Јас не сум ни вегетаријанец ни веган. Но не сум некој љубител на месо, морски плодови, јајца... Општо на животински продукти, но морам да ги јадам од причина што сум преслаба за висината и возраста, а колку помалку животински продукти внесувам, се чини дека повеќе се сушам. Многу повеќе сакам храна богата со јаглени хидрати (леб, ориз, мешунки како грав, леќа, грашок, секакви житарици, компир во секоја форма, тестенини, овошје) и таква храна и консумирам најмногу. Јаткасти плодови, како и путер од кикиритки, исто така сакам, како одличен извор на здрави, растителни масти, како и начин да внесам повеќе калории а да не се чувствувам прејадено. Така што, мислам дека би можела да бидам вегетаријанец, па зошто да не и веган, без поголеми тешкотии. Само што, искрено се плашам за здравјето, храната од растително потекло само повеќе ме слабее, губам и телесни масти, и мускулна маса, имам уште милиони проблеми поради малата тежина, не би да навлегувам понатаму сега. Кога се консултурав со нутриционист во врска со ова, ми рече да не се обидувам сега за сега да исфрлам ништо животинско од исхраната, се` додека не накачам барем 7-8 килограми. Би сакала да добијам мислење од некој веган овде. Висока сум 1.65, а тежам само 41кг. Имам пребрз метаболизам, како што реков, внесувам секаква храна и тоа во големи количини. За мене повкусно нешто од растителната храна нема... Но ете, изгледа не е за мене.
Мораш на почетокот повнимателно, за да се осигураш дека внесуваш се што ти е потребно. Баш пред некој ден правев крвна слика, после две години веганство, се беше супер, и здравјето ми е генерално одлично, и да, одам на редовни контроли. Е сега, периодов сум здебелена, ме фати некој безвезен период на јадење глупости, и морам да почнам да придржувам кон некаква рутина. Од суплементи земам само б12, и понекогаш додавам протеини во смути, ако мислам дека не сум внела доволно. Јас користев апликација на телефон за да знам дека не изоставувам нешто.
Како исфрлувате толку многу од исхраната и се здебелувате..ви се дивам значи.Јас едвај по 2кг качувам во пола година и повеќе
Постои и веганска брза храна - бургери, пици, мрсни „млечни“ производи, помфрит, десерти и слично, ако си веган не значи дека си по дифолт слаб/здрав
Не го разбирам овој начин на исхрана никако. Прифаќам да се избегнува посебно или месо, или млечни производи или јајца само поради тоа што организмот не ти ги прифаќа едноставно, ти се гади од нив и слично, ама глумење на љубител на животни и нејадење храна од животиснко потекло баш поради тоа, а иначе обожаваат иста таква храна ми е скроз безмислено. А и да, прочитав тука дека луѓето не сме биле запознаени колку било корисно да се исфрли се од животинско потекло и да се префрлиме кон растителна храна. Да не го спомнувам фактот дека луѓето порано се хранеле со храна од животинско потекло и живееле по 80/90 години, туку ќе кажам за себе дека од мала ме навикнале на разновидна храна и никакво зло не сум видела од животинската храна. денот не можам да си го замислам без таа храна, освен кога се пости нормално. И освен тоа што цел живот со мене си влечам некои 5/6 килца вишок, друго се ми е како што треба. За крвна слика и да не зборуваме, од секогаш сум имала јака крв. Бидете си вие што си сакате, тоа си е исклучително ваш/наш избор ама немојте да тврдите колку е поздраво да се јаде само трева.
Мене веганството ме привлекува пред се`, зашто таквата исхрана ми е многу, многу вкусна. Немам скоро никаков апетит за месо, секогаш ќе изберам ориз, компири, леб со путер од кикиритки наместо што било животиснко. А и од етички причини. Воошто не се согласувам со стереотипот дека веганите јадат само трева. Исхраната може да биде и те како богата и разновидна, и пред се` вкусна и здрава. (не мислам на растителен кашкавал, вегански бургери итн) Сега за сега, ќе се борам да качам некое килце, а за понатаму, со задоволство би ви се придружила. Ти благодарам за советите.
