1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство и веганство во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Sparkles27, 6 ноември 2017.

  1. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да знам дали има идни мамички и жени кои биле бремени или планирале бременост а се вегетаријанки иили вегани? Како тоа влијаело врз вас и вашето бебе и кои суплименти ви ги давале во бременост? :sun:
     
    На Снегулк@23 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  2. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Одамна нема пишано некој во темава. Еве јас ќе ја пишам мојата приказна. Веган станав пред добри десет години, по 6 години веганство одлучив дека ќе се вратам на вегетаријанството. Тоа беше моја одлука во моментот и сеуште терам така. Додека бев веган немав никакви проблеми со здравјето. Се што кажуваат е лага. Ако јадеш балансирано и ги внесуваш потребните нутритиенти, нема потреба од животинска храна. Јас не јадам месо од етички причини, не носам и не купувам кожа. Откако сум вегетаријанец гледам да не јадам млечни производи често, но сепак ги јадам и затоа не се декларирам повеќе како веган. Моментално сум трети месец. До сега се изнаслушав милион глупости зошто треба да почнам да јадам месо. Едноставно сите мислат и кажуваат дека треба да јадам месо, а ако ги прашам зошто не знаат да одговорат. Откако станав веге читав и сеуште читам многу за исхрана, нутриционизам, начин на функционирање на нашето тело. Матичниот гиниколог знае дека сум веге и рече дека не е проблем. Истото ми го кажа и ендокринологот кога бев да испитувам шекер. Ама мене не ми треба ничија согласност, јас сум си задоволна со мојот начин на живот. Но реалноста е дека не сите доктори ќе кажат така... Имам другарка на која и рекле дека ако не јаде месо, мозокот на детето немало да се развие... Тоа е тотална глупост и не ми е јасно како може нашиве доктори да се до толку необразовани во други гранки од медицината.
    Да не исплашам некој, за развој на мозокот се потребни б витамините, кои онака ги има во изобилие во пренаталните витамини (ако случајно не ги внесеме природно). Во месото има б витамини, ама начинот на кој б витамините од животинско потекло се апсорбираат во телото е приказна за себе.... Б витамините од овошјето и зеленчукот се многу полесни за апсорпција во нашето тело и веднаш може да се користат, без непотребно оптеретување на дигестивниот систем.
    На почетокот на оваа моја приказна кога бев збунета, главни јадења ми беа симит, леб со мармалад и шпагети :D Катастрофа... За месец дена си качив 5кг, немав никаква енергија и тогаш сфатив дека грешам.
    Сега после 10години сум многу повеќе информирана и сега има милиони избори. Порано млеко од бадем имаше само ако си го направиш сам :D А за сејтани и тофу можеше само во американските филмови да се слушне. Денес секоја сендвичара/пицерија/ресторан нудат вегански/вегетаријански опции.
    Мојата исхрана се сведува на "whole foods". Многу малку или воопшто не конзумирам јадења кои доаѓаат спакувани (тука спаѓаат и млечните производи), со тоа се намалува внесот на емулгатори и конзерванси. Јадењата ми се состојат од многу овошје, зеленчук, јатки и жита.
    За сега е се нормално во мојата бременост и сум многу задоволна. Се надевам дека ќе продолжи така. Ама и да има проблем нема да биде од нејадење месо :D
     
    На bibi4e, theowndemon, Снегулк@23 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанец од мај 2004.
    Две деца родив. Едното ќе полни 5 и е исто вегетаријанец (месо нема пробано никогаш), а другото е многу мало и е само на доење.
    Никакви дополнителни суплементи не сум примала освен стандардните витамини што сите ги добиваат, и ништо не влијаело на ничие здравје. Сѐ досега е во најдобар ред.
     
    На theowndemon, Снегулк@23, dromka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Оф леле,бизнисот е страшна работа.
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.486
    Пол:
    Женски
    Кој бизнис?
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира за кој бизнис станува збор :D
     
    На Снегулк@23 и Anomis11 им се допаѓа ова.
  7. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанка сум одамна, не памтам ни јас веќе од кога, сигурно преку 15 години. Се плашев дека во првата бременост докторот ќе ми рече дека треба да јадам месо. Меѓутоа, докторот ми рече- бременоста не е период за менување на исхраната, како што си терала до сега, така и понатаму. Ми падна камен од срцето :)
    Не јадам никакво месо, не земам никакви додатни суплементи и не знам што. Јадам многу овошје и зеленчук. Првата бременост ја истерав без проблеми.
    Крвта ми е супер, крводарител сум. Сега со вторава бременост е исто, здрава, права, крвна слика подобра неголи на месождер :rofl:
     
    На theowndemon, Снегулк@23, dromka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Пред некое време наидов на одредени нови студии поврзани со дефицит на витамин Б12 кај бремени жени кои се хранат на вегетаријански или вегански начин.

