Петиција за спас на кучињата Tемава отиде каша попара. Hе сите Kинези јадат кучиња, многу од нив ги гледаат како миленици, и не ги јадат, тоа се само одредени подрачја каде се јадат. инаку, начинот на кој ги поготвуваат е тотално ужасен одвратен и грозен, мислам дека сите доволно видовме на Tочка. Aма Kинезите и така се ментално оболена нација, и ова со потполно свесна совест ви го кажувам, оти ако земете да читнете за нив малку повеќе ќе се уверите. Kај нив е големо табу да се оди на психолог, апчиња за нерви не знаат што е. Tие се векови наназад, неразвиена нација и тоа е тоа. A во однос на прасе свиња теле... Луѓе, никој од нас немал миленик прасе, или теле.Не се гушкал и не го делел креветот со таков миленик, бар јас не, и многу јасно дека кучињата ги ставам над нив, кога имам куче-миленик. А, и да . Јас не ги плукам вегетаријанците, баш напротив таквите ко Мања и ги почитувам, зашто реално е тешко да се откажеш од месото, да не се зезаме сега Ама они помодарските, трендови што ми тераат, и не знам ти што епа не ги можам и што има врска тоа јас ако јадам месо , значи да не им помагам на животните? Оф мори мајко, јас од свој џеб сум вадела да стерилизирам џукац, низ маало со пластични кофички сум трчала да ги ранам, и сум лепела листови по коли кај што заспале мали бебиња кутриња. Јас имам огромна љубов спрема кутрињата, и не може никој тоа да ми го одрече. А тие што не ги сакаат- Не ги сакаат, и во никој случај тоа не ги прави лоши. и да сум пред умирање јас кучешко не би турила во уста, најдобриот пријател не се јаде. A и многу ме интересира таа вегетаријанката со органски сапуни како им помага на животните? 3а жал тоа што не јадеш месо(A колку што гледам од што ти се грози не го јадеш, тоа баш и дали се брои не знам ), искрено не менува ништо 3A нив, може за тебе да, ама на нив ништо. дали се грижиш за маалските животни, на тие што можеш некако да им помогнеш, оти се живи гладни итн...?
Петиција за спас на кучињата Mања си се пронашла во погрешниот дел од постот, 90 посто од мислењето ми беше за новопрокламираните вегетаријанци и вегани, кои до вчера бутаа бурек со месо, денес строго само симит јадат Мене ме изиритавте во СДК со мислењата дека луѓето што не сакаат животни не се добри луѓе. Мислам навистина е една голема небулоза на се напише тоа, затоа што ако некој не сака куче конретно не значи дека ќе се изживува со нив, баш тие што се плашат од нив(а повеќето се плашат од многу причини) не им се ни приближуваат, па тек да земат да ги малтерираат. Не ги сакаат и тоа е тоа,не ги прави ништо подобро од мене и тебе што ги сакаме или вие што си ги имате за миленици. А делот со вегетаријантвото е за во друга тема, и за во сосема друга констатација. Не ги напаѓам, иаку гледам алудирате на тоа дека јас ги напаѓам нив и не знам кој друг тука, едноставно не ми има смисла да кажам алал да им е се откажале од месо секоја чест, голем успех постигнале што да ти кажам. Мене тоа ми е лицемерно, зашто сум си љубител на месо и не го гледам убавото во откажување од месо, зашто ама навистина е едно ГОЛЕМО помодарство да се откажеш од тоа и ништо повеќе.Нема вистина во тоа дека место е не знам колку штетно, кога и самите лекари препорачуваат риба, печено или варено пилешко и телешко, зашто да се откажам од нешто што не ми штети, туку ми годи на здравјето, апетиот и само ми преставува задоволство огромно да го спрамам и јадам. Ретки се оние кои навистина не сакаат да јадам месо и не го конзумирале од деца и своеволно. Да речам алал да им е се откажале од цигари да, од дрога да, ама место не го сметам за порок или нешто толку штетно како цигари и дрога. Јас така ги перцепирам работите, колку и да ви изгледа смешно на некои. Не знам зошто го сфаќате за напаѓање кога само дискутираме за некои факти кои беа изнесени, а неа точни, зашто да се доведуваат некои луѓе во заблуда. Да се нашалиме за крај, јас сум голем љубител на кучиња ако никогаш не сум имала свое, мајка ми од нив се плаши ама затоа сака коњи и ми вети кога ќе сум се мажела ќе ми купела 3 кучиња, а јас неа ергела со коњи или ќе и уплатам у хиподром часови за јавање. И така некој се мажат од љубов, некои ќе се мажат за Делимано тавчиња, јас за куче
