Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Петиција за спас на кучињата

    Печурките не се единствениот продукт со кој треба да се замени месото. Ова од другарка која е вегетаријанец и се има доста начитано на таа тема и недостатокот од месо не ја намалува разновидноста на нејзината исхрана. Таа сама ми има кажано „Не читаат доволно, грав, печурки и компири вртат цела недела и после сакаат крвната слика да им е добра.“ Тоа е посебен начин на живот за кој прво треба добро да се информираш од стручни лица, а не како една шо ја знам од пусто помодарство и` се деси и на испит да припадне.

    Бидете си тоа што сте, не мора другите да ги напаѓате за нивниот избор затоа што повеќето нити го убиваат нити го колат животното што го јадат. А ако не луѓето, со тие протеини и состојки ќе се наслади друго животно, дал додека ова е живо, дал со мршата, сеедно. Да не зборам дека не ретко ако некое животно е гладно, може и човек да нападне. Така што ние не сме уништувачите на светот, едноставно сме дел од оној синџир на исхрана. Стана модерно да си атеист и вегетаријанец и да плукаш по се` останато. |(

    Пример јас. Не сум вегетаријанец, ама ептен многу придонесувам за колење на животните шо зимно време максимум да внесувам 100 грама месо неделно во исхраната, а лето уште помалку.

    Тоа што сакам да го кажам дека не е доволно да си вегетаријанец за да ги спасуваш животните. Има луѓе кои јадат месо купено од продавница (не го колат или да убиваат животни) но кои и те како се грижат за добробитта на оние животни кои останале живи тука. Како што си рече фино Цукерберг „јадам месо, ама не колам животни“.

    Башка, не ретко на тие што ги колат животните и го обработуваат месото може да им се згади таквата храна од сето она што го виделе. И какви поборници за спас на животните (кучињата) се таквите вегетаријанци?

    И не е доволно да си вегетаријанец за да бидеш здрав. И во ајварот нема месо па здравје пршти од него.
     
    На Annath, WarriorAngel, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Петиција за спас на кучињата

    [​IMG]
    Па ако не ви е жал пак јадете пипер :!:
     
    На hristinnnna, Annath, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Петиција за спас на кучињата

    Кога веќе забега муабетов на друга страна, за вегетеријанство, да ја прашам Мил4енце дали користи шампони, сапуни и шминка што се теситираат врз животни? 90% од козметиката што е на пазарот е тестирана врз животни, затоа немојте да се правите паметни со вегетеријанството и да солите памет. Сите знаеме дека е поздраво да, ама едно е ти да не јадеш месо од љубов кон животните, а да си се шминкаш со Лоерал и Макс Фактор.
     
    На WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  4. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Петиција за спас на кучињата

    Па веќе ако прашуваш... Не, не користам шминка зошто немам ништо да кријам кај себе, а најмалку кармини и сенки и секакви работи. Не јадам месо зошто не е здраво и ми се гади кога го пробувам и кон љубов на животните.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Петиција за спас на кучињата

    Болдираниве не спаѓаат во декоративна козметика, а чисто сумњам дека не ги користиш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Петиција за спас на кучињата

    Ок, дека ние што се шминкаме се грди и одвратни и сакаме тоа да го скриеме од нашите лица, ама да не не се ни бањаш случајно? :D
     
    На WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  7. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Петиција за спас на кучињата

    Имам подалечни роднини кои прават органски сапуни и доста веќе ме испрашувате. Сега вие испаднавте дека се правите попаметни и по високи од мене. Несакам караници и оф топици веќе тие ми се преку глава!
     
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Петиција за спас на кучињата

    Многу точно за крвната слика. Јас порано јадев месо и тоа во голми количини, мајка ми јадела месо па сум се родила 5 кг :rofl:. И како дете сум јадела месо и сум била здрава и напредна. За едно здраво напредно дете влијание си има и генетиката, и она што се вика фамилијарна историја на болести.

