Не е никаква навреда ама е исклучително глупаво прашање. Ако толку си загрижена на тоа поле, немој, ќе се снајдеме некако, никој гладен нема да остане. Мислам, озбилно? Секојдневно се сечат толку хектари шуми (нечии живеалишта, само што колку воопшто ве допира овој факт?) и тоа што буквално се масакриираат илјадници животни, а прашањето е зошто им ја јадеме храната? Really? И да е шега, не е воопшто смешно ниту досетливо. Ич. Се навратив неколку страни наназад и ги прочитав мислењата на Хипстер, Миличка и морав да пишам и јас. И јас сум долго време вегетаријанец, од 11 години поточно. Без никакви усилби од било кој туку бидејќи од кога знам за себе имам многу силна поврзаност со природата. Не сум делела маче, куче, кокошка, гуштер. Сите сум ги сакала и сум ги гушкала, најозбилно. Уште ми се враќаат слики на мене на 5 години, растрчана во кокошарник, гушкајки кокошки. Не ми се смеете, и тие ме сакаа. И на 11 години дојде тој момент кога потполно се освестив што се случува околу мене и самата ставив точка на јадењето месо. Да се разбереме, доаѓам од семејство каде на трпезата секогаш има месо. И да, јадев многу месо. И не можам и ден денес да негирам дека е вкусно, кога е. Ама јас избрав да не го јадам, поради таа моја осетливост кога во прашање се беспомошни животни. Скоро и да не памтам кога сум се разболела од грип, имам исклучително јака крв која ги чуди и докторите и сум немала било каков проблем на тоа поле. Со оглед на тоа што станав вегетаријанец во доста важен период од животот, за раст и развиток, немав ни тука проблеми. Е сега, да јадев повеќе пилешки батачиња, може ќе ми беа друшкиве поголеми ама това е. Сум била член на здруженија за заштита на животни, сум учествувала во акции за вдомување на животни, сум поттикнала членови од семејството да донираат поголеми суми во ПЕТА. Што се однесува до носење кожа, имам кожени чевли. Не оправдувам, ама ги имам. Најчесто ги носам бидејќи најлесно ме штитат од студ, што сега особено ми треба со оглед на местото на живеење. Козметика се трудам да купувам од онаа што не е тестирана на животни, но боже мој, не се шетам со листа кога одам на пазарење, сигурно се случува да купам и некоја што е тестирана врз животни. А тоа дека кинезите се ненормални што јадат кучиња, не се. Само се нација со поинаква култура од нашата. И не, не правам разлика меѓу кокошка и куче. Како би? И двете се животни, само што на оваа половина од светот кучето е пријател а кокошката храна. Еве, да ја спомнам Индија. Таму кравата е свето животно и луѓето се поврзани со своите крави па замислете како им изгледаат нашите телешки чорби, на пример. Во Кина, во некои предели јадат кучиња. И многу е лицемерно, потенцирам, да плукате по нив, кога тоа е просто начин на кој тие живеат. А тоа дека вегетаријанството станува помодарство, не знам. Јас до пред две години не ни познав други вегетаријанци во Македонија, па и сега тие што ги познавам се бројат на прстите од една рака. Небитно, нека станува и помодарство, само нека се освестуват полека, полека луѓево. Никогаш во животот не сум правела проблеми дали да се јаде или не месо околу мене. Обожавам да готвам, и се случувало да зготвам месо за други, можеби не со ќеф, но сум го правела и тоа. И морам да кажам дека мои блиски пријател и пријателка, станаа вегетаријанци гледајќи го мојот начин на живот. Никогаш не сум ги убедувала во било што, но сум ги изнела причините зошто тоа е мојот избор. И сметам дека да, секој човек кој е навистина свесен за светот околу него, ќе престане да јаде месо. Спротивно е само алчен, освен ако не е посериозна пречка здравјето. Не можам да судам, на крај повторно се' се сведува на личен избор.
Вегетаријанци кои не јадат месо, бидејќи е од животни, но носат кожни чевли и чизми за да не им пропуштаат зимно време? Кожни чанти и ремени, козметика тестирана на животни, јадат сирење и пијат млеко од животни кои се држат затворени метро на метро, јадат похована храна со јајца од кокошки кои ако не носат доволно стануваат храна? Кои спијат на перници од гускин пердуф и јоргани исто такви? Признавам вегетаријанци кои на никој начин не сакаат животните да бидат повредени, па дури и само за облека да ги користат. Почитувам такви, алал да ви е, знам колку е тешко да се лишиш од милион работи, не само печено месо или пржено, туку и од пирошки со шунка и слично. Дај Боже повеќето да бевме такви. За жал понекогаш мора да се конзумира месо и производи од животни. Братучед ми беше болен, мнооогу, и докторите кренаа раце од него. Еден стар професор доктор кажа дека ке се среди само ако јаде супи од телешки коски - заради сржта. За 3 недели, детето се крена од кревет, и пупу, скраја да е, не се разболе. Затоа, не знам дали ке се откажам во целост, ама 50 дена минимум во годината, постам. Па веројатно, колку толку, не сум зло на природата
Really? Им ја јадеме храната, па овошје ако јадат ондак океј... Ја сум веган плус не вегетаријанец како сто споменав погоре.... И супер ми е имав проблеми дела не јадам спанаќ, грав и остали ствари со железо па ми паѓаше имунитет, ми течеше крв од носот ама среќа ете помина и тоа фала богу.... Ако ви треба совети, оние што планирате вегани да станете, пишете...
