Го зедов прв пат сега и вкусен е повеќе кога го додаваш во јадења на пример јас правам тост со тој кашкавал и така ми е многу подобар, а и така само да го јадам не е лош.
Нема во маркети кај мене веган чедар. Јас само растителниот од Кам го јадам. Се надевам дека некој ден ќе донесат повеќе избор на кашкавали и други веган млечни производи.
Чедар барај во Рамстор, КитГо или поголемите маркети на Тинекс. Иначе мене тие на Виолајф сите ми се исти.
Јас немам нерви за правење на смеса, па купувам готова од ДМ. Имаш фалафел, бургер смеса и уште една... Вкусни се ама многу суви и ти треба ептен масло, или вода за да ги склопиш. @theowndemon нека те упати ако сакаш од scratch.
Лично јас сакам зеленчукови плескавици, омилени ми се од црвен и црн грав. https://www.allrecipes.com/recipe/85452/homemade-black-bean-veggie-burgers/ Многу често прам хибриди за кои нема рецепт. Пред да има смеси за бургер, јас си земав колбасици, двата вида од ДМ пример, или едни шо нарачвам од Охрид. И две од светлите, една темна од прилика во блендер ги праев мелено. Лајче BBQ сос да врзи, потпечи, премачкај со поќе сос. Тие ми се убедливо највкусни.
Дали имате рецепт за пробано вкусни вегански торти, некој испробан. Се навлеков на ваквите, многу ми се допаѓаат, вака кога ги јадам велам лесно е за правење ама пак мора да знам по рецепт колку што. Ме интересира за рецепт налик тортите на Љубовна куќичка, таму ги имаат највкусните веган торти. Здраво а превкусно.
Јас не правам вегански торти само купувам вегански десерти од маркет . Можеш да нарачаш за проба ако сакаш на Инстаграм: girlaroundthefood. Има убави рецепти.
Јас правев само бомбици односно маж ми ги прави. Од Љубовна куќичка ги имам пробано ваквите торти, мене ми се преубави. Ти благодарам, ќе побарам рецепт па ќе направам некоја, јас и маж ми ептен се навлековме на ваквите, Ск ми е далеку па секогаш неможам да купувам, а и полесно ми е кога сама си правам дома, повеќе ќе има
Јас ко ќе веганизирам, апла прв пат ако прам нешто па да побарам веган рецепт. Инаку тој шо го имам го адаптирам. Млеко има растително. За јајце врзвачки агент со мелено ленено семе се прај. Желатин со агар агар. На овај принцип прам. Торти ретко прам па немам некој пробам рецепт ама генерално вака функционирам јас. Мислам дека кога би ми требала торта би нарачала од 21-10 Битола шо е веганското или нарачвам од Веган Светилник често други работи, а многу ќеф ми е да им пробам и десертите некогаш. Мислам Охрид седиштето му е.
Здраво на сите, јас сум веган веќе една година, но сега од здравствени причини и мајка ми мора да се придржува на веганска диета. Дали некој знае каде може да се најде книга со вегански рецепти на македонски или барем српски или хрватски јазик? Поздрав
Надвор служат во Ескимо, а во канче има еден во Стокомак (не ми текнува на брендот, со огромни букви пишува ВЕГАН) и еден во Веро на Ben&Jerry's.
Барај кај Срце за животните, или Издателство Габриеле (Универзален живот), или во скопскиот вегански ресторан Paradaise Food (ул. Даме Груев, кај Беко). Имаше и некое битолско здружение но не ми текнува името.