Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    23.407
    Пол:
    Женски
    Едно време паузирав со месото поради причина гледав како за нова година се колеше прасе...Толку многу ми се згади,и не само поради тоа некако без причина,од смешка ме фати жал.Неможев да го гледам месото,не пак да го пробам.Не.Но потоа повторно си почнав како за инает.Сепак кога и да пробам месо на некој начин пошчувствувам вина,затоа што јадам мртво живото...подобро кажано убиено. :| А инаку многу ги почитувам вегетеријанците.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Мене татко ми деновиве константно ми вика,дај прашај ги тие твоите,вегетаријанци.Дали не јадат месо затоа што ги сакаат животните или затоа што ги мразат ратсенијата па ги ништат.
     
  3. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас не сум обожавател на месо,едноставно неможам мирисот да го поднесам па не да јадам! Дури ни паштетите,саламите,виршлите неможам да ги јадам. Незнам зошто аман баш ич не уживам во месо така да поубаво ми е да си бидам вегетаријанец ;)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Во издание на здружението „Срце за животните„ од печат излезе книгата:
    Вегетаријански јади - месо заборави: Лекарски советник за вегетаријанци и вегани

    [​IMG]

    Големо браво што им текнало да издадат вакво нешто, јас некни си ја купив(350ден. во трафика), еве од содржината:

    Еколошки аспект на консумирањето месо - меѓусебна врска во промена на климата и јадењето месо; Прехранбена физиологија на вегетар. исхрана: растителни белковини, масти, јаглени хидрати, витамини минерални елементи и елем.во трагови; Јадењето месо нè прави болни; Вегетаријанска исхрана во различни животни периоди: за време на бременост и доење; во детска и младешка возраст; вег. исграна кај постари; Болести поврзани со месната исхрана: кардиоваскуларни заболувања, шеќерна болест, болести на апаратот за движење, деменција, тумори, дебелина, кравјо лудило; Како помага вегетаријанската храна? и тн.

    од задната корица:
     
    На AnimalLover и sofijanoka им се допаѓа ова.
  5. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    ви се придружувам,и јас сум вегетаријанец.. :)
     
    На LadyInTheDark, Gordana10 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Добредојде :)
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Јас не можам без месо, едноставно уживам дури го јадам.Свинско, пилешко, сувомеснато, виршли, паштети абее се се. :rofl:
    Така да вегетаријанец е непознат поим за мене, и така и ќе остане.
    Само не ми е јасно, дали ако престанам да јадам ќе престанат да се убиваат животните и светот ќе застане :?: ?
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Поентата не е дали светот ќе застане, туку поради сопствена совест се прекинува да се јаде месо.
    Не сум вегетаријанка ама најчесто тоа е причината.
     
    На Twinkles и daylight им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Доколку некој не убива или од нечесен стане чесен човек, тогаш поради тоа не значи дека автоматски ќе престанат убиствата низ светот или дека сите луѓе ќе станат чесни, но тогаш си чиста пред себе си и пред законот. Во случајот со животните, мислам на законот на причина и последица, што човек сее тоа ќе жнее или како вели насловот на една добра брошура Убивањето животни е смртта на луѓето.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Јас ретко јадам месо (само салама во пица јадам). Инаку се држам до растителната исхрана. :)
     
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    !! :rofl:
    Извинете, морав.
    Поздрав до сите вегетаријанци.

    Искрено јас би сакала да сум вегетаријанец. Пред некое време се занесував, не јадев никакво месо можеби 3 месеци. После долго убедување дека месото е добро и дека јас сум сеуште во развој и морам да јадам месо, почнав повторно.
    На почетокот ми беше тешко да јадам месо.
    Жал ми беше. Стално мислев на животните, се некои лоши слики. Имаше и гадење дури..
    Сега некако се управив.
    Избегнувам месо. Не јадам многу често, дали еднаш до два пати во недела. Се надевам конечно ќе можам да се откажам. Секако по моја воља да е.. Не би сакала да сум под притисок на родителите за да јадам месо.
     
    На sofijanoka и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Долги години (5-6 сигурно) бев вегетаријанец. Потоа бидејќи почнав професионално да се бавам со спорт ми беа потребни тие животински протеини и морав да убацам бело месо и риба. Сега, кога веќе не сум во професионалните води (едноставно се повлеков од зборот на П) вежбам за себе и вежбам јога-се вратив на вегетаријанството. Веќе од зимото тоа е така. Инаку во јогата не е принудно но се препорачува да си вегетаријанец. Може да се рече дека повеќе сум Фрутаријанец, него ли вегетаријанец, но тоа е променливо во зависност од тоа колку напорен тренинг би имала во денот.
    Предностите како човек кој не јаде месо се многу. Нормално, се зависи од организмот-но мене дефинитивно повеќе ми одговара вака. Зборам од аспект-не полесно во стомак, туку највеќе за кожата. Плус јас имам толку осетлива кожа што било што пржено или што содржи било какво масло (а во последно време и маслиновото) ми смета и се исфрлам. Сега се преродив повторно :)
     
