Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од marijaaxl, 16 август 2015.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Не е поставена ситуацијата како решение (мислам очигледно е дека не е изводливо), туку како начин да се разграничи дали intent-от е исто така неморален дел од месната индустрија покрај фактот што мелат живи пилиња.

    Ама кога спомнавте cultured meat сфаќам дека ова всушност повеќе наликува на одгледување растенија, што ме тера да мислам дека проблемот е дупење во здрав на мозок на свесни суштества.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.216
    Вистински проблем со месото и останатите производи од животинско потекло е тоа што не ни се потребни за здраво функционирање на нашиот организам, баш напротив, штетни се.

    На сајтот на WHO црвеното месо е прогласено за канцерогено, чинам од втор степен, додека пак преработените месни производи (салами, виршли, паштети и сите останати процесирани месни производи) се еднакво канцерогени како цигарите.

    Млекото на пример е полно со хормони кои што му се потребни на животното да порасне - не е наменето за конзумирање од страна на луѓе бидејќи немаме потреба од млеко.

    Сите витамини, амино киселини и останати нутриенти може да се најдат во растителната храна. Што мислите, од каде животните ги добиваат потребните витамини, кога тие самите не јадат месо?

    Споредбата со растение и животно е смешна. Животните чувствуваат болка исто како и ние луѓето. Би се споредиле ли себе со растение? Дали би изеле друг човек поаѓајќи од оваа логика?

    Јадењето месо е погрешно на многу нивоа. Уништување на огромни количини земја поради масовно одгледување на животни за прехрана и загадувањето на природата, страдање предизвикано кон нив, болести со кои што луѓето се соочуваат баш поради ваквата исхрана (тука не спаѓаат само животинските производи, туку и процесираните работи од неживотинско потекло, ама не е тема на муабет тоа па нема да разглабам за нив).
     
    На Веган, Zivyle, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Ова избираш да го посочиш како најголем проблем на јадењето месо? Бидејќи не е здраво за нас. Значи пак се врти околу нашата добросостојба, а животните се во втор план. Не би рекла.

    Што се однесува до здравоста на месото, прифаќам дека денешното месо е нездраво, но за да видиш дали му штети или користи на човекот (и ова не важи само за месо, туку за сè друго), доволно е да се запрашаш дали еволуциски преживеало. Очигледно е дека преживеало, штом на грото од луѓето им се допаѓа вкусот на месо, значи корисно е за нашето преживување.
    И не, не велам дека не е канцерогено, туку дека неговата канцерогеност не успеала да ги убие луѓето што го јаделе во минатото бидејќи очигледно преживеале да се репродуцираат. Природна селекција.

    Дали еволуцијата треба да ни е доволно ,,оправдување" за јадење месо? Во никој случај. Ама јас сметам дека тоа е само и единствено поради страдањето на животните. Ако живо суштество не претрпува болка, не ја гледам причината за нејадење месо.
    Овде не сфаќам на што реферираш. Растенијата овде се спомнати во контекст живи суштества без свест и способност за болка за кои е прифатливо да ги јадеме. Факт е дека животните од хипотетичката месна индустрија се исто така живи суштества без свест (не знаат со која намера живеат) и не чувствуваат болка (убиени се на хипотетички безболен начин).
    Инаку, да, би јадела човек ако се наоѓам во дивина и ако го најдам мртов. Тоа сметам дека е поентата на дискусијава: доколку нема страдање, нема никаков проблем во јадењето месо. И ова го имаат кажано и вегетаријанци и вегани, не само јас. На крај краева, можете да ги осудувате луѓето само на морална основа, а не и зошто не се хранеле здраво, тоа е нивен избор.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Да ти одговорам и јас како веган. :)

    Искрено, првата причина ми беше скроз себична, моето здравје. Па после некое време престанав, кога ми стана подобро. Вториот обид беше поинаков и етичкиот момент е тоа што ме држи веќе скоро три години. Кога почнав да размислувам за сите други моменти, како загадување на природата и неконтролирано убивање и малтретирање животни, веќе не можам да јадам месо, сирењето ми го нема истиот вкус и имам грижа на совест.
    Јас сум израсната со животни, срце ми се кршеше кога ќе дознаев дека животинчето што сум го гушкала е сега на трпеза.

    Сега би јадела понекогаш и вештачки создадено месо, исто како што понекогаш јадам вегански кашкавал. Тука не го гледам проблемот.
     
    На Веган, Zivyle, Briar Rose и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.216
    Луѓето преминуваат на ваков вид исхрана поради разни причини. Јас лично, станав вегетаријанец во 2011 откако сфатив дека животните чувствуваат болка исто како нас. Веган станав откако дознав дека само штета си нанесувам јадејќи таква храна.

