Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од marijaaxl, 16 август 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    За сите кои што сметаат дека овој вид на исхрана е здрав: Кај сте виделе веган со здрави заби?
     
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Camelia, јас се извинувам што те цитирав, меѓутоа твоето прашање ми се виде доста интересно за дискусијава, па сакав да го надополнам мојот текст и со став од тој аспект. Се надевам тоа не претставува проблем. Инаку остатокот од текстот, а и воопшто целиот текст не се однесува конкретно на тебе, туку генерално на оваа група на луѓе.

    Како и да е, се сложувам со тебе дека да, постојат и други лоши „навики“ кои некогаш биле дозволени или се дозволени сега, што воопшто не значи дека ги поддржувам.

    Како и да е, демократија е, слободен свет, слободно општество (колку што се може), па според тоа секој со својот став (иако го избегнуваш тој психолошки момент што цело време го потенцираш, чувствувај се слободна да го искажеш, може да се изненадиш од тоа колку луѓе можеби ќе се сложат со тебе :)). Од истава демократска причина, секој со своите убедувања и животни стилови. Кој како сака нека се храни, за среќа уште не е забрането тоа, а овде сме да дискутираме. :)
     
    На CameliaMiller и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Фала Богу, не тепам месојадачи :) Од ПЦ ќе пишам повеќе, од тел е напорно :)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Смешно прашање, ама ако сакаш ќе те запознаам со такви :)
     
    На lara-s и Oscar Lady им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619


    Еве јас. Забите ми се распипаа и почнаа да ми паѓаат на 17 години оти телото ми го користеше поголемиот дел од протеините на рбетот ( имав операција ). Потоа преминав на веганизам и ми се излечија и непцата и немам повеќе болка во забите. Дури имам и поголем внес на протеини од потребното, па на лекар ми препорачаа да намалам малце.
     
    На lara-s, Fitteen, Tinushka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    сепак се надевав на некои добри рецепти прилагодини за мкд за веганство. имам уште три недели to go :D
     
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Исто и мајка ми.... имаше тешка парадентоза, па после менување на исхраната (во веган) и се средија непцата и оние неколку заби што и останаа... останатите Што и се расипаа и паѓаа... со мост ги замени, јеби га. Не е убаво да се генерализира.
    Еве мене без месо ми се појача имунитетот и крвната слика.
    Не знам зошто треба да се бара негативност во се.
     
    На Fitteen, Miss666, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Jas bez meso ne mozam da zamislam zivot , a vegancive ne znaat sto propustaat ! :)
     
  9. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    Иако сум многу време вегетаријанец, и јас од мирис можам да познаам какво месо се готви, и ниедно не мириса поубаво од пластелин :D
    обожавам кафе без шеќер, најгорчливо на цел свет. Мислам дека доста луѓе го пијат и со шеќер. Се е до различен вкус.
     
    Последна измена: 19 октомври 2015
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Не мора да јадеме месо за да бидеме здрави.. Тоа гадење од месни или млечни производи претставувам дека е чиста глума (јас што не јадам месо сум многу паметен, а вие што го јадете не сте нормални) . Во многу ретки случаеви човек може да поврати од гледање месо.
    Инаку нема шанси да се сложам дека мора да јадеме месо или млеко. Човекот е сештојад затоа што МОЖЕ, а не затоа што МОРА да внесува секаква храна во себе.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Извини, уште ли постојат луѓе што мислат дека храната од животинско потекло е подобра од растителната? (facepalm) Мислам,за какви заби зборуваш.. 21 век сме.. Барем денес се знае што е вистина, а што лага. Не јадат камења тоа веганите, па да имаат грди заби. :D
     
    На lara-s, Fitteen, Аliсe и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
     
    На Црвче му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.183
    Па и мене ме хранеле со месо барем првите 10-15 години, знам како изгледа месо :) :) До вкус е башка :)
     
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.423
    Без месо би можел да издржам, бидејќи и онака не сум многу по месото, но без млечни производи... :x
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Убаво е за прочистување на организам и фино се осеќаш кога се храниш вегански но сепак јас не би одела до скроз откажување од месо и млечни производи, па се хранам отприлика 80 посто вегански, и еднаш неделно одприлика имам потреба од риба, јајце и месо но во малки количини.

