1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од marijaaxl, 16 август 2015.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.745
    Фала Кечо! :hug:
    Двој си за себе пред да ги измешаат со месото. Ја така правев додека живеев со моите. Ти покажи им дека сакаш и можеш, ќе се бунат прво ама ќе видат дека не попушташ. Штом прифатија дека си вегетаријанец, ќе прифатат дека си веган со тек на време.
     
    На daylight и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Welcome to the club :muscle: Секако дека ние не сме створени за да јадеме месо и продукти од животни, но има луѓе кои сеуште не се свесни. Треба подобра едукација и многу добри примери каде се покажуваат и докажуваат бенефитите од растителната исхрана. Нашето тело црева и вилица и конституција е иста со животните што јадат растителна храна и најнеобразован човек ќе сфати дека имаме иста вилица со мајмуните, а и најсилните животни се на растителна храна. Јас исто така долго време бев вегетаријанец, бидејќи не можев без кашкавал мед и сирење. Бидејќи многу ми беше покачен естрогенот морав да прекинам со јајцата и млечните продукти и да ти кажам сега ама воопшто не ми фалат. Секогаш имаш субститути имаш нови вкусови нови здрави јадења и цело време учиш некој нов рецепт.

    Нутритивниот квасец е вкус кој е добар да го користиш за замена на вкусот на кашкавалот, со него можеш многу добри сосови да си приготвуваш

    Јогурт можеш од било кое растително млеко да си правиш. Јас си правам со кокосово највкусен ми е.


    Веганството е цела наука и е нешто што толку многу ме направи среќна и исполнета бидејќи знам дека со мојот начин на живот не сум соучесник за убивање и јадење на невини животни. Сите ќе те прашуваат од каде ќе ти се протеините, но најздрави и чисти протеини има баш во растителната исхрана.:l: Се што те интересира прашувај затоа и е темава, да го промовираме веганството како најздрав и најхуман начин на живот.
     
    На daylight, didisi, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.745
    @Sparkles27 јогуртот е ммм :inlove: ќе го пробам наскоро. Фала ти за линковите!

    Првата причина поради која што преминав на вегетаријанска исхрана беше баш поради животните. Зошто би убивала некое суштество кое што сака да живее поради храна (или кожа). Планирав да преминам на веганска исхрана веќе некое време, ама ептен бев зависна од млечните производи и јајца и се наоѓав оправдувања. Конечно дојдов до степен да ми се гади да јадам јајца, и искрено ептен сум среќна поради тоа, полесно ќе ми биде. :D

    Јајцата, млекото и медот се добиваат преку индустриско производство каде тие суштества се цедат буквално за да се извади максимумот од нив. Не е во ред ова.

    Покрај емпатијата кон другите суштества, секако мотив за премин ми беше и сопственото здравје. Ја имаш читано How Not to Die од Michael Greger? Ептен добра книга со примери од вистинкиот живот за промените кои што настануваат откако луѓето прекинуваат да јадат месо, јајца и млечни производи.
     
    На Oscar Lady, Feminka22 и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Дааа тој доктор ми е омилен има страна https://nutritionfacts.org/ исто и https://www.youtube.com/channel/UCGJq0eQZoFSwgcqgxIE9MHw има доста други каде навистина се точни информациите и научни докажувања од страна на професионални доктори. Супер што си се одлучила на ваков чекор и доколку треба некој совет тука сум:hug:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iguanaboy

    Iguanaboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Dali nekoi moze da mi kaze vo koi sendvicari se prodavaat veganski sendvici?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Сендвичара Нино имаш неколку вида на вегански опции со соја шницла, со фалафел и сејтан. Имаш карши грчка амасада сендвичара Хармонија имаат вкусни сендвичи.Има и други но не ми текнуваат моментално :)
     
    На daylight, Ketchup, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е на сите кој сте го земале тој потфат во раце
     
    На daylight и SV1911 им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Фрешис, хармонија, go healthy, Irish pub, squeeze me, далмаскино, дури и седмица има за време на пости :)
     
    На daylight, Sparkles27, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има и во Фитнес Хаус нешто веганско.Со соја сосови ама не сум сигурна.
     