    Точно, има луѓе кои што се многу поиздржливи и ваквата исхрана не ги убива. Но, јас не сакам да бидам дел од природната селекција, затоа и свесно одлучувам да се хранам балансирано и здраво, покрај другите чекори кои што ги превземам во овој план. Но ќе повторам, вегетаријанец станав пред нешто да ми значи здравиот начин на живот, туку од емпатија кон животните престанав да ги јадам.

    Не е хипотетичка, туку широко развиена со огромен профит на сметка на животните и луѓето. Иако истите тие животни се одгледани со цел да се убијат за храна, тоа не им ја одзема способноста да чувствуваат и не само болка, туку љубов и приврзаност, радост. Постојат документирани случаи на вакви животни кои што биле ослободени, погледни колку се радуваат што се на слобода и во природа. Мене лично ова ми е доволно јака причина да не ни помислам да јадам месо.

    Ако немаш избор, секако. Но сега имаш избор.

    Има страдање бидејќи чувствуваат болка, приврзаност, љубов, сакаат да преживеат. Тоа што не комуницираат на ист начин како нас, не би требало да значи дека ние можеме да ги убиваме.

    Кој кого осудува? Често низ темиве се чувствувам индиректно нападната поради тоа што одбирам да бидам веган и да не јадам процесирана храна.

    Секако дека секој сам за себе треба да одлучи, нема поента ако нештото е наметнато, но исто така нема поента да се негира користа на веганскиот балансиран начин на исхрана.
     
    На Веган, danichap, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Сега гледам дека не зборуваме за иста работа. Кога кажав хипотетичката месна индустрија, мислев на таа што ја опишав во ова мое мислење.

    Секако, се согласувам. Можеби не си ме прочитала низ слични теми. Ве поддржувам во веганството и сум убедена дека вистински избор. Имам кажано дека би станала најмалку вегетаријанец веднаш штом имам можност. Ја почнав дискусијата погоре во вид на прашање кон вас веганите, дали таков вид месна индустрија (во која нема страдање на животното, хипотетичка секако) исто така сметате дека е неморална? Притоа да се остават настрана (не)придобивките по здравје, да се разгледува само етичкиот дел.
    Ти што мислиш за тоа, дали и таков вид индустрија не е во ред?
     
    На Ketchup, crimson и SV1911 им се допаѓа ова.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.216
    Моментално се разработува вештачко месо, исто по структура и вкус како месото на животните. Ова според мене е етичко, нема апсолутно никакво мачење при добивање на ваквиот вид на месо.

    Но, сметам дека не е етички да постои индустрија која што ќе убива за храна, без разлика колку брзо би настапила смртта на животните.
     
    На Веган, Ketchup и Lella им се допаѓа ова.
  8. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Браво!!! Супер кажано, многу реално гледано на вистинската приказна или што би рекле американците the ugly truth. Само што многу луѓе живеат под одредени шаблони, жалосно но вистинито колку луѓето се манипулирани од големите месни и млечни индустрии и се само за едно нешто ПРОФИТ! Се надевам дека ќе има многу луѓе во иднина што ќе излезат од кутијата и тој шаблон во кој живеат и им е наметнат и ќе ја видат реалната слика и ќе се спасат ем самите ем и животните. Полека почнува свесност како што гледам во светот и европа голем дел од големите градови се vegan friendly па еден ден и кај нас може да дојде. Поентата е да преживееме без да бидеме манипулирани дека ни требаат други животни за да преживееме и да се прехраниме.
     
    На Веган, Vitaly и SV1911 им се допаѓа ова.
  9. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Конзумирање месо или у превод конзумирање мрша. Има еден етички момент кој што ме наведува на ваков начин на исхрана се уште не сум комплетно вегетаријанец ниту веган но целам кон тоа чекор по чекор исфрлам намирници, животните немаат глас и инфериорни се интелектуално па себичниот човек го користи тоа за свои придобивки, крајно себично и неетички.
     
    На Веган, SV1911 и Sparkles27 им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Ама видете, веганизам не е под default поздрав начин на исхрана. Некој што јаде месо може да е поздрав од веган што преживува на чипс и вегански кашкавал. Затоа што веганизам е релативно нов поим, особено кај нас, треба многу внимателно да се започне за да не се заврши со пад на имунитет и разни недостатоци.
     
    На Веган, danichap, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Имунитет нема да ти падне доколку престанеш да јадеш месо туку ќе ти падне ако гладуваш. Многумина се исмеваат со веганите и вегетаријанците мислејќи дека тие гладуваат и јадат колку да преживеат.. Има многу разновидна храна достапна за секој и далеку поефтина од месо.
     
    На Веган, Zivyle, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Се согласувам не е препорачливо преку ноќ веган да станете туку постепено да се најде соодветна замена за секој продукт мислам тоа и беше поентата на кримсон.
     
    На Веган му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Вегетаријански или вегански начин на исхрана може да ве држи единствено ако работите некоја канцелариска административна работа со минимална физичка активност. Толку. Месото содржи есенцијални протеини и витамини витални да за човечкиот имунитет.
     
  14. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    А дали си пробал да си на веганска исхрана па да имаш ваков став?Дали си истражувал колку многу спортисти на чело со најдобриот тенисер Новак кој не само што е на веганска туку е на plant based исхрана? И уште еден куп боди билдери и луѓе физички активни!Кога има човек некое мислење за да држи вода треба малку да истражи па после да збори no sense работи :)
     
    На Ketchup, Independent Girl и SV1911 им се допаѓа ова.
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    А, дали ти си истражила колку од тие спортисти ко Новак поракј својата plant based исхрана се исто така на стероиди и еден куп хемија? И од каде си сигурна што Новак јаде дома? Да не му водиш евиденција?
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.216
    Да, дефинитивно се согласувам со ова. Ама, колку од луѓето кои што консумираат месо реално знаат колку и од што треба да јадат за да ги запазат сите потребни витамини и останати нутриенти? Поентата ми е, многу слабо сме информирани за храната која ја јадеме. Секој од нас треба да знае за nutritional values (не знам како е на македонски) на локално произведената храна, вклучувајќи ги и производите од животинско потекло секако, а не да треба да се запишуваме на одделен факултет за ова за да можеме да знаеме нешто од кое што реално ни зависи здравјето.

    Секако! :D Мислиш растенијата немаат витамини, протеини, аминокиселини? Или немаат во доволна количина? Од кај кравите на пример зимаат протеини, меѓу другото, потребни за да пораснат толкави?

    Доколку се храниш со растителна, балансирана храна верувај дека ќе можеш да копаш цел ден на нива и имунитетот и крвната слика да ти бидат супер.

    И на тема имунитет. Веган сум од јануари годинава, пазам на исхрана, речиси и да не јадам џанк фуд и процесиран шеќер. Неодамна, цела недела на час до мене седеше една девојка болна од грип, а јас не се заразив. За мене ова е повод цврсто да стојам на ставот дека благодарение на овој вид на исхрана мене имунитетот ми е подобрен и сум станала поотпорна.
     
    На do-re-mi, Ketchup, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    И да не гладуваш, не може телото да функционира нормално со намази и помфрит, па и да го внесуваш потребниот број на калории за твоето тело.
    Луѓето обично, барем мене, ме прашуваат дали јадам само посни пецива или салати. :rofl:
     
    На DAngel, Ketchup и SV1911 им се допаѓа ова.
  18. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Хахаха оффф боже не можам да дискутирам со луѓе со плитки и ограничени размислувања кои напамет си ги говорат извини :) За твое инфо знам многу за Новак и го следам нивниот животен стил како и сум била во нивниот plant based ресторан... а за стероиди и глупости слатко ќе се изнасмеам и не дискутирам повеќе:D
     
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Растенијата имаат витамини, минерали, но комбинирани со месо перфектна исхрана.

    Целата Источна и Југоисточна Азија својата исхрана до пред 50-60 години ја базираа на храна исклучително од растително потекло, но затоа беа многу ниски, неразвиени, жените без гради и слично. Денес Кинезите, Јапонците, Корејците, Виетнамците јадат многу повеќе месо и тоа станува секојдневие во нивната исхрана, но затоа се раѓаат повисоки и поразвиени генерации.

    Како и да го вртиш месото е сепак круцијално во исхраната.
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.216
    Истово! :) Често ми велат, а ти што јадеш?! После тоа добиваат кратка лекција, Vegan 101 crash course. :D

    Сакаш да кажеш дека само за 50 години еволуирале во повисоки, покурпни луѓе? :D :D :D

    Кинезите и виетнамците се сештојади, секогаш биле такви. Оризот им е столб на исхраната, како кај нас лебот, но од секогаш јаделе месо во големи голичини (тие што можеле да си дозволат), додека пак јапонците јаделе риба. Значи, месото секогаш било на нивната трпеза, не е нешто ново тоа.

    Што дефинитивно е ново е фактот дека после средината на минатиот век фаст фуд индустријата се преселила и во Азија,а сите знаеме со кои хормони и пестициди и не знам уште што ја бодат храната. Исто така зголемен е бројот на мешани бракови помеѓу луѓе од Европа со луѓето во Азија, на што се должи фактот дека потомците на тие луѓе ќе бидат повисоки од просечните локални луѓе. Сигурна сум дека има и други причини, овие се две со кои што јас сум запознаена па затоа само нив ги наведов.
     
    На Sparkles27, Ketchup и crimson им се допаѓа ова.