Во анексот помеѓу двете хали на скопски саем, на штандот на Универзален живот при саемот на книга (трае до 15.04.2013) може да се најде книгата „Италијански-вегетаријански„(издавач:Слобода за животиње) двојазично издание на српски и англиски. Ние ја имаме дома, има интересни работи за љубителите на италијанската кујна. линк: опис на готвачот Книгата е збирка од рецептите прикажани во емисијата "Italiano-Vegetariano" на Здрава Телевизија. http://mk.zdravatv.spectar.tv/play/3368/06-klasicno-italijanski
Одамна сакам да бидам,веќе 2 години,но никако.Дома,кога ја спомнував темава побеснуваа.Вчера конечно решив да разговарам со моите малку повеќе за оваа тема,ме интересираше што всушност им пречи.Сепак,не се согласуваат.Имнео,мене ме интересира песко вегетеријанството,затоа што без млеко и млечни производи неможам,јајца несакам толку многу,но ги има во сешто,по малку,а рибата ми е нјам. И семи вегетеријанството не е лошо,но сепак пилешко си е пилешко.... Како да им докажам дека тоа е всушност здраво и дека ги внесувам сите хранливи продукти преку рибата,млекото,јајцата,сојата...Само месо не јадам....Незнам во што е проблемот...
Не знам колку години имаш, јас сум вегетаријанец од 18 години. Моите не ги ни прашав, тоа си беше моја одлука. Не знам како може да ти забрануваат нешто кое е прашање на слободна волја едноставно ќе прекинеш да јадеш и готово, не е некоја филозофија.
Ние, а и генерациите пред нас се задоени со едно сосема погрешно мислење дека најбитно е да се храниме со храна од животинско потекло (месо и млеко+млечни производи) за да ги внесеме сите потребни хранливи материи. Погрешно е таквата исхрана да биде основа, а и јасно е дека истата создава здравствени проблеми кај луѓето. Aко некој мисли дека протеини се внесуваат само преку месо, тоа и не е така..иако морам да признаам дека додека не се информирав подлабоко на таа тема и јас знаев како што ме учеа дека протеините ги добиваме од месо, калциумот од млекото итн. Сега знам дека приматот го има растителната храна, додека доста од работите за придобивките од животинските продукти се неточни. Тешко е да им докажеш на луѓето дека на пример млекото од крава не е толку здраво како што ни се презентира и задолжителен дел од исхраната. И да, повеќето побеснуваат и те прават ненормален кога ќе им кажеш дека месо, млеко..не е толку здраво како што мислат (така е и во моето блиско опкружување). Ама барем сега интернетов изобилува со информации така да можеш да ги најдеш сите растителни извори на протеини, јаглехидрати, витамини, минерали...1000 зошто и 1000 затоа
Да се пофалам бев едно време вегетаријанка. Избегнував било какво месо и да ви кажам добро ми беше, додека не почнав да имам проблеми со крвта без принудена да почнам да јадам со месо бидејки и дома секогаш готве мајка ми со месо. Не сакам да јадам ама поради некои причини јадам повторно месо. Многу ги подржувам вегетаријанците! You can't love animals and eat them!!
Здраво девојки, јас веќе долго време се мислам да почнам да се исхранувам без месо т.е со вегетеријанска исхрана. И онака не го обожавам месото, а за почеток ќе јадам јајца и млеко и млечни производи, па за понатаму ќе видиме. Плус сега има се‘ од соја,така да.... Какво е вашето мислење за ваквата исхрана? Дали би ја практикувале? Ако знаете, ве молам напишете некој вегетеријански рецепт.
Ја практикувам,значи само месо не јадам,грозно ми е.Кога морам јадам-мајка ми кога ми вика.Инаку-не.Риба-понекогаш,но ретко.И соја не многу често,деновиве повеќе сум на нешто лесно,некогаш и воопшто не јадам.Еве денес за ручек правев домашна супа со соја топчиња и тава со ориз и компири.Плус салата.Ручек,мх мх мх.Инаку,има во посно&вкусно рецептите на Виталиа мошне интересни јас веќе припремив некои. Правев шпагети со соја трошки и сос од домати.Шпагетите ги сварив нормално а сосот го направив така што запржив на тавче неколку вида зеленчуци,ситно исечкани,потоа ги додадов соја трошките претходно сварени и исцедени и пржев некое време.Потоа го направив и инстант сосот од домати и тоа е тоа.Си ставив шпагети,па сос од домати па соја. Исто така правев и турлитава со соја,се исто како обична,ставаш какви што сакаш зеленчуци само ставаш плус соја топчиња,претходно сварени и процедени.Исто беше многу вкусно.Нареден пат планирам полнети пиперки со соја да направам.
