1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од marijaaxl, 16 август 2015.

  1. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Не јадам месо веќе 8 години и каде ,каде ми се подобри квалитетот на живот :)
     
    На lara-s, Fitteen, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Информациите ги добив од стручни лица за таа област, ветеринари чија пракса во текот на студирањето се состои во посета на голем број на штали каде се одвиваат вакви активности. Не може да се каже дека не е болно за животното, ништо не може да го замени природниот процес на оплодување, вештачкиот и те како е болен и неприроден за животното. Инаку, нормално дека има повеќе раси, но најголемата заблуда е дека има крави кои се одгледуваат само за млеко. Како мислиш, дека кравите даваат млеко само по себе? За да се добие тоа млеко, кравата мора да се породи прво, па потоа се молзе млекото (нормално, со специјална апаратура). Имам сретнато многу луѓе кои не се свесни за овој факт и мислат дека постојат крави кои даваат млеко без претходно да бидат оплодени и да ја поминат фазата на бременост. Огромна иронија е тоа, млекото кое го дава е наменето за телињата, а не за нас луѓето. Има многу материјал за истово на интернет, но поверодостојно ми беше да се консултуирам со стручни лица, на интернет се наоѓа се и сешто.

    Кога сме сепак кај информации од интернет:

    Мајчиното млеко е најдрагоцената хранлива течност за малиот живот кој почнува да цути и да го искусува светот околу себе. Ова важи за сите животински суштества кои припаѓаат на класата цицачи, меѓу кои е и човекот.Меѓутоа постои еден чуден феномен кој го карактеризира само човечкиот вид, а тоа е дека од околу 4600 видови на цицачи, човекот е единственото суштество на планетата кој освен своето, краде и конзумира туѓо млеко, и тоа не само во детството туку и понатаму во својата зрелост.Неспорен е фактот дека млекотое „супер храна“ и есенцијална потреба, но единствено кога сте бебе и кога го добивате од вашата мајка.


    Како што е познато, млекото е телесен (жлезден) секрет кој го лачат мајките за своите бебиња кога се во периодот на лактација, непосредно после нивното породување како резултат на променетиот хормонски статус. Овој благотворен секрет е наменет единствено за нивните новороденчиња и претставува неопходна храна која е основен извор на микро и макро нутритиенти, потребни за нивен иницијален раст и развој, се` додека тие не станат подготвени за дигестија на друг тип на храна.

    Млекото во понатамошниот развој на единката станува сосема непотребно, при што природно се елиминира, затоа што организмот влегува во следната фаза на својот развој, па како логичен след на нештата мајката престанува со лачење на овој секрет, а детето престанува да цица. Тоа е природата на нештата.

    Освен тоа што човекот е единствениот од сите видови кој им ја одзема оваа важна млечна течност на другите животински видови, а со тоа ги лишува нивните новороденчиња од најесенцијалното, истата ја пренаменува за своја лична корист, иако гледано од здравствен аспект нема никаква хранлива потреба ниту пак докажан бенефит од неа.

    Природата е исклучително прецизна во начинот на кој ги создава работите, па затоа пропорциите на калциум кои што се потребни за развојот на телото на едно теле се вклучени во млекото на неговата мајка. Тоа го прави кравјото млеко премногу тешко за човековиот организам. И не само тоа: телето го пие млекото директно од својата мајка, онака како што е природно создадено. Млекото што го пиеме ние е преработено.

    Продлабочувајќи го овој факт, модерната, прогресивна, но пред се` независна наука, се` повеќе го разоткрива митот за млекото и ги обзнанува негативните ефекти врз човечкото здравје кои настануваат од негова конзумација, како и генерално од која било храна од животинско потекло.


    Плус:

    Млечната индустрија е еднакво брутална и нехумана како и индустријата за производство на месо, дотолку повеќе што во оваа индустрија агонијата и патењето на животните е со пролонгирано дејство. И обете индустрии опстојуваат на истите принципи, затоа што животните како единки ја имаат истата крајна судбина – насилна и болна смрт. Млечните крави како и сите фармски животни, никогаш или речиси никогаш не се пуштени од заробеништво, на пасиште или пак да ја видат светлината на денот.

