Ок, постојат подтипови на вегетарјанци, ама тоа е само да се дообјасни терминот. Спојлер Pescatarian не јадат месо ама јадат риба Vegetarian (Lacto-ovo- vegetarian), група во која спаѓам и јас. Не јадеме месо ни риба но јадеме производи од животиснко потекло како сирење, кашкавал, мелко и јајца. Е сега за вегани, тоа е исто така термин како вегетарјанец кој сам по себе си бара дообјаснување затоа што ги има различни подтипови на пример Raw vegan кој јаде само сурова храна, и други ај да не тупам ќе си побара кој го интересира. Ама ако јадеш место, во било каква форма (пилешки стек, мелено месо (прочитав за вегетарјанката што јаде само сарми ), салама, виршли, паштета (последниве три производи ви се исто како помија да јадеш и да не бев вегетарјанка немаше да ги јадам) тогаш не си вегетарјанец. Затоа што сакам да бидам целосно отворена, да не биде дека ние вегетарјаницте се правиме дека сме симбол на здравје, ќе ви кажам искрено, не е секогаш така. Како секој обичено човек и ние си имаме здравствени проблеми. Зар луѓе кои не се вегетарјанци немаат анемија? Од памет одма ми текнаа на 4лица што имаат анемија а не се вегетарјанки. Јас лично, едно 5год. пред да станам вегетарјанка редово, секој месец или два, одев на проверка на крвта затоа што имав тешка анемија и ни сирупи ни инекции ништо не ми помогна. Сега со бременоста ептен внимавам и железото ми е повиоко од било кога, само со хемоглобинот имам проблем, тој ни сега не се покачува
Да не звучам дека бранам некого,кого ниту го познавам ниту сум читнала дека јаде само сарми,ама можеби НАВИСТИНА сармите се со соини трошки. Па и јас готвам мусака,турлитава,супа,растурена сарма итн со соја. Така да незнам,ама глупо ми е ептен кога ми судат,без да прашат,чекај ти што јадеш/што не јадеш?Со што ја правиш мусаката итн. Туку да не се многу препукуваме,сакав да прашам беше ли некој на ВегеФестот?
Не бе, и мене не ми беше намерата да нападнам или судам некој. Коментарот беше дека ја сретнале кога се враќала од месара со мелено месо за сарми и ми остана во сеќавање. И јас сакам сарми само сега посни ги јадам Иначе и јас готвам со соја. Се сеќавам првиот пат кога зготвив нешто со соја Најдов еден рецепт за мусака со соја шницли Не можев доволно брзо да ја фрлам во канта
Па по мислењата и по сликите така ми изгледаш...евентуално 16 најмногу. За саламите и виршлите не реков за ТЕБЕ туку ОПШТО . Друга работа ако captivating зборува за мојот пример за сармите, тогаш јас наведов дека девојката купи мелено месо!!
Некои делови воопшто не си ги разбрала, можеби и јас лошо објаснив. Јас во пораката се надоврзав кон повеќе теми на разговор бидејќи не можев за секоја детално да се распишувам а сакав да напишам мое мислење, веројатно делуваше премногу измешано. Патам од brain storming и на крај излегува сакам кажам, не знам речам. Поентата за тоа дека некој не е помалку вегетаријанец од друг не беше за полувегетаријанците туку за тоа кој вегетаријанец од кои причини станал она што е. Затоа примерот твој ме збуни и не го пронаоѓав во муабетов. Се спомнуваше во други мислења причини и упорно се повторуваше дека вегетаријанците премногу ги сакаат животните, што не секогаш е точно и затоа го потенцирав тоа дека постојат најразлични причини. А полувегетаријанците, не сфаќам зошто толку ви сметаат. Мислам поделби постојат секаде. На пр. постои поп рок, што мене не ми се допаѓа и според мене се знае што е вистински рок ама не можам да го негирам постоењето на тој жанр и фактот дека рок се спомнува во неговото име. Нека постои, не ми е гајле, јас ќе си слушам што сакам, исто како што и вие си јадете што сакате. Се надевам дека ви објаснив и сфативте што ми е поентата. Не дека оправдувам некој да не јаде свинско а јаде пилешко и да пропагира дека многу сака животни, како кокошката да не е животно но оправдувам ако некој се решил за таков чекор од здравствени прични на пр. и себеси се нарекува полу-вегетаријанец. Во контекст на вегетаријанизмот како помодарство, една моја познаничка велеше дека е ветаријанка ама јадеше месо (секакво) за празници. Wait, wat? Го правела тоа под притисок на семејството. Па дај не ме заебавај, признај си дека душата ти бара мевце а не да ми сервираш глупости и да очекуваш како долгогодишен вегетаријанец некој да ги голтне. Баш пред некој ден зборев со неа, ми рече година и пол не ставила месо во уста. А муабетот последен ни беше околу последниот Велигден кога самата ми кажа дека била ,,приморана'' да јаде месо. Само не ми е јасно кого лажат. Не, не си сестро вегетаријанка и не знам која ти е воопшто поентата. За тоа апсолутно ве поддржувам.