    Кога поминав во вегетаријанци( без месо , риба и јајца), железото ми падна. Имав малку проблеми за адаптација; де јади леќа, коприви за железото, но ништо,...
    железо од растително и од животинско потекло не е исто.
    Вршам надзор на крв секои 6 месеци.
    После 3 години видов не видов почнав јајца и риба да јадам.
    За 1 месец јајца редовно јадење , железото веднаш се качи.
    Исто и витамин Б16 е критичен за вегетаријанците.

    Инаку кој сака да си јаде нека си јаде месо. Јас и тогаш имав одлична здравствена состојба.
    Луѓето одсекогаш јаделе месо. Тоа не може да се искорени.
    Животните ги сакам, но и во библијата е напишано дека се што е дадено овде на земјата е за човекот, добро сега не велам дека некои работи човекот не претерува, злоупотребува.

    Да му кажеме на лавот да не лови животни, нека пасе трева :D .
    Во морињата колку риби има што јадат огромни количини на риби за да преживеат.

    Постои нешто што се нарекува СИНЏИР НА ИСХРАНА.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Петиција за спас на кучињата

    Kучето е најверен пријател на човекот.Дури и древните цивилизации ги ценеле кучињата.Тие и овозможувале заштита , а и ловеле храна за лугето. Дури и денес го прават истото па и многу повеќе од тоа.Ама ете човекот не знае да цени ништо.
    Од каде излезе сега дека тие се јадат?
    Човековата лакомост нема граници.Ништо веќе нека не ве изненадува во овој суров свет.
    Сум слушнала дека и лугето почнале да се јадат мегу себе под дејство на некои тешки дроги :fubar:
    Затоа убаво кажа кравче.Што фајде од петиции?
     
    На kravce и imelda им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Петиција за спас на кучињата

    Δ
    Не само ради дроги, лакомост или душевно улала се појавува канибализам. Паднат авион 1972 е една слика, како јаделе луѓе човечко месо од загинати патници, за да преживеат. Грозно е, ама не ставам спојлер.

    Сега да не испаднам оф топик макар целава тема е отидена, да спомнам куче. Куче. :wasntme:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Петиција за спас на кучињата

    Зошто не ми верувате? :^) И баба ми е вегетеријанец и јас сум и крвната слика ни е супер. Вие не сте искусиле не кажувајте, срцки. :* Неморате со ова да си се оптеретувате. ;)
    И јас кажав дека ми се гади од месото, и што сега, морам да ги исповратам цревата за да ми биде подобра крвната слика? :^) А, и за информација, крвната слика се подобрува со јадење зеленчуци и овошја без чоколади, бомбони и вештачки работи. :)
    Кажувајте си вие редици од причини кои ќе ви бидат докази за да не бидеме ние вегетеријанци, јас тие ги сметам за нула, зошто по моите баби, прабаби и дедовци си знам дека е подобро да се биде вегетеријанец. :sun:
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Петиција за спас на кучињата

    Како вегетаријанец би те сметала за вистински поборник за заштита на животот на животните доколку не ти се гадеше од месо а сепак не го конзумираш. :D Извини, ама вака си само вегетаријанец според мене.
     
  13. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Петиција за спас на кучињата

    Што ќе се случи ако само една мала група кажува да бидеме вегетеријанци и да не го следиме „ланецот на исхрана“ во кој сметам дека во него спаѓаат само животните? Ништо нема да промени, ништо. Јас ги сакам животните се борам за нив дури како мала сум почнала да се тепам за една коза (јарче) да не ја заколат, дедо ми сум го карала и не сум му зборувала 1 месец зошто не превземал ништо. Но, видов, ништо не се промени се си е мазно и „крваво“. :| Веќа нема смисла да се бориме за живот... Затоа, ете, јас се откажав дека не сметаат за ништо „месојадиве“... |(
    Кажав дека јас не сум животно. Луѓето се убиваат меѓусебно за без причина, но месојадите се преживувачи. Ако веќе зборуваме за дивината, знаеш ли колку теба да бидеш силен за да опстанеш? :^)
    Ние си имаме лекови мајките не гледаат како очи, но еве на пример лавиците, тие ако имаат повеќе мали само неколку од нив ќе преживеат, тоа е нивната предност во јадењето месо. Ние не сме заслужиле да ја јадеме „туѓата“ храна.
    И доста ми зборувате за синџири на исхрана, ги почитувам ама не ако и јас таму се мешам! :!:
     
