Како огромен љубител на храната, а уште поголем месождерач, со две раце потпишувам дека јас со овој режим ќе се мрднам. Па јас 1 недела не можам да издржам без храна од животинско потекло, тек па... Кој сака што сака нека внесува, негово право. Ова не е за мене.
Ама има разлика, верувај. Иначе, исхраната ми е многу сменета од кога бев вегетаријанец со пица и нудлс. Скоро сѐ сам си подготвувам. Иначе, не ми е скроз избалансирана. На почетокот имав поголем внес на шеќери во однос на јаглехидрати, малку масти. Меѓутоа гледам да регулирам и водам сметка.
Никогаш не би можела да бидам веган. Љубител голем сум особено на месо и јајца. Но има периоди кога нутриционистот ми дава само веганска исхрана и сепак можам да издржам. Не е дека веганството се сочинува од само јадење трева, има голем избор на вегански јадења. Мене ми е океј на одреден период да паузирам од храна од животинско потекло, но не можам и не сакам перманентно. Сепак цврсто стојам на тоа дека човекот е омнивор и му треба разновидна исхрана. А за кафе, си пијам еспресо омилено ми е. Баш е веганско не знам зошто би му било незгодно на некој да пие еспресо кога другите пијат нескафе, макијато, капучино или сл. А кој може да биде веган без да му е проблем, слободно. Се додека не се навредуваме вегани-месождери и си ги почитуваме изборите океј е.
Пример мене ми се чудат кога ќе влеземе во сендвичара и сите зимаат плескавици јас помфрит.Ама не ми е проблем.Веќе 13 год не јадам месо интензивно, јадам некогаш колку да внесам малку месо во мене.Сите ми имаат зборено да почнам да јадам месо малку од малку, ама си имам зацртано дека нема да јадам.
Не би можел без храна од животинско потекло..посебно ако нема нешто на коска што ,,расте'', не сум јас.Едноставно во оваа веганска категорија никогаш не сум се замислувал.Секој си има право на избор.
Поздрав вегани и невегани. Најпрвин, мило ми е што постои ваква дискусија на форумов, случајно ја најдов барајќи текстови на македонски за веганството, креирав корисничко име и еве ме. Мојот прв пост на Фемина форумот и за што друго ако не за веганство Би сакал да ве запознаам сите до еден, секогаш е чест да се комуницира со прекрасни, несебични битија. До тогаш, може да се дружиме во локалнава Фејсбук група: Вегански домаќински муабети. Секојдневно се постираат рецепти, смешки и ретко по некој активистички пост. Ве очекува Веганската заедница на Македонија
И јас преминав на веганска исхрана најпрво поради здравствени причини, имено анемичност и цисти. Анемијата ми се среди, голем удел има тоа што многу внимавам што јадам, иако еден период од два-три месеци кон крајот на годината забушавав, сега повторно се трудам да се вратам на целосно растителен, ниско процесиран вегански начин на исхрана. Состојбата со цистите исто се подобрува. Приметувам по себе, кога јадам храна богата со свеж зеленчук или овошје, во која има малку дали варена леќа, грав, било што такво во мала количина, тогаш се чувствувам најенергична, па затоа планирам понатаму така и да терам. Колку што е можно повеќе свежа храна! Пред да престанам да јадам месо воопшто, пред некои си 8 години, не можев да замислам да издржам да постам ниту еден ден, не пак целосно да се откажам од ваквата исхрана. Од човек што обожаваше стекови, кашкавал и јајца успеав да преминам на растителна исхрана и убаво ми е вака. Имам со што да споредам, од таму и заклучокот дека вака можам да терам до 101, ако не и повеќе.
Болдираното.Ја сум вегетаријанец веќе една и пол година па и повеќе и метаболизамот ми е многу побрз.Се е личен избор,па дури и храната.Често чудни погледи и фацијални изрази добивам.За жал,некои луѓе не сфаќаат дека тоа е за мене и се замараат.Често пати сум добивала совети зошто било лошо да си вегетаријанец.За вакви,само слушам од култура не дека ми е гајле.Највеќе мразам некој да ми паметува,јас до сега имам само бенефиции од ваквата исхрана.
Размислувам да станам вегетеријанец или веган.. Дали има последици од тоа да се јаде само растителна храна? Се помалку јадам месо бидејќи гледам дека со секакви хормони и хемии ги третираат.. мислам дека воопшто не е здраво..
Јас не би се одлучила за ова, не можам без храна од животинско потекло. Без месо можеби и би издржала некое време, ама без млечни производи, посебно сирење и јогурт нема шанси. Не е ова за мене. Веган сум кога постам само, доста е
Драга, тоа ќе биде нешто најдобро што можеш во животот да го направиш Јас бев цел живот вегетаријанец, сега сум веган веќе 2,3 години и одкако се од животни исфрлив здравјето ми се среди,хормоните регулираа,анемија веќе немам како порано што сум имала и бременост и млеко имам идеално се! Значи да прво постепено почни како вегетаријанец и види како ќе ти биде.За секоја исхрана треба време.Јас да ти кажам порано кога секој ден јадев месо и млечни имав проблем со запек не излегував со денови во вц.Сега секој ден по 2,3 пати! Растителната храна е нешто најдобро за имуниот систем!
Дали може искуство од некој што е веган, дали приметивте разлика во килажата откако почнавте со веганска исхрана?
Да, јас ослабев. Ама пред да бидам веган јас јадев многу благо и бел леб. Со веганството, тој дел го отфрлив од исхраната.
Не беше долго. Два-три месеци. Иначе дека преку ноќ решив да станам веган, малку тогаш имав потешкотии со исхраната. А иначе сега немам некој посебен режим. Наутро јадам некој намаз на интегрален леб и свеж зеленчук. За ручек гледам да се варени зрна ко грав, грашок, леќа, ориз, наут... Во меѓувреме секогаш јадам некои здрави, или нездрави грицки. Овошје многу малку јадам.
Јас од Стокомак ги имам земено 100 денари, а иначе ги имало и по други маркети сега, ама дупло поскапи биле.