Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да,секој има нели право на свој став и мислење,ама темава е и за тоа створена.
    За меѓусебни искуства,ставови итн. :)

    Нема што да се натегаме,ама ние вегетаријанците ете се нервираме кога така ни зборат,и што е тука е.Вака можеме до крајот на животот да се препукаваме.
    Инаку,да,се сложувам со Папилон.Има луѓе што воопшто не ни размислувале за ваквиот тип на исхрана,ама поради финансиска неможност еднаш во два месеци јадат месо,што на некој начин ги прави потсвесни семивегетаријанци,зар не?
    И ако месото е толку здраво,и ако не се може без него,овие луѓе како живеат?? :?:
    Плус,кога спомнавте веќе за `здравите масти` од месото,здрави масти се само НЕЗАСИТЕНИТЕ масти.Што значи,во местото ги нема.
    Вие,противвегетаријанци,ако можам така да се изразам,јадете ли тврдо овошје,семиња (ленено,чиа...),сте слушнале ли можеби за моќта на незаситените масни киселини,и на заситените??
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Глупави сме што не јадеме месо, значи што сѐ нема да чујам |(
    Глупаво е што јадете делови од нечие тело, веќе ако гледаме од таа страна.
    Никогаш не сум навредила невегетаријанци, па и јас самата сум израсната со месо. Нема потреба од навреди, секој со своја совест или потреба. ;)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Несакам да навредувам или да ми го вртите одговоров како некоја навреда, ама сите вегетеријанци што ги познавам се претерано слаби, бледи, со 3влакна коса, со блед прозирен дури тен, кревко здравје итн... Другарка моја беше преубава девојка, згодна и цицка и газе и се, одкако стана вегеријанец е цела пропадната, како безживотна е, цела е пропадната, претерано ослабена, бледа и паѓа косата итн... Логично објаснување освен тоа дека целосно е откажана од месните и млечните производи немам. Не јаде ниту јајца, а причината која е станата вегетријанец е љубовта кон животните. Папилон и за тебе го имам истиот впечаток кога те видов на сликите во Модни Критики... :worried:
     
    На Kaylie и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Вегетаријанството според мене е глупости на квадрат. Во човековата природа е тој да јаде месо. И бесмислено е кога го браните вашиот став, да го користите аргументот за сиромаштијата, едноставно не мешајте баби и жаби. Вие сте избрале да бидете вегетеријанци, тие не. Кратко и јасно.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Сомерлов не си во право за жал :) Човековото тело е креирано да јаде жита и растенија, но некои и покрај се јаде месо? Ние јадеме животни само бидејќи така не израснале и воспитале, а тоа на некои од нас ни изгледа совршено нормално.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски

    Мацо вака прва работа нема полувегетаријанец, или си или не си.

    Со месото се внесуваат работи кои ни се потребни, а особено на децата во развој, протеини и слично.
    Немам ништо против вегетеријанците, баш ги почитувам, но и тие треба да разберат дека таков е ланецот на исхрана.
     
    На Kaylie и katerina222 им се допаѓа ова.
  7. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Многу мразам кога некој пробува да ми соли памет. Абре луѓе, ниту еден вегетаријанец или веган тука не проба да ви соли памет, немојте ни вие на нас. Нема кој е во право кој не, тоа е лична одлука, личен избор и тоа е тоа. Што се однесува до бледилото, од кога знам сум бледа и сега некој ќе ми рече до тоа што не јадам месо е? :^) Не, не е.
     
    На sofijanoka, ell и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Фала Господе, ме сфати некој!!