    Со цел да се произведуваат комерцијални количества на млеко, кравите користени за млеко се принудени да издржат постојана циклус на бременост. Тие се силувани (вештачки оплодувани) со метални шипки, процес кој што е болен и асолутно неприроден. Лактацијата кај кравите не се случува, освен ако овој циклус не е засилен и намерно предизвикан. Како и кај сите цицачи, така и кравата продуцира млеко единствено откако ќе роди бебе, па така овој секрет од кравјото тело е наменет за цицање(хранење) на нивните млади телиња со цел да се стимулира нивниот понтамошен раст и развој. Како последица на човечката алчност, целиот овој процес на градење однос меѓу кравата и телето е нарушен, со цел тоа млеко да се пренамени за човекова корист. Оваа потреба за максимално искористување оди до таква крајност што кравите се молзат со тешка механизација минимум 3 пати на ден, понекогаш присилени да даваат 10 пати повеќе млеко од она што во реалност би можеле. Не е реткост, заради неконтролираното механичко молзење кравите да прокрвават, па често измолзеното млеко завршува помешано со нивната крв. За да се продолжи овој процес на давање млеко, кравите се постојано оплодувани и инјектирани со силни хормони за да се стимулира давањето на млеко. На кратко речено, овие кротки и невини суштества се бескрупулозно третирани како фабрики за млеко. Начинот на нивното чување е таков, што тие скоро цел живот го поминуваат во тесни боксови или метални прегради (прилепени до нивните тела), стоејќи, оковани со фиксиран синџир околу вратот, за да се спречи нивното лежење и седење, а да се продолжи константното молзење.
     
    Последна измена: 4 јануари 2016
    На Oscar Lady, Аliсe, secretboy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Дополнување на истото


    Што се однесува до телињата, тие обично се одземени од нивните мајки во рок од 24 часа од раѓањето и тие се принудени спротивно на природниот ред на нештата, да конзумираат друга храна несвојствена за нивниот организам во тој даден период. Разделувањето на мајката и детето предизвикува акутна вознемиреност и страдање кај овие живтни. Мајките крави се познати по тоа дека се способни да пропатуваат стотици километри на полиња, само за да се обединат со своите телиња.
    Телињата имаат еднакво лоша судбина во оваа монструозна индустријата. Машките се сметаат за несакан нус-производ и безвреден отпад. Тие се веднаш убиени и искористени во месната индустрија. Некои се едноставно застрелан во главата кратко време по раѓањето и фрлени како ѓубре.

    Како и сите останати фармски животни, жртви на производствената индустрија на млеко, јајца и месо, така и кравите се присилени својот мизерен живот да го минат тонејќи во својот измет и урина. Дел од изметот и патогените бактерии од него завршуваат во каналите на вимето и млечните жлезди на кравата, а со тоа и во млекото и сите негови понатамошни деривати. Најчеста болест на кравјото виме е маститисот. Заради често и неконтролирано забременување на кравите и нивно молзење, тие патат од недостаток на калциум и други нутритиенти што предзивикува бруцелоза, и други вирусни инфекции, како и појава на бактеријата салмонела. Кравите со нормален,природен и слободен живот би ги дочекале своите 25 години, меѓутоа во бруталните и абнормални услови во фармите тие живеат само 4-5 години, целосно исцрпени, неплодни и неподвижни. После таков живот поминат во мизерија, тие се праќаат во кланица.

    Што се однесува до младите бикови, тие се најчесто хируршки кастрирани, или со метод на прекинување на крвотокот до нивните тестиси, со што се спречува транспортот на сперматозоидите. И на биковите и на кравите им се сечат роговите, а ова е екстремно болно заради тоа што тие имаат нервни завршетоци и крвни садови во нив. Најчесто ова се прави со разни остри метални инструменти, без употреба на анестетик, заради тоа што претставува поисплатлива опција. Исто така, честопати им се горат местата каде им растат роговите со жешка пегла, за да се онеспособи нивниот раст. Биковите се често злоупотребувани за забава (родеа, борби со бикови, фестивали на т.н. жртвување, каде на најможен монструозен начин човекот се изживива врз овие, во принцип нежни животни).
    Телата на кравите се најчест домаќин на бактеријата Ешерихија Коли (регистрирани се околу 700 вида), токму заради нехигиенските услови во фармите и широката употреба на антибиотици. Во историјата постојат многу случаи на епидемија на оваа опасна бактерија (најсмртоносниот тип е O157:H7). Конзумирање на контаминирани говедски производи е најчест извор на зараза, но болеста може да се прошири од било која храна или пијалок кој е загаден со животинско ѓубриво.

