Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Natasa999

    Natasa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    вегетаријанка сум и баш ми е убаво неможам да замислам да јадам месо :puke: одвратно ке колат животни за што само да се најадат едни луѓе нека се колат меѓу себе и нека се јадат мразааааааааааааааам месоооооооооооооооооооооооооооооо :@
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    По некоја случајност сум се родила да живеам меѓу месари :rofl:
    Месото не го сакам со исклучок на пилешкото и рибата ..ама само затоа што некогаш се мора :|
    Инаку не сум голем фан на јајцата ретко ги јадам ..млекото , јогуртот исто :tmi:
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Уште кога сум била мала не сум јадела многу месо сум јадела само пилешко, плескавици, салами и паштети, ама има 4-5 години кај што престанав и то да јадам , ги сакам животните и жал ми е за тоа што ги убиваат ама не беше таа причината за да престанам да јадам месо, едноставно не ми е убаво, се случило еднаш годишно да каснам риба. Сум немала проблеми со крвта и имам високо железо. Секој има право да одлучи како ке се храни, само ме нервират луѓето од лудило што сакат да станат вегетаријанци, демек му било жал за животните или сакат да се хранат здраво а скришно јадат месишта.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Има одредени аминокиселини кои ги има само во месото а неможат да се внесат по вештачки пат а се неопходни за човечкиот организам.
    Избор на секој, ако сакаш јади ако не сакаш не јади месо. Јас и не сум некој голем зависник од месо за разлика од маж ми :) кој неможе да замисли ручек без месо. Мене дај ми риба, салати, тестенини....абе женско што да правиш
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Веќе долго време сакам да сум вегетаријанец, пробувам, ама не можам да се најадам.......!
    Кај и да е, ќе биде и тоа, затоа што во месото кое што го купуваме, има еден куп хормони, и 300 чуда, кои се штетни!
     
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    после ова мислам дека нема што да се дискутира! вегетаријанка сум неколку години и се каам што порано не сум се одлучила на овој потег. уживам во секој оброк без грижа на совеста дека некој умрел заради мојата ненаситност!
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Значи сите што јадат месо на светов патат од депресија?
    Благодарам на ова просветлување, така многу работи ми се разјаснија...
    |( |( |(
     
    На JuLleE и Tedy.Bear им се допаѓа ова.
  8. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас никогаш нема да бидам вегетаријанец, оти обожаваааам месооо :D
     
  9. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    За месо не праам проблеми можам и без него,али јајца,млеко и млечни производи?! Па основа се на секој рецепт бре.Би била вегетаријанец под услов да јадам риба,млеко и јајца :D Веганството и вегетаријанство не е исто,Веганот е далеку построга форма ,исклучок на се ама баш се што е од животинско потекло и мрснотии,а оваа вегетаријанството дозволува по малку јајца млеко и немасно месо,значи битно е само да нема масти.Па и не е толку страшно како што изгледа :D
     
  10. Antonij

    Antonij Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Преферирам посни јадења. Не дека не јадам месо но преферирам кога гравчето е посно, кога супата е посна (без месо) итн.
    Од животински продукти сум пак зависен. Пијам млеко, млечни продукти, јајца, мед и сл. Мислам дека вегетаријанците не би требало да си ги забрануваат продуктите од животните како јајцата, медот и млекото. Со тоа никој не го убива животното. Кокошката како и да е ќе го снесе јајцето, никој не ја тера со сила :) . Кравата е штетно ако не се молзе, пчелите како и да е го прават медот. Никој не ги тера.
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А кој рече дека си ги забрануваат?
    Вегетаријанците не јадат МЕСО, а не сите животински продукти.
     
  12. Antonij

    Antonij Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Има и такви кои не јадат.

    Извадок од википедија : “Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови[1]). Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот.“
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Има такви кои не јадат само месо и риба, друга група која не јаде месо, риба и сите други продукти од животинско потекло, а има и такви кои јадат само зеленчук и овошје, ама според нивните вегански верувања не смеат да ги кинат овошките од дрвото, за да не ги боли нели кутрите овошки, |( па чекаат да паднат на земја па потоа ги собираат и јадат. :^) |(

    Добро, колку треба да си глупав и да веруваш во ова? И да го правиш?

    Се' уште тврдам дека неконсумирањето на месо може да повлече голем број здравствени проблеми, косопаст, псоријаза, перутење на кожата, промена во тенот, да не зборуваме за крвната слика или расположението на човекот.
    Никој не вика да се преждерувате со месо. Балансирана исхрана , односно од се' по малку е идеална за човекото тело.
    Живо ме занима од што точно вегетаријанците и вегани кои покрај нели месо и риба не конзумираат ниту млеко, јајца и масло НА КОЈ НАЧИН ЈА ЦРПАТ СВОЈАТА ЕНЕРГИЈА? Од што точно добиваат енергија, од краставица и скапано јаболко паднато на земја?

