Многу ми се допаѓа овој начин на исхрана и можеби ќе почнам да го применувам еден ден, т.е сигурна сум дека ке почнам, но не знам кога ќе биде тоа. За сега сум вегетеријанец затоа што сепак внесувам по малку животински продукти, но 90% од храната што ја јадам во текот на една недела е главно растителна-веганска. Сметам дека веганскиот начин на живот е добар во поглед на хуманоста кон животните и од еколошки аспект, а најмногу е одличен за здравјето. П.С. Сакам да слушнам нечие мислење во врска со користење на медот во веганската исхрана како продукт на границата на растителен и животински. Ме интересира како размислуваат луѓето и дали го оправдуваат неговото користење како веган.
Јас сум вегетаријанец, а не сакам да кренам левел да станам веган. Никогаш не сум била љубител на месо, иако во мојата фамилија сите обожаваат месо и ручек без месо не може да се замисли! Не се смета како ручек. Со конзумирањето на млеко и јајца не ги повредуваш животните, па не сфаќам која е поентата.
Ок сум се додека не почнат да ми се мешаат во животот и во животот на еден месојад. Кучиња и мачки да префрлиш на веганска исхрана само затоа што си веган, и да тврдиш дека тоа е најдобро за нив, не само што не е природно, туку е и измачување на животното и неговиот организам. Јас сметам дека не се нужни животинските производи за да преживее еден човек, но не е нужно ни да си го измачуваш организмот само за да бидеш „хуман“ и да не поддржуваш „убиства“. Млекото и јајцата од маркет знаеме дека се штетни, затоа, на место да го ставаме животот на конец и да ги „спасуваме“ животните, може само да купуваме од село или сами да си огледуваме храна и млечни производи (мој случај). Месото стварно нема потреба да се конзумира ако е зготвено, затоа што на само 50*Ц се губат барем 80% од корисните ензими. Не сум пробала живо месо, но сакам да пробам некој специјалитет како суши, сашими, tartare de boeuf или tartare de saumon. Според мене веганството е ок ако личноста реагира позитивно на него, ако навистина има потреба од месо и животински производи, подобро нека не изиграва херој.
Здраво девојки оддамна не е активна оваа група па би сакала да ја активираме Јас пред 5 години почнав да не јадам мртви животни и сфатив колку е тоа штетно за секој организам... полека полека се учев што да конзумирам за да не морам да јадам ни млечни производи односно да станам веган.Уф кај нас менталитетот и луѓево се напорни кога ќе им кажеш дека не јадеш месо, треба да им се објаснува...Јас исто така ништо не знаев за веганството но со блогови читање и интересирање открив еден сосема поинаков свет и сум многу среќна во тој свет. Се чувствувам посреќна похумана и поубаво поздраво бидејќи правам нешто што е неопходно за нашиот свет.Колку повеќе вегани толку подобро место за живеење. Групава нека биде само за ВЕГАНИ бидејќи непотребно е од различни мислења, тука ние кои делиме исти интереси можеме да си споделуваме искуства да си кажуваме рецепти различни и сл.
Не сум ниту вегетаријанец (иако не јадам месо премногу и скроз редовно, посебно сега во летниот период), а со веганскиот начин на исхрана како наредна скала - лично според мене нема снабдување со доволно хранливи материи. Мислам дека за организмот навистина се корисни некои од сите тие продукти од животинско потекло што се исфрлаат од исхраната (млечните производи, јајцата), посебно за деца и тинејџери кои сè уште се во развој. Едно време имаше доста лоши шеги за веганите што не ги оправдувам, но за волја на вистината и од нив има доста нападни кои инсистираат на тоа дека веганството е најздрав начин на исхрана, а и уште полошо - даваат емотивни коментари во смисла дека се на повисоко ниво на хуманост поради тоа. Исто и во последно време навистина е премногу актуелизирано сето тоа, баш коментиравме со мајка ми дека во претпладневните емисии на скоро секоја програма на ТВ веќе се појавува по некој нутриционист што пропагира исхрана најмногу базирана на вода, овошје и зеленчук, дури и од фрижидер уште малку ќе излезат Во животот имам општо став дека секој има право да прави што сака со своето тело, па тоа важи и за чинијата пред себе. Не осудувам воопшто, не ми се чудни и не ми пречат вегани - сè додека не се мешаат и они на луѓе од другата, различна од нив „страна“ да речам - за тоа што има во нивната чинија. Значи, океј е и да си вегетаријанец, и веган, ама и сештојад. Не дозволувајте да станете ликови како од лошите интернет шеги, кои сериозно наметнуваат и се сметаат за подобри луѓе од останатите поради овој свој начин на исхрана.