Само не сфаќам,мислат дека се кул шо ќе кажат дека се вегетаријанци,или НАВИСТИНА мислат дека се вегетаријанци? Па мислам,what the f*ck!
Јас сум вегетаријанка. Не за кратко, не за диета, не за мода. Туку како начин на исхрана. И никогаш не сум го рекла за да звучам кул. Напротив наидувам на многу спротивни мислења и многумина ми тупат над глава, ме препрашуваат. И што ни е гајле за другите ? Секој за себе најубаво си знае. Пс. За сармите. Постојат посни сарми и моите пријатели вегетаријанци ги обожаваат. (Јас послабо ги јадам). Ако се спомене сарма, мусака и сл. не значи дека има месо или соја внатре. Има и многу други начини на подготвување на храната.
Епа тоа е веќе друга приказна. Едно си мислела ама сосема 10 работа искочи. Јас не коментирам зошто некој станал вегетаријанец, тоа е право на избор како и се друго, но не ги разбирам оние кои јадат коковчиња, риби, стекови, салами- а се вегетаријанци т.е се изјаснуваат како полу- вегетаријанци, подврсти и слично.
Еве прашање до тие полувегетаријанци- Зарем правите разлика од крава и кокошка? Или поентава со тоа полувегетаријанизам е демек да си олесните на себеси зошто душичката ви сака месо, па као помала грижа на совест имате што сте изеле кокошка зошто не јадете крава? Јас сериозно не сфаќам
Јас не јадам никакво месо. И исто како и тебе не ги разбирам таквите вегетаријанци. Но, мислам дека пилешкото месо е попосно, бело е, и многу полесно го поднесуваат и самиот организам и како изглед во чинијата. Друга причина не гледам. Сепак, не ги обвинувам, зошто направиле голем чекор кон вегетаријанството. Ако им е тешко нека јадат само пилешко. Но, голема е веројатноста и од него да се откажат кога-тогаш. Треба да си даваме подршка, а не да се натпреваруваме кој е поголем вегатријанец.
Дефинитивно во право си за тоа, ама мислам дека они не може да се сметаат за вегетаријанци. Еве дефиниција за вегетаријанство: Вегетаријанство е начин на исхрана која се базира на овошје, зеленчук, житни зрна, јаткасти производи, печурки и семиња, со или без млечни производи и јајца. И сега, колку што гледам, тука не е вклучено никакво месо. И јас си го откажував месото полека, и јас останав на пилешко па само на риба, но тогаш не се нарекував себеси вегетаријанец.
Најубаво е ако наеднаш престаниш со месото, а не сега ова јадам, сега она не јадам.. Но, сепак, ако некому му е тешко нека се откажува постепено. А, луѓето лажат за разно-разни работи, така да и за вегетаријанството. Но, кој лажи себе си се лажи, не тебе. Така да нема што да се нервираш дали некој реално е вегетаријанец или не. Сепак храната тој ја конзумира, не ти.
Точно, ама заради таквите добивам прашања од типот на "Пилешко јадеш? А риба?" . Онака не, не, не, не, не и не. Не е поентата на тоа кој е поголем вегетаријанец, туку или јадеш месо или не јадеш, нема средина. Демек рибата билка е а?
Абе луѓето секогаш прашуваат и препрашуваат. Кој од љубопитност, кој со зајадување, кој со убаво... И мене секогаш ме прашуваат сенекакви прашања, ама тука сум со убаво да им одговорам, а не да се нервирам, да превртувам очи и да се правам паметна. Ако знаеш - одговори. Ако не знаеш, речи - не знам. А, ако ги претерале границите на прашувања дај им до знаење. Не знам зошто се комплицира.
Ќе се умешам јас пак во темава.. Дебативе што ги читам за полу-вегетеријанци пе потсетија на еден мој другар што ми вика: Абе јас не јадам ориз ко тебе (пошто јас нејадам ориз од многу мала) ама сутлијаш јадам.. Епа работава: Абе ајдее!!