Дали ви се свиѓаат нивните продукти? Кои ги обожавате? Дали треба нешто да додадат или одземат од асортиманот? Јас премногу го обожавам лиснатото со шунка и кашкавал.
Да, имаат убав асортиман, користат и поквалитетни производи и разбирливо е што се нешто поскапи во однос на другите, сепак мала корекција надолу во цените не би била на одмет ако пример споредиме со брзата храна. Ама, аку зборувам за ,,Вегера,, во Охрид давам огромна критика единствено на бурекот, навистина не чини, може ќе се подобрат, може немаат моментално добар мајстор за бурек, ама еднаш и уште еднаш таа грешка не ја правам, плус 3 пати годишно ќе ми падне мерак за бурек и да налетам на ваков епа епа не е фер. Инаку друго се‘ е одлично, мој фаворит е чешелот, .
Бурекот ни во скопска Вегера не чини, за никаде е. Сув, едвај да го гризнеш. Останатото им е просечно и многу ретко јадам кај нив.
И на мене единствено не ми се допаѓа бурекот од Вегера. Сув е. Се останото е одлично, освен бурекот и ѓеврекот, другите пецива им се подобри и од ЖУ-ЖУ.
Морам да се сложам за бурекот. Еднаш јадев и толку беше. А ми се свиѓа чешелот и кифлата со шунка и кашкавал. Ама се на се, ретко јадам тука.
Бурекот во Скопје не сум го пробала, ама тој во Охрид летоска Мх, Мх, Мх прсти да си излижеш! Спојлер Во близина кај што живеам нема Вегера-Нема проблем, а од центар ретко ми текнува да си купам, така што друго не сум пробала!
Лиснатото со шунка и кашкавал и чоколадираниот кроасан... Од самата помисла ми доаѓа да се облечам и до Скопје да појдам да се најадам. Превкусни се.
Јас често навраќам во Вегера. Со другарка ми традиција ни е да шетаме по парталчиња во ГТЦ, па да се симнеме долу на доручек. Или да разгледуваме книги низ книжарниците, па да навратиме во таа на Рекорд. Убави пецива имаат, поубави ми се од оние на Специјал. Секогаш си нарачувам лиснато со виршла и сенф, или со шунка и кашкавал. Јогурт задолжително Не сум голем љубител на бурек, па од тоа немам пробано.
За мене Вегера е преценета. Додека работев во Центар ги прочешлав сите "бутичиња" за тесто, и после Жито Лукс, Вегера ми води во неквалитет. И цени до небо. Ми се допаѓа само чешелот. И тоа не е нешто посебно, но споредено со другиот асортиман, е пак малку посалам. Специјал е измислен за Вегера.
Ами си каснувам од таму. Убаво ми е, и мене тоа со шунка и кашкавал ми е во најубавите, и бурек имам пробано, ама мене убав ми беше Можеби се погодила турата Цените се малку повисочки, ама ако те поткрене некој, можеш да ги видиш Јас тоа лиснатото со шунка и кашкавал го најдов на друго место со ептен сличен вкус, за ептен помала цена, (ова му доаѓа да речам дека го најдов кинеско ) ама не кажувам каде, ни за 100 денари
Пица бурекот, мммммммммм, го обожавам. Со месо и сирење немам пробано, за да можам да коментирам дали е сув или не, меѓутоа овој е преубав, полн, вкусен
Се повеќе живеат на стара слава. Поскапи се, помали почнаа да ги прават, паднаа со квалитет, а воедно и прават големи тури често и може да начекаш ептен ладно пециво, ѓон. Порано многу повеќе ги посетував, сеа да речам оваа 2011та дали 3 пати сум јадела таму. За доручек дека сум во центарот на градот па секое второ утро јас јадам пецива но си купувам во Специјал, од Национал имаат пити закон, од пекарата кај адвокатската уличка, од една пекара исто мислам Жужу се вика кај зелен пазар и најефтината со најдобар геврек пекарата во подрумот на ГТЦ до кам маркет. Не ги задоволува моите критериуми ем материјални и во однос на квалитетот Вегера.
До сега не ми имаат згрешено Не купувам често, но секогаш кога ќе купам се е во ред. Немам се пробано. Лиснатите стапчиња многу ги сакам, исто бурекот со шунка и кашкавал е ММммМММ (ручек и пол), симитот многу им го сакам и пченкарните кифли. Има една продавачка што работи во Вегера кај Мавровка - таа е најнајуслужливата и најфината продавачка еver! п.с. Читнав, Вегера ја споредувате со други пекари, во ред е тоа, но добро е што секоја пекара си е специфична и за нас купувачите има доста избор. п.с.с. Во Специјал на пример тешко да отидам пак бидејќи штедат на струја - не ги печат пецивата како што треба :/
Вегере во Карпош ја отворија баш кога бев средно па така супер ни се најде. Бевме редовни посетители и мои фаворите беа сусамката со сирење, чипс-стапче, тоа мрсното со кашкавал и лења пита со вишни. После некое време го извадија и бурекот со шунка и павлака кој исто ми беше убав. Ама искрено цените и на почеток не им беа нискички, но колку толку прифатливи. Е сега откако ги покачија што е многу, многу е. Којзнае од кога немам влезено во Вегера, од пат ми е ама последен пат кога бев освен тазе топлиот леб немаше ништо посебно. Дефинитивно квалитетот им е опаднат, а изгледа и потрошувачката порано се тепаа бре луѓе за да влезат таму, со по 5 ќеси излегуваа тие на пауза од работа што беа а сега ништо.
Кога јадам во Вегера, тоа е Вегера на рекорд, обично земам затворена пица, интегрален сендвич (во последно време по сиромашен го прават и помалку сирење ставаат) или бурек пита со павлака мљамммм и правец горе со дечкото ми си седнеме на раат си јадеме, муабет, кафенце, летно време ладна водичка . На претходното работно место јадев во Вегера близу Грчка амбасада, амбиентот не е добар но мислам дека храната е по тазе, ми се допаѓаше пита со праз ама не онаа мрсната, туку како кифла беше нешто.
Неколку пати имам јадено во Вегера и освен што имам платено прескапо за мој џеб, ми се случило да јадам ладно пециво за кое би рекла дека може било и од претходниот ден. Имам јадено негде 5-6 пати ама последниот настан со ладниот и никаков кроасан со шунка, свечено си ветив дека јас во Вегера веќе нема да јадам. Немам вишок на пари. Специјал барем до сега ми се 100пати подобри.
Како помала почесто јадев од таму а и квалитетот им беше подобар....а одкако последен пат добив ептен лошо тровање од таму веќе не влегов а и нема ни да влезам
Јадам во Вегера понекогаш, не е баш често и неможам да се пожалам барем засега од квалитетот, не ми згрешиле ништо. Најмногу го сакам бурекот, симитот, затворената пица, чешелот...
Ретко јадам во Вегера. Избегнувам да јадам теста, ептен кога ќе ме фати стрв голем само. Од буреците убав ми е само тој со павлака и шунка. А од другите производи убедливо најубав - чешелот. Името му е закон. И да, прескапи се!
Имам јадено неколку пати во Вегера и можам да кажам дека сум задоволна од производите што ги нудат, најомилена ми е пастрмалјијата, пицата на парче и пица бурекот, тоа имам досега пробано.