1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од marijaaxl, 16 август 2015.

  1. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Видов дека има тема само Вегетаријанство, но не и Веганство. Мислам дека би било добро да има и една ваква тема.

    -Сите сме добро запознати дека Вегетаријанците не вклучуваат месо во својата исхарана, но вклучуваат производи од животинско потекло (млеко, јајца, сирење итн.).За разлика од нив Веганците не вклучуваат производи од животинско потекло, ниту месо, исто така се држат строго по правилата да не носат облека од кожа или крзно.

    -Веганството го нарекуваат Next level од Вегетаријанството, имам таква другарка што беше Вегетаријанец а сега е Веган, да ја гледаш од страна и чудна е. Кога во маркет минува покрај полиците со месо миже, или очите ги покрива со раце за да не гледа.

    -Што мислите вие за ова? Дали би биле Веган или можеби веќе сте?

    *ако има ваква тема слоботно канта. :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    tesko e da se bide vegan,poznavam eden prijatel koj e vegan vekje nekolku godini samo kolku pari dava za ishrana ni samiot ne e svesen.samo ovosje ,zelencuk,zitarki seminja so toa se hrani.ama vo denot mora da zema 6-7 takvi obroci zatoa sto ne go najaduva.jas iskreno ne sum za veganstvo.
     
  3. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Веганството е чиста глупост..
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    6.322
    Пол:
    Женски
    Започнав 30 days vegan challenge, се надевав да прочитам овде рецепти, ама тешко :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    9.732
    Допаѓања:
    116.940
    Веган сум 48 дена во пости. Инаку не сум и не сакам да бидам. Сакам млечни производи. Сакам месо. Не би си дозволила сега слабеење на крвта, а железото најдобро се подобрува со јагнешко, јунешко, телешко...Цвеклото, блитвата, можат само да го одржуваат, и да дадат подобра слика, ама вистинско менување на клетките само со месо, по препорака на доктор.

    Мижење до полици со млеко... претеризам.
     
    На Lady Phoenix и Eli23 им се допаѓа ова.
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Мислам веганството е претерана варијанта.
    Практично треба ништо да не јадеш. Ајде за месо, ќе сватам некако, ама неможам млечните производи да ги исклучам.
    Рачунајте тука спаѓа кашкавал, топено сирење, чоколадо....
    Сепак и во производите од животниско потекло има достави витамини и протеини.
    Неможеш јајцето да го замениш со ниедно семе.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    6.335
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанец сум долги години, а за веган сум размислувала, ама еве не сум сеуште .:)
    Може и ке станам, ништо чудно :)
     
    На Fitteen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.775
    Пол:
    Машки
    Човекот е омнивор, што значи, може и треба да јаде и растенија и животни. За разлика од хербиворите, чиј организам и дигестивен систем се прилагодени исклучиво на растителна храна, човекот не е приспособен за вакво нешто и нашиот организам не може да функционира правилно со исхрана од која се исклучени сите животниски производи.

    Со веганска исхрана може да се (пре)живее, но искрено не верувам дека тоа е без никакви последици по здравјето. Може да се преживее и само со јадење на компир или со хамбургери од МекДоналдс – имаше вакви случаи во кои луѓе ги користеле овие диети година дена – секако, не без очигледни здравствени последици.

    Секој може да си јаде што сака, нормално, и да си прави како му чини. Има луѓе кои едноставно не сакаат месо генерално, или месо од одредено животно – има и такви кои не јадат јајца или не пијат млеко. Се тоа е ОК. Меѓутоа, вртење глава кога се поминува покрај фрижидери со месо за мене веќе е забегување. Форсирање на некакви квази-убедувања против насилство врз животните и лишување на сопствениот организам од храна која му е потребна е претеризам во негативна насока.

    Поодамна читав за случај кога родители-вегани својот „стил“ на исхрана му го наметнале на своето новородено чедо – т.е., не му давале ништо од животниско потекло. Приказната се завршила така што лекарите забележале дека детево е неухрането и неразвиено за својата возраст, па ги пријавиле родителиве во социјалните служби, кои, на нивно големо незадоволство, ги натерале детево да го хранат нормално.