    На daylight, Ketchup и SV1911 им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Wrap :)
     
    На Ketchup, SV1911 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.745
    Верувај дека откако ќе почнеш, воопшто не е тешко. Посебно ако здравјето ти се подобрува. :) Додека јадев месо секоја зима имунитетот ми беше низок и по две-три недели ангина и антибиотици обавезно, некогаш па и по два пати во сезона. Прекинав да јадам месо и од тогаш не сум фатила ангина ниту еднаш. Сега да помине некој месец, па ќе ви пишам какви промени (ако ги има) после преминување на plant based исхрана. :)
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Која е поентата да се биде веган? Никогаш не успеав да разберам.
    Вегетаријанец да , држи вода тоа дека ете не е убаво да се убиваат животни и баш од тие причини колку што можам избегнувам да јадам месо , но сепак јадам.

    Веган сум 60 дена скоро секоја година, кога постам божикни и богородични пости. Еднаш само ми се случи да се онесвестам за време на пост, ете невнимание и нередовно јадење и тоа е. Други здравствени проблеми не сум имала.

    Од нутритивна гледна точка да се биде веган не гледам некој бенефит. Јајцата и млекото не содржат ништо штетно па не гледам причина зошто не би се внесувале. Е сега ако најдете некоја микросостојка внатре што е штетна, ама таква состојка може да најдете и во спанаќот. Во секоја храна ако се претерува е штетна. Плус која е логиката да не јадеш млечен кашкавал а да јадеш некоја си таму растителна преработка замена за кашкавал со 200 адитиви.

    И кога веке сме на чисто дека веганството од нутритивен аспект е неосновано да видиме што навистина се крие позади тоа?
    Кај нас уште не е стигнато, но во странство веке има и секој ден се прават нови производи кои на вкус и изглед изгледаат идентично како обичните но сепак се вегански. Сигурно тие од вас што посетуваат такви саеми имаат налетано на вегански хамбургер, кој толку добро е ископиран, што ако не ти кажат дека е вегански ке си помислиш дека е обичен сендвич. Видете колку е скапа веганската храна воопшто. Безобразно скапа !!! Фалафел топчиња полуготови вантре една леблебија имаат и ништо друго , 6 залака 90 денари. Таму некои семки што ги користите за замена цените се страшни. Млеко и сирење од соја- ни ја хранел сојата, ни ја молзел , ни па е некоја скапа постапка за производство а чинат исто ко обичните млеко и сирење за кои е скап процесот на производство. Паштета од соја, 50 денари - ај што е напукана со адитиви ама како тоа има иста цена, дури и поскапа од паштетите од месо.

