Не е повлечен. Еве ви вегански сладолед, од Стокомак купен исто. Не сум Веган случајно влегов на темава а ваков сладолед купив да пробам каков е ме интересираше.
Гооооо има у локален кам го најдов, тој од стокомак само у поголемите стокомак маркети имало(таа ми кажаа у мојава малска) јееееееереееееее
Во Кисела вода кај Дуња школото го најдов јас. Иначе мене не ми се свиѓа многу сладоледов. Не сум љубител на цимет.
Ова навреме прочитав. Ич неќам цимет. А паковањето е врв. Шо пари е ако не да земам за мајка ми дур пости?
Бести јас сменив став. Ми се свиѓа сега, ама гледам да не претерам бидејќи после пола кутија мака ми е веќе од цимет. Иначе 89 денари е.
Не е нешо, али на потпечена јабука или на веганско тооооооопло кукииии е врв. После еден хамбургер од веган 365 со компири плус сок од калинка и животот е фин
It was brought to my attention like rn дека уште денес е постот. Следен пост ќе купам и тажно сега да се вратам кон готвење оти постачите се враќаат на старо.
Да, ама јас не поднесвам текстура на тофу така да не сум некој доверлив извор ко ќе е то во прашање. Деф можи да се напрај убо, го сечам ептен тенко и потпржено за во нудли ама радо не би да го јадам пошто текстура на тофу ми е yucky.
Јас не поднесувам тоа што е димено, тофу и онака нема баш вкус, така да буквално ко пепел да јадев со макарони се осеќав.
Онака има вкус на ништо искрено ,ја со бадем/лешник шо ли имаше ( знам две врсти има) го купив и да не кажам со сила го изедов. У салати ,сосови го користев и у stir fry . https://www.biocosmos.mk/tofu-soino-sirenje ова ме бендисува повеќе
Вегани дали и вие си правите домашен вегански мајонез од индиски ореви или да ве просветлам? Вчера направив нова тура и ми е највкусно на цел свет секојпат.