    И јас сум против насилство врз животните и сметам дека треба да им се овозможат хумани услови за живеење на домашните животни. И сум против таканаречените „спортови“, во кои животните се ловат за забава или исполнување на некои човечки хирови. Но, нивното убивање за исхрана не го сметам за некаков облик на насилство или хир, туку за потреба. И искрено, не ја разбирам поентата на веганите – целта на домашните животни, како и впрочем на домашните растителни култури, е нивно одгледување за потребите на човекот. Тие животни повеќе не се прилагодени за живот во дивината – ако не ги јадеме, туку ги „ослободиме“ во природата, домашните животни ќе загинат или ќе станат плен на дивите животни. Едноставно, ќе немаат никакви шанси. Но, секој со своите убедувања, претпоставувам – макар биле скроз погрешни и неосновани.

    Јас лично, никогаш не би станал ни вегетаријанец, ни веган. Премногу го сакам месото, во сите можни облици, и сите останати животниски производи, за да се откажам од нив.
     
    На MarigoldA, ph.orhideja, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.065
    Допаѓања:
    254.493
    @Bender Rodriguez ако ти докажат дека е погрешно, ќе престанеш да јадеш?

    Иначе, не сум ни вегетеријанец ни веган, иако од моментот кога сосема ќе се осамостојам секако ќе бидам вегетеријанец. Месо не јадам секако, ама во самата храна има месо :) Пр. моите прават ориз со телешко, јас месото не го јадам, ама сепак оризот е направен со месо.
    За веган не знам, ако сум доволно богата да не пијам кравјо млеко :)

    За мене една и единствена причина е љубовта кон животните, и стомак ми се превртува кога ќе видам само умрено некое, а не па да го готвам или јадам.
     
    На Little Sparkle✨, lara-s, Fitteen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.775
    Пол:
    Машки
    Не разбрав само што би требало да ми докажат? Тука се работи за лични убедувања, а не за докази. Ти мислиш дека бидејќи ги сакаш животните, со тоа што нема да ги јадеш, ќе им направиш некаква услуга или морално ќе се „воздигнеш“ во однос на останатите кои јадат месо или пак, едноставно, душа не ти дава да јадеш месо, знаејќи дека потекнува од слатки животинчиња. И тоа е, како што реков претходно, ОК. Јас не се идеализирам ни себе, ни домашните животни и немам проблем со тоа да јадам месо. И сакам да го јадам.

    И јас, како тебе, сакам животни. Разликата е само што јас ги сакам и како храна. :)
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.065
    Допаѓања:
    254.493
    Да речеме, поминуваат 20 години од сега, и ти викаат (според научно истражување, нормално), месото е штетно по здравјето на човекот, овие пред мене грешеа итн... тоа го прашав во однос на оваа реченица „Но, секој со своите убедувања, претпоставувам – макар биле скроз погрешни и неосновани.“. Дали ако се докаже дека е сосема погрешно и неосновано јадењето месо, ти би продолжил да јадеш?

    Јас не ја барав психолошката заднина во твоето јадење месо, воздржи се од барањето на мојата во поглед на моето нејадење месо. :)
     
    На Little Sparkle✨, blueberry93 и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.745
    Допаѓања:
    18.062
    Пол:
    Женски
    Абе дека крвта ослабува со без месо, зависи од човекот. Мајка ми со децении е веган (уште пред да биде кул, нели), па супер крв има... јас сум вегетаријанец веќе преку 10 години, железото и хемоглобинот ми се одлични, и сериозна сум, еднаш месечно проверувам. Можеби има и такви кои не можат без месо, и им заслабнува организмот, ама сепак тоа е индивидуално, и не е правило. Секој си знае и си осеќа каква храна ќе си јаде.
    Ама сериозно, таа што мижела покрај полиците со месо.... што е многу многу е.... :D
     
    На Little Sparkle✨, Miss666, Аliсe и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.775
    Пол:
    Машки
    Е, па така кажи - насочи ме кон тоа на што си мислела кога си ме цитирала. Искрено, сериозно се сомневам дека ќе се појави некое такво научно истражување кое ќе даде непобитен доказ дека месото е штетно за човекот. Како што реков, човекот е омнивор, што значи дека треба и може да јаде месо.

    Можеби, ако веќе хипотетизираме, кога вегани би се венчавале меѓусебно и децата би ги одгледувале на тој начин, потомците на децата кои би ја преживеале веганската диета, зборувам генерации и генерации во иднината, би еволуирале дигестивен тракт погоден исклучиво за растителна храна и за нив месото би било штетно, можеби и смртоносно. Но, денес, реалноста е поинаква.
     