    Инаку никој не кажа дека сте ВИЕ глупави, туку дека според мене вегетеријанството не нешто најпаметно! А Papillon.Papi ти текнува дека постои лов на животни? Зборам за таков вид на прехранување, а не купување месо -.-
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас сум една од најголемите обожавателки на животни шо може да ги запознаете денеска во Македонија. Значи имам чувано најразлични питоми животни дома, и тоа сите ми биде собирани од улица, освен зајакот што си го купив од пет шоп. Куче, маче, кучка голема, мачиња мали, се имам собирано и носено, бар додека да пораснат и не им се најде дом. И во Скопје живеам под кирија, но фала Богу имам двор, и си чувам и таму кутре и маче. Поентата ми е дека сум огромен обожавател на животните, се борам за нивни права и за нивно секојдневно вдомување и намалување на уличните животни, но не сум вегетаријанец.
    Јадам зајачко, телешко, пилешко, свинско месо најнормално како секој човек. И не, кога јадам зајачко, не мислам на мојето зајче шо ми избега, или кога пијам млеко не мислам на кравата како ја боле кога ја молзат, или телето што го колат... Зошто не мислам?! Едноставно зашто пред се сум човек кој на прво место си го става своето здравје, и под два - пошто јасно е дека вегетаријанците се одлучуваат на овој чекор се со цел да се намали убиството на животните и нивното јадење - но тоа нема никогаш, ама апсолутно никогаш да се случи, иако имам стотина статии прочитано како веганите секојдневно се зголемуваат/или па вегетаријанците, верувајте, бројката на луѓето кои јадат месо нема шанси да се намали, пошто во нашата природа и за наше добро е јадењето месо, пиењето млеко, сирењето...
    Не сум воопшто груба ни без чувства, но јас сум жив човек кој ужива во месо и сум гурман, и тоа не ме прави идиотка која им врте грб на животните и е без разум што им ги јаде другарчињата.
    Сум пробала ради диета да бидам веган неколку дена, да ослабнам, ама наместо тоа добив вртоглавици и неконцентрација додека учев, а според дечко ми сум била мал нервозен патуљак кој не си ја примил дозата прави витамини.
    Се на се, право на избор. Ве разбирам зошто сте и не ве осудувам, но немате право затоа да не осудувате ни другите нас.
     
    На Kaylie и katerina222 им се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не си ме видела кога јадев месо за да ме проценуваш…
    Уште побледа и потенка сум била тогаш…
    Емоушнл, јас си бирам каква ќе бидам, ако сакам да бидам полувегетеријанка
    тоа ќе бидам. Не е некое правило тоа.
    П.С.
    Ана, софијанока не ја регистрираш? Зошто? Таа е полничка.
    Немој да почнам да те сметам во онаа група на луѓе кои што не ги вреднуваат таканаречените за нив исклучоци.
    Или не си ја видела во модните критики?
    Не е добро да си згоен многу од храната. Плус тоа како да се здебелам кога сум во пубертет? Јадам чоколади прекумерено и сучка сум. По гените е! Физички изглед од слика не се проценува. Можеби сум ја изменила сликата.
     
  11. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Јас во темава не забележав ни еден вегетаријанец или па веган да ги осудува оние кои јадат месо, а нажалост секој втор пост беше спротивното- невегетаријанците ги осудуваат оние кои не јадат месо. Можеби грешам, ако е така се извинувам.
     
  12. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Има разлика од вегетајанец до вегетарјанец. И не постои полу-вегетарјанец :lol:
    Или јадеш месо или не. Некои викаат вегетарјанец сум,јадам само пилешко. До сега не сум чула за вегетарјанец што јаде месо, ама салами не. Извини Papillon.Papi не ми е намерата да те навредам, ама ова ми е малце смешно.
    Јас сум веѓетарјанка веќе неколку години, и ќе ви кажам искрено, и понекогаш мислам дека некои станале вегетарјанци само колку да имаат нешто поразлично од другите, нешто по што ќе се издвојуваат.
    Се согласувам со коментарот на mims-89. Има вегетарјанци кои се слаби,коса поретка од забите на баба :lol:, и бледи мислиш секој момент ќе се онесвестат.
    Ама јас тоа не би го препишала на вегетарјанството туку на лоша исхрана. Има луѓе кои не се вегетарјанци па пак изгледаат така, а сум видела и дебели вегетарјанци. Значи се е во баланс и правилна исхрана.
    Јас сум 170цм и пред бременоста имав 63кг,физички активна бев 3-5неделно. Бев задовлна од тоа како изгледам. Влакното на коста е цврсто и ретко ми цвета косата, задник и без тоа немав многу многу (а каков и да ми беше мм многу го сака така да не ми е гајле :lol: ) а градите ми беа големи (сега да не ви кажувам колкави ми се :lol: ) Анемична сум, да. Ама бев и пред да станам вегетајанка
    , и тоа многу многу пред тоа. Уште како тиниџерка примав суплименти, сирупи и инекции. Мислам дека ни е наследно затоа што мајка ми и сестра ми исто се анемични. А сега во бременоста нивото на железо ми е повисоко од кога и да е(Иако пак е ниско)само хемоголбиот ми е проблем а според доктор тоа може да се реши со +едно варено јајце пред појадок.
    АМА Јас еднаш или 2 пати во месецот седам и планирам што ќе јадам. Гледам се што ми е потребно да го вклучам во исхраната.
    За тоа што рече Papillon.Papi дека некои луѓе не можат да си дозволат место...
    Вистина, тие може не јадат месо, ама не по избор туку затоа што немаат. Ако имаат најверојатно би јаделе па затоа и не ги сметам за вегетарјанци. А ако не можат да си дозволат да си купат место, сигурно нема да можат да си купат шитаке печурки, кои се 300ден за едно мало тегле.
    Воопшто не се слушам што луѓето зборуваат за вегетарјаницте. Тоа е мој избор, немам намера да го правдам на никој. Ама мислам дека многу луѓе се недовлно информирани, па трескаат глупости, и тоа вегетарјаниц и оние кои не се.
    За било кој што сака да стане вегетајанец мој совет е прво да седне и да прочита се што има на темата па да си донесе одлука. Затоа што не е мала промената. Мора да се мисли и да се премислува. Не е само да речеме ај ќе бидеме вегетарјанци и нема да јадеме месо, мора да смислиме што ќе јадеме.
    Реално вегетарјанството не е за сите и нема ништо лошо во тоа.
    П.С Искрено, би сакала да речам дека станав вегетрјанец од љубов кон животните, ама не е вистина. Многу сакам животни, ама ми се згорзи од месо кога во неколку наврати видов тазе заклани животни, црева и крвишта насекаде :x Ама тврдам дека тоа беше добар и паметен избор.
     