    Накратко - мајката додека е бремена има дефицит на витаминот Б12… па бебето се раѓа со мали резерви кои брзо се искористуваат. Страшен дефицит на витамин Б12 кај мали бебиња може да доведе до значителни проблеми со нервниот систем. Процесите биле реверзибилни, но вредно е да се напомене за оваа ситуација.

    Во прилог студии на тематиката:

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3470622/

    https://www.cdc.gov/breastfeeding/b...nces/diet-and-micronutrients/vitamin-b12.html

    Можеби не е лошо да се отвори тема со вашите доктори додека сте бремени да се направи испитување на серум витамин Б12.

    Оваа тема ми е мене актуелна бидејќи беше разговарана како опција за проблемите кои ги имавме со бебето со некачување на килажа.
    Не е докажано дека е тоа дефинитивно, ама е нешто кое решив да го споделам да имаме на ум.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Б12 мислам не го даваат докторите како засебен, со исклучок кај бремени со мутации кај кои се очекува дефицит заради генетика. Убава тема :)
     
    На Снегулк@23 и Kaetana им се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Да, да..повеќе се обрнува внимание на Д - барем јас правев испитување за Д со првото... А за Б12 овој пат прв пат се сретнав со проблематиката.
    Можеби е нешто што би можело да се контролира во бременост и да се избегне шансата бебето да е со дефицит па да пати од последици.

    Инаку за да се детектира бебето треба да е на доење, бидејќи формулите се нели збогатени со витамин Б12.

    Во секој случај - за сите нејадачи на месо и производи, something worth to think about и да се спомне секако на гинекологот кој ја води бременоста.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Браво Кате, инспирација си ♡
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Пишав погоре, пак ќе пишам :) Скоро 20 години сум вегетаријанка, првата бременост пред 10 години ја истерав така, сега оваа исто, крвната слика ми е супер, железо проверував пред некој ден, поблизу ми е до горна граница :D
    Девојчето ќе полни 10 години, здрава, права. Не се секирајте многу. Сѐ ќе биде во ред.
     
    На theowndemon, Снегулк@23, Butterfly1107 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lolipop796

    Lolipop796 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Јас првата бременост бев на plant based исхрана и верувајте имав најубава и најлесна бременост.
    Знаев точно што да внесувам, докторот вика терај си така ти здраво се храниш и ми рече не ти давам отрови да внесуваш имаш се во исхраната. Но, јас секако си зимав Д Б12 и омега3(некогаш ако не внесам преку ореви,чија или авокадо) Железото ми беше топ(а пред 10год кога јадев месо анемична бев цел живот мислам)
    Сега сум повторно бремена со близнаци, но сум на вегетаријанска исхрана па ќе видиме како ќе биде.
     
    На theowndemon, Снегулк@23, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  14. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Две бремености ги истерав вегетаријански. Нит железо ми падна, нит хемоглобин. Докторот дури и се чудеше колку високи вредности имав.
     
    На theowndemon, Снегулк@23, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Не е за хемоглобинот туку највеќе за б12 а тој се добива само од животинско потекло, тие што се вегетаријанци имаат дефицит на б12, а во бременоста таа треба да се има во доста поголема количина
     
    На Снегулк@23, Gabrielle..., buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Долго време сум вегетаријанка. Се чувствувам подобро и поздраво сега, отколку кога јадев месо.
    Не им фали ништо нит на децата, нит мене.
     
    На Снегулк@23 и Lolipop796 им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Имаш среќа што ништо не им фали :)
     
  18. Lolipop796

    Lolipop796 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе посебно од нашето поднебје, сеуште мислат дека ако јадат животни, дека се што му е потребно на организмот ќе добијат.
    Тоа е мит... сега веќе барем има толку многу јутубери,доктори и фитнес инструктори кои го докажуваат сосема спротивното. секако најважна е балансирана исхрана, но без разлика што внесуваме сепак посебно во бременост ние имаме потреба од суплементирање.
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Мхм, стискав палци цело време.
    Редовно си правам контроли и анализи, пред секоја бременост се консултирав со матичниот и со специјалист. Не рачунам на среќа кога е во прашање здравјето.
     
    На Lolipop796 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Me interesira kolku ima veganski proizvodi kaj nas na pazarot? Imav zelba da preminam na plant based ama nekako tesko odi maz mi e epten po mestoto. Inaku realno doma se sto pravime od mandzi se bez meso i momentalno mesoto e svedeno na 2-3 pati nedelno. Ama sto ima mesto kaskaval, sirenje, krem sir namazi i slicno? Mene mi e potesko ovie da gi otkazam nekako nego mesoto