Навистина ги почитувам сите кои се одлучиле на овој чекор, и вегани, но и вегетеријанци. Но реално, кај нас е тешко да си веган. Вегетеријанец може и не до толку, но веган да. Прво цените се енормни, а продуктите ретко достапни, посебно за тие од помалите места. Друга работа, треба многу упорност и нерви за договор дома што за ручек, кога на твоите на крај памет не им текнува три пати во неделата да не направат ручек со месо. Боже сачувај! Ситуација во која се исфрлени јајца, млеко, сирење, мед.. од исхраната во обично домаќинство кај нас е светлосни години далеку. Ете не се сите доволно информирани кои се бенефициите од веганството и вегетеријанството, на кој начин можат да се приготват вакви оброци, каде можат да се набават потребни продукти, како да се надоместат протеини, јаглехидрати, белковини и сл. За веганство не сум сигурна дали би се одлучила некогаш, но за вегетеријанство размислувам. Ми треба постепено откажување, но сметам дека би успеала. Секоја чест на сите вегани и вегетеријанци.
Не „глумат“ етичките вегани љубители на животни, туку сме запознаени со сите индустрии кои вклучуваат експлоатација на животни(млечната, месната и индустријата за јајца) и свесно одлучуваме да не придонесуваме кон тоа насилство. Јас би рекла дека повеќе „глумат“ луѓе кои велат дека сакаат животни а притоа ги јадат. Не гледам никаков проблем со тоа што избирам понекогаш да јадам кашкавал од растително потекло зашто на тој начин не придонесувам до страдањето на невини животни, а анегдоти како аргументи не прифаќам. Игноранцијата која ја имаш на темава се гледа по последната реченица. Ако си спремна за созреана, интелектуална дебата, повели
Не, не сум спремна за дебата бидејки не сум заинтересирана за тој начин на живот. Нема да најдеме заеднички јазик. Тоа е само мое мислење крај краева, како му одговара на сите така ќе прават.
Vegan365 речиси веднаш до Соборен храм на. бул. Климент Охридски во центарот на Скопје. Работно време на Веган365Кујна е 9-17 ч. понеделник-петок. Примаат и нарачки.
Читам погоре за ослабување и здебелување и би сакала да го напишам моето искуство со промените во телесната тежина при веганството и вегетаријанството. Моментално сум вегетаријанец, но бев и веган. Ќе видам кратка и ќе кажам дека откако се префрлив на вакви начини на исхрана и почнав целокупно да се хранам поздраво, јас конечно не само што ја достигнав 50ката туку и ја надминав П.С Сум слушнала и за други вакви случаеви кога луѓе по никоја причина јадејки послабо се здебелуваат. НО ова важи само за навистина слаби луѓе кои имаат доста помалку тежина од она што треба
За сите што не гледаат ништо лошо во консумирањето на млечни производи и јајца. Веќе трет месец како преминав на веганска исхрана. Првиот месец не ослабев иако внимавав на исхраната и вежбав, ама веќе кон средината на февруари гледам дека слабеам и телото ми се затегнува. Имам доста повеќе енергија сега и општо се чувствувам подобро од порано. Престанав да јадам процесирана храна, не ме ни привлекува толку ко порано. Да ме прашаше некој пред пола година дали ќе можам да се откажам од јајца и кашкавал, би кажала едно цврсто не, ама сега дури ми се гади од самата помисла.
Лелеее исто ко ја да сум го пишала ова што си го пишала Баш така се е психа и тоа што сме мислеле дека било добро за нас и не сме можеле без него сега откога знаеме колку е штетно за нас самиот мозок го смета за непријател хахах чудо сме