    На mimiiiii, MSkorpionka и katerina222 им се допаѓа ова.
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Стварно не ми е јасно, каде ја гледате врската меѓу дебелината и вегетеријанството. Дури смешно звучи. Не значи дека ако не јадеш месо, со тоа автоматски ќе ослабеш и дека тоа што ослабела другарка ти се должи на тоа што ете она не јаде месо и млечни продукти.
    Ако не јадеш месо, не значи дека се храниш здраво и обратно!!!

    Ако не сте информирани (google знае се!), тогаш бар логично размислете пред да кажете нешто...
     
    На sofijanoka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Значи јас наведов дека не ми е намерата да навредувам, исто се согласувам дека постои храна која е замена за месото, и исто се согласувам дека човекот може да живее без месо и дека не му е неопходно за да опстане. Едно е некој од раѓање да е вегетеријанец, а друго е човек кој до вчера јадел месо, а од денес е веќе вегетријанец. Нормално е дека ќе има промени во неговото тело и во неговиот живот, и незнам искрено колку е тоа нормално - од нормален, убав, човек да почнеш да личиш на мртовец и дали после одкако ќе се навикне телото ќе се промени тоа.
    Папилон како што сфатив ти сепак јадеш месо, а дали со сила или не не е битно, тоа не те прави вегетријанец. Значи сепак го јадеш месото, ама пак се буниш тука, што и како...
    П.С. Во саламите повеќе соја има одколку месо ама ај.
     
    На Kaylie и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  15. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    јадам месо а вегетеријанец сум абе деца :^) искрено без навреди но поголема глупост не сум чула :D
    еве јас месо ( телешко свинско пилешко ) неможам да смислам, ама јадам сувомеснати
    ( чајна,печеница,саламче, виршли) полу-вегетеријанка ли сум? :wasntme: :geek:
     
  16. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Епа еве ќе ти кажам од лично искуство, да немаш заблуди. Ниту сум ослабена, ниту здебелена, ниту пак личам на мртовец. А ова важи и за сите други што ги познавам а не јадат месо.
    А фала богу имунитетот ни малце не ми е паднат.

    Тоа што другарка ти има проблеми можеби се должи на лошата исхрана генерално, а не дека не јаде месо.
    Не, озбилно како доаѓате до вакви заклучоци ако сте виделе само 1 човек што не јаде месо... смешно е.
     
    На mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ете ти го одма контрирањето |(

    Ти биди си што сакаш- вегетеријанка или не!

    Ама ПОЛУ-ВЕГЕТАРИЈАНКА НЕМА!!! Такво нешто нема!!!

    Еве вегетаријанци има тука нека кажат, не јадат ни салами ни ништо!!!

    Или не јадеш ништо такво или јадеш. Не си вегетаријанка ако јадеш САМО салама!!!

    Не солам памет на никого ниту пак на тебе, ниту ти викам што ти да бидеш.
    Како постара од тебе и девојка која учи за развојот на децата од секој аспект подобро знам што е подобро за развојот и затоа го пренесувам, а твое е дали ќе го прифатиш, но немој да ме контрираш за работа која не сум пробала да ти ја наметнам!!!


    Сум слушнала сличен муабет на твојов кога една девојка купува мелено месо (братучетка на мајка ми) се сретнуваат со мајка ми и и се фали како е вегетаријанка но јаде само сарми (за кои го купила меленото месо) и салами.
    Или вегетаријанка сум ама хамбургери само јадам. Ма дај!!!

    За изгледот нема врска со нејадењето месо, битно е здравјето.

    Како што веќе и реков ја почитувам одлуката на вегетаријанците и убаво за нив.
    Ниту сакам а ниту пак пробувам некого да убедам да јаде месо ниту пак сакам мене да ме убедуваат, голема сум знам што правам :D
     
    На daylight и ell им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па да беше еден човек ќе беше смешно. Јаде незнам си какви видови на печурки што биле замена за месо, па азуки грав повеќе протеини што имал од месото и милион суплименти и витамини. Значи зборувам за повеќе луѓе што сум ги знаела цел живот и што пукале од здравје.
    Верувајте дека јас ги поддржувам вегетријанците, и никогаш немам искоментирано дека се глупи и такви работи. Тоа е стварно преубав и пре хуман потег, ама не и по цена на уништување на себе си. Како што напишав и погоре, можеби е тоа само некој одреден период додека си се навикне и прилагоди телото на таквиот начин на исхрана, само се надевам дека нема да им донесе по сериозни последици на здравјето.
    А станување вегеријанец од помодарство и ради сликање на инстаграм со салата ми е најгупа работа, а лошо е што 50% од луѓето баш поради тоа станаа вегетеријанци.
    Убедливо најинтересна категорија на вегетријанци ми се оние кои се борат за правата на животните, пропагираат како се греота животните, како е месото нездраво и бла бла бла, а купуваат козметика што се тесира на животни. Аха, коа се работи за твојата омилена пудра не е битно што ја тестираат на некое нежно зајаче или на мајмунче, или состојките кои ги содржи се штетни по околината на некој вид на животни. Ама битно она месо не јаде затоа што и се греота животните. :D
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Нова категорија -вегетеријанец во душа- јадам месо ама со грижа на совест :D. Опростете и` малечка е. Месото не е здравје освен ако останатата исхрана не ти е само ајвар, маргарин, мармалад и макарони. Ако имаш можности тогаш можеш да пуцаш од здравје од квалитетната, здрава и разновидна храна што ќе ја внесуваш без разлика што нема месо да е. А ако си ограничена во избор и на тоа исфрлиш и месо, не знам колку е добро...
     
    На LilBaby, mimiiiii, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Jaс не познавам вегетаријанец или веган што имал сериозни проблеми со здравјето откако се откажал од месото. Ниту пак дека имало некаков си прелазен период каде што они во тој период се осеќале слабо, со ослабен имунитет итн.
    Добро навистина мислите дека јас (или секој разумен човек што се одлучил да не јаде месо) по цена на здравјето ќе се откаже од месо? Ако имаме малце поинаков начин на исхрана не значи дека сме луди :)
    Ниту сакам да убедувам некој, ниту сакам да докажувам и објаснувам зошто јас не јадам месо. Тоа е моја одлука и не сакам на некој да се правдам, кога знам дека и со тоа или без тоа ќе ме гледа со осудување. Затоа и секогаш ја вртам темата на зафрканција ако некој ме праша директно зошто не јадам месо. Секој од различни причини не јаде месо. Јас дури и друг вегетаријанец или веган не го прашувам зошто се храни на тој начин. Тоа е исто ко и тебе да те прашам: а ти зошто јадеш месо?
    Дај малце оладете и не носете заклучоци за луѓето спред тоа како се хранат, облекуваат, дали се црни или бели... Ако не за едно, ќе се фатите за друго..

    А тие што од помодарство не јадат месо или тие што се „полу„вегертаријанци не ми се вредни за коментирање..
    Не дека ти се нафрлив тебе, не ме сфаќај лично само сакав бар малце да ти кажам од лично искутво и од луѓе што ги знам, дека „заклучоциве„ твои се неосновани.
     
    На sofijanoka, Gordana10 и daylight им се допаѓа ова.