Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство vs Carnivore diet

Дискусија во 'Диети' започната од Peanut Butter, 29 декември 2022.

?

Што е поздраво, веганска или Carnivore исхрана

  1. Vegan

    21 глас(а)
    38,2%
  2. Carnivore

    6 глас(а)
    10,9%
  3. Ни едно ни друго

    28 глас(а)
    50,9%
  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.380
    Точно кажано (y)
    Не е проблемот само во искористувањето. Дневно треба да се внеси огромна количиина на храна која содржи висок внес на хидрати а превисок внес на хидрати е лошо за панкреасот а башка на то висок внес на хидрати дебелеј а и вишок хидрати се претвора во масти. Салото не е масивност. И да се земат суплементи,неможи суплемент да ја замеми исхраната.
    И нека ми објасни некој како ќе функционира диетата carb cycle со билни извори:lol:
     
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Прво, не пратив статија, туку студија.
    А ти најде изрази (без контекст) во студии што одговараат на твојата идеја па одма пушти?
    Знаеше дека некој нема да ги прочита и затоа набута 2735 линкови за да се осигураш дека ќе остане така, или?
    Епа guess what, ги видов сите.
    Ти ги прочита целосно пред да ги пуштиш?
    Заклучок не се носи на база на пребаран израз на гугл кој те води до статијата со наслов кој ти одговара.
    Се кладам дека една од студиите немаш прочитано целосно.
    Да ги прочиташе целосно, 90% од студиите немаше да ги пратиш.
    Во една студија што ја пушти заклучокот од истражувањето беше дека не увиделе значителна разлика, во друга заклучокот на истражувањето беше дека преголемиот внес на протеини од било кое потекло води до здравствени проблеми. Во трета заклучокот на студијата е дека самата не треба да се земе за референтната точка бидејќи секој има различно тело, и е нагласено да се има на ум дека истражувањето е правено на глувци кои поинаку ги процесираат нутриентите од луѓето. Во следна студија вели дека направиле истражување на 20 вегани спортисти и 33 месојадни спортисти, притоа не се знае зошто е таква распределбата, колку жени а колку мажи има во групите, ниту пак се знае со кои спортови се бави секој од нив - што е многу битно при анализирање на мускулна маса.

    Не е само да најдеш студија и да извадиш реченица (facepalm) ...

    Така де брат, убаво кажа, без стероиди е тешко. Тие се пресудните. Не мевцето.
    Plant based diet не е јадење семки.
    Исто така, дел од СЕКОЈА храна не се дигестира туку ќе се исфрли, без разлика дали е месо или леќа.
    Ако испиеме сеа 100 грама веј протеин, шо мислиш дека ќе се деси, чудо? Пола ќе го измочаш секако...

    Значи никој никаде не ти вели дека правиш утка што јадеш месо. Супер е тоа, јади си. Никој не те напаѓа. Во некои аспекти да, месото е поедноставниот избор. Пример, никој не негира дека креатин добиваш од месо. Еве мене внесот на месо ми е минимален, па суплементирам креатин монохидрат, и осеќам разлика. Од друга страна, и ти иако јадеш месо, сигурен сум дека суплементираш креатин.
    Секој си е индивидуален.

    Поентата тука цело време ми е дека тврдењето дека нема да пораснеш и да си здрав и силен ако не јадеш месо е бабина деветина пренесувана генерациски буквално од бабите.

    На крајот на краиштата ако збориме за сила, и самиот знаеш дека протеините не се толку битни туку дека силата доаѓа од јаглехидратите, па затоа кога си на cut имаш помалку сила да вежбаш.

    А за спортисти, има. Има и во различни спортови, има и со различни тела. Еве битолчани сте пионери во кросфитот, имате претставници вегани со прилично чиста мускулна маса.

    Уште една работа што и јас и ти некогаш ја мешаме е што муабетот ни иде кон фитнес индустријата. Го гледаш здравјето низ призмата на бодибилдингот и мистер Олимпија како идеал за човечко тело.
    Брат, повеќето луѓе не сакаат да се мистер Олимпија, сакаат да живеат долг и здрав живот, а тој не зависи толку од протеините.
    Само ѕирни ги еве пример Сицилија, каде што во просек живеат најдолговечни луѓе - исхраната им е 90% паста.
    Џабе збориш панкреас лошо вака така, коа ене ги, по 116 години живеат, единствена заедничка работа им се јаглехидратите...
     