    Е сега за рецепти немам конкретни рецепти еве ќе пишам омилени јадења:
    - ситно сецкам спанаќ со ситно сецкан лук се става на малку водичка со масло 5 мин. Во сад на страна се вари просо и после се мешаат двете.
    - во бадемово млеко се топи чиа семе. Во тавче се сецкаат јаболки и со лажица мадјун се загреваат (да речам обаруваат) тоа се става врз пудингот од чиа.

    Значи вака бескрај да не пишувам. Си читам на нет и си импровизирам. Значи сите зеленчуци овошја свежи варени печни ги комбинирам со просо, овес, киноа, леќа, компир, грашак, боранија. Истот така јаткасти плодови мнг сакам.
    Еве сега ми е хит ради есенва печена тиква со мед. Овој начин на исхрана е уствари мнг лесен и едноставен а и тоа му е потребно на нашиот желудник.

    Ако тој ден јадам месо,јајца или риба само ги додавам кон горенапишаното пак едноставно спремени,печени или варени.

    Млечни проиводи мислам дека не се добри за човекот. Затоа конзумирам само урда и ќефир( купечки).
     
    На simoncelicius, blueberry93 и Црвче им се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Единствено што за мене лично е претеризам се- Песковегетаријанец и Фрутаријанец. Другото се ми е ок. И за млеко и јогурт има замена-соја млеко и сл.
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам на моето прво мислење на темава.

    Науката одамна ја докажала штетноста од прекумерно консумирање месо, особено црвено месо, како и здравствените ризици кои произлегуваат од исхрана богата со месо. Дури и рибата, која до скоро се сметаше за исклучетелно здрав извор на месо, сега не се препорачува да се јаде почесто од еднаш неделно, поради големата содржина на жива. Што значи, далеку од тоа дека некој може толку многу да ги симплифицира работите и да каже – „Јадењето месо е здраво“. Со ништо не треба да се претерува – умереното консумирање на разновидна храна е најдобро решение.

    Претходно кажав дека човекот е омнивор и поради тоа може и треба да јаде храна и од растително и од животинско потекло. Но, ова не значи и дека мора. Веганството како начин на исхрана е прифатено како здраво, односно без штетни последици по здравјето од повеќе светски здравствени организации. Но, а тука постои едно и не така мало но, во принцип не се препорачува за бремени жени и деца до 5-годишна возраст.

    Еве зошто според мене, веганството како начин на живот и исхрана, во суштина претставува вештачка творба, која е во спротивност со природното функционирање на човековиот организам.

    Прво, во веганската диета недостасуваат следниве работи:
    • витамин B12, кој во организмот не може да се внесе со консумирање на растителна храна и храна од неживотинско потекло,
    • витамин D, кој исто така го нема во растенијата – го има само во печурките, но во мали, недоволни количества,
    • калциум, кој во растенијата се наоѓа во многу мали количества, недоволни за нормално функционирање на човековиот организам.
    Со овие очигледни проблеми индустријата на здрава храна се справува така што практично секоја веганска храна ја збогатува или надополнува со калциум и витамин B12 и D. Исто така, веганите најчесто пијат мултивитамини и други суплементи, за да ги надокнадат потребните супстанци кои не ги внесуваат со исхраната.

    Да можел човекот да функционира нормално без животниска храна, не би имал потреба од B12, витамин кој се наоѓа исклучиво во храна од животинско потекло. Што значи, природата предвидела да јаде и растителна и животинска храна.

    Освен тоа, со веганска исхрана, еден човек треба да јаде 6, 7 или 8 оброци дневно, за да го задоволи потребниот дневен внес на калории. Ова е исто така еден показател дека растителната храна очигледно не обезбедува доволно енергија, која е потребна за нормално функционирање на организмот; односно, истиот не е предвиден да функционира исклучиво со неживотиска храна.

    Нормално, науката, медицината и технологијата се многу напреднати и човекот прави многу работи кои на некој начин се против природата – продолжување на животниот век со медикаменти, суплементи или медицински третмани, ин-витро оплодување, најразлични помагала за олеснување на секојдневниот живот и работните обврски, итн. И, да не ме сфати некој погрешно, ова се добри и позитивни работи.

    Не сакам да испадне дека ги потценувам, омаловажувам или напаѓам веганите, напротив, немам ништо против нив, и дури во многу случаи кога се работи за некаков здравствен или медицински проблем веганската диета се покажала како многу корисна. И во принцип, сум за тоа секој да си одбере свој личен начин на живот и исхрана, во склад со своите религиски, етички и морални ставови.

    Едноставно, поентата ми беше дека веганскиот начин на живот не е природен, од биолошка гледна точка, на човекот како жив организам, и дека со јадење на исклучиво растителна храна не може да се внесат сите потребни супстанци за правилно функционирање на организмот.

    Сепак, во денешно време, кога може да си дозволиме храна вештачки збогатена со витамини и минерали, или едноставно мултивитамини во облик на апчиња, веганството претставува сосема валидна алтернатива на омниворската исхрана за секој возрасен човек – во некои случаи, можеби и подобра алтернатива.

    Но, вака стојат работите денес - не толку одамна, пред помалку од 100 години, пред да постои можноста за збогатување на исхраната со витамини и минерали, веганската исхрана би имала сериозни негативни последици по нечие здравје.
     
    На kikikikirika, Giovanna, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    На тема вегетаријанство имам зборувано многу, мислењата ми се исти и во однос на веганство.
    Не се грозам и готвам месо, ме имате ѕирнато во темата Фемина инстаграм можеби. Ама сум поборник за веге исхрана, дефинитивно. :)

    Не можам да сфатам како размислувате дека на веганскиот начин на исхрана му фалат Б - витамините а на луѓето што внесуваат месишта, и индустриски лошо преработени месни продукти не им фали ништо?

    Па не им фали ништо, освен малку здрав разум и логика, можеби. :^)

    Истовремено би сакала да ве поканам на Вегефест 2015, веге фестивал кој се одржува традиционално, годинава ќе биде на 15ти ноември во хотел Континентал. Малку ми е мака затоа што не може да се организира на отворено, како кога беше во чаршија ама нејсе, повелете на супер дружба, мноооогу вкусни прекраснотии и забавни перформанси!

    Се гледаме! :muscle:

    https://www.facebook.com/events/955...link","mechanism":"surface","extra_data":[]}]
     
    На blueberry93, joy1, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Би сакала да објаснам зошто во веганството се исфрлени млечните производи и јајцата од исхраната. Точно е дека за да се добие млеко не се убива животното, но истото е подложено на голема тортура. Ретко кој е запознат со фактот дека кравата исто како и луѓето е бремена 9 месеци и млекото кое го има е предвидено за исхрана на нејзините бебиња (телињата). Наместо тоа, истите веднаш и се одземаат и се носат на колење, а млекото се молзе за да може да му биде достапно на човекот за конзумација. Тоа не е се, краток период после породувањето повторно е оплодена на вештачки начин (кој е болен за самото животно) и неприроден. За повторно после 9 месеци да се повтори истиот процес од почеток.
    Јас лично сум вегетаријанец, не сум веган, но крвната слика ми е значително подобра од времето кога конзумирав месо. Секој има право на избор дали ќе јаде месо или не, но не е оправдување тоа декане јадењето на месо влијае на квалитетот на крвната слика. Замена за месото може да се најде во многу производи од растително потекло, звиси од тоа кој колку сака да се потруди. Се сметам себеси за предодредена на овој начин на исхрана, бидејќи сум строго против насилство врз било кое живо суштство. Сепак, секој има право на свое размислување, но не треба да се затвара очи пред суровоста на месната и млечната индустрија, доколку некој е способен да конзумира месо, треба да го знае процесот преку кој истото доаѓа на неговата трпеза.
     
    На cooll, Eveline и Gosh им се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @UnordinaryOne ајде просветли ме од каде ги доби наведените информации?

    Има повеќе раси на крави, едните се за млеко, другите за месо, кожа итн, па скроз е нелогично она што ти си го напишала. Исто така, млекото од стелна крава не е препорачливо за човекот и воопшто не се пие, еве ако знае некој да објасни подетално зошто, нека повели.

    Во фармите, сите домашни животни се оплодуваат вештачки и сето тоа не е воопшто болно за животното, од причина што целиот процес е имитација на природниот процес на оплодување. А со оглед на тоа дека човекот има потреба од голем број на животни, не може да си дозволи да чека животните природно да се оплодуваат.
     
    На kikikikirika, secretboy и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.