    Последна измена: 19 октомври 2015
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.320
    Ок разбирам до негде вегетеријанство, со оглед на фактот со вегетеријанците (најверојатно) се строго против измачувањето животни. Но веганство веќе не можам да разберам. Што има толку штетно во млекото и јајцата па и медот? Во ред има можеби масти, но за да пиеш млеко и јадеш јајца, не се убиваат животни на пример. Јас сакам животни, но не сум вегетеријанец од причини што така сум навикната. Ајде од месо можеби ќе се одвикнам, ама од млечни производи и јајца нема шанси. И до денес скоро и не памтам некогаш да сум имала проблеми со здравјето. И што ако некој би рекол дека месото било штетно за јадење, дека сите досегашни добри негови страни биле погрешни? Аргументите ќе бидат дека се додаваат не знам хормони, вештачки работи и други штетни ствари. Па јас до сеа 5 пати ќе умрев од рак, ако се беше толку штетно како што кажуваат.
    И не е точно дека човекот е биолошки предодреден да биде хербивор. Создадени сме да бидеме омнивори.
    Кажав еднаш претходно, хербиворите можат целосно да ја сварат целулозата, додека ние ја исфрламе.
    И велите дека месото го јадеме само ако е солено зачинето, или не знам што. Трева очигледно никој уште не почал да пасе.
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.745
    Допаѓања:
    18.062
    Пол:
    Женски
    Да те поправам, вегетаријанец сум, ги сакам животните многу, но не е тоа причина што сум вегетаријанец. Сакам и цвеќиња, па често имам дома во вазна (значи ги измачувам и убивам) :lol: И месо готвам секој ден, ако не јадам. Исто и мајка ми... веган е оти ја боли желудникот од било какви животински производи. Не е секогаш изборот на начин на исхрана поврзан со морални причини. Ова сакав како информација само да го споделам :)
     
    На lara-s, blueberry93, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.320
    Сфатив, но сакав да кажам за оние вегетеријанци кои не јадат месо поради што велат дека се против убивањето животни (што е ок) наспроти веганите кои сметаат дека и со јадењето јајца и млечни производи се прави штета врз животните
     
  17. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    6.322
    Пол:
    Женски
    и јас сум вегетаријанец преку 17~18 години. Од кога се секавам за мене не јадам месо.
    А 40 дена веган сакам да пробам за прочистување на организмот. Да тестирам како ќе ми реагира организмот без млечни производи.
    И да, има огромна промена. И така одев од еднаш до двапати по Wc дневно, сега одам по 4-5 пати на ден :D
    p.s. имам јака крв 8)
     
    На blueberry93, CoverGirl10, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.745
    Допаѓања:
    18.062
    Пол:
    Женски
    Те сфатив, немај гајле, само сакав да дополнам дека не сите вегетаријаци и вегани не такви поради исти причини. Оти мене ме прашувале многу пати дали сум вегетаријанец поради заштита на животните и им викам... јас живеам со месојадец, готвам повеќе месо од било кој друг... :D
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум Феникс и јадам месо. :hai:

    Интересна тема и доста дискутабилна, да не речам контроверзна, да не ми рипнат некои вегани и да ме истепаат. :angel:

    Се сложувам со тоа дека луѓето уште од пред не знам колку милениуми се предодредени да јадат се'. Си припитомиле животни за своја лична корист и ги нарекле домашни животни. Исто така си прибирале и плодови од дрвјата, а подоцна го развиле и земјоделството. Во секој случај, првенствено се велело дека праисторискиот човек е ловец и собирач на плодови. И тоа треба нешто да ни кажува.

    Во месото се содржат аминокиселини, а да не зборувам за протеини, кои се од есенцијално значење за развојот на човекот. За таа цел, во нашиот дигестивен тракт се содржат и соодветни ензими за разградување на тие протеини на нивните составни делови - аминокиселините, кои ќе може организмот да ги искористи за свои потреби, од кои најпозната за сите е создавањето и одржувањето на мускулите. Да бил човекот предодреден само за растителна храна, може и ќе имал 5 желудници како што имаат тревопасните животни, којзнае...

    Месо и животински производи јадам цел живот и мислам дека никогаш нема да се откажам од оваа храна. Според мене, оправдано е некој месо да не јаде само доколку има одредено нарушување во организмот (тоа би значело отсуство на одреден ензим, што би предизвикало негативна реакција, па дури и смртоносна реакција). Се' друго е животен стил кој некој го избрал по своја волја поради свои убедувања, најчесто етички, ако може така да се каже, од жал за животните. Во мојот живот запознав само една другарка - вегетаријанец, која месо не јадеше бидејќи некогаш и' го згадиле и бегаше од дома кога се готвеше истото.