    Последна измена: 2 јануари 2023
    На Lella, AAKG и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.135
    Пол:
    Женски
    За жал јас немам најдено, а од петни жили сегде прашвам. :( Ама се носат со тек на време, ќе биди и то. :mm:
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека обичниот народ(99%) не гради мускулна наса за натпревар, за одржување на нормална мускулатура и убаво тело реално може и без (многу) месо. Ако јадете 200-300 г протеин на ден - што е мнооогу повеќе од просечниот внес, добро, ама разграничете за што правите муабет, бидејќи се добива впечаток дека апсолутно никој што вежба не може да преживее како вегетеријанец/веган.

    Инаку јадам и месо и млечни продукти, не можам да ги исфрлам чисто зашто си ги обожавам, ама свесна сум дека од медицински аспект исхрана базирана на растенија и цели зрна е далеку поздрава од исхрана базирана на месо. Балансот е најбитен, ама исто така е битно што се внесува, квалитетот на исхраната не може да биде заменет со ништо. Џабе броење грамажи калории итн ако продуктите се сомнителни.
     
    Последна измена: 2 јануари 2023
    На Cosmic Girl, AAKG, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  5. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Лично, попрво би се откажала од месо(ако мора да бирам), бидејќи витамините кои ги внесувам со зеленчукот и овошјето за мене се незаменливи со ниту една друга храна. Можам да издржам и подолг временски период да не пробам месо, но не и зеленчук. Самиот организам ми бара да каснам барем едно јаболко или мандарина на ден. Но, сепак и месото си има своја позитивна страна, поради која не би се откажала ниту од него и поради тоа не станав вегетеријанец кога се размислував, за здрав начин на исхрана важно е и месото, балансирано со останата храна. За млечните производи сум дискутабилна, и за нив е потребен баланс, воопшто не е здраво да се претерува и со текот на годините сметам дека нивниот внес треба да се намалува.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Термички необработено месо да јадеш значи да си го бараш со боринче.
    До толку да се враќаш на примитивизам од пред откривањето на оганот, е чиста глупост.

    Јас сум за избалансирана исхрана.
    Тоа значи и дека сум против веганска исхрана.
    И сум строго против таков начин на исхрана да се дава на деца во раст. Дури сметам дека е се граничи со изживување врз децата.
    Мислам дека родителите што не им даваат месо и млечни производи на своите деца свесно ги лишуваат од состојки кои треба и мора да ги примаат за правилен раст и развој.

    За возрасни ајде некако..сум пробала да се хранам само со растителна храна и бев жива гладна. Немав енергија за ништо. Крвната слика ми беше полоша, холестеролот ми беше уште полош од пред тоа.
    Кога каснав мевце после тоа буквално душичката на место ми се врати и мислам дека буквално крв ми се стори. Осетив како ми се враќа енергијата.
    Значи за долготрајна енергија и чувство на ситост во текот на денот само протеини од животинско потекло.

    Муабетот за сојата и нејзините продукти како замена за протеини ја прочитав и тука мора да не се сложувам со @theowndemon т.е да се надоврзам на @AAKG.
    Сојата после ленот е втор продукт со најмногу фитоестрогени. Лукот е истотака богат со нив.
    Фитоестрогените се еквивалент на естрогенот кој го има во храната со животинско потекло. Може со послабо дејство ама ако го јадеш често, не е занемарливо. Ако мислите дека сте го избегнале хормонот естроген од животините кои се вбризгува во нив или им се додава во исхраната, затоа што не ги јадете, да знаете дека ги внесувате и со растенијата. Затоа сојата е штетна. Заради фитоестрогените. Кај мажи води кон неплодност, гинекомастија или раст на гради и сл промени кои би следеле исто како да пие женски хормони.
    Кај жени кои имаат ризик од одредени тип на канцер (пример на дојка) истотака не се препорачува да пијат хормони, па ни да јадат храна што има естроген.
    Пазете и со таа маката. Се продава во прав во продавниците за здрава храна. Содржи фитоестрогени пошто е се прави од коренот на растението. По потекло е од јужна Америка и ја користеле како додаток во исхраната на козите за да бидат поплодни.

    НО, истотака не сум ни за исхрана само на животински протеини и масти. За луѓето што имаат проблем со црн дроб (како мене) таквата храна не се препорачува. Преработки од месо, мрсни меса како свинско, чварки, колбаси и сл не се препорачуваат. Исто и масни сирења, процесирани сирења..
     
    Последна измена: 3 јануари 2023
    На Water555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.894
    Ме мрзи да барам и кај други што ги следам (да не испадне дека само од еден извор зборувам), ама овде и овде е убаво објаснето зошто тоа е мит и машки не треба да се грижат за сојата, освен ако планираат да пијат по 3 литри соја секој ден, што е екстрем што ретко кој би го правел.

    Што се однесува до темата, не можам навистина да разберам зошто некој би се огледувал на минати, т.е. пракси на предци (ancestral practices) кога се работи за исхрана. Со причина сме престанале да јадеме сирова животинска храна и со причина ни се зголемува животниот век, а тоа е напредокот на медицината за третирање болести и напредокот на науката општо во поглед на сознанијата што ги предизвикува тие болести. При толку достапни информации за ризиците од јадење сирова храна од животинско потекло, да се залагаш за тоа мене ми е нонсенс. Кај нас сѐ уште не е популарен овој тренд, иако знам дека во САД Liver King направи цел мултимилионерски бизнис лажејќи луѓе дека толку набилдан како него можеш да станеш само со јадење сирово месо, за на крај да испадне дека давал $10000+ месечно на стероиди :D

    Во однос на веганството, јас лично мислам не би можела да бидам веган, барем не во овој момент на животот. Вегетаријанец можеби, иако и онака не јадам којзнае што месо. Пребирлива сум за јадење и исхраната во голема мера ми се базира на јајца, млеко и млечни производи (како живеете без сирење???? :x) и ако ги отфрлам, ќе треба да живеам само на овошје :D. За натаму во животот не знам, можеби би била веган ако доволно ми се отвори дијапазонот на храна што ја јадам :D.

    Мене ме интересира друг момент кај веганството. Не го пишувам како напаѓање, туку повеќе ме интересираат фактите во поглед на ова прашање. Значи велиме некои нутриенти ги добиваме претежно од производи од животинско потекло. Веганите на тоа одговараат дека може да се суплементира. Е сега, мене не ми е јасно следново: ако велиме дека стремежот на секоја личност треба да е да добива што е можно повеќе нутриенти преку исхрана, односно дека суплементите не се замена за исхрана, тогаш дали е реално во ред цел живот да суплементираш одредени нутриенти? Понатаму, не знам дали ова се однесува на светско ниво, односно како е во Европа ама барем Американциве постојано предупредуваат на тоа дека индустријата за суплементи не е баш строго регулирана како индустријата за лекови. Еднаш прочитав дека во некое истражување на различни брендови на суплементи вредностите на нутриентот варирале од неколку пати помали до неколку пати поголеми од наведеното на пакувањето. Оттука, не знам колку е сигурно да се потпираш цел живот на суплементи. Можеби тука во Европа е друга приказната, ЕУ е позната по тоа што има огромни процедури и многу внимава на безбедност на луѓето, па можеби наметнува повеќе правила и критериуми и за суплементи :?:.

    Од друга страна пак, имам впечаток како кај нас замислата за балансирана храна да е сепак далеку од реалната. Како што знам, црвено месо се препорачува да се јаде само еднаш до 2 пати седмично, додека кај нас месото е основата на сечиј ручек (ручек без месо не е ручек), па дури и вечера. Ова особено важи за машката популација, каде јадењето претежно месо се изедначува со мажественост, а „тревките“ нека ги јадат женските, ним не им треба толку месо (како „тревките“ да се „слаба“ (ахем, педерска) храна, а не буквално "superfoods" (не постојат superfoods, онака велам, дека се преполни со неопходни нутриенти)). Скоро и да не познавам машко кое се грижи дали јаде доволно овошје и зеленчук, додека кај женските е позастапена оваа свест (во голема мера последица на несреќната причина - навикнати од мали дека треба да држат диети, ама сепак :D). Секоја чест на исклучоци :D.
     