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Петиција за спас на кучињата

    Незнам зошто цело време ги напаѓате оние кои одбрале да не конзумираат месо. Ако тие така се чувствуваат подобро и тврдат дека и здравствената состојба им е подобрена тогаш веројатно и е така.
    Еве и јас сум жив пример. Откако се сеќавам за себе бев обожавател на месо и тоа секакво. Дури немав оброк кој не вклучуваше некакви сувомеснати производи, чајна, врат, виршли.
    Од друга страна пак како почнав да созревам и како љубовта спрема животните ми растеше така посакував да престанам да конзумирам месо, имав неуспешни обиди неколку пати за да на крајот после милион изгледани емисии, после милион приказни во кои слушам на кој начин се убиваат овие невини суштества одлучив да престанам да конзумирам месо. Тоа и го направив. Не се разбирам во вегетаријанство, ни што поточно треба да се конзумира. Дури не се ни нарекувам себеси вегетаријанец. Јадам јајца, конзумирам млечни производи, овошје и зеленчук - секојдневно и се чувствувам супер.
    Продуктите како паштети, конзервирани риби, салами ги исфрлив целосно од употреба и воопшто не чувствувам желба за да ги внесам повторно во исхраната.
    Откако почнав да се хранам на овој начин не само што стопив масти туку и имунитетот ми зајакна и холестеролот кој ми беше малку покачен се врати во нормала. За разлика од порано сега и полесно спијам, немам мачнини во желудникот, немам целулит и што е најбитно од се се чувствувам многу подобро.
    Незнам дали е на писхичка база затоа што повеќе не чувствувам грижа на совест кога и да ставам мевце во уста. Не ги осудувам оние кои што јадат затоа што и јас бев една од нив. Мислам дека кај мене пресудна беше љубовта кон животните за да се откажам од месото а не за да ми се подобри здравјето, ама некако избалансирав и ги постигнав и двете работи.
    И да разграничиме, љубовта кон животните немора да се докажува со станување вегетаријанец, точно е дека повеќето го прават заради тоа но некако во последно време се станува помодарство па така и ова, модерно е да се биде поборник за права на животните и вегетаријанец притоа да не се прави од вистински побуди туку недноставно одредени луѓе мислат дека со тоа ќе се истакнат а скришум ќе си мавнат пола кило стек.
     
    На BlackSwan5, Gordana10 и Izaabella им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Петиција за спас на кучињата

    А кој ги напаѓа? Нешто им рековме јадете месо, морате да јадете месо,страм да ви е што не јадете месо?
    Искрено не знам кој не се изнапиша триста небулози на темава кокошка е исто со куче :tmi: , сега и баба и била вегетаријанка, сапуни не знам какви користи органски или не знам што, се е тоа убаво ама е малку веројатно, премалку. Сите на форуми сме јаки, совршени малтене ама реалноста е друга.

    Помодарството е страшна работа. И да не ми се допаѓа тоа некој да ме убедува во нешто што не е така, и не може да е, нема врска конзумирање на месо со здравје и со тоа кој е поздрав и повитален. Ама апсолутно нема врска, како и тоа дека да јадеш кокошка е исто како куче да си изел, мислам ве молам читајте што пишувате.

    Не јади месо ни млечни производи, океј твоја работа, ама не можеш да тврдиш дека си поздрава од нас месојадците зашто не ни ја знаеш искраната на сите, и ако јадеме месо не значи дека го јадеме пржено и секој ден, за се има граница и мерка.

    И престанете веќе со тоа да се правите светци ако сакате животни и мене не ми е убаво што омаловажувате луѓе кои не ги сакаат или се плашат од нив и ги викате нелуѓе, па не коментирам за тоа, ама се најдовте вие паметни да солите памет за вегетаријанство и како ние што јадеме месо сме нелуѓе , секоја чест.
     