    Инаку, ако веќе зборуваме за штетност на месото и животинските продукти, во контекст на теоретското прашање на @CameliaMiller, т.е. во однос на неговиот состав:

    морам да кажам дека ниту теоретски не би верувала дека такво нешто е возможно, од горенаведените причини.

    А ако зборуваме за штетност на месото и животинските производи од аспект на реалноста во која живееме: да, месото е штетно, а штетни се и животинските производи.

    Зошто? Затоа што, иако WHO, FDA и европските тела сакаат да го регулираат квалитетот и безбедноста на храната, иако постои Codex Alimentarius, некако американските закони се лабави и факт е дека таму животните ги пукаат со хормони и антибиотици, кои нормално дека после тоа се одразуваат на храната (ги внесуваме преку истата во нашиот организам). А да не зборуваме за земји како нашава, во кои нема начин да се докаже која храна колку е квалитетна, затоа што немаме акредитирани лаборатории... Буквално треба да се запрашаме што јадеме.

    Тука се и свежото месо, како и преработките од месо кои ги третираат со нитрати и нитрити. Млекото после преработката не содржи ништо корисно во себе. Јајцата ги изложуваат на UV-зраци за да ги дезинфицираат. Млечните преработки содржат адитиви и да не набројувам понатаму.

    Но, погодете што? И растителната храна не е имуна на секакви третмани. Немојте да мислите дека ако јадете само растителна храна - готово! Спасени сте, водите здрав живот, имуни сте на многу болести и нарушувања.

    Да ве потсетам само дека глобално е познато дека растителнава храна е најголема „жртва“ на генетски инженеринг, за чија штетност, засега, постојат две спротиставени страни. Сепак, треба да поминат неколку децении за да се докаже дали навистина е штетно (иако постојат повеќе импликации дека е) и како влијае врз човековиот организам.

    Немојте да заборавите дека растенијата се третираат со пестициди и други средства за да се заштитат од штетници и слично. И тука ќе си речете: „Епа ќе си купувам органски произведена храна“. Епа ќе си купувате, ама постојат ли сертифицирани производители на овошје и зеленчук? Јас до сега не сум слушнала за такво нешто кај нас. Значи, треба да му верувате на збор на оној од кој купувате. Зошто го велам ова? Затоа што во минатото на светско ниво се користеле пестициди кои се докажало дека се ужасно штетни по здравјето на човекот, па дури и смртоносни и поради тоа се исфрлени од употреба. Но тоа не значи дека сме безбедни. Почвата е загадена и ќе и' биде потребно да се „излечи“ уште долго време, а за тоа време не јадеме безбедна храна, иако не ги користиме тие пестициди (а постојат шпекулации дека кај нас сеуште има луѓе кои ги користат). Втора опција ви е сами да си одгледувате, онаму каде што сте 100% сигурни дека почвата не е загадена. И сето ова е под услов дека си купувате сертифицирани органски житарки (верувам од странство).


    Наравоучение од моево предолго и можеби многу научно поставено мислење: Не се залажувајте. Никој од нас во денешно време не јаде здрава и безбедна храна, но тоа е што е. Последиците веќе ги трпиме, а ќе бидат видливи и ќе се јавуваат нови и во иднина.

    П.С: Ако вие сте вегани или вегетаријанци, немојте своето дете да го лишувате од комплетна исхрана. Дозволете му, кога ќе порасне и кога ќе може да расудува и да одлучува за себе, да одлучи дали сака да продолжи по вашите стапки или да продолжи како сештојад. Дотогаш трудете се да му обезбедите колку што е можно подобра храна. :)
     
    Последна измена: 19 октомври 2015
    На *Amethyst*, Anacid, ph.orhideja и 11 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.065
    Допаѓања:
    254.493
    Lady, некогаш биле дозволени цигари во болница :)
    Мене не ме интересира сето ова, како што реков во мојот случај е др. Во прашање.
    Сега за сега крвна слика супер, имунитет супер (работам со луѓе со разноразни зарази инаку) а тие кои јадат, не можам да се занимавам со нивните избори. Како што моите се ете мирољубиви кон сите битија на светот, некои туѓи не се.
    Самото јадење не ми е трагично, колку што ретко кој би издржал сам да убие јагне :) Скоро сите би го помилувале, ама се е тоа подлабока психологија која не сакам да ја расплинувам, не верувам дека ќе најдам вистински потковани соговорници, и како и секогаш до сега би се расправала со прашања тотално надвор пд кпнтекст.
    Поздрав :)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.