    Последна измена: 3 јануари 2023
    На Water555, Lella и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Кај мене пак обратно.
    И тоа од коа памтам за себе.
    Затоа велам, индивидуално е, не изнесувајте генерални заклучоци за цела популација на темел на личното искуство.
    Познавам мали деца со прејака крвна слика а месо немаат пробано (затоа што не им се допаѓа, иако родителите јадат) и имаат појака крвна слика од сите дечиња во одделението.
    Секогаш паричката има две страни.
     
    На Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.001
    Гостинот во епизодава раскажува за неговото искуство, живее во планина и јаде тоа што ќе улови, односно исхраната му е само месо. Тврди дека во месото има сè што е потребно за човекот. Е сега месото што он го јаде е од животни што живеат слободни во дивината и јадат што ќе најдат во природата.

    https://open.spotify.com/episode/7kbXOWJbxmjn0R36TVXmh9?si=Ii4QzNRJTO-dcS6JccHtPw
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.135
    Пол:
    Женски
    Не мора да се согласиш, отвори истражување и ќе знајш дека се шо кажа е побиено од јас ко бев дете. Барем нешто ново кажете. Toodalooo.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не мора воопшто соја за протеини. Со мешавина од мешунки ко ориз и грашок ја добивате истата формула што ја има во месото.
    Најдете си другарка што студира фармација за повеќе информации. :D
     
    На Biljarkata, Cosmic Girl, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Хартија трпи се.
    Ама искуството на своја кожа или пример од некој од твојот круг е сосема друго.

    Познавам маж што си јадеше секој ден фитоестрогени (од соја, лук, лен секој ден, некогаш двапати дневно) пошто се е тоа растително нели и здраво и почнаа гради да му растат сосе болки и осетливост на допир со се.. Исто како кај девојче во пубертет.
    На ехо го прашале што јаде мислеле да не јаде пилешко многу.
    После му текна што греши па престана.

    За се треба мерка да се има.
    Соја одвреме навреме не е проблемот.
    Ама да заменам два оброка на ден, на пример со неа е too much.
     
    На Water555 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.135
    Пол:
    Женски
    Чим ојме на вајбс, се поби сама оти немам цицки. Еве толку е релевантно.

    Gurl. Нормално дека то ќе речат ко од 1990 прв пат се прај fearmongering против соја и голем дел, цела генерација луѓе, покасно уште не гледат подалеку од тој прв исказ. Иако декада покасно прв пат се побива со целосни истражувања. Ама ако се е само хартија и за тебе е нерелевантно, јас се повлеквам од "дискусија" пошто не ми се врти во круг just cuz.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Нема контардикторност.
    Само полови разлики.
    Женско и машко тело не е исто и нема исти потреби. Јас зборувам што им прави додатокот на естроген на мажите-им активира млечни жлезди од таму и порастот на градите. Нив не им требаат активни млечни жлезди, нема да дојат бебе. И гинекомастијата е видливата последица, а има и последици кои не се така видливи а може да се и посериозни по здравјето.
    Мажи треба да пазат колку естроген внесуваат и тоа е факт.

    Кога станува збор за хормони не треба да се експериментира, се нарушува цел синџир на функционирање на телото и се изместува од рамнотежа. Кога веќе се потпираме на научните истражувања за да формираме став кон нашата исхрана и да ја смениме диетата ајде тогаш да зборуваме и за студиите кои ги истражуваат хормоните.

    Кај жените кои полово созреале низ пубертетот, без разлика колкави им се градите, млечните жлезди им се развиле веќе. Не до големината на градите туку до функцијата на жлездестото ткиво. Млечните жлезди си проаѓаат низ месечните хормонски циклуси и си реагираат на нормалните осцилации на хормоните во нивното тело. Затоа и преглед на гради се прави по завршувањето на менструалниот циклус и во точно одредени денови од нејзиниот циклус кога естрогенот и прогестеронот се најниски. Зошто млечните жлезди реагираат на половите хормоните чие ниво после менструацијата се менува.
    Ама ако имаш во фамилијата случаи на канцер на дојка кој е осетлив на естроген стварно не ти треба да јадеш често храна што содржи естроген. Дај му на девојче пред пубертет храна богата со естроген и ќе и предизвикаш преран пубертет и појава на секундарни карактеристики. Уствари, постојат такви случаи евидентирани во пракса. Ги учевме на ПМФ на часовите по физиологија на ендокриниот систем. За правилен раст и развој и те како е неопходно избалансирана исхрана.

    Немам намера никого да убедувам што да јаде. Ниту сакам мене некој друг (освен мојот доктор по направени анализи) да ми кажува што да јадам.

    Само велам да се внимава.
    Не сме сите исти физички.
    И некоја храна што се етикетира како здрава не треба да се злоупотребува. Ориганото во голема количина е токсично ама во мала е лековито.

    Има тенденција кај луѓето да претеруваат во однос на исхраната. И тоа повеќе од психички причини него од физички. Ќе прочитаат на пример дека некоја храна е штетна и се лишуваат од цела категорија на хранливи состојки. Тоа е екстремно.
     
    На Water555 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    https://www.healthline.com/nutrition/foods-with-estrogen#TOC_TITLE_HDR_9
    Еве ви и информација за тоа што го зборувам. Со листа на храна која содржи најмногу фитоестрогени, кој тип од нив и како влијае според истражувањата. Кој е по читањето нека си прочита.
    Жените во менопауза кои имаат изразени симптоми на менопаузата ќе имаат бенефит од информацијата.
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Не се тоа вистински естроген туку фитоестрогени, имаат сличности со ендокрините естрогени.
    Инаку да, легитимни се овие прашања кои ги пишуваш за внес на фитоестрогени со исхраната, ама навистина се побиени. Има веќе многу истражувања кои докажуваат дека сојата нема ефекти врз органите и хормоните ни кај мажи ни кај жени во репродуктивна возраст. Или ако има, се минимални и немерливи.
    Инаку, има вакви соединенија и во друга храна од растително потекло, само што со нормален внес не се прави штета и не ни имаат толку можност да направат големо влијание...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.380
    Гинекомастиа се добива поради висок естроген во машкото тело. Кога се крева тестостеронот телото автомацки прави баланс и го дига естрогенот. Во пубертет кај млади лица можи да дојди до пореметување на хормони и се добива гинекомастиа. Се лечи со медицински антиестроген краток период. Доколку не се намалат градите се оди на хирушки зафат.
    Иначе хормоните можи да ароматизират во андроген.
    Додека сме кај сојата,на јутуб има објаснување од ново истражување за сојата и се наведува да се избегнува. То во пракса незнам зошто пошто и не користам а користев многу соја пред едно 10 години.
    И еве една слика за билните протеини.
    Screenshot_2023-01-03-22-09-45-902_com.instagram.android.jpg
     
    На Water555 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Клучното е во последното што го пиша-со нормален внес.
    Никој нема да умре ако ксне соја или ако некогаш ксне месо.

    Затоа велам урамнотежена исхрана и да нема забегување со тоа што се конзумира.

    Од искуство пишувам луѓе.
    Не е зборам напамет.
    Зборувам за вистински случаи.
    На човекот што сега само хируршки може да ги отстрани градите не му се занемарливи промените и не му требаат студии да му го докажат спротивното. Ете да речеш дека јадел друо, не јадел. Месо и салами ретко јадел, пилешко па ич. Ама лен и лук јадел во големи количини секој ден.

    Жени во менопауза решаваат проблем со топлинските бранови со јадење секојдневно по лажичка две мелен лен, соја и други растителни храни кои содржат фитоестрогени. Значи си имаат ефект ако се конзумираат секој ден.
    Јас не знам веган просечно колку често јаде таква храна, може баш неа не ја јаде ич. Само велам да се обрне внимание.
     