Петиција за спас на кучињата Ама тоа е и финтата, тие не се откажале од месото оти е штетно, туку поради животните. Јас барем така го разбирам вегетаријанството. Иако самата не сум вегетаријанец, иако не сакам многу месо, барем не секаков вид. Нема веза тоа е сосема друга тема. Значи не реков дека се нелуѓе, реков дека не ми се јасни лично на мене. А знам дека постои фобија од многу работи, како и од кучиња. Ама не мислев на оние кои се плашат од нив, туку оние на кои им се одбивни. Како што, ете јас ќе се трудам да ве разберам некако вас што имате фобија. Така, разберете не и нас што ги сакаме и се бориме за нивни права на било кој начин. Не е тоа никаков тренд, едноставно љубов кон животните.
Хипстер се согласувам во целост со твојот пост. Всушност со други зборови тоа и го објаснив во претходното мое мислење. За муабетот со луѓе и нелуѓе, мислам дека објаснив како гледам на работите и дека не значи ако ти е страв од куче и несакаш да го допреш дека си лош човек. Си кажав дека конкретно оние хејтери на секакво животинче и тоа не од страв туку од некои причини кои ни самите неможат да си ги објаснат е тие таквите не ми се добри луѓе и ќе ве замолам повеќе да не ги извртувате овие зборови. Значи по милионити пат, не се однесува за оние кои што се плашат од нив туку за оние кои што ги мразат и малтретираат. И ќе се сложам со тебе дека откажувањето од месо е всушност еден тежок и мачен процес пред се, затоа што е вкусно и речиси и да нема човек што не сака да го јаде. Јас бев страстен обожавател на истото, си признавам. И ден денеска ми се јаде месо, не велам не ама од некои си свои принципи не сакам да го јадам. Тоа не значи дека секогаш ќе биде така, можеби побрзо од што мислам ќе потклекнам и повторно ќе си го внесам во исхраната. Не се нарекувам вегетаријанец ниту пак тоа сум. Сакав да престанам да го јадам само затоа што буквално ги сакам сите животни без исклучок. И откако еднаш бев присутна кај другарка на фарма кај што колеа свињи, од тој ден некако си чувствувам грижа на совест кога и да помислам да ставам мевце во уста. Го удрија прасето со чук во глава, и му ставија нож под врат. Плачев. Девојка во 20 години, срам ме фати ама не е хумано, не е човечки тоа што им се прави. Уште какви звуци испушташе прасето, ми се чини дека и ден денеска го слушам. И после да седнам на маса и да јадам од истото тоа месо? Нема шанси. Изгледав и емисии, документарци и самата си решив да не јадам одредено време затоа што едноставно неможам, цело време ми е мака и си замислувам што се преживеало додека да се најде во мојот фрижидер. Дека е здраво, здраво е. Не го негирам тоа, треба да се јаде а и вкусно е. Напомнав дека никого не осудувам, супер за оние кои што можат да го конзумираат, секој сам си ја креира својата исхрана. Но, се уверив дека и без него може да се функционира нормално и да се биде здрав. Барем сега за сега немам никакви проблеми, здрава сум. Тоа ми беше муабетот, дека и не јадењето месо е избор, немора да се прави од помодарство или од некои безвезни побуди. Секој си бира да го јаде она што најмногу му одговара и тоа е тоа.