    Пред да бидат соочени со својата смрт, овие животни се групно напикани во огромни транспортни возила, и се превезуваат од 14-24 часа, без храна и вода.

    Пред да се убијат, тие се обесени со ланци или се ставени на куки за нивните нозе, висејќи со главата надолу, потоа се забодени длабоко со нож во грлото, и оставени така да висат додека целосно не се исцеди нивната крв. Кравите, како и сите животни впрочем, ја насетуваат својата ужасна и болна смрт. Постојат и други методи на убиство кои се користат во фармите (пр. – со болт пиштол, нивно т.н мелење во големи машини, или обезглаваување со други остри предмети), но сепак претходно споменататите се најчести практики на убиство, кои воедно се и најевтини, а притоа животните се целосно свесни и ја чувствуваат болката и нејзиниот целосен интензитет. Освен за млеко (и негови деривати) и месо, кравите се експлоатирани за многу други тешки мануелни процеси, како и за нивната кожа која како „ко-продукт“ се користи за разни други намени.

    ***Да не се разбереме погрешно, бидејќи не сум веган јасно ми е колку екстремно делува сето тоа, но сакам да сум свесна за тоа како функционираат работите во фармите за производство на млеко и млечни производи.
     
    На Црвче му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Според мене најздрав начин на исхрана е балансираниот, значи да не се исклучува скроз ни еден вид на храна, да има по нешто и од животинско и од растително потекло.
    Не ми пречат веганите, нормално, се додека не почнат да проповедаат на страна што, како и зошто (не) јадат. Јас веган никогаш нема да станам, нормално дека ќе ги сослушам, но нема да го применам нивниот начин на исхрана, доволно знам колку се важни квалитетното месо и млечните производи, јајцата, за здравјето на човекот. Мене крвната слика ми е одлична само кога јадам повеќе црвено месо. Не се веганите ништо повеќе од нас, ниту поморални, ниту подостојни луѓе. Нека си тераат како сакаат, само без силната пропаганда затоа што оди на нерви.
    И освен тоа, не можам да си го замислам животот без сочно мевце, убаво сирење, омлет за појадок итн. За ништо на светот не би се лишила од овие задоволства.
     
    На mode-kristina, Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Јас ретко ставам месо в уста,па крвната слика ми е супер. Значи,не е до месото.. :!:
     
    На Oscar Lady, UnordinaryOne, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Крвната слика немора воопшто да зависи од месото . Напротив со месото може само холестерол да начукаш.
    Зато си постои спањак , коприва ,марула , печурки и мн производи кои го заменуваат месото .
     
    На biGirl, Oscar Lady, Fitteen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дури и да е така, не ми претставува задоволство да јадам спанаќ и марули , што живот е тоа. :D Храната според мене служи и за задоволство, живот без добар вкус не е живот :)
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не е само крвната слика, општо за севкупното здравје се работи. Јас имам одлична крвна слика, а месо јадам да речам редовно. Со оглед на се тоа што се збори дека местото го зголемува ризикот од рак, содржи хормони, вештачки додатоци и што уште не, не знам како некои од тие што јадат редовно (не пречесто) месо, би биле здрави и живи, без речиси никакви здравствени проблеми, како на пример јас. Секако не викам дека секој омнивор е здрав, но тоа за нговото лошо здравје не мора да биде причина месото. Имам и јак имунитет, а млечни произоди конзумирам секој ден. Мислењата погоре за страдањето на кравите во млечната индустрија не ги дочитав, но ретко кој размислува дека животните не срадаат само поради нашата исхрана. Сите козметички препарати, хемиски средтства што ги користиме, па и други работи произведени во фабрика. Многу хемиски препарати неретко се тестираат врз животни, отпадот од фабриките често ги загадува реките, да не збориме за загаденоста на воздухот. Но тоа е, нема друг начин да се живее во 21ви век. И да не јадеме месо и млечни производи, ние луѓето како доминантен вид, секогаш ќе носиме штета на животните, колку и да мислиме дека им помагаме.
    Освен тоа и зеленчукот што го јадеме не секогаш знаеме од каде доаѓа и во какви услови е одгледуван. Само затоа што нешто знаеме дека расте во земја, не значи дека е 100% безбедно
    Никого не убедувам да си ја смени исхраната, но сакам да кажам дека никогаш не можеме да бидеме сигурни што внесуваме во себе, во што живееме, и дека дури и она што мислиме дека е здраво, може да биде штетно.
     