    На Water555 и AAKG им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.135
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl не е контрадикторно, туку нерелевантно. Пошто теоријата ради која прв пат се демонизира соја се основа на то шо го го пиша зошто I'll give it to you - логично е. Ама се поби. Соја е главен протеин во вегетаријанска азијска кујна и во голем број истражувања се зема и аспектот зошто се шо се постави во теоријата НЕ е точно за цела култура луѓе каде сојата е основа на исхраната застапена секој ден, често со поќе од една порција. За сојата дури има и препорачана дневна доза. И ако за тебе то сеуште не е доволно балансирано - искрено не ми е доволно гајле. Пошто некој седнал и израчунал колку безбедно е безбедно, колку не е безбедно и margin of error или подобро кажано, исклучок од правило. Пошто сегде го има то исклучок од правило. Оти не те убедвам да јадиш соја, hell, и јас преретко јадам и почесто зошто морам а не зошто сакам, г н а с н а текстура. Само ептен не е убав изглед да продолжиш да шириш страв, за нешто шо е побиено одамна.

    [1]
    „In any event, it is clear that isoflavones should not be equated with the hormone estrogen. The literature is replete with clinical examples of differences between these two molecules. For example, isoflavones do not stimulate the vaginal maturation index or increase C-reactive protein (CRP) whereas estrogen does. Furthermore, isoflavones may exert potentially-relevant hormone-independent physiological effects. Therefore, classification only related to their hormonal activity may be an incomplete characterization. Finally, not only should isoflavones not be equated with estrogen but soyfoods should not be equated with isoflavones. The soybean, like all foods, is a collection of many biologically active molecules.“

    „In men, a small pilot cross-sectional study found that very modest soy consumption was associated with lower sperm concentration (sperm count was not decreased) but there were many weaknesses to this study. In fact, much of the decreased sperm concentration occurred because there was an increase in ejaculate volume in men consuming higher amounts of soy, a finding which seems biologically implausible. Furthermore, this same research group subsequently found in a cross-sectional study involving 184 men from couples undergoing in vitro fertilization that male partner's intake of soyfoods and soy isoflavones was unrelated to fertilization rates, proportions of poor quality embryos, accelerated or slow embryo cleavage rate, and implantation, clinical pregnancy and live births.

    Finally, and most importantly, all three of the clinical studies conducted show that isoflavones have no effect on sperm concentration or quality. Interestingly, a case report indicated that daily isoflavone supplementation for six months in the male partner of an infertile couple with initially low sperm count led to normalization of sperm quality and quantity.“

    „Two case reports describing feminizing effects that allegedly occurred as a result of soyfood consumption have been published. However, in both cases the individuals were said to have consumed 360 mg/day isoflavones (~9-fold greater than the mean intake among older Japanese men) in the context of unbalanced and likely nutrient-deficient diets since soyfoods accounted for the vast majority of calories consumed. Furthermore, in contrast to the rise in circulating estrogen levels noted in one case, no effects on estrogen levels have been noted in numerous clinical studies in which men were exposed to as much as 150 mg/day isoflavones.

    Similarly, the drop in testosterone levels noted in the other case is as already noted, inconsistent with the preponderance of the clinical data showing neither soy nor isoflavone supplements affect testosterone levels. More specifically, a systematic review and meta-analysis that included 15 placebo-controlled treatment groups with baseline and ending measures and an additional 32 reports involving 36 treatment groups found no effects of soy protein or isoflavone intake on testosterone, sex hormone binding globulin, free testosterone or the free androgen index. Studies published subsequent to this meta-analysis have reached similar conclusions.“


    [2]
    Морам и ова, чисто оти уз читање го најдов. Кратенките се изолирани соја протеини. Ама баш оти тргна муабетот дека сојата е со сите есенцијални аминокиселини кои се потребни и се препорачува во секојдневна исхрана, и ти не се согласи де:
    „SPI and SPC have a PDCAAS of ~1.0 (scores are truncated at 1.0 or 100% using this methodology). Research published in 2011 showed the PDCAASs for SPI and SPC are slightly higher than for beef (0.92) and much higher than for other plant proteins (e.g., pea protein concentrate, 0.73; kidney beans, 0.68; pinto beans, 0.63; rice, 0.53; wheat gluten, 0.25).“
    „Recently, tofu, soymilk, and a popular soy-based burger received scores using the DIAAS of 97, 117, and 107%, respectively when using the IAA reference pattern for the older child, adolescent, and adult. In comparison, when using this same reference pattern, 80% lean ground beef and a popular pea protein-based burger received scores of 110 and 83%, respectively.“