Не ве читав,незнам што ви е темата,ама тука ќе си споделам,иако не е во склоп на темата. Денес сум пресреќна дека помогнав на едно слабушњаво кученце,бездомник,половината од белото пециво му ја дадов,а соученичките мои го маваа со хартии.Леле кога ги видов ќе ги убиев. Ама ми е жал за уште едно,на голем одмор дур бев по храна,видов едно малечко,многу слатко,ама гадно беше.Потоа го однесоа едни,незнам каде,неможев да ги следам Оффффффф.Се нервирам.Ќе го чуват ли добро,или го оставиле некаде. Мислам дека беше загубено,имаше синџирче на вратот. Срцка мала. Ај лав вегетерианизам. Песко вегетаријанка сум,бај д веј. (имам спомнато,ама за оние шо незнаат)
ја може да се каже дека сум полу вегетаријанец од месо јадам само риба (филети панга) стек (ама не кокошка) и толку а јагнешко во живот не сум стаила во уста и нема да ставам
и ја сум мн среќна кога ке му помогнам на некое животинче има кај нас пред зграда се мотаат неколку кутрижа и им фрлам од прозор нешто или им симнувам а мачиња пред зграда имам чувано може едно 20 но за жал ми остана сега само едно какви не машига од бебиња до големи тоа ми се вика Караман дека беше црно и тогаш од серијата несакам никогаш да си отиде ме испраќа до школо
А јас имам едно прашање до сите вегетаријанци(не се навредувајте): А каков ви е тој начин да ги спасувате животните, а уствари ја јадете нивната храна??
Брат ми дефинитивно ќе прерасни во вегетаријанец, премал е (7 год.) за сега да размислува за тоа, ама и јас сум скоро- вегетаријанец. Јадам само риба, другото место, прво кога ќе помислам дека се од животно во уста не ми се става, а згора на тоа месото како месо ми е грозно ... ew. Уште се сеќавам дека еднаш се погоди во пост гости ќе ни идеа и мама зелникот не го направи со мелено туку со соја, поубав зелник немав во животот јадено и знам ко дојдоја гостите и` викам на мама: „Никогаш подобар зелник се си направила“ и она вика: „Ај не се глупирај се знај шо е поубо“ -,- Како до интелегенцијата е ако нешто неќиш едноставно о.О
Јас сум вегетаријанка веќе подолго време и тоа веган, не конзумирам ништо од животинско потекло. Конкретно за место треба на сите организми и луѓе точно, али се може а него. Ете ја сум нулта група викаат највеќе месо требало да јадам, а ја па не можам да го смислам Месо не конзумирам ради тоа што се убиваат животни и плус јадев одамна пилешко, никакво ми е.... Ни риба исто не јадам... Млечниве производи не ми се вкусни, нема некоја посебна причина зашто не јадам. Млеко ете не пијам пошто мислам дека тоа е за малите на животните, не за нас. Исто како ние кога сме бебиња што не доат.... Мое мислење не мора да сум во право и да се слагате...
Мене сон ми е да бидам веган.Јадеш мешунки и храна од растително потекло или можда си фрутаријанка? И колку време си веган? Како се навикнуваше? Ќе те замолам,ако сакаш да споделиш искуство....
Па веќе година и пол, може не е многу, но супер ми е искрено повеќе енергија ко да имам и посмирена сум сите ми го викаат...Инаку од растително си јадам. На почеток чудно ми беше дома коа ќе отворев фрижидер скоро па ништо немаше за мене... Ама со барање по интернет јадења сеа функционирам супер.... Ако те интересира уште нешто пиши... Ќе ти пишам и што конкретно јадам ако сакаш...
доручек: овошје или мусли со млеко во прав(растително е тоа) Супа од зеленчук за ручек со ориз, компир печен или варен пример.... И вечера зависи ретко кога вечерам ама јаболка во принцип така нешто, тиква сега периодов....