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Во ред како велат за вкусови и избори не се дискутира :)
    Мене задоволство не ми пржуа смртта на некое животинче за јас да бидам "најадена" . Имаме преголем избор на храна за да се храниме со месо. Но секој сам си избира :)
     
    На Oscar Lady, Fitteen, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Прво да се сложам со Тинушка дека секој има право на избор и мислење.

    Е сега вака стојат работите. Милиони ( и повеќе) животни во теков на денешниов ден ќе престанат да дишат и крвта ќе престане да им тече низ вените. Ќе бидат распарчени како нешто што нема никаква вредност. Ќе им се одере кожата, ќе им се извадат органите. Потоа, она "корисното" ќе се преполни со конзерванси за да стои и да не се расипува со години. Ќе се пуштат во продажба. Вие ќе ги најдете во некој маркет и ќе платите за нив задоволни од тоа што сте купиле мевце и што че направите убав ручек за вашето семејство.

    Не звучи грозно нели? А дали ќе се наежите ако ви кажам зошто се тие животни родени? Сте размислувале некогаш? Мислите живееле на некоја фарма безгрижно се додека не им дошол судниот час? Не, бре луѓе. Овие животни се родени како резултат на нечија желба за бизнис и пари. Родени се за да умрат. Па знаете, тие живеат во темни, затворени простории, ги хранат со генетски модифицирана храна, ги боцкаат со инекции од кои ќе пораснат и ќе се здебелат ненормално. И стануваат крави со големина на слон, кокошки со големина на мисирки итн. Стануваат вештачки предмети што освен што дишат не покажуваат друг знак на живот. Едноставно, чекаат да умрат.

    Вака стојат работите. Е сега што јас лично мислам. Освен што е докажано, предокажано дека месото го загрозува човековото здравје, се докажа дека е последица на грозно убиство. Инаку јас да имав можност досега 100 пати ќе станев веган. Се надевам дека ќе биде во иднина. На пример кога јас сум во ресторан и на вилушката ќе земам парче месо, многу често пред очи ми се прикажува таа грозоморна сцена.. И не можам да јадам месо. Не можам. И вие ми велите дека тој грозен чин ви претставува животно задоволство.

    Некогаш се прашувам, како се овие работи поврзани со верата? Бидејќи јас сум верник, зарем Господ би дозволил таква неправда врз невините суштества? Ја немам читано Библијата, но ми се чини дека Господ во рајската градина на Адам и Ева им подарил најразновидни овошки, зеленчук, билки.. Никаде нема спомнато месо. А денес луѓето колат јагне за Велигден. Тоа сигурно останало од старите, а и денес се почитува. Којзнае.. И мене се ми се измеша во главата.

    Извинете ако ви се згрози животот после моево мислење, ама јас се обидов да прикажам што јас мислам во врска со веганството (уствари повеќе се задржав на месото) и што се случува секојдневно во светот.

    Сепак еве поздрав до сите и јадете го она што ви го дозволува здравиот разум.
     
    На Oscar Lady, UnordinaryOne и Tinushka им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Малце офтопик на веганството. Не би да те разочарувам од сопствената религија, ама Библијата не ги есапи „невините“ животни многу-многу, дури напротив - во Стариот Завет има бајаги жртвување на животни. :)
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Многу работи поврзани со религијата ми се нејасни, но како што кажа, да не бегаме од темата премногу. :)
     
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    @jovanovska94 единствено колострумот е забранет за употреба, тоа е она првото млеко што почнува да се лачи неколку дена пред телење или веднаш по телењето. Тоа е наменето за младото и е поинакво по состав од она што продолжува да се лачи во преостанатиот период на лактација. Се лачи неколку дена, а потоа пополека млекото се стабилизира. Од тој момент па се до пресушувањето на вимето, кое исто така е диригирано од одгледувачот, млекото се лачи и собира.
    Во индустриското одгледување на крави таков луксуз како непиење млеко од стелна крава не постои. Како што и @UnordinaryOne напиша кравите буквално се експлоатираат, секоја секунда од нивното постоење е искалкулирана и вреднувана. Процесот оди така што кравата откако ќе се отели веднаш почнува со лачење млеко и веќе кога репродуктивните органи ќе и се вратат во нормала таа повторно се оплодува. Ова се случува во идеални услови некаде после 2 ипол или 3 месеци (85 денови да речеме). Идеални велам затоа што во индустриско одгледување кравите се селектирани по своите генетски потенцијали во однос на репродуктивни карактеристики и десетици други карактеристики кои се многу важни за организмот да биде способен за производство на млеко. На ист начин е селектирана и спермата од биковите и точно се знае која крава со што треба да се оплоди. Незамисливо е чување на бикови кај раси специјализирани за млеко затоа што имаат слаби гојни карактеристики и се чуваат само понапредните за грла кои до некаде е исплатливо да се одгледуваат до фаза на млади јуниња...останатите се продаваат.
    Веќе кога ги спомнуваме расите, точно е дека се специјализирани или за млеко или за месо, иако има и од оние „пластичните“ со доста задоволителни резултати и во двата правци, зависно од начинот на одгледување. Мене ако ме прашаш се согласувам дека оние што се чувани за месо помалку страдаат затоа што не се малтретирани секојдневно со молзење, а во поновите системи на одгледување се практикува одврзан стил каде постојано се заедно со младенчето кое цица од нив. И за млечните раси од понов датум е слободното чување, но далеку погњавени се. Тoa почна повеќе да се практикува од кога разни организации почнаа да притискаат за да се запазат некои стандарди за благосотојба на животните, но и откако се увиде дека среќни животни носат поголема продукција. Како и да е без разлика на расата и новитетите, сите на крај завршуваат во кланица и сите се вештачко оплодувани за да се избегне моментот пренесување на зарази и да се извади максимумот од одредено количество на квалитетна сперма која може да се подели и замрзне во течен азот се до следното користење.
    Кога сме кај вештачкото оплодување не знам колку е болно, но сигурно е крајно непријатно. Порано било и побрутално, со разни клешти и застарени алати, денес кравите се оплодуваат со методот наречен - бимануелна ректална фиксација на цервиксот, што во превод би дошло, една рака бутната до рамо во анусот за да се фиксира цервиксот на матката од горната страна, додека со десната рака се внесува во вагината една метална тенка шипка-шприц со кој се инјектира спермата директно во цервиксот.
    Дополнително...иако засега е релативно скапа метода и ембриотрансферот е нешто на кое доста се работи, со цел да се искористи максимумот на генетски јаките женски грла и да се заобиколи нивната биолошка лимитираност со тоа што ембрионите од нивните јајце клетки ќе ги носат други крави со полоши генетски карактеристики.

    Да не должам...како и да се врти работава, процесот на индустриското одгледување на животни е далеку од хуман, без разлика за што се одгледуваат. Како тргнале работиве, не мислам дека има етичка граница која нема да се помине за да се задоволат потребите на светските пазари. Но, глупаво и лицемерно е да се бара оправдание за овие постапки и да се зборува како овие животни се одгледуваат во убави услови и како не се мачени, кога реланоста зборува друго. Јади си месо, пиј си млеко и ќути си...не си барај оправдание во постапките. Лицемерно е исто така како што е и тоа некој да е вегетаријанец поради тоа што ги жали животните, а сеуште јаде животински продукти.
    Значи според мене лично, човек не може по ова прашање да стои некаде на средина, секако ако преминот кон вегетаријанство е од етички побуди. Или ги жали животните или го сфаќа тоа како нормална човечка потреба. Ниту оние што јадат 3 пати месечно месо се подобри од тие што јадат секој ден, ниту оние што само пијат млеко може да мислат дека се похумани од оние првите...затоа што епилогот секогаш ќе биде тормозено и усмртено животно.

    Она што го ископирала @UnordinaryOne се гледа дека е преземено од организации со содржина од типот на Анима мунди, Спас за животните и слично затоа што се нафрлани многу информации без никаков тек, се со цел на што поекстремен начин да објаснат што се случува во фармите и кланиците. Не викам дека доста голем процент од тоа не е точно, но многу работи се извртени и напумпани со цел да звучат побрутално...би објаснила во друга прилика, да не оди постов во недоглед.

    Јас не сум веган иако не обожавам месо. Овие работи досега многу пати сум ги видела и осознала од прва рака. Сум видела и многу работи кои многу луѓе ќе ги одвратат од користење секакви животински продукти. Но ете јас се‘ уште не се вбројувам во таа група. И сметам дека човекот е сештојад, како и многу други видови на земјава. Да не би бил, тоа и анатомски би го увиделе. Кога ќе се спореди анатомијата на органските системи на лавот и кравата, ние не сме ниту како едните ниту како другите. Исто, тука рака под рака одат и физиолошките процеси. Затоа и сметам дека не треба во ништо да се претерува и да се води балансиран начин на исхрана.
    Веганството секако е избор, кој е за поздрав и убаво е што има луѓе кои се спремни да се лишат од се што е животинско, но сепак не е фино кога се упорни во обидите да ги преобратат сите околу нив, затоа што ствара одбивност. И кога ќе ве праша некој зошто не сакате да земете од месото на масата, обидете се културно да одјебете со два збора, наместо одговорот да се претвори во неколкучасовна дебата вегетаријанци vs. месојади, дебата која никогаш никого не разубедила.
     
    На Mishela, LivingGlam, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас сум вегетаријанка повеќе од 15 години (и потоа веган подолго време бидејќи имам мака со лактозата), никогаш не сум имала здравствени проблеми (освен обична настинка), не ми паѓа косата (ни на есен, ни на пролет кога на повеќето им паѓа), немам првут, ноктите не ми се кршат, лупат, напротив ми растат многу брзо и цврсти се (дури кога ги сечам се чудам како ми растат толку брзо), менструални проблеми не сум имала (ни б од болка), крвните слики низ годините кои сум ги правела ми се одлични (немам никакви проблеми ни со масти, шекер, притисок или друго), за анемија да не правам муабет. Вц одам редовно, запек, пролив за мене се непознати работи.

    Набавувам непрскани намирници (кај нас сеуште ги има за среќа), житарици, маслиново масло, итн, има избор многу поголем од што мислиме. За оние кои ме читале порано знаат дека и сама одгледувам растенија (се што може да има под нашето поднебје).
    И не е скапо, една кутија цигари или едно чоколадо од 50 ден. е еднакво на кило моркови.

    Никогаш не солам памет на блиските (роднини и пријатели) зошто да не јадат месо, не дебатирам, не се замарам со нивната исхрана (само одговарам на оние кои стварно се интересираат).
    Ниту јас им се мешам, ниту тие мене. Никој не ме гледа чудно, туку ме знаат како некој кој здраво се храни.

    Никогаш не гледам со чуден поглед на месото, на саламите по маркетите, не изразувам фаца на гадење, не изведувам.
    Познавам такви кои изведуваат, секаде одма кажуваат дека се вегетаријанци (се величат со тоа), или дебатираат насекаде и лично ги жалам таквите особи.
    Некои и се облекуваат чудно, влегуваат во разни филмови и ја нарушуваат целата слика за вегетаријанците.
    Но, тоа е нивни личен проблем.

    Потоа, лично во животот имам запознаено многу повеќе луѓе кои зборуваат против вегетаријанците (отколку обратно), одма ги осудуваат, па како живееш (па дај молим те, ете го жив е), не е здраво (а, многу месојадци се со зголемен штетен холестерол, и многу други болести).
    Како да не можат да поднесат дека некој си се храни здраво. Значи дај не замарајте. Јадете си месо ако ви е убаво и крај.
    Воедно и оние кои се вегетаријанци нека многу не се расправаат со другите, нека си тераат со нивниот начин на исхрана.

    Зошто на крајот на краиштата за она што го јадеме сме самите одговорни (и трпиме на сопствена штета/или ни годи).
    Еве лично мене желудникот не ми поднесува грав, па сега со сила ли да го јадам? Потоа да ме кини стомакот со часови само за да му направам мерак на некој друг ?



    Последно поправав заб во осмо одделение, оттогаш немам поправено заб, немам забен камен, а одам 2-3 пати годишно на заболекар, онака превентивно.
    До осмо одделение, како дете, кога јадев претежно нездраво (како и повеќето деца) имав поправено 4 заби.
     