    Од вегански рецепти, се она што сум пишувала во темите за посна храна
    ,-Фалафел топчиња, замена за крокети ,
    - Мајонез самопрајски од соја брашно,
    -Тофу имам еднаш набавено се за да направам сама , ама не знам каде ја утнав работата :D
    - Паштети и намази сум правела од се и свашта. Од грашок, грав, леќа, се што ми дошло на памет.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас сум доста пристрасна за оваа тема и еве неколку работи ќе ти кажам за да ти стане појасно што е поентата, а ти слободно можеш да читаш по нет имаш милион истражувања кои се основани врз база на докази пд познати доктори нутриционисти и сл. Јас мноогу години пред да станам веган бев вегетаријанец и ништо не се промени кај мене физичи и духовно си јадев се нели освен животни. Не се информирав многу околу фармерската индустрија не бев запознаена до поимот веганство и мислев дека тоа е нешто екстремно и нема шанси да бидам веган, додека еден ден почнав да истражувам трудови има на фејсбук доста подржани страни исто каде доктори познати ги нафрлаат и образложуваат сите бенефити од растителната исхрана. Да се разбереме има вегани кои од етички причини се вегани и не им е битно што јадат и тоа не значи ако си веган си здрав. Има други вегани како мене нс пр кои внимаваат што внесуваат и си го гледаат и здравјето и средината и етичката филозофија. Јас долги години имав хормонален дисбаланс ни мака ни чаеви ни лекарства не можеа да ми го регулираат и тогаш почнав да истражувам за веганството. Јајца и сирење и кашкавал обожавав,но сфатив дека тие ми го качуваат естрогенот високо и ми прават цисти и мн други работи.Откога откажав се од животинско потекло веќе немам никакви проблеми и имам феноменална крвна слика ослабев 10кила за год дена и кожата ми сјае.Но не јадам џанк фуд се сама дома си спремам млеко благо без радинирани шеќери сокови не пијам купечки само домашни идам на места каде можам да нарачам свежа храна и сл. За мене веганите се најхуманите и најдобрите луѓе(сега познавам многу) бидејќи они ја гледаат иднината односно ем што го гледаат своето духовно и физичко здравје исто така го гледаат и на животните и светот.Толку многу храна се троши во светов за да ги товаат животните кои потоа ги убиваат што со таа храна ќе ги прехранат луѓето и децата кои гладуваат.Има многу истражувања точно колку индустрии има и колку они баш тие индустрии ја загадуваат земјата и луѓето. Плус животните се чуваат во одвратни услови и постојано се со хормони и вештачки оплодени за да имсст млеко.Ние сме единствен вид што цица млеко од крава хахаха смешно,но вистинито.Јајцата не е ни малку здрави во нив содржи холестеролот и естрогенот тие две работи ми го уништија здравјето кога ги јадев.Сирењето го бојат со палмино масло за да биде такво какво што е и има во него состојка што во човековото тело е како дрога те тера се повеќе да јадеш.За се ова има истражувања не ги кажувам секако на памет. За моите омилени кожни чевли никогаш не сум гледала како сенаправени,ги дерат на живо животните која болка е тоа за јас да носам бунда и кожни чевли а да знам и да видам како ги прават! Не фала..Медот се чудев зошто иако е здрав не треба да го конзумираме,но потоа сфатив дека доколку нема пчели ќе нема свет! Во америка полека изумраат пчелите има уште многу малку зошто?Зошто им го јадеме медот!Зошто тоа е нивна произведена храна која ја произведуваат со микс на поленот и нивната плунка.Што повеќе им ја зимаме нивната храна толку повеќе би изумреле ние како вид зошто? Они се попрашуваат доколку нема тоа нема ниту еден цвет овошка и сл. Ете тоа е едно мало делче на прашањето твое која е поентата на веганството.Има цела филозофија која само разумен и несебичен човек би ја сфатил!Јас сум среќна што нема да дозволам повеќе индустриите да манипулираат со мене со цел да си остварат профит...Има уште многу за кажување но ете ова нека е почеток на размислување и истражување.
     
    На SV1911, Ketchup, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    13 год. Сум вегетарјанка ако ти се верува.Месо каснувам 1 во год. преку сила.Ама без јајца,млеко,чоколадо искрено не можам.Ем сум слаба и имам проблеми со крвта.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Ви го почитувам на сите тоа што сте вегани, сепак секој сам си одлучува за себе , но лично сметам дека тоа нема никакви нутритивни и здравствени бенефити.

    Дрога во сирење? Палмино масло може и на тофу да намачкаат ако е така. Им го јадеме медот на пчелите?

    Па ако е така ај и соја нема да јадам, од кај да знам дека не работат деца малолетници по плантажите . Или ете да не јадете се што е растено во оранжерии, затоа што работниците внатре на +50 работат. Или ете може да се користат животни за вршење на дел од работата.

    Мило ми е што некој има бенефити од веганството, примери секогаш ке има. Сепак нели не е само храната што влијае на здравјето. За жал ке има примери и кога веган се разболел од рак и тоа не треба да покажува дека веганството не е здраво. Такви засебни примери не се ни за про ни за контра, научно ниеден здравствен бенефит немаат веганите во однос на вегетаријанците , или на луге што не се ни вегетарјанци но сепак се хранат здраво.

    Ако претерува некој да јаде јајца секој ден, секако дека ке има последици, но и спанак ако јадеш секој ден пак ке имаш последици.

    Инаку дечки , дека не треба да се претерува со месо и протеини од животни, ни кажува и самата религија. Речииси сите религии имаат ограничување кон овие видови храна. Мене ми се тие поверодостојни од научните истражувања затоа што се базирани на долгогодишно искуство на лугето со храната. Муслиманите не јадат свинско, христијаните имаат од 250-280 посни денови годишно (некои вегетаријански некои вегански), а риба се јаде само некои денови. Значи уште одамна лугето почувствувале дека премногу масно јадење е штетно, а верувам дека тоа е и заради етнички причини, да се јаде што помалку месо, да не се колат толку животни.
     
