Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Треба многу добро да се храни и да внесува многу разновидна храна за да го надокнади она што ние го внесуваме преку месо.

    Треба да се пази човек со што се храни и сметам дека кога одлучуваат за ова, треба да знаат што мора да внесуваат, каква храна и што се има во таа храна.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Така, јас никаде не тврдев и не донесов заклучоци затоа што не сум до толку запознаена што и како се случува кога ќе станеш вегетријанец и дали тие промени се од тоа, ама очигледно е дека се. Па чисто ме интересираше колку е тоа нормално и зошто е тоа така. Ти не познаваш, јас познавам, значи има и такви и такви личности. Кај секого различно влијаат тие промени. Јас искрено и не го сметам месото за исклучително важна ниту пак здрава здрана. И чисто ме интересираше зашто е тоа таква појава кај луѓето што стануваат вегеријанци, како што кажав пзонавам доста вакви случаеви, над 10тина луѓе.
    Ниту убедувам некој да јаде месо, ниту не, секој си има право на избор и причини зашто го прави тој избор, не е тоа целта на муабетов.
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Зошто се расправате бе луѓе, и се осудувате едни со други. Вегетаријанството е начин на исхрана, и треба да се почитува тоа без да се навредува. Јадењето на месо е исто така начин на исхрана, и тоа треба да се почитува.
    Некој спомна дека вегетаријанците биле слаби, како мртовци. Дојди види ме :D подебела сум отколку кога јадев месо, а и фала му на Господ крвта ми е 5ка, a порано здравјето ми беше за никаде :)
    Заклучок, секое тело различно реагира на различна храна, некоја ја поднесува некоја - не. Ништо не смее да се осудува. А тоа за заштита на животните, не ми значи нешто посебно. Ако не ја молзиш кравата секој ден, ќе и се воспали вимето, и ќе умре, така да не знам зошто да не пијам млеко. Кокошките несат јајца секој ден, ако не јадеме јајца, само кокошки и петли ќе биде преполн светов. Домашните животни не можат да преживеат без негата и храната која човекот им ја дава. Покасно, тие му возвраќаат со исто. It's the circle of life, што би се рекло во Кралот Лав :D
    Животни сакам многу, со цело срце, ама не сум вегетаријанец заради тоа, туку дека месото ми прави тежина во желудникот, а и некако немам никаква потреба за месо. Ама од млечни прозиводи и јајца не се откажувам никогаш. Едноставно имем ОГРОМНА потреба од тоа.
    Ама затоа обожавам да готвам месо, хахах. Месо готвам секој ден за вереникот, кој btw е месар не виден и не може да замисли живот без месо. И што сега, треба да го осудам??? Си сака месо, си јаде, има потреба од месо. Или пак тој мене да ме осуди оти не јадам???? Или треба да ме боли желудникот само за да не ме осудуваат луѓето?
    Секој има право да јаде што сака и како сака :)
     
    На sofijanoka, captivating, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Јас само да ви се смешам во муабетот, тоа полувегетаријанци не постои. Значи вегетаријанец не јаде месо никакво, ниту риба. Какви песко вегетаријанци ти реков ми рече, чуда. Веган не конзумира ништо што е од животинско потекло, односно ни месо, ни јајца, ни млеко. И доста со тие глупави поделби, или си или не си трето нема.
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Jас како што растев ,сваќав што значи да јадеш месо,не ми беше удобно да знам дека колат некое животинче за да го јадам јас или било кој друг човек,станав вегетаријанец оти без месо се може,а и рибите имаат душа секако жал ми е за нив како и за сите животни оти сум голем љубител на животни.Cамо ми е чудно,моите мачки јадат месо,леб не се ни помирисува не па да јадат,месо та месо :^) .Kаква ќе е оваа животинска (не)солидарност?
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.227
    Значи стварно ги обожавам ваквите коментари на вегетаријанци на кои им е премногу жал за животните, а искористувањето на нивните производи го сметаат дури за хуман гест.
    Не знам дали некогаш сте влегле во фарма каде што се чуваат крави, кокошки и слично, ама очигледно не сте чим лупате вакви информации на памет. Сум била многу пати во кланици, фарми, преработувачки погони и слично затоа што тоа ми е професија, а тоа што сум го видела таму со свои очи ни од далеку не е хумано.

    Ќе напишам прилично долг пост за да објаснам, кој го мрзи нека не чита.
    Прво кравата има толкаво виме затоа што ние луѓето така сме одлучиле, а не мајка природа. Пред масовното користење на кравјото млеко, млечната жлезда им лачела 700-1000 кг млеко во период од една лактација (7-8 месеци) колку што било доволно за младенчето. Денешната количина по лактација од 10 месеци знаете колку е?Од 6500 кг до неверојатни 15000 па и 17000кг млеко.
    И нормално сето тоа е постигнато со внимателна селекција од страна на човекот, а телето не гледа многу од таа количина туку се знае за кого е наменета, за луѓето.
    Чисто информативно колкаво било вимето, а колкаво е денес
    [​IMG]
    [​IMG]
    Само 2 месеци од кога е отелена кравата, повторно се оплодува за да роди теленце, заради коешто повторно ќе почне да се лачи млеко. Можеби има мајки тука, знаете дека не е препорачливо толку брзо да се забремени повторно :) По 10 месеци лактација на кравата насилно и се пресушува вимето за да има време да се „регенерира“ во период од 2 месеци додека повторно да се породи. И да, кога кажувам насилно мислам на тоа дека неколку денови скрос и се крати на храна и вода за да биде оневозможебно лачењето на млеко. Страшно хуман гест нели ;)
    И после 5 години континуирано манипулирање, перфектно искалкулирано до ден, кравата оди во кланица затоа што замислете, повеќе не е рентабилна за производството и ќе ја замени некоја од нејзините ќерки што единствено ја видела кога ја родила. Инаку според некоја биолошка граница, кравата може да доживее 25-30 години живот.

    И да не забоавам уште еден визуелен приказ за тоа како кравите се чуваат во поголем дел од неморденизираните фарми, што значи особено во Македонија и соседните држави. Сега глумат нешто лудило за благосостојба на животните, па во современиот начин на одгледување ги пуштаат од ланци, ама верувајте начинот на којшто се чуваат се менува само затоа што увидоа дека среќно животно има поголема продукција. На крајот на денот на производителите им е важен само профитот.
    Крави врзани со синџир со којшто можат само да се напијат вода и да земат храна. Позади имаат канал за изѓубрување каде што си ги одвиваат останатите физиолошки потреби. Во овие услови остануваат во текот на целиот живот, се преместуваат само при пораѓање, а потоа повторно се враќаат во своите 3 квадрати простор.
    [​IMG]

    Да продолжам за јајцата? Немој само да се лажете дека кокошката дава јајца секој ден. Мислам сета среќа што јадеме јајца иначе од кокошки и петли немаше да можеме да се разминеме на улица :D Не знам дали да се смеам или да плачам на коментаров, стварно!
    Едно чудо кокошки сместени во тесен простор или приклештени во кафез, одгледувани според строго дефинирани распореди на хранење и на светлосни режими. Програмирани скоро како роботи, со изгубен мајчински инстикти во текот на годините и без потреба да си ги квачат и чуваат јајцата.
    [​IMG][​IMG]

    Ете така, да не должам до бесконечност и ве молам пак да кажете дека пиењето млеко и јадењето јајца не придонесува за малтретирање на фармските животни, па уште и дека тоа е хуман гест кон нив.
    Инаку и покрај се што наведов јас не спаѓам во вегетаријанците, но го почитувам нивниот избор без разлика дали станале поради тоа што организмот не им трпи месо или од љубов кон животните. Ама немојте да давате вакви без врска „аргументи“ како тие што ги цитирав погоре или од оние дека месото било скапо. А шитаке печурките не се, така?
    Храната што ја заменува онаа од животинско потекло е далеку поскапа затоа што не е толку застапена на пазарот.
    Веќе налет, научете се да си го браните ставот со тоа што ќе се информирате за нешто претходно, а не само да тропате информации од ракав.
    И информирајте се детално пред да се префрлите на вегетаријанство за да не си го нарушите здравјето, затоа што не е играчка тотално да се смени начинот на исхрана, а според коментарите во темава може само да се заклучи дека ретко кој си ја завршил домашната како што треба.
     
    На mims-89, Edie.S и captivating им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да ги заштитите животните борете се за оние кои се во изумирање, на пример тигрите чии коски ги мелат и ги користат против импотенција, или слоновите кои ги убиваат заради коската за да направат малечко кутивче за накит, или китот заради маста и ајкулата заради перката... лисицата заради крзното, делфинот заради испитување биолошки оружја во океаните итн итн итн. Тоа е убивање од бес, и тие животни се на работ на истребување, а не да се обвинуваат луѓето кои јадат домашни животни заради потреба.
    Растенијата не се греота? Мислиш тие немаат живот? Ама од простотилук тоа секогаш се занемарува. Што ќе беше ако се јадеше само зеленчук и овошје??? Ќе останеше нешто друго освен обработлива површина? Се ќе беше полиња, и не знам премногу е глупо и да замислам како ќе беше.
    Глупаво ми е да обвинам некој заради што јадел месо, а не мислел на животните. Зарем ќе мисли на вас лавот, или тигарот, или ајкулата или било што. Храната е потреба и точка. Како не ви е жај за кромидчето што од корен го кинете, а?
    Само да се шири омраза, значи, чудо е човечкиов род.... Кој сака што сака ќе јаде!!!!
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Затоа што освен поединци или понекоја група луѓе, останатите жители на Македонија па и балканот малку што би можеле да направат за слоновите, китовите и делфините (евентуално да потпишат некоја петиција..) Но реално секој може на овие простори да прејде доколку сака на вегетаријански начин на исхрана и на тој начин директно да влијае на нехуманото масовно одгледување животни и стопирање на нивното масовно колење.
    Луѓето не треба да се обвинуваат, туку да се информираат за реалноста дека хамбургерите не растат на дрвја како во Мекдоналдсовите реклами.

    Реално освен некои изолирани племиња, евентуално ескимите, поголемиот дел од човештвото нема реална потреба да јаде месо и риба. Повеќе се работи за
    (не-)умешност и себичност во стопанисувањето со природните ресурси како што се води, шуми и полиња и неправедна распределба на храната. :worried:
    Токму обратно! Шуми се сечат за да има простор каде да се сместат животните за колење и полиња кои ќе даваат доволно жито и сл. за сточна храна. Кога наместо за сточна храна тоа би се насочило за гладните, гладта во светот би можела драстично да се намали.
    :!: Ако се тргне со таков начин на резонирање, тогаш слободно можеме да јадеме и луѓе, на пр. сопствените деца. Зошто доколку некој би сторил такво нешто мнозинството би го осудило и би ја алармирало полицијата, кога храната ионака е потреба?

    [​IMG]
     
    На Аliсe и Domino им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Во ред е, девојки, премногу го сакам и почитувам форумов за да демантирам, и да се расправам, постовите сакам да ги користам на споделување и забавни муабети. Можам и јас да демантирам на се што пишувате, само не ја гледам потребата да се расправам со денови, и да напаѓам луѓе и мислења на форумов воопшто.

    Не се секирајте, заради мене не се убиваат животни, јас сум вегетаријанец веќе 7 години и ќе бидам до крајот на животот.

    Само сакам сите што јадете месо и други животински производи да им се извините, затоа што како што разбрав тоа не е потреба, и правите страшен грев, и полека да не настане канибализам, оти и тоа гледам се отвори како тема.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Секој човек има право што ќе прави со својот живот, како ќе се храни.Право на избор.Релативно е колку денес се храни човек здраво, со оглед на тоа дека не ни може да биде сигурен колку е здрава храната, бидејки се знае што прават со истата.Не е само тоа што месото е канцерогено, кое е една од причините за предизвикување рак, туку и емулгаторите, ГМО и др.Се дојде и до тој степен и да не јаде човек, работава.

    Вегетаријанец сум, ми се чуделе како можам да не јадам месо, ми викале „ јади месо, јади што ти душа сака“ но си стојам на своето, не отстапувам од својата одлука, па што сака нека биде.Ниту ме убедувале луѓе кои јадат месо, ниту сум ги убедувала.Секој си го тера своето, прави онака како што смета дека за него е најдобро, секој знае како треба да се храни и нема што да убедувам или да ме убедуваат дали да се јаде месо или не.А ниту ме интересира кој што мисли за мене во врска со ова, ич ни на крај памет не ставам никого, си бркам работа.Ниту сакам да ме убедуваат, нити пак имам намера, секој си е одговорен за себе си и секој си презема последици.Особено што денес се ни е при дофат на рака, тешко човек да не знае што е здраво, а што не.Како што кажав, право на избор.Лично, сум пребирлива во храна, не јадам се, затоа што важно ми е што јадам, не ради друго.Подобро е да се внимава, со цел да не се чуди човек ако има подоцна некој здравствен проблем, од каде истиот се појавил и како.Колку што се сеќавам и ако добро се сеќавам, прочитав некаде, а не ми текнува каде во моментов, бидејки беше одамна, месото кое човек го јаде, останува не преработено во организмот и се таложи во истиот, со тоа настануваат здравствени проблеми.Познавам и знам луѓе кои јадат месо и имаат здравствени проблеми, сум видела со свои очи, лично, не јадам месо и ретко настинувам, многу ретко.А ќе кажам дека и ова е релативно, не значи дека и оние што јадат месо, не се здрави, има и такви.

    Во врска со тежината, не значи ако човек е вегетаријанец е слаб, баш напротив.А вегетаријанец не јаде никакво месо, ни салама, како што беше спомнато претходно од други членки.А животните ги сакам, премногу.Се она што се случува со нив во светов, тешко дека ќе може да се промени.Никакво месо не јадам, може месо да гледам секакво, нема да ми текне да земам да јадам, немам потреба а и ниту чувствувам некаква потреба од месо.Природно или не, не се водам што пишува во книги за тоа дека човекот треба да јаде месо и му било потребно.Правам онака како што самиот организам ми бара, важно ми е како што реков што јадам, што пијам... Како човек ќе го научи организмот, така истиот ќе се однесува, се е до тоа.За многу работи, не само за месо, ретко човек навистина чувствува потреба од еден вид храна, бидејки самиот мисли дека им потреба од истата, а не дека стварно чувствува некаква потреба.Општо познато е дека многу е важна храната, како човек се храни и голем удел има истата врз здравјето на човекот.Никој не може да смени никого, преку убедување, бидејки кога човек наумил нешто да прави, ќе направи и џабе е да му се објаснува зошто не треба да јаде одреден вид на храна.Но, барем да се внимава во врска со исхраната, а и за се, колку повеќе го чуваме сопствениот организам, толку повеќе ќе може да се одбрани од некоја болест.Без разлика на годините, многу е важно колку човек го чува своето тело, има и постари луѓе од мене, а се здрави, барем познавав еден таков човек, кој денес веќе го нема, а човекот имаше 90 години, а беше потполно здрав, беше ко дечко од 25 години, а не стар човек од 90 години, подвижен.Има секаков вид на храна, а на човек останува што ќе прави со своето тело и како ќе го чува.
     
    На Silver.E, sofijanoka, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам во дискусијата за тежината.
    Да,јас ниту сум бледа,ниту слаба.И тоа не е мерило за моето здравје.
    Пред месец дена другарка ми ми вика леле ама си бледа,ја после одма проверив крв,и се океј си беше.
    И да,и јас имам братучедка која е вегетаријанка и е бледа и слаба,ама тоа не е дека не јаде месо,туку дека јаде мала количина на храна,и исклучиво варена.

    Фала и многу на фемина,дека конечно напишаа статија за ПОТТИПОВИТЕ на вегетаријанци,и сите вие што тврдите дека НЕ ПОСТОЈАТ полувегетаријанци,повелете читнете,едуцирајте се малце,прогуглајте.Никој не е најпаметен и никој неможе да ми соли памет,тоа е пред се мој избор,а за ваквите т.н `ограничувања` во врска со тежината незнам што да кажам.Ако не ви личам на вегетаријанка затоа што не сум слаба и бледа,тогаш да зеам да си го осетлам тенов,косата да ја измачкам со едно кило масло за коса и да престанам да јадам воопшто?? :?:
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не треба ти со твоите 14-15 години да ни кажуваш дали да се едуцираме или дали сме доволно едуцирани.
    Колку сакаат статии нека напишат едно правило има ИЛИ СИ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ ИЛИ НЕ СИ.
    Ме вадат од такт некои луѓе кои се прават хумани на сила. Јас сакам животни, не ги јадам ама само кокошки јадам |( . А кокошките што се? Билки? Или пак јаделе само салами |( И пак прашањето- саламата од што се прави бре?
    Ви се молам не правете глупави муабети, дури и смешни испаѓате со овие ПОТТИПОВИ на вегетаријанство или па полу-вегетаријанство.
    Или јадете месо или не јадете ТРЕТО НЕМА. Штом јадеш или салама или кокошка или виршла или риба ти НЕ СИ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ!!! Можете само да се вадите на поттиповите!
    Тоа е толку едноставно, не го правете на сила комплицирано.
    Ако на вас ви е вкусно да јадете коковче и после имате грижа на совест што сте го изеле, не пробувајте да не ЕДУЦИРАТЕ нас неуките за вашите поттипови кои патем- не постојат!!!
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    ^ Се сложувам со постот. Или си или не си вегетаријанец. Мене сите ме прашуваат: ни риба не јадеш, ни пилешко? Па ако сум вегетаријанец, не јадам никакво месо... или коковчето трева е? Хаха
    А инаку да, постои поделбата вегетаријанец - веган, толку!!! :)
     
    На daylight и Dee им се допаѓа ова.
  14. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Зарем има потреба од вакви препукувања. Јас не видов ништо лошо во постот на девојчето, напротив таа има право има повеке типови на вегетаријанство http://vegetarian.about.com/od/vegetarianvegan101/tp/TypesofVeg.htm
    Повели прочитај, нема потреба да напагаш така, па дури и да не беше во право, со добро може се да се разбере а вака па и не баш. Се најдобро :)
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Јас сњ изјаснив дека не е во право.
    Како и девојката под мојот пост што објаснила.
     
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Се согласувам, но до некаде.

    Јас сум вегетаријанка и не конзумирам никакво месо. Гледам дека ги напаѓате полувегетаријанците. Можеби не ви е сосема разбирливо, но постои таква поделба и тоа е тоа, не може да го оспорувате тој факт.
    Не секој станува вегетаријанец заради љубовта кон животните. Некои го прават тоа од здравствени причини а на други едноставно не им се допаѓа. Тоа не ги прави помалку вегетаријанци.

    Во однос на некои од мислењата наназад, нема да дискутирам (бидејки верувајте ми, уморна сум од исти муабети) и нема да посочувам само ќе кажам: пред да се дрзнете да коментирате за било што, за ваше добро, информирајте се! Оти ќе се најде некој што сосема аргументирано и поддржано ќе успее во поим да ве столчи.
    Ете така.
     
  17. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    ^^ Во врска со полувегетаријанците, океј како поделба постои но тоа е веќе помодарство. Зошто? Затоа што вегетаријанци се особи кои не јадат никакво месо ниту пак риба. Ете тоа се вегетаријанци. Останатите се само особи кои јадат само пилешко месо или јадат само риба и тн. Тие немаат никакво право да се нарекуваат вегетаријанци. Муабетов ми е ко со една персона: Јас сум веган ама јадам само павлака. :^) Не, не си веган. Од млечни производи конзумираш само павлака, тоа не те прави веган.
    Терајте си вие колку што ви душа сака со подтиповите, јас колку што знам кокошката и рибата спаѓаат во месо, а вие ги јадете. Што би значело... не сте вегетаријанци сепак нели? ;)
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ова е исто како да велиш дека има некој од разни причини не верува во Господ, не се моли, не оди во црква/џамија, но тоа не ги прави помалку христијани/ муслимани или пак ете верници. |(
    Се знае што е вегетаријанство без разлика од која причина некој станал вегетаријанец, само доколку не јаде никакво месо- е тогаш е вегетаријанец.
    А кога јаде барем само една врста месо (пример пилешко) тогаш е личност која повеќе преферира зеленчук/ овошје и слични работи но не и полу-вегетаријанет или некоја подврста на вегетаријанец. Тука нема што да се објаснува ниту пак разбира, многу е јасно и едноставно.
    А причината за оваа одлука воопшто не е битна за муабетов.
     
  19. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Очигледно меракот им се прави на некои да се фалат дека се вегетаријанци ама дека јадат пилешко или риба. И нека си веруваат во тоа, ако тоа ги прави среќни. Еве јас ич не сакам да јадам јајца, ама јадам во торти, колачи и тн. Дали сум веган? :?: |( Не, нели. Сепак секој со своето, џабе е објаснување ;)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Од кај таа сигурност дека сум 14-15 години? И дека јадам салами и виршли?