    „In 2012 [reaffirmed in 2021], the American Cancer Society and the American Institute for Cancer Research; in 2014, the World Cancer Research Fund International, and in 2015, the Canadian Cancer Society, all concluded that women diagnosed with BCa can safely consume soy.“

    „In 2021 a meta-analysis of 41 clinical trials conducted mostly in Western populations, found no effects of soy or isoflavones on reproductive hormone levels in men. Trials intervened with either isoflavone-rich soy protein or isoflavone supplements and involved men of all ages Total testosterone and free testosterone levels were measured in 1,753 and 752 men, respectively, and estradiol and estrone levels were measured in 1,000 and 239 men, respectively. Sub-analysis of the data according to isoflavone dose (<75 mg/d vs. ≥75 mg/d) and study duration ( ≤ 12 weeks vs. >12 weeks) also showed no effects. In addition to there being no effects on hormone levels, none of the three clinical trials to evaluate the impact of isoflavone intake on sperm or semen parameters showed any adverse effects, although one of these was not published in full manuscript form. Isoflavone doses ranged from 40 to 480 mg/d for durations from ~2 to 3 months.

    In addition, neither of the two placebo-controlled clinical trials that evaluated the effects of isoflavones on breast tissue in men found evidence of gynecomastia. One of these studies, which involved 200 men, intervened with 66 mg/d isoflavones for 3 months and the other ~100 mg/d for 3 years and involved >300 men. Finally, a study that included 184 men from couples undergoing in vitro fertilization, found that neither the intake of soyfoods nor isoflavones by the male partners was related to fertilization rates or a host of other fertility measures.“
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа да ја демонизирам.
    Мислам дека веганите го демонизираат месото.

    И не си противречам сама на себе со тоа што и самата кажав дека фитоестрогените иако не се исти како естрогенот сепак влијаат на организмот. Особено ако се јадат редовно и количински.

    Дали ти требаат или не тие нивни ефекти, е башка прашање. Јас велам јадете согласно СВОИТЕ потреби и СВОЈОТ организам.

    Јас лично обожавам месо, ама не јадам големи количини. И баш зашто знам дека влијаат фитоестрогените се трудам во вторава половина од животов тоа да го користам за своја корист и здравје. Се трудам да јадам помалку месо, а повеќе растителни фитоестрогени зашто сум во прерана менопауза. Зошто не ми создаваат јајниците естроген и зошто кога јадам соја и лен и лук немам hot flashes. И тоа е за мене факт добиен од искуство а не од книга или студија.
    И неможе да го занемарам зашто има студии што го велат обратното. Затоа реков хартија трпи се. Утре ќе извадат нова студија со некои други заклучоци...
    Без разлика што велат студиите, јас знам што ми зборува моето тело. Може статистиката да вели друго (во причините зошто се такви резултатите не навлегувам) ама моево тело не го занима статистика. Што му правам и колку му давам, толку ми враќа.
    Сум забележала промени во последните две години од оваа храна и затоа и толку сум упорна во ова што го кажувам. Ако може некоја храна да ми биде лек мене, некому може таа истата да му е штетна (ако јаде во истата количина).
    Значи на своја кожа осеќам дека влијаат овие јадења, без разлика што се растителни, кога ги јадам редовно и подолг период.

    Ама на муж ми нема да му дадам да јаде сето тоа во иста количина колку и мене, 100%.
    Зошто? Едноставно нема потреба како мене.

    А ако зборуваме за демонизирање на храна, вегетаријанците и веганите не се споредуваат со месојадите во тој поглед. Нивната аверзија и одбивност кон месото и животинското е далеку поголема од онаа на месојадачите кон веганите или кон јадењето растенија. Уствари месојадачите јадат и растенија.
    А причините за одбивноста на месото се психолошки.
     
    На Water555, Peanut Butter и Biljarkata им се допаѓа ова.