Човекот нема потреба од месо, само мисли дека има потреба, што е различно од мисла до вистинска потреба.Како човек ќе го програмира својот организам, така ќе си тера.Кога ќе е поважно здравјето, не се ќе се внимава, што се јаде, човек може да издржи и без месо, само ако сака.Воопшто за било што во исхраната или пијалокот, ние луѓето мислиме, ама само мислиме дека стварно ни е потребна храна, а не дека самиот организам има потреба од тоа, затоа и треба тука да се согледа разликата.Мислам и дека не ни треба да се води човек според тоа што некаде е запишано, како потребно, туку да се слуша себе си, оти сепак самиот тој е оној кој го држи здравјето во свои раце, бидејки и многу зависи од тоа што ќе одлучи да јаде или пие.
Со тоа мислев да кажам дека мислењето дека е не треба да убиваме животни за да јадеме е грешно. Човекот е сештојад и е во неговата природа да убива животни за да ги јаде, акој не сака, немора да јаде месо, но не треба да им кажува на другите да не го јадат, тие смо ги следат своите природни истинкти.
Да беше човекот создаден за јадење месо ,ќе можеше самиот со голи раце да го улови и убие пленот.Немаме остри заби и силни канџи за ловење.Нашиот систем за варење е сосема различен од тој на месојадните животни.Заради тоа месото прави штета на организмот.Ги убиваме животните и тие не убиваат нас.Сите корисни материи се достапни во растителната храна.
Еве некои докази дека луѓето по природа се сештојади 1 Стоматолошки структура. Нашите заби еволуирале да јадат и месо и растителна материја.Доказ за ова се песјаците што ги имаме со намена да кинат месо 2.Варење. Ние сме во можност целосно се извлечеме хранливите состојки од повеќето растителни и животински извори. Исклучоци вклучуваат целулоза и хитин . 3 Студии за приматите. Други примати , нашите најблиски роднини , исто така се сештојади . Оваа листа вклучува шимпанзата, орангутаните и горилата . 4. Хранливи материи. Строгите вегани мораат внимателно да ја бираат нивната храна со цел да се обезбеди целосна исхрана. Во современиот свет , ова е релативно лесно, но пред неолитот, кога бевме пред ловци-собирачи , тоа би биле од витално значење да се соберат исхрана од каков било извор е на располагање, животинско или растително . 5 Археолошки докази . Докази од нашите најрани предци укажува на тоа дека ние сме секогаш сме консумирале месо. Овој доказ вклучува коскени докази од фосилите на првите луѓе.
Зошто сум многу многу многу против убивањето на животни. Види вака... сите други живи суштества на овој свет убиваат за една цел - да преживаат и да се нахранат. Океј, да речеме дека и ние некогаш сме го правеле тоа. Го оправдувам сосема. Ни се прилагодил организмот на месото за да можеме да преживееме. Ама знаете како човекот во далечното минатото се хранел со месо? - Кога ќе успее да улови. Ретко и дури милосрдно би рекла - со еден убод, удар го усмртува пленот, кој има шанса да се спаси. ОВА НИКАКО не се споредува со тоа што се случува денес. САМО ЧОВЕКОТ е тоа монструзно суштество кое за задоволство (велам задоволство бидејќи може да лови и може да се храни со растителни производи) не ги убива, туку ги измачува, ги осудува на целоживотна болкааа, во тесни кафези, ги размножува, па на малите пилци им ги сечи клуновите (немало место па во тој тесен простор станувале агресивни пилињата - замисли!), ги буцаат со хормони и било какви други хемикалии за да бидат попривлечни за човековото алчно око.. и да не набројувам уште милион други болни практики кои не се створени за ништо друго туку на нашето човече да му донесат повеќе профит и повеќе храна без да има потреба да мрдни со газот, а ИРОНИЈАТА, на крај тоа ќе не убие!
Јас лично јадам пилешко и риба од месо затоа што почнав со фитнес после многу зеленчук и овошје ,така си одлучив дека ми одговара веган незнам дали ке бидам во иднина ништо не се знае ,некои се прашуваат како веганите се одлучиле да се вегани , е па според мене тие се љуѓе со јак карактер и и духовни луѓе ,пазетесе од вакви луѓе ако одлучат можат да го остават и брачниот другар се шалам.
Veke 8 godini sum na vegeterijanska ishrana I mozam da kazam deka imam jak imunitet,I poveke nemam problem so visok na kilogrami, mnogu polesno mozam da si ja vratam idealnata tezina. Taka planiram I da prodolzam
Вегани, дали може да ми препорачате замена за кашкавал? Оној што стандардно го продаваат како посен кашкавал содржи млечни протеини.
А дали знаеш колку е пореметен еко системот од огромните плантажи со растителна храна, како и пестицидите и отровите кои се користат на растенијата колку птици и глодари и останато исчезнаа или се во загрозена фаза баш поради ова овде кај нас?.Дали знаете дека со секое миење раце со сапун( детергент) се труат риби. кај оди канализацијата и отпадните води у секој град? Дали можеш да претпоставиш дека ако сите луѓе станат вегани сите животни ке бидат потиснати загрозени или ке нема територија кај да живеат? Индиректно масовно се уништуваат цели видови, не е се така сјајно и да се биде веган самата популација на луѓето на планетата е огромна и ова е единствено решение. Така да не се лажете дека ако сте вегани дека атоматски сте ,,Невини" или не сте убијци.