    Дај ве молам, не ја тупете со помодарство од запад.
     
    На NovusOrdoSeclorum, PaLaVa, hristinnnna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанците не би требало да јадат јајца, затоа што од јајцето се испилува пиле, па се смета исто како да повредиле животно. Млеко и млечни производи јадат.
    Не сум вегетаријанец и не би се откажала од јадење месо, зашто тоа е сепак во нашиот природен синџир на исхрана. Ги сакам животните и не оправдувам нивно убивање за бунди, чевли и ташни, но сепак јадењето месо е наша потреба.
     
    На JuLleE и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Не сум љубител на месо. Но веќе две три недели немам месо во уста ставено. Откако видов неколку фотографии, колку и да сакам да ставам месо во уста - не можам. Ми се лоши, самиот мирис почна да ми смета. Едноставно гадно ми е кога го гледам.
    Сликите содржат вознемирувачка содржина
    (не ми е целта да започнувам кави, да провоцирам и сл. само наведувам причина)
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ако си 88 родена, значи имаш 22 години и мислам дека си доволно возрасна да донесуваш свои одлуки, па не може мајка ти со сила в уста да ти пикне месо ако ти се решиш да си вегетаријанец. :^)

    Инаку мое мислење на темава.
    Јас обожавам месо и за ништо не светов не би прекинала да го јадам. Не прави разлика моето нејадење, кога 80% од луѓето во светот јадат месо. И стварно, извинете ама, глупост ми е што некои викаат дека имаат душа, да не јадеме |( .... Ете таква им била судбината да речам, на човечкиот организам му е потребна таа храна.
    Сум против убивање на животни за некои фуфици да си прават бунди од кожата, ама го јадам месото, го обожавам и тоа е. Риба :inlove: Свинско, телешко, јагнешко, пилешко, мисиркино, све.

    И глупаво ми е на тие што општо организмот не им поднесува месо, значи не го јадат од што не им е убаво, да ми се декларираат како горди вегетаријанци и притоа да ги осудуваат тие што јадат месо.
    Малу морген. Биди обожавател на месо, и откажи се од него, е тогаш биди горд на себе и слободно наречи се вегетаријанец.

    едит: Ептен се накурчив на темава, аманте бе не прајте се толкави светици :@
    Во ред тие што не можат да јадат, ама тие што можат и се откажуваат поради душата на животното??
    Значи отров сте луѓе. |(
    Жал им било за душата на прасето и кокошката, а за душата на дечињата што немаат што да јадат и молат за леб на улица, не ви е жал? Абе ајде. |( Чудна работа.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Значи вегетеријанците се луѓе кои не јадат месо, тие ги сакаат животните и затоа не го сакаат месото и повеке практикуваат зеленчук и овошје што значи дека му ја јадат храната на животните :D не е важно да си надоврзам замене.
    Уште од мала не јадам никако месо, не дека сум вегетеријанец ама јадам само салама, пилешко и мелено месо(кебапќиња, плескавици...), останатото не можам да го јадам не ми е убаво :)
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.548
    Lacrimosa не се правиме светици или не знам што, поентата е јас нема да умрам ако не јадам месо а за да го јадам мора да се убие живо суштество и тоа кај мене предизвикува жал таква сум од како знам за себе едноставно премногу ги сакам за да ги јадам, можеби сега за сега само 20% се вегетаријанци ама подобро 20 одколку воопшто. И инаку жал ми е и за децата што се на улица без јадење ама за нив не сум во можност ништо да направам, за жал
     
    На Psychen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе ај дека е жал,жал е за животните ама што да се прави кога тоа е потреба на човечкиот организам и што ќе се најадеш само од патлиџани,краставици и јаболки ? Не го оправдувам тоа што некои го ористат крзното од животните. Е тоа веќе не !! Ама од месото само јадам пилешко и свниско. Зајачко,јагнешко телешко ма не можам да смислам не во уста да ставам. И по рибата не сум многу,многу.
     
  20. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Браво за оние кои издржуваат без овие продукти :) Јас не можам искерно и мислам дека никогаш не би успеала да станам вегетаријанец :) . А и слики да гледам нема веза не ми влијае, пак си сакам месо, единствено рибата не ме привлекувала никогаш :)