Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Не можам и не сакам да се објаснувам со оние кои не се Вегетаријанци и секогаш како да имаат нешто против. И нонстоп само ми даваат некои си нивни причини зашто да се јаде месо..бла бла. И секако на оние кои не им се допаѓа ова, нека го заобиколат мислењево. Ок нема врска..
    И јас исто како @Minnie 1 сум вегетаријанец веќе бајаги долг период, здраво се хранам и фалабогу немам проблем ниту со тежината ниту со здравјето. Се чувствувам лесно..и убаво :) удобно во своја кожа.
    Ги сакам животните многу, им помагам колку можам, затоа што имаат многу мноогу повеќе чувства за разлика од некои луѓе :)

    #Being an animal LOVER means NOT eating them ! (моето лого)
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    garfield&vegetarianism.gif
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Не дека јадам кој знае колку месо или месни производи, ама вегетаријанец не сум.
    Има да многу бенефити од јадење месо, но и тие што не јадат веројатно си имаат некакви морални бенефити. Така да не мора никој да се кара одма да се тепа. Секој со изборите.
    Јас сум голем љубител на животни, но ете со таква исхрана сум порасната понекогаш сакам да си подкаснам за жал... Ама понатаму се бидува можеби и ќе се решам на ваков чекор.
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не сум вегетаријанец, иако обожавам животни. Дури и да сакам и да пробам да се одвикнам од месо, нема да можам. Од месо јадам секакво, и од мала сум навикната на него. Сепак немам ништо против вегетаријанците. Си имаат право на избор.
    Инаку некои спомнавте дека во месото се додаваат хормони, вештачки работи итн и дека месото не е безбедно. Всушност целата храна што ја јадеме не е безбедна, дури и овошјето што го садиме во двор.
    Семињата можеби се ГМО, водата со која се полеваат растенијата може да содржи секакви паразити, исто така се загадува и почвата. Или пак ако не ја измиеш салатата како што треба, може да се закачат јајца од паразити. Што значи денес ниедна храна не е безбедна.
    Инаку (како што знам) кај повеќето хербивори, постои ензим кој може да ја свари тревата и целулозата кај растенијта. Додека кај човекот тој ензим го нема. Можеби и грешам сепак
    Ама крај крајова во некои места каде што има есктремно ниски температури, не можат да опстојуваат одредени растенија, или почвата е замрзната, луѓето мораат да се исхрануваат со месо.
     
  5. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    za mene vegetarijansvoto e ok,jas i ne jadam mnogu crveno meso ama sakam pilesko,riba i morski plodovi.mnogu e bitno da se hranime zdravo da vnesuvame povekje ovosje ,zelencuk da go isklucime od ishrana rafiniraniot seker i ke se cuvstvuvame poubavo i ke bideme pozdravi.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Можам да се откажам од било која храна, ама од месо и млечни производи нема шанси.Ретко да ми помине ден без месо, или павлака.Чајна, кулен, врат, стек, домашно свинско имаме во секое време и павлака највеќе од млечниве, паштети и виршли поретко јадам, салама скоро ич.Јадам и риба, зајачко и мисиркино, телешко, јагнешко, морски плодови не јадам.
    Пробав да постам еднаш, за 3/4 дена, и имунитет ми падна и омалаксана бев, кога ја држев УН се онесвестив зашто имаше протеини само еднаш во 4 дена.Жал, не жал за животните побитно ми е јас да не припаѓам по улици.
     
  7. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Разбирам да си вегетаријанец од причини што според крвната група имаш потешкотии со варењето на месото и ти прави проблем (како што мене ми прават тестенините), е ок и сфатливо.
    Не можам да ги смислам оние што мешаат вегетаријанство со љубов кон животните. Демек ако ги сакаш животните нема да ги убиваш за да ги јадеш.
    Јас обожавам животни, хранам улични кучиња/мачки whatever. Ама некои да ми продава причи дека сум убиец, зошто јадам месо, може само да добие една шамарчина од мене.
    Природата е создадена на таков начин, да и истите тие животни за да се прехранат јадат други. Демек ние сме луѓе со свест? Да, ама што правиме со тоа што на 0 крвна група и е потребно месо за да преживее? Или демек животните нема никому ништо лошо да направат. Излези му на гладен волк, па да видиме дали ќе ти се сожали и ќе те остави да си живееш.
    И на крај ако толку ги сакате животните, што им ја јадете храната :D

    Вегетаријанство со љубов кон животни нема благе везе.
     
    На Lella, christinnn, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    http://m.livescience.com/23671-eating-meat-made-us-human.html

    "human brain development could not have existed without a diet based on regular consumption of meat,"

    Фaктички пишувa декa уште oд пoчетoкoт чoвекoт јaдел месo и тoa придoнелo дa евoлуирaме вo тoa штo сме денес.