Тоа што се случува, е катастрофално. Јас во ниту еден момент не ја потценив шетета настаната од други извори. НО, за разлика од тоа што ти го зборуваш, што се согласувам и треба конечно да се превземат мерки (ГИ ИМА ама никој не сака да ги почитува зошто производството ќе биде многу мало и профитот нема да биде голем.) ова што се случува во меснато производство и индустријата за производство на кожа, крзно итн. е од многу други причини изопачено. Прво, ние сме ги размножиле тие животни, во наши услови, им ја променуваме природа, им изиграваме БОГ, ги мачиме, нанесуваме СВЕСНО БОЛКА НА ДРУГО ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО. Значи тоа е исто како некое друго суштество кое е помоќно од нас, да го прави тоа на луѓето. За загадувањето со тебе сум.Но да споредуваш како за животните ќе биде лошо ако сме вегани - те молам НЕМОЈ. Ги сакам животните, но во природата постојат закони. Еден од тиа е дека ќе преживеат они кои најмногу можат да се прилагодат. Така било од почетокот на првата клетка. Пример: првите прокариотски клетки кога излегле на површината на океаните и почнале да произведуваат кислород - за многу други келетки растот на нивото на кислород во атмосферата значело - смрт, истребување. Поентата ми е дека, ако се намали бројот на животни и можеби некои видови ќе бидат истребени - во ред. Тоа е природен процес. Нема да бидат мачени или да страдаат. НО, некој да ги размножува за мене, да ги мачи и на крај да ги убива - ТОА НЕ. Затоа подржувам веганство.
Jas iskreno mnogu retko jadam meso. Ne sum vegetarijanec, ama se trudam vo sekoj pogled mesoto da go izbegnam. Ne ziveam vo Mk, i iskreno da vi kazam mi e premnogu strav od site tie hormoni vo pileskoto meso a i bog znae kako gi pravat site tie drugi mesa vo marketite hahaha. Eve eden link, cisto informativno bas sega go citav. Mojot izbor za konsumiranje sto pomala kolicina na meso e cisto zdravstvena pricina. http://www.fitday.com/fitness-articles/nutrition/healthy-eating/are-you-eating-too-much-meat.html#b
Мило ми е што донекаде ме разбра, но не разбирам каков е тој природен процес каде човекот се умешал и направил хаос во животната средина? Јас само сакам да кажам дека за да се произведе растителна храна(веганска) индиректно страдаат животни, еве ке спомнам примери: житото го прскаат од паразити, нема паразити нема храна за некои птици, у меѓувреме ке се отрујат некои животни кои ке јадат од тоа жито пред да падне дожд . За зеленчукот и овошјето да не правиме муабет иста приказна. За производство на какао и зеленчук се уништуваат амазонските шуми и сите животни во нив. Животното вака се мачи повеќе од отровот кој му го јаде желудникот до неговата смрт. Не е можно да се задоволат потребите од растителна храна во овие времиња ако се сите вегани, освен секако ако не јадете зеленчук од пластика а животните секако ке страдаат многу повеќе и да не бидам се контра, те подржувам за изопаченото неприродно месно производство.
@Lefk Точно е тоа, зборувам за природни процеси на изумирање на животни што се производ на немањето доволно храна или пак променетата клима или намалувањето на средините во кои што живеат голем број животни(бидејќи човекот колонизира се повеќе површина и ја трансформира во урбана или индустријална.) Јас сум за да се произведуа органска храна и се трудам, колку што ми дозволува финансиската состојба(што е многу малку од тоа што јас би сакала да можам), затоа што сето горе што ти си го набројал е најголема причина и за сите денешни т.н модерни болести и секако индиректно за прерана смрт. Не засега нас луѓето, колку што го засега и животните. И сфаќам дека вака или така популацијата е пребројна, да не зборуваме за работните места што ги имаат милиони и милиони луѓе ширум светот во овие индустрии, кои доколку се затворат ќе останат без работа. Но што е тогаш решението/? Каде е балансот?
Моментот кога велиме дека ги сакаме животните особено малечките бидејќи се многу слатки, а сепак ги јадеме како јагнешко, телешко, прасечко и тн. : (за разлика од секојдневната исхрана на многу луѓе за среќа станува збор само за торта)
Инаку денеска гледам се повеќе луѓе излегуваат со тези дека веганска и вегетаријанската храна го продолжувале животот, најздрав начин на исхрана бил и лугето демек не биле програмирани за јадење месо и останато.. Порано одев често на село и сум слушал илјада стории за луѓе кои живееле до 100 години(било нормална појава)мојот прадедо бил без нога ја загубил во војна и сепак живеел 96 години јадејки си го омилениот кајмак од овчо млеко .Луѓето јаделе нонстоп свинско, телешко, јагнешко, користејки исклучиво животинска маст, никој незнаел што е тоа рак и за чудо ни малку дебели и подвижни до последен здив, така да на денешницава нешто друго и фали-мозок за размислување ( а не индиски ореви и мллеко од соја.)
Јас сум вегетарјанка и тоа не по моја вина, туку по вина на организмот. Од мала мајками ми правела стално манџи приготвени со месо( телешко,свинско и пилешко). Секако додека не разбирав. Сега по толку години мојот организам не поднесува месо(освен риба и кокошка). Не дека не сум пробала,туку (со извинение) безуспешно повраќам. Сите дома јадат месо а и никој од мојата фамилија и пошироко не е вегетарјанец,па така ми е тешко да се прилагодам. Кога мајками готви се со месо или еднаш во месецот ќе се смилува да ми направи јадење без месо. Тешко ми е кога отидам на гости а само месо принасаат. Да, можам да го гледам месото но не и да го допирам и јадам. Со ножовите мајками кога сече месо кога гледам за да го готви после ги мие а јас по неа уште 3 пати. Слично е и за нова година и 1 мај кога сите сакаат мноооогу месо а јас само барам вегетарјански јадења да се купат. Тешко ми е кога замислувам како некој јаде месо и во истиот миг си го замислувам животното . Со ова несакам да ги навредам оние што јадат месо,но си напишав еден вегетарјански став.