Многу ме нервираат луѓе кои само си го наметнуваат своето мислење а немаат никаква едукација и желба да научат зошто е тоа така.Супер што си искоментирала,но темава не е за тебе очигледно.Како прво јас 25 години бев сештојад да!И бев болна и слаб имунитет и цисти и несвестици и што уште не!Моите се месојади и три до четири пати имаше на нашата трпеза месо,но јас не сум внесувала тоа што ми било потребно!Ради болест ми беше забрането месо и мл. производи и реков толку беше од таков живот и почнав да навлегувам во еден сосема поинаков поинтересен похуман и поздрав начин на живот.Од тогаш веќе 3 години се чувствувам убаво учам како да се хранам здраво и лесно и воедно се што е потребно секојдневно да внесувам преку исхраната.Крвната слика никогаш не ми била подобра!Така што пред да имаш критички став и да пишуваш во тема која не те засега игнорирај ја...
Јас не сум го гледала за жал сеуште не знам од која страна да го симнам а на јутуб не ми го дава, ако имате линк или торент би можеле да го прикачите тука. Знам дека сите што го гледале филмот после тоа станале вегани.
Можеби го има овој рецепт за веганско млеко до сега на групата, но ќе го споделам пак со оглед на тоа дека млекото што го направив од сончоглед е навистина многу убаво и на вкус и на изглед. Пробајте! И не вегани би можеле да уживаат во ова.
јас практикував веганство 1 год. и завршив во болница од прениско железо нема кај нас толку напредни продукти вегански, ова што го има посебно како замена за стандардна исхрана е прескапо, на јатки сум алергична така даа... не знам што и како
Пред да станеш веган мора да си свесен што ти треба на организмот пред да направиш таква драстична промена.Јас цел живот имав ниско железо но откако станав веган ми е најдобро никогаш подобро еве веќе 3 години. Значи и да си алергична на јаткасти производи има многу други работи кои изобилуваат со железо. Сојата киноата спањакот леќата посебно црвената и мнооооогу други извори кои не само што се здрави и полни со протеини туку и полни со железо.
Решив! Од 1ви јануари преминувам на веганска исхрана! Речиси 7 години сум вегетаријанец, крвната слика постепено ми се подобри откако исфрлив секаков вид на месо од исхраната. После тоа бев зависна од јајца, додека не ми стана јасно дека организмот мој нема потреба од јајца. Сега мислам дека најтешко ќе ми биде да го исфрлам јогуртот, па барам веганска опција со сличен вкус. Моите ми се чудеа (баба ми уште се крсти кога ќе види дека не јадам месо), ама гледам и мајка ми сака да премине на вегетаријанска исхрана. Точно е дека во нашата средина луѓето не се доволно запознаени со ваквиот начин на живот, па секогаш кога разговарам со некој настроен да докаже дека сум глупа штом не јадам месо, им посочувам на бенефитите од јадење на растителна храна, и тука завршува дискусијата. Лично сметам дека немаме никаква корист од месето, особено црвеното месо кое што е канцерогено и мислам дека со тек на време се повеќе луѓе ќе сфатат дека растителната храна е далеку подобра варијанта за здрав живот. Доколку има се уште активни вегани на форумов, пишете ми ве молам како преминавте на веганска исхрана и како ја контролиравте желбата за на пример, кашкавал, јогурт, млечно чоколадо, итн. плус линкчиња од проверени рецепти, блогери, текстови и чуда, било што што ви помогнало на вас во ваков транзиционен период.
Одличен избор, со среќа! ❤ Јас сакам да станам веган, ама додека живеам со моиве, тешко тоа. Често доаѓа до караници за зеленчукот дома, тие сакаат со месо да го измешаат, јас не сакам, па терам повеќе накај јадења со млечни производи.