас на пример не јадам месо од својата 3та година.Од кога памтам за себе месо и сувомеснати производи не јадам.Месо чат-пат може да јадам ама мноогу ретко.Моиве уште пробуваат да ме натераат да пројадам месо ама некако не им успева.Точно дека треба месо ама еве 17год. имам и фала Богу жива и здрава сум.
На дете никогаш не би му наметнала вид на исхрана иако син ми еден период не јадеше воопшто месо поради преголема љубов кон животните. Се консултирав со педијатар и ми кажа дека нема простор за грижа, дека детето си внесува протеини од растително потекло. Пројаде месо во градинка, дома ретко. Јас искрено бев против веаганството/вегетеријанството, иако не сум голем љубител на месо. Но ми се појавија одредени здравствени проблеми кои најверојатно можам да ги решам само со храна која исклучува месо. Освен риба. Се што прочитав по интернет, за многу болести и состојби се препорачува не коснумирање на црвено месо, а некаде и млечни производи. Искрено месото не ми фали, ама млечното да. Но кај мене е друго работата. Затоа не можам да се согласам дека вегето доведува до болести. Напротив, со овој вид на исхрана се лечат многу заболувања. На дете секако не би наметнала, ама за себе можам. Помалку црвено месо, помалку процесоирана храна. И веге храната е разновидна. Значи имаш риба, зеленчук, овошје, житарици, мед.
Абе темава забега ептен. Возрасни сте, што сакате јадете! За деца е друг муабетот: Не им бутајте на сила работи кои не ги сакаат и не им земајте од уста, ако нешто сакаат да јадат. И секако, да има балансираност во нутритивната вредност. Трева ќе паселе деца од 2 години, оти месото било вакво-онакво. Ако сте толку експерти, зошто има кашички од месо кои се во производство на држави во кои начинот на исхрана е на далеку повисоко ниво од кај нас? Го анатемисавте месото од вам лични причини, а не поради научна основа. Повторувам: Возрасни-нивни избор, деца во раст и развој - разновидност во исхраната.
Значи станува збор за промена на извор на нутритивни вредности, а не замена за месо. Инаку да, баш ако ги изоставиш животинските производи исхраната нема да им биде разновидна. Нема многу избор во ориз, компир, карфиол, брокула, банана, јагоди, праска, лубеница, краставица, домат, печурка, маслинка, пченица, јаболко, цреши, пиперка, семе од коноп, кромид, хељда, диња, кајсија, сончоглед, просо, тиквица, ротквица, кокосово масло, портокал, малина, киноа, марула, спанаќ, чиа, лешник, ананас, грозје, овес, маслиново масло, модар домат, киви, круша, грашок, р'ж, кикирика, капина, брусница, морков, наут, бадем, гриз, смоква, зелка, целер, какао, слива, грав, јачмен, сладок компир, блитва, аругула, авокадо, пченка, лимон, нектарина, леќа, урма, калинка, семка од тиква, боранија, лен, итн, итн, итн. И сето она што се производува од оваа храна дополнително.
Ај некој веган-родител нека каже како се снаоѓа за хранење во градинка. Дали барате посебни оброци и очекувате дека ќе ви ги исполнат барањата, носите храна од дома, не ги носите во градинка поради тоа...? И дали дома децата бараат нешто што другите деца во градинка го јаделе, а вие не им давате? Не тролам, озбилно ме интересира како излегувате на крај со оваа проблематика.
Кој тоа препорачувал да се јаде чоколада??? Млечна чоколада која содржи премногу рефинирани шеќери, палмина маст- масло, млеко во прав, засилувачи на вкус и сл. баш е препорачлива за внесување.... Аха, да... мало сутра. Чоколада со или над 70@% какао е поздрава варијата , но ретко кој купува и јаде. Децата не ја сакаат од проста причина дека не им е блага т.е има горчлив вкус поради големиот процент на какао. Еве колку е добра - https://centarzaoporavak.com/2018/04/16/stetnost-cokolade/ Сум за здрави животни навики и здрав начин на исхрана, треба и сите да размислиме што и како конзумираме. На темава- Не сум за вегетаријанство кај деца. Моето дете јаде месо, а кога ќе порасне нека си одлучи сама по прашањево. Јас бремена не можев месо да погледнам, не пак да пробам, се беше во ред со мене и бебето, а и пред тоа не конзумурав месо подолг период, само риба.