    На Fitteen, Oscar Lady, Miss666 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Нити сум била некогаш, а ниту па сакам да видам вегетаријанец/веган.Си јадам се и сешто. Уживам во храната и не планирам животот да го потрошам во јадење марулка и моркови,буквално храната за мене е уживање кое не планирам да си го скратам.
    Е сеа, не би да дебатирам што е здраво а што штетно, дали месото е штетно, дали е здраво да се јадат само растителни продукти итн.Кој како си сака така си прави.Ниту ние месојадите не треба да се мешаме во изборот на вегетаријаните, ниту пак тие треба да ни наметнуваат мислење и некои теории дека сме убијци оти јадеме месо, дека измачуваме животни оти ги јадеме нивните продукти.Секој сам си одлучува за својот живот.
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сите вегетаријанци / вегани треба да се огледаат на тебе. Нека ги земат тие како тебе за пример. Нека не замараат многу многу,нека си го тераат веганскиот живот (што јас лично го одобрувам).



    Инаку, немам намера некого да убедувам за нешто,само сакам да споделам со вас. 8) Девојкава ја најдов на YouTube пред неколку месеци. Се вика Sarah Nagel и живее во Канада. Многумина не ја признаваат за веган бидејќи конзумира мед (raw honey),а медот е продукт на пчелите што спаѓаат по царство на животни. Освен медот се' останато што внесува во себе е здрава храна. (fingers)

    п.с Видете само колку е убава.. :inlove:

     
    На Goody и Silver.E им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Погоре некој ме праша за замена за сирење/ кашкавал (едит: не сум сигурна дали во оваа тема, ме мрзи да барам). Купете си деактивиран квасец, има сличен вкус како пармезан и е супер за паста или за се, ако си како мене :D
    Мојот е од виталиа.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321


    Дури ни веганите не се свесни што внесуваат во себе очигледно, а притоа најголем дел велат дека месото е штетно.
     
  19. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Затоа што со факти е докажано дека месото ите како е штетно. Претпоставувам дека ти во својата диета имаш и месо, ама верувам и дека со месото јадеш и зеленчук како прилог, еве на пример од овој грашоков што го третираат во видеото. Па кој внесува повеќе отрови во својот организам, јас или ти? @Tan4ence
     
  20. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Здраво! Јас до сега не бев веган, но еден период од 4-5 месеци бев вегетеријанец. Сега, барајќи рецепти за јадење за време на пост, решив подетално да ја разгледам опцијата за веганството како начин на живот.

    Не сакам многу месо, но порано многу сакав млеко и млечни производи. Во последните 3-4 години почнав се помалку и помалку да ги конзумирам и нив по препорака на лекар. Бидејќи прв пат постам, сега за прв пат сфатив дека јас всушност не сакам толку млечни производи и дека не ми недостигаат воопшто.

    Од морален аспект исто така го поддржувам веганството. Сакам животни премногу, и до скоро не знаев многу за тоа како се чуваат на фармите. И не, тоа што ни го претставуваат на рекламите не е ни блиску до тоа како е навистина.

    Нашите домашни миленичиња имаат свој карактер, чувства. Па зарем животните во вакви фарми немаат? Шо не си ги јадеме кучињата и мачките тогаш? Затоа што тоа не е морално прифатливо. А она што им се прави на животните во фармите не го гледаме, па затоа не ни е гајле. Гледајте видео кадешто ги малтретираат и колат животните на фармите или одете убијте ги со свои раце, па после изедете шницла или плескавица без грижа на совест.

    И не е точно дека кравите не страдаат кога ги молзат.

    Ако го занемариме ова што го напишав за чувствата на ваквите живорни ( ,а не треба), да зборуваме за условите во кои се чуваат и начинот на кој се чуваат.

    Знаете ли кога кравите даваат млеко? Во бременост. А знаете ли зошто? Хормони. На кравите им се вбризгуваат хормони за да лачат млеко повеќе и во подолг период. И да, во млекото ќе има хормони кои ќе завршат во нашите тела.

    А дали сте виделе како ги чуваат животните? Во мали места за да се згојат, да не можат да мрднат. Како тогаш ги чуваат ,,здрави"? Со антибиотици.

    И после се чудиме зошто мали деца влегуваат во пубертет уште во најрана возраст или зошто дејството на антибиотиците е се помало и помало.

    Можам со денови да пичувам за ова, но сега ќе завршам и ќе ставам линк од едно видео кое детално ги разјаснува овие работи.

     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.