Вегетаријанци и вегани,оди ли некој на ВегеФест 2013? И ќе биде ли некој од вас волонтер,можеби? Јас аплицирав за волонтер,на мејл уште ништо ми нема стигнато.
Мене ме примија,мислам рекоа сите кои аплицирале се примени.Еве види на страната, http://skopjevegefest.wordpress.com/
Еве јас да си кажам за мене. Вегетаријанец сум, најголем поборник против користење на природна кожа и крзно, и немам ниту еден козметички производ на кој нема напишано дека истиот не е тестиран на животни. Да не звучам лошо но... вегетаријанец и поборник за права на животните кој користи облека од природна кожа ?
Абе секој со свој став,ама замисли си какви само токсини имаш од секојдневното внесување на храна од животинско потекло.Сите тие животински масти... Да не збориме за убивањето на животните... Ама не е здраво...
Гледам дека цела тема станала препуцавање, демек вегетаријанците се најпаметни што не јадат месо а другиве се луди и бездушници, и обратно како вегетаријанците се луди што не јадат месо кога е истото здраво и бла бла. Тоа сѐ си е прашање на лична одлука, јас никого никогаш не сум разубедувала за да не јаде месо и да стане вегетаријанец, ама не сакам ни мене некој да ми соли памет за тоа колку е месото здраво. Јас не ги осудувам не-вегетаријанците ама ме иритираат оние глупави прашања од типот на "А ти од трева ли живееш?" Не луѓе ние не живееме од трева, исто како што и вие не живеете од месо. Тоа што не јадам месо не ме прави поголем или помал човек, само јас на прасе гледам како на едно мало и мило бебе а не како на кременадла во тањир.
Јас вегетаријанците воошто не ги сметам дека се луди или слично,тоа си е нивна одлука,сепак во местото има многу маснотии,па овој начин на исхрана го сметам за здрав.Јас лично неможам да го практикувам,едноставно неможам без месо.
Стварно му се восхитувам и ги почитувам вегетеријанците едноставно јас неможам да замислам без месо да јадам, или кога се сака се се може
А да не се видовме вчера на ВегеФестот? Денес не идам,ама топло ви препорачувам да одите.За мене беше топ искуство-и како волонтер и воопшто како дел од целиот настан....
Што знам, некако глупост е според мене (без навреда за вегетеријаните) али тоа ти е ланец на исхрана, природа... Ти ако не јадеш месо, нема да го смени фактот дека ќе престанат да убиваат животните и да се јадат.
Лавот убива сместа и не го измачува до толку животното... За разлика од луѓето што од транспортот на стоката што ја приготвуваат за јадење ја измачуваат. Има голема разлика од 1 саат до 1 недела. И не е исто. Јас не сум целосен вегетеријанец зошто мајка ми сака да јадам месо, но салами и да ме тераат нема да јадам! Најгрозно нешто! Несакам да бидам дел од ланецот на исхрана. Глупо ми е. Мислам дека не е заслужен човекот за тоа. На лавот за да порасне му треба снаоѓање, а луѓето си имаат се што сакаат. Фер е тоа? Се разбира дека не! Лавицата нема кој да ја пораѓа и самата го прави тоа. Ние дури царски резови праиме од што несакаме да не боли! Кога малите лавчиња ќе се родат, нема да имаат целосна заштита. А ние, гребнатинка да имаме, ќе не третираат како испокасапени! Фер е да им одземаме од храната која тешко ја заработуваат? И најштетно е месото. Од него се гоиме и внесуваме непотребни материи кои можат да бидат одговор за ракот. Баба ми доби рак на дојка поради месото. Сега е на терапија и многу и е тешко. Од лекариве што не се разбираат проблеми има. Сакате и вие тоа да го искусите во Македонија?
Не напаѓајте одма, дадов мое мислење! Papillon.Papi месото е многу здраво и од него го примаме најголемото количество на железо и многу витамини кои неможеме да ги внесеме преку други производи или пак на вештачки начин, преку таблети и глупости.. Не верувам дека баба ти добила рак од месото како месо, туку поради нехигиената од трговијата у Македонија... Како што реков сето ова е ланец на исхрана и дел од природата, што значи не е ништо против нејзе. Да, факт е, животните страдаат, но коа веќе умираш, дали ќе умреш на ваков или таков начин, едноставно ќе умреш! А и кога сме веќе кај луѓето не се сите со добри услови и се пазени и мазени од родителите.. Забораваш на повеќе од половина население на планетава кои умираат од глад и единствен начин да преживеат е да убијат некое животно и да се нахранат. Верувам дека и ти да се најдеш во ваква ситуација ќе го нахраниш детето, како што секако би направиле и твоите родители за тебе. Според мене побитен е човечкиот живот, него животното. Да битни се и животните, но зарем е побитно од мали и ненахранети дечиња со чиста совест?
Глупост е да не јадам месо? На мене месото ко месо не ми треба, јадам сѐ останато и немам ама баш никакви проблеми. Секој со свое размислување, да не се навредуваме сега
А, тие што не живеат во добри услови, од кај пари за месо? Не се врти светот за месо само. Како преживуваат вегетеријанците? Би требало да знаеш за тоа. И можеби, на некој како кума ми му се лоши од месото мора да јаде? Да умре од повраќање? Има многу поубави замени за месо како шитаке печурки. Тие содржат железа и многу поздрави хранливи материи од месоto.