Човековиот организам нема потреба од месо бидејќи не е месојад. Додека се одкажеш од месо можеби ќе чувствуваш некои промени бидејќи нели нормално е, бидејќи организмот бил навикнат на таа храна. Еве јас бев зависник од кока кола пред 2 години, на ден максимум пиев по 2 литри, кога се одкажав по неколку дена чувствував како да фали дел од мене, главоболки, температура и мачнини имав исто така. Знам инаку што те прашуваат.. Секогаш се шегуваат на сметка на вегани и вегетаријанци.. Мене ме прашуваат дали пасам многу често, ненормален сум бил бидејќи не сум јадел месо.
Ама јас веќе скоро три години сум веган Не чувствував никакви мачнини, баш напротив. Преку ноќ се откажав и се беше во ред.
Во моментов имам голема потреба да го споделам со вас ова. Денес ми е трет ден од циклусот и имам ужасни болки веќе 3 дена! Да напоменам дека речиси 4 години сум вегетаријанка од кои една година бев целосен Веган. Во таа една година од веганството не чувствував ни најмала при циклусот дури ни првиот ден, а камо ли 3 дена. Токму во овој момент сватив дека веганскиот начин на исхрана бил најдобриот за мојот организам и сега, иако не јадам месо, останатите животински продукти како јајца и млечни производи кои редовно ги конзумирам, ќе ги сведам на најминимално. Поентата ми беше, сите вие кои се соочувате со многу болни циклуси, обидете се барем да ги намалите животинскинските продукти особено млечните производи.
Јас моментално јадам месо најмногу во мојот живот. Циклусите - ништо посебно. Најболни циклуси имав кога јадев најмалку месо. И сега? Сигурна си дека е до месото?
Ако тебе на тој начин ти влијаело, не мора да значи дека на сите. Јас порано имав многу болни менструации, последниве две години само прв ден и тоа средни болки. А не сум намалила ниту со месо, ниту со млечни производи. Ете јас имам често проблеми со подуеност и тоа од грав се дујам до степен да не можам да дишам нормално и да имам силни болки. Па не можам да речам дека гравот е нездрав нели?
Точно, не ме свати, еве и јас не јадам месо па пак имам болки. И кога јадев месо имав исто болки и кога не јадам сега воопшто, пак имам болки. Поентата не ми беше за месото туку за другите животински продукти особено за млечните. И јас не сум за веганство во смисла што мислам дека тоа ми е како ту мач, ама овде го пренесов МОЕТО лично искуство зошто разликата беше преголема. Ама тоа е различно кај секој. Го споделив искуството во смисла што може и некој друг да се обиде и може и нему ќе му одговара како на мене
Не спомнав никаде дека не де здрави јајцата или млечните производи, баш напротив. Ниту пак велам да се исфрлат сосема. Поентата е што секој организам е различен и секој човек ги исфрла од исхраната или ги намалува ради различни причини, не поради тоа дали се нездрави или не. И конкретно ми беше за влијанието врз мојот менструален циклус, не за дуење и други работи Чисто како мое лично искуство сакав да споделам па сега ако некој сака да испроба, ништо не се губи со тоа
Веганство=самоубиство. Ова е моето мислење.Ништо не заменува во потполност.Знам по себе, 13 години не јадам никакво месо освен мелено и тоа само во сарми/полнети пиперки. Што се не јадам да го заменам месото ама не е исто.Порано ни сирење,ни кашкавал јадев, нити морско или риби.Дур не почнав да паѓам по улици и не си ја чукнав главата.
Ако сакаш секој ден јади месо, пак може по улица да паѓаш. Јас цело детство го поминав анемичен, а јадев месо. Сега крвта ми е супер.
Добро, не е се до месото.Ама самото веганство е ризично.Млеко од бадем од не знам што таму не е исто како и животинско млеко. Без јајце на пример како?Не знам, јас како веган не би можела да се замислам.Попрво би се самоубила искрено.Без месо живеам да, без млеко, јајца, јогурт, сирење не би можела.Сум пробала кафе без млеко пример да пијам.Ама не е тоа тоа. Не можеш да ми кажеш дека живеење на треви е здраво.Не можеш да ме убедиш во тоа.