    На Annath, Daydream, kva и 2 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Петиција за спас на кучињата

    Јас нема да кажам дека тие што не ги сакаат животните се нелуѓе, тоа е многу тежок збор. Ама исто така не можам ни да ги сметам за, како да кажам, добри личности. Ако немаш милост кон нешто што е толку беспомошно и мило како животинче, еве куче и маче да дадам како пример, не ми се јасни, ете тоа би бил правиот збор.
    Колку гнев треба да имаш во себе за да имаш одбивност кон животно? Јас однапред се извинувам, ако сум навредила некој, ама тоа е мојот начин на рамзислување и тоа нема да го сменам.

    Не знам што ја нападнавте Милченце. Океј, тоа за здравјето може да зависи од 1000 други фактори исто, ама не гледам причина зошто вегетаријанците би биле понездрави или со полоша крвна слика. Да, месото може да е голем дел од исхраната. Ама не сака да конзумира месо, одбивно и е, секоја чест за тоа што се откажала од секаков вид на месо. И јас последнот период се трудам да не консумирам, ама сум далеку од вегетаријанец, затоа и ги почитувам тие што успеале од секаков вид на месо да се откажат.
    Оние кои сакаат нека си јадат, никој не вели нешто лошо, и не мора никој да се правда, секој за себе си одлучува. Не може секој да издржи без месо, пак ќе кажам. Ама не мора да ги критикувате тие што се одлучиле да бидат вегетаријанци поради љубов кон животните.
     
    На manja666 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Петиција за спас на кучињата


    Јас за мене ќе си кажам.
    Не престанав да јадам месо дека ми се гадело од него.
    Јас порано ако само 3 дена не јадев месо, мислев болна ќе легнам :D , се шегувам, но месото ми беше вкусно, многу често го консумирав, организмот ми го бараше, и плус си имав прекрасна линија :) . Сум можела месо и салата да седнам да се изнајадам, ништо друго не ми требало за ручек.

    А кога престанав да го јадам, дури и јајца и риба не јадев(како шо реков погоре ми се ослабна крвната слика), не беше тоа заради заштита на животните, туку едноставно така решив да не се хранам повеќе со животни.
    Но не сметам дека тие не му се дадени во функција на човекот и дека не треба да се одгледуваат за исхрана.

    Начинот на колење на живоните? Многу е полошо колењето на животни во домашни услови, отколку стручно во кланици. Луѓето кои чуваат домашни животни на село, бидејќи нестручно ги колат, животното добива шок, што се одразува понатаму на состојбата на месото.
    Додека во кланиците , да не објаснувам детали, тоа се прави во присуство на ветеринар и си има свои техники, така да животното е ослободено од стрес.
    Е сега ако речам треба да се забрани колење на животни, па тоа да дојде у влада во некој закон :D , е ко ќе рипне народ :D :D кај нас, ... :lol:

    Додека муслиманскиот народ, ова го има малку повеќе организирано. Постои стандард HALAL, со кој меѓу другото се потврдува дека животното е третирано на соодветен пропишан начин.

    За да се добие Сертификат за овој Стандард, доаѓа комисија и ја прегледува фирмата која се занимава со оваа дејност , дали се е во ред, по прописите.

    Тие не дозволуваат во нивните земји да се увезуваат месо и месни преработки без овој Стандард.

    Нека простат останати вегетраијанци, но ова е стварноста.
    А мислам дека јадењето месо има голема врска и со крвната група.

    ***
    Нека си јадат луѓето месо, туку нешто друго ме загрижува;
    еве пред малку дознав дека во закон е влезено во храната за домашни животни се дозволува присуство на ГМО (генетски модифицирани организми) до максимум 0.9% така било во ЕУ.
    Наздравје!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Петиција за спас на кучињата

    Ајде едно мало појаснување, можеби конечно ќе не сфатите нас нелуѓево, не добрите, полни со гнев итн. |(
    Јас се плашам од кучиња, значи имам фобија, срцето ми чука 300 на саат, се препотувам и едноставно се блокирам кога ќе видам пуштено куче.
    Следствено на тоа ако ми е страв тогаш како ќе малтретирам куче кога не можам ни да му се доближам, логично не?
    Значи ние што се плашиме од кучиња не можеме да ги малтретираме, тие што го прават тоа се друга сорта на (не)луѓе и не треба да не мешате нас што ни е страв со тие што го прават тоа.
    И да не ме прави нечовек тоа што не чувствувам мислост спрема куче, маче кога целата се блокирам од страв кога ќе ги видам, не чувствувам ни гнев, ни презир едноставно се ПЛАШАМ и не можам ништо да направам против тој страв.
    Добрината на човекот се мери според делата што ги прави а не според тоа дали има или нема љубов спрема животните.
     