Па може да се каже дека сум вегетеријанец, ако не се земе во предвид повременото конзумирање на пилешко месо и риба (инаку многу ретко јадам), а ако се земе.. тогаш сум полувегетеријанец Отсекогаш сум сакала да почнам со ваков начин на исхрана, само се мислам помеѓу полувегетеријанец, вегетеријанец и песковегетеријанец (од месо се јаде само риба) А никогаш не би се нафатила да бидам веган. Еве ти нешто околу тоа: Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови). Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните. Постојат повеќе видови вегетаријанци: Вегани - строго растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло, па дури и медот. Лактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и млеко и млечни производи. Ововегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца. Оволактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи. Полувегетаријанци - покрај вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо. Песковегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана. Пресна храна - јадат само сирови продукти, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) Сметаат дека со готвењето на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце. Здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело пченично брашно. Фрутаријанци- јадат само овошје. Радикални фрутаријанци - јадат само овошни плодови кои сами паднале на земја. За рецепти, имаш на youtube колку сакаш
Бешеиден,ептен се согласуваме на темава. ЛАЈК ЗА СИТЕ ПЕСКОВЕГЕТАРИЈАНЦИ!!! А на веганите им завидувам
Почнав да избегнувам да јадам месни производи пред некое извесно време. Моите ме поттикнаа да го направам тоа, бидејки и мајка ми е вегетаријанка. На почетокот ми беше доста тешко ( првата недела ), многу пагав во искушение да си каснам нешто и бев принудена да не го отварам фрижидерот Си мислев : што ли ке јадам ? Продолжив да пијам млеко, да јадам јајца само месото го избегнував. Бидејки во месото има доста витамини, ги надокнадувам со други јадења како на пример јадам многу спанаќ, соја, овошје и зеленчук. Имало доста убави вегетаријански јадења
Уф, конечно и јас да наидам на некој кој нема ништо против вегетеријанство или било каков режим на исхрана. Сите што ги прашав се песимисти околу ова... па, i'm glad i met u
Петиција за спас на кучињата Јас обожавам животни, ама од друга страна го разбирам синџирот на исхрана и на опстанок и сметам дека ако јадеш месо или користиш пердуви и слично значи дека не ги сакаш животните. Месото е неопходно за нашата исхрана тоа е факт и ние колку и да ги сакаме животните не можеме да опстанеме без нивните хранливи продукти. Јас единствено сум против тоа што ги чуваат во никакви услови пред да им заврши животот, посебно на фармите, тоа е веќе изживување, во гз место едно свинче живее со години(месеци) и на крај го колат, зошто да не го чуваат нормално кога веќе ќе заврши под нож.Исто и мразам природна кожа, зошто мора да се носи кога веќе има милион материјали кои можат да ја заменат. Значи не можеме да ги оставиме животните како свињи и пилиња или нешто друго слободно да шетаат во природата, зошто тие не се за тоа. Но од друга страна ловот, зошто мајката да се убива некоја срна, дива свиња или некоја птица кога тие се родени како диви, значи не се за во тавка. Малку забегав од темата...е сега кучињата, да ги јадеш е резултат на болен ум,па посебно поради методот и ритуалот пред јадење...Јас не знам овие монструми во која група на луѓе да ги сметам, едноставно ми се гади од нив. Јас ги оправдувам оние кои не сакаат да јадат месо знам луѓе кои поради љубов кон животните не сакаат, но јас сум обожавател на месо и тоа не значи дека не ги сакам животните, јас да имам услови сите до едно би ги вдомила.
Петиција за спас на кучињата Пак сте измешале баби и жаби, гласните вегетаријанци што до вчера јадевте и свинско и пилешко и секакво месо. Огоромно помодарство стана ова, што болни умови си ги тераат децата малолетни да станат вегетаријанци, на дете од 12 години да му забрануваш да јаде месо и да конзумира млечни производи за мене е болест не е а фалење. Синџирот на исхрана е тој, убаво си кажа 1209 во природата е така и секогаш било така, ние сме месојади животни, месото е неопходно за развиток колку и да негеираат сите и да солат памет. Сум против тоа кучиња и коњите да се стават на мени како исхрана, зашто мислам дека не е во ред и е нова измишљотина не некои уште поболни лица од овие гласниве вегетеријанци, вегани и која се не глупост. И не ме глумети сеа доктор офболи, ај и растенијата имаат душа и нив да жалиме и да не ги јадеме. И едно ќе кажам знам дека ќе бидам нападната ама вистина е, кучињата сите ги жалиме, а децата бездоници никој не ги спомнува, они не се души што од мала воздраст немаат леб да јадат и покрив на глава? Сакам кучиња и животинчиња и слатки ми се, ги хранам колку можам, ама повеќе се згорзувам кога ќе видам дете на улица, цигначињата посебно во зимно време како одат боси по улица, и тоа ми е помизерно и попотресно искрено ќе ви кажам.
Петиција за спас на кучињата На другарка ми од бебе не и давале месо и секогаш беше понапредна во растот, пубертетот и здравјето од останатите. Се чудите вие како преживуваме без месо? Чудете се, но ние си јадеме печурки, а тоа е дупло поздраво и покорисно од месото. Со печурките не се гоиш, како што и со месото. Зошто мислите дека месото МОРА да се јаде кога на некој му се лоши од месо (некој како мене). Не мислете дека го знаете светов, луѓе, има и други кои биле поискусни во нешто од вас. Докажано си е дека вегетеријанците кои не пробале месо се поздрави од луѓето што јадат месо, па дури и подолго живеат од нив.
Петиција за спас на кучињата Yipman2 Од каде знаеш дека кокошката е повкусна? п.с Милченце, очајуваш стварно. Кој што сака ке си јаде,не соли памет во камено време што јаделе тогаш, сигурно не печурки.. Ние луѓето немаме што да јадеме, битно на кучињава да му се даде. Боже..
Петиција за спас на кучињата Ти си свати дека солам памет? Само кажувам дека поздраво е да се биде вегетеријанец не ве приморувам. Значи, се ме сваќате како да солам памет да ве измачувам и да не ви ги почитувам правилата. И ние не сме современи луѓе кои гледаат да не бидат животни како порано (барем така е за мене). Јас не сакам да бидам месојадно животно, јас сум човек (жена) која сака да не се меша во ланецот на исхрана на месојадните животни и нема ништо да ми го смени мислењето за тоа. И да подобро на кучињата да се даде отколку на нас. Тие неможат да јадат зеленчуци и овошја, барем тоа не ги нахранува. Но, ние можеме да јадеме што сакаме и да се дебелееме колку сакаме без да се обѕирнеме дали некој е гладен и моли за храна (во ова ги ставам и луѓето кои гладуваат).
Петиција за спас на кучињата Само покрај другото штом толку си образована за се и сешто, барем научи дека сфаќа е со Ф, па да бидеш најдобра во се, океј? Во денешно време се и сешто се докажува, а знаеш дека е докажано и дека сојата штети на машката плодност, а нели таа е замена за месо.И печурките може се хранливи, но месото од исхраната не може ништо да го замени, рибата пример ништо не може да ја замени нејзината хранлива вредност. И доста веќе забегувавме од темава.
Петиција за спас на кучињата Фала што ни кажа ние само месо јадеме печурки не сме пробале Сигурна си дека нејзината крвна слика е толку добра, сигурно не идеш со другарка ти на лекар, за да ја провериш. Башка што ја претварате темава во вегатаријанство, веганство и тако даље, кога темава е за спас на кучињата. НЕкој рече дека е океј да се јадат кучиња? Какви смешни компарации правите, куче во споредба со кокошка, боже мили мој, страшни сте. А кај е тоа докажано, дека вегетаријанците живеат подолго, баба ми јадеше месо сиот свој живот, и тоа она баш мрсничкото ребра, сланина, па доживеа 80и кусур и поздрава беше од многу денешни прокламирани вегетаријанци и јадачи искчиво на здрава храна. Знаете што, не е месото лошо и не здраво, туку начинот на приготовка и сите тие адитиви и хормони со кои се хранат денешните свинчња и коковчиња, и таа ГМО храна што ја слушам толку што не извештачена, јадеш пластичен домат, не домат прав непрскан, зеленчук е да, ама пак не е здрав, ни под разно. И родителите кој уште на своите малолетни деца им наметнуваат својот аздис и помодарство, за мене искрено се малку несаглам, остај го бре нека напуни 18 години па само нека одлучи што сака а што не сака, вака сте нашле деца па им го перете мозокот. Риба да не му дадеш на дете или телешко месо па и некои што и млечни производи не им даваат, се навистина длабоко искомлексирани ако мислат дека со тоа се нешто над другите и солат памет на секаде како они се прави родители, загрижени за здравјето на децата, као другиве не се, нели? Па изивнете ама ако јадете пржен зелечук и се товите со пити триста банички и не знам што само зашто нема месо, не значи дека се храните поздраво од некој што јаде месо. Лекарите советуваат едно, ама они и од нив се поучени и попаметни. Правете што сакате, јадете само трева и печурки ама не солете памет дека кокошка е исто како да јадеш куче, мислам ало. И не ги напаѓајте луѓето што се плашат од кучиња, се плашат и тоа е тоа, не значи дека лоши луѓе или имаат омраза кон нив, зашто едноставно не ги сакаат во нивна близина. Право на избор има секој што сака да чува а не сака, ако јас сакам куче не значи дека и сите останати мора да ги обожаваат како мене.