Хахахаа живеење од треви хахаха оффф колку би сакала како веган да живеам само на треви ама за жал или среќа имам толку многу храна и толку креативни здрави оброци што не можам да дојдам до тие “треви” офф луѓе дај оладете малце со вашите заостанати милења значи еднаш прифатете нешто и некој што не живее у шаблон ко вас што е свесен што му прават лешовите на организмот и што си фураат свој стил некој.Јас почитувам секој што не е ист како мене и што нема исто мислење и стил ко мене ама дај да не се вреѓаме тука треба да се почитуваат некои ставови плус во тема веганство сте што морате да коментирате ја не знам ... вие не коментирате да дискутирате туку вреѓате и спуштате вегани...а зошто? зошто не јаделе мртви изнамачени животни...
Оооо јас да напишев “подобро ќе се самоубијам отколку да јадам животни” ќе ми се нафрлеше некој дека сум во секта, џабе совршената крвна слика после три години веганство
Не знам мене не ми е исто дали ќе јадам животинско сирење или растително, млечен или растителен кашкавал.Не е исто млеко од крава и млеко од бадем или што и да се пие.Сакам да кажам дека тоа не е комплетна исхрана.Гледам по себе.Кога почнав да растам, циклус ова она, јас се стопив.Кога највеќе ми требаше месо јас не јадев.Пробував и уште пробувам со печурки да го заменам.Пиев протеини, пиев вакви витамини, онакви.И џабе. @Sparkles27 ама ништо не те сфатив? Јас имам заостанати мислења?Значи дека прв пар ми читаш мислења.Каде навредив некој?!Што лошо реков?Јас дискутирам овде и не планирам да вреѓам некој, исто како што неќам и мене некој да ми збори зашто не јадам месо.Ај олабави и поработи на пишувањето.За точка, запирка и голема буква да не се знаело..очи ми истера дур да прочитам.И пак резонот не ти го сфатив.
Ама ти мислиш дека ние јадеме само растителни кашкавали, замени за млеко и марула? Ееееее колку многу веганска храна има, и мене ми е растителниот кашкавал како гума и не го сакам. Има поубави и полоши растителни млека, има и здрава и нездрава храна. Посебно сега, за разлика од пред неколку години, се можеш да најдеш.
Да ама кошта тоа, нели?Не е еден ден да пиеш пример бадемово млеко.Јас си искажав свој став, не планирам да ви се мешам или судам.Секој си знае како му е најдобро.За себе реков, и пак ќе кажам.Подобро да се самоубијам.Нема да издржам таква исхрана
Со мало бебе и куцање не да ќе правиш грешки,но еве сега можам да размислувам и на мојот правопис извини што не ме разбра без точки запирки хахаха... не го кажав за тебе лично,туку општо читав коментари од секакви профили и едноставно не можам да разберам зошто нема почит кон различностите едноставно се напнав и морав брзо да одговорам. Кај мене сите скоро јадат месо дома и тоа не значи ај ќе се навредуваме како јас јадам треви а вие лешеви.Значи тој начин на исхрана го почнав баш поради тие менструални болки и цисти и проблеми со стерилитет.Одкога прекинав да внесувам туѓи хормони(животински) ми се изгубија цистите,не ми се појавија повторно и останав бремена без некои сериозни потешкотии.Бременост имав како по книга... едноставно секој си има право на начин на живот...јас не сум веган,но ги почитувам и им се дивам на храброста и начинот на живот. Сега мислам бев појасна ... p.s. Не дај Боже да мораш да се префрлиш само на растителна исхрана колку луѓе знам што излечиле и рак и сериозни индикации со овој тип на исхрана...едноставно лош став имаш и не прифаќаш нешто што верувај спасила многу животи...
Баба ми на врв планина леб и пиперка јадела и тоа луксуз им била пиперката и така со години години, па ене ја и неа и сите како неа си доживале толку години. Се може да поднесе човековиот организам само ние денес сме збеснале (тргнувајки и лично од себе) и мислиме дека со малку "по лимитирана" исхрана ќе цркнеме.
@Feminka22, голем дел од луѓето не се одлучуваат на овој чекор поради општеството. Кога веќе спомна кафе, знам како е да се двоиш каде и да излезеш, не е пријатно. Прашања, чудења, глупави вицови... А кој сака да се најде во таква ситуација? Затоа и гледаш да се вклопиш со останатите и да не си комплицираш многу. Но, не може да тврдиш дека не е здраво. Мене неколку здравствени проблеми ми се средија откако станав веган. Имам и побрз метаболизам. Моменталната физичка состојба не ја менувам за задоволства ко нескафе, торта, чоколадо...
Па тие работи најлесно да се вегански Кечо, шо исхрана имаш ти како веган? Сигурен си дека имаш избалансирана исхрана?