    На Oxymoron, Mishela, faye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.561
    Пол:
    Женски
    Вегетеријанство разбирам ај, некој не може да јаде месо оти му е тешко, некој ради што ги сака многу животните. Ама мислам дека веганството веќе е претерано, без навреда кон веганите. Човекот не е ни хербивор ни карнивор, туку е омнивор, односно му треба храна и од растително и од животинско потекло. Така е уште од кога постои човекот. Нашиот дигестивен систем е точно прилагоден за да сме омнивори. Немаме ни повеќе желудници и не преживаме храна да сме хербивори ниту имаме кратки црева за карнивори. Се учи уште по биологија во основно. Разбирам да не сакаш да страдаат животните. Ама со јадењето на нивните продукти како млеко и јајца на пример не им наштетуваме на никаков начин. Јајцата неоплодени се едноставно менструацијата од кокошката на пример. Затоа веганството мислам дека е непотребно, бидејќи човекот се лишува од она што го има само во животинските продукти и треба да зема суплементи по вештачки пат.
    Јас месо не јадам често, но ги јадам другите продукти. Не поддржувам убивање животни за спорт и забава, ниту заради крзната. Единствено заради храна, што е можно побрзо за животното да не се мачи. Така прават и лавовите на пример, што се животни карнивори и сепак пленот го убиваат што е можно побрзо, не го измачуваат. Не можеш да го натераш лавот да ја смени својата природа, ниту пак човекот кој е омнивор. Секој биолог би го кажал тоа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Како што кажав секој со својата свест и разум. Не навлегувам во дебати само сакав да ти ја објаснам поентата на веганството а нормално секој што не може тоа да го направи и биде се оградува и контра со некои неосновани факти кои нелогички се поврзуваат... сирењето кашкавалот млекото се тоа содржи казеин кој е еднаков на дрога да https://www.google.com/amp/www.independent.co.uk/life-style/food-and-drink/cheese-triggers-the-same-part-of-brain-as-hard-drugs-study-finds-a6707011.html?amp Ова не е научен портал но тоа прво го најдов има многу други кои секако го тврдат тоа ама секој со својот разум,и јас порано така сум зборела и неосновани за мене логички факти сум кажувслс,но затоа самата јас почнав да сакам да ја гледам реалната слика на светот и индустријата...тоа е тоа секое добро
     
    Последна измена: 6 јануари 2018
    На crimson и SV1911 им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Казеинот е дрога? Ај подобро да не дебатираме бидејки ке се скараме

    Ти благодарам за одговорите , секој има право на свој избор и знае што е најдобро за себе.
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    АА да уште ова...
    Внимавајте многу на храната на која што пишува посна или веганска. Во нашиот закон за храна уште не се земени овие работи во предвид, па Агенцијата за храна не ги ни контролира пакувањата.

    Еден куп колачи , намази, и различни преработки им пишува веганско а не се. Скоро во некоја сендвичара мислам дека беше Вили , видов натпис Посен тост, а долу напишано до шанкот дека користат само млечен кашкавал.

    За рестораните муабет да не правиме. На јадења кои не се дури ни вегетаријански пишале вегански
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Оф девојко што всушност бараш на групава,па групава е за подршка на веганството и тие што се вегани вегетаријанци тие треба да коментираат и дебатираат имаш толку многу групи и интереси не знам што тука бараш и поента нормално не ми е да се карам значи поента ми беше да ти објаснам тоа што го бараше...казеинот делува на мозокот ги активира тие работи што и дрогата а не дека е дрога боже мили хахаха нема објаснување посебно на ваков убав ден. И фала што си загрижена за нас ама совршено добро ги знаеме тие податоци а и што да јадеме хахаха офф ајде доста е со дебати за луѓе кои никогаш нема да го сфатат веганството среќа има такви мнооогу кои се разумни и го сфаќаат!!!Нема што повеќе да се дебатира тука сите вегани и подржувачи ги почитувам и си комуницираме ние што имаме заеднички интереси за вас другите има милион други теми што ќе се пронајдете...позз
     
    На SV1911 и CoverGirl10 им се допаѓа ова.