    На makedonkamak, Gordana10 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  13. Poison.Tree

    Poison.Tree Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Не јадам месо еве скоро пола година, причината е многу едноставна - сфатив дека е многу погрешно да се убиваат и јадат живи суштества, кои сме ние да им ја одлучуваме судбината? Криво ми е што не го сфатив ова порано, што немало кој да ми каже - еј, освести се, преиспитај се што јадеш(имам 24 години btw).

    Многу ме иритира кога некој ќе ми каже - јас многу ги сакам животните ама не можам да престанам да јадам месо...ова ми е толку несфатливо што не можам ни да го коментирам.

    Се образував со многу документарци(food matters, vegucated и многу други), почнав да се хранам здраво, пијам многу џусеви и си правам smoothies со спанаќ, банани, праски, јагоди...се што ќе ми текне. Јадам ориз, компири, си правам чорби, грашок...и морам да ви кажам дека се чувствувам многу подобро. А за протеините не се секирајте, ги има во мнооооооооогу други работи.

    Вегетаријанец не се станува туку така, треба да се сфати главната причина прво - убивањето на невини животни на кои животот им поминал без да видат бел ден, па после поради други здравствени причини. Никој не мисли на нивното патење кога купува убаво спакувана салама или паштета...ignorance is bliss ;)

    https://www.youtube.com/watch?v=es6U00LMmC4
     
    На Дугокоси Швалер, DirtyQueen, angela1312 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Баш така, кој само страв го претрпуваат животните, ама кој ги прашува затоа тоа е така.Имаше една мисла интересна „ со самото јадење месо, човека ја поприма енергетски и сета таа болка која ја чувствувале животните, само за човекот да биде сит“.Вака нешто беше, отприлика.Скоро видов едни слики на нет, се ужаснав, а не дека немав видено.Страшно што животните доживуваат.
     
    На sofijanoka и makedonkamak им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    67.472
    Три години не jадам месо. Прекинав оддеднаш. На почетокот ми беше малце тешко, дека бев навикната на таквата исхрана, но кога се сака сѐ се може. Сега воопшто не ми фали, напротив, се чувствувам многу приjатно во своја кожа, не носам ничива смрт на совест.
     
    На Дугокоси Швалер и sofijanoka им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    23.407
    Пол:
    Женски
    Јас веќе месец-два не сум пробала никакво месо освен риба.Не ни планирам да пробам.Веќе се соотавив во групата на вегетеријанци,поточно песковегетеријанци.
    И,не ми зборите дека нема никаква поделба кај вегетеријанството бидејќи има.Ако се прашувате зошто ги делат кокошката и рибата тоа е најверојатно затоа што се поздрави,и можат да станат неопходни за некои организми.Иако,кокошката и не може да се оправда многу...
    Но,на пример мене ми е потребно Омега 3,и сакам на природен начин да внесувам.

    Сега како сакате мислите,ова е моја лична одлука и не може никој да ми ја смени. ;)
     
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Јас многу, многу ретко јадам месо и месни производи. Повеќе сум на овошје и зеленчук и рибата како составен дел од мојата исхрана.
    Планирам во иднина и јас да станам дел од групата вегетаријанци.
    Тоа убивањето и изачувањето на животните е само немање совест и свест кај луѓето.
    Со оглед на месото и месните производи кои се пласирани на нашиот пазар, можам слободно да кажам дека тоа и не е воопшто здраво месо, туку жива болест. Не се знае ни точното потекло на месото, а не пак за квалитеот да зборувам. Се е сведено на заработка и профит, а здравјето на луѓето кои ги конзумираат тие продукти е најмалку важно. Така да, изборот е сепак наш. Треба однапред да се мисли што внесуваме и каков начин на живот водиме. После да не биде касно за некои работи.
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ретко јадам месо и месни производи.Но, не се вбројувам во групата на вегетаријанци.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ок се е тоа убаво и е за пофалба, ама како се нарекувате вегетријанци ако ви е жал за свињата што ја убиваат, а не ви е жал за рибата. Пак тука се работи за живо суштество.
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Poison.Tree

    Poison.Tree Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Вегетаријанец во права смисла на зборот не јаде ниту риби и други морски животинки така да не генерализирај. Некои се вадат на тоа дека нема од кај да внесат омега 3, ама ако се едуцираат малце ќе сфатат дека има, прост пример ореви.
     
    На sofijanoka, makedonkamak и Gordana10 им се допаѓа ова.