    На drugarka, Annath, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Петиција за спас на кучињата

    Никој овде не ги напаѓа оние кои што имаат фобија од кучиња и мачки. Многу добро знам што е страв каква блокада претставува тоа и дека не чувствувате омраза спрема нив туку едноставно се плашите и ни најмалку не мислам дека некој е лош човек само затоа што има вроден или стекнат страв од некое животинче.
    Ама неможам да ги разберам оние на кои ни едно животинче не им е мило, без разлика кое е, немора само за мачки да се фаќаме. Еве не ми е јасно како може на некого мало мече да не му е слатко или делфин. И јас се плашам од мечка и би се блокирала кога би видела ама тоа и не значи дека ќе го повредувам туку така или пак ќе го мразам и ќе чувствувам одбивност. Е за тие таквите мразачи без конкретна причина, за тие зборев дека се лоши луѓе, оние кои без нималку грижа на совест ќе ги напаѓаат, ќе ги шутираат и ќе ги трујат. Лош човек е за мене, тоа е мое мислење и не гледам зошто некој би го осудувал, сите ние си имаме различен погледн на работите.
    Што се однесува до постот на Хипстер бидејќи се пронајдов во него, само ќе кажам каде тоа јас потенцирав дека вие сте ненормални што јадете месо? Сосема ок ми е, секој си ја бира својата исхрана. Ниту моето е погрешно ниту пак твоето. Затоа незнам зошто на некого солам памет кога фино си напишав дека не оудувам никој, одбрав вака да живеам и мене ми е добро, повеќе вие не критикувате нас бидејќи ако сакаме животни и се бориме за нивни права одма овде сме фолиранти, светици, Мајки Терези и незнам уште што.
    Мојот заклучок е дека можеш да бидеш здрав и доколку јадеш и доколку не јадеш месо. Прашање на избор е, а искрено и не ми е многу гајле доколку некој на форум не ми верува за нешто толку банално.
     
    На 1209 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Петиција за спас на кучињата

    Затоа што се правиш паметна пред да се информираш вистински, и наметнуваш некои мислења што врска си немаат само затоа што си слушнала од други. Роднини правеле органски сапуни, ахам да, затоа што нема по продавнициве па мора лично од домашно изработен сапун да се замиваш. Се правите вегетеријанци и проповедате за здрава храна само затоа што тоа стана некој тренд сега, знам многу девојки како тебе што се у некој филм дека се вегетеријанки, љубители на животните и незнам што таму, ама кога станува збор за козметика први се да се пофалат дека купиле незнам си каква шминка за која што знам дека се теситра на животни. И сега ќе ми кажеш дека тие луѓе се вистински вегетеријанци? А први сте да скокнете за месото, не дај боже некој во присуство на вегетеријанец јаде месо, очи ќе ти извадат. За тоа дека подобро и поздраво е да се биде вегетеријанец се согласувам, но кога веќе се декларираш како таков запази и на другите работи кои ги загрозуваат животните, како на пример кожната облека и обувки, или и тие не се бројат во случајов?
    Ок, темата е за кучиња, јас сакам кучиња, имам куче, ама неможам да осудам некој што јаде кучешко месо затоа што и јас јадам свинско и пилешко, а ете некој сака нив да ги чува ко миленичиња. Апсолутно никаква разлика нема тука меѓу животните, освен што еве кутрето е послатко, поубаво, бело пуфкасто, а свинчето е грдо и се валка во кал. И нема да се спасат кучињата од споделување на некакви си страни на интернет, да.
     
    На Hipster, anabel-a, Yipman2 и 2 други им се допаѓа ова.