Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство vs Carnivore diet

Дискусија во 'Диети' започната од Peanut Butter, 29 декември 2022.

?

Што е поздраво, веганска или Carnivore исхрана

  1. Vegan

    21 глас(а)
    38,2%
  2. Carnivore

    6 глас(а)
    10,9%
  3. Ни едно ни друго

    28 глас(а)
    50,9%
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.132
    Пол:
    Женски
    Студиите НЕ го велат обратното за полезните ефекти врз жени во менопауза на пример. Само го негираат делот за мажите, додека го потврдват делот за жените. Се е во двата линка. Искрено и да сакав не можев СЕ да ископирам зато и ставив линкови. Ама I guess ''хАрТијА тРпИ сЕ“ зависно како ти одговара. Зато и со овај дел завршвам зошто мислам дека излагањето ми е детално горе и немам шо да додам во тие рамки.

    А и да, демонизирање е. И то од многу едноставна причина. Феминизација на мажи е толку длабока и болна на ниво на општество, шо ако прв пат теоријава беше поставена 1990ти, цели генерации луѓе израснаа како е побиено за ефектот на соја врз мажи ама до лани беа актуелни мајтапите: soy boys lol. Као демек феминизирани. Не маженствени. Soy boys е причина за кревање на карнистите т.е. „алфа мажјаци“ шо единствено се хранат со месо оти така праеле предците шо биле џекд. Као тие ќе јаделе дупло месо за то шо јас не јадам да надохнадел. Liver King го спомна некој назад, шо лажеше дека е natural. И дур сме со ваков мајндсет, уште цела генерација луѓе ќе израснат пред да се видат фактите.

    И слатко е дека вегани демонизирале месо. Страдање, да. Месо конкретно - не. Ете, Канада извади првото lab grown meat. Никој не го демонизира, напротив. Пошто сама знам колку немав булинг кога јадев месо и како секој ко ќе случајно дознај дека за коледе ќе си носам Вердино плескавица ме напаѓа со прашања па и осуда. Прво ме гледат како да сум глупа, па после еден специфичен тон: „ама зошто“ за после одма да следува „јас никогаш не би можел!“ на шо обично добиват договор дека океј е да не можи, индивидуално е ама ако некогаш сака да проба чак и само да намали месо можи комотно да ми пиши. И муабетот завршва со „секта“. Кај нас демонизирано е да си различен од гротото. Секогаш има мајтап дека ние вегетките разгласваме шо јадиме, ама јас максимално се кријам пошто преку куров ми е од сите шо не знат во своја чинија да гледат и поинтересна му е мојата. А на пример ако одам на настан и сите си кажват рестрикции, морам да ја кажам мојата. Али тогаш „не сум знаела да заќутам“. Буквално, во животот не сум била поќе малтретирана за исхраната од ко не јадам месо. Па она „а шо чајна на ти недостига“ во иста реченица со „а како си здрава“ е веќе смешно од шо е контрадикторно. И се, in my humble opinion, е зошто причините поради кои не јадам се ради личниот морален код по кој се водам. Ама тој е мој морален код. И не ми ја опфаќа само исхраната. Ама то не спречва луѓе да ме прашат: „и шо са мислиш дека си подобра од мене?“ - Не. Само гледам да сум добра кон себе пратејќи се кон нешто шо ми дава мир. Ама кога ме прашват ова, обично сфаќам дека таму лежи зајакот за антагонизмот.

    Во веге рамки ние сме свесни дека постојат purists, или луѓе шо не сфаќат концептот дека веганизмот е за намалвање на страдање колку шо можиме и без негативни ефекти, дека и флексетаријанец е супер, и некој шо пости и некој шо прај Вегануари еднаш годишно или шо од две порции месо во ден намалил на една, и се најгласни иако во суштина се најмалку на број. But we all love those generalization, amirite? Ама не, и ние ги неќиме гласните вегани. Дури и тема за продукти шо отворив прво напишав посни продукти, во заграда веган оти свесна сум дека поќето ќе преќинат од Сабота со посна исхрана и ќе се вратат пак за месец и пол, и во темата ќе останиме двајца без тројца кои генерално веќе си се препознаваме на форумов. И то е океј. Most of us don't give two shits. Ама сме демонизирале. Слатко.
     
    На crimson, Lella и renata77 им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    179.942
    Можеби оф-топик ама имам прашање кое не знам како да го изгуглам, па ќе го поставам овде. Што е тоа спајкован инсулин, и поради што е? Врзано е со внесот на животински протеини или како? За нормално функционирање на човечки организам прашувам, не за градење мускули или идеолошки погледи кон светот.

    Инаку, на темава, јасно ми е дека ја постави @Peanut Butter од нутритивен аспект, ама во екстреми не гледам подобар избор. Мене ме интересира, ако имате некое видување, кои мистериозни побуди ги водат луѓето во нутритивни екстреми, било на оваа или онаа страна? 8-|
     
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.380
    Активен инсулин во крвта. Хидратите поправо глукозата го поттикнува панкреасот да лачи инсулин и инсулинот заедно со амининокиселините се транспортира низ телото. И билните протеини поттикнуват лачење инсулин али без потребно. Константно го држат активен во крвотокот а фактички без транспорт на хранлива материа. И животинскиот протеин можи да активира инсулин али не како билните протеини. Али то не е толку штетно..
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Aминокиселините не се транспортираат преку инсулин. А тој спајк што го викаш настанува откако ќе се внесе (најчесто) обилен оброк богат со јаглехидрати, не протеински.

    Инаку, баш билните протеини може да бидат полезни во зголемување на сензитивноста на клетките на инсулин.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.380
    Кој ви го кажа то дека инсулинот не ги транспортира аминокиселините :)
    Инсулинот е трснспорт на аминокиселини,масти,хидрати....

    Протеините и инсулинот
    Протеините исто така поттикнуваат излачување на инсулин но во далеку помало количество отколку јаглехидратите. Инсулинот е и водич на протеините до мускулните ќелии. Во секој случај доколку вашата исхрана се состои во главно од протеини ќе имате висок инсулин, честа глад, умор и други отежнувачки ефекти. Доколку протеинот е во комбинација со здрави масти во исхраната во правилен сооднос за вас заедно со другите фактори кои сочинуваат здрава и правилна исхрана, тогаш нема да имате високо покачување на инсулинот и ќе можете да ги жнеете сите придобивки од тоа што инсулинот ќе ви работи така како што бил создаден да работи. :nod:
     
    На Water555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. guess who

    guess who Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    :hai: Ne sum vegan ili carnivore tuku vegetarian veke edna godina, i mozam da kazam deka nikogas ne sum se pocuvstvuvala podobro. Podobro spijam a i imam poveke energija od bilo koga. Neli vikat jades za da imas energija, e za mene nikogas ne bese taka koga jadev meso, bidejki na mesoto mu treba poveke vreme za da se svari vo organizmot i toa ja odzima celata energija. Mesoto e vkusno, ne vikam ne, ama ne vredi da se odzeme zivot za da se zadovoli nasio apetit. Moze da jademe meso ama ne ni zavise zivoto od nego. Moze da preziveeme i so veganska i vegetarijanska dieta.
     
    На AAKG и Mantub им се допаѓа ова.
  7. Water555

    Water555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2021
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Во темава никој нема да си го смени мислењето и секој ќе си ја пее својата песна.

    @Cosmic Girl убаво објасни, за се се согласувам.

    Според мене веганите повеќе емотивно се врзани за нивната исхрана и кога зборат за тоа како да не постои друг излез, само тоа е решението па дури и за климатските промени. А и тоа се проширува кон нивнииот животен стил, некористење на предмети и облека изработени од кожа како не би се убивале животни и сл. Тоа за мене е екстрем.

    За lab grown meat никогаш нема да го замени месото, у мојата книга спаѓа под процесирана грана. Изгледа револуционерно ама веќе постојат вегански паштети, кобаси, нагетс итн.. така да dunno. A овие продуктиве се маркетиншки трик или стварно имаат ист вкус како што ги знаеме, не сум пробал до сеа ?


    Има една заебанција која гласи:
    An atheist, a vegan, and a crossfitter walk into a bar...
    [​IMG]
    I only know because they told everyone within two minutes.

    За момент изгледа дека повеќе ги ругам веганите, али не мора да ми реплицирате со passive-aggressive коментари, a со тоа ќе ме побиете дека сте емотивно повзани со вашиот начин на исхрана и се гледате толку сериозно.

    А од друга страна carnivore е друг екстрем. Не секој може да го толерира и тоа.

    Јас го поддржувам балансот користејќи ги предностите на двете страни.

    За да спиете сите мирно, на крајот од денот секој за себе си мисли дека е у право и нема една вистина.

    Водете се од тоа што на вас, вашиот огранизам и вашето здравјте ви годи а не според идеологии и тоа како вие мислите дека треба да биде.

    Од страната на фактите се кажаа многу работи се друго е вртење у круг, темата може и да се заклучи бидејќи не гледам дополнителен бенефит :)
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Точно е дека инсулинот е потребен за да се искористат аминокиселините во клетката, помага да се внесат, ама тоа не е исто со тоа дека е неопходен да се транспортираат низ крвта како "носач", ниту пак значи дека се секретира во исти количини како при јадење јх. Не е ни битно тоа ај, битното беше дека тој спајк што го напиша не е предизвикан од билни протеини туку од храна со висок гликемиски индекс, т.е прости јаглехидрати.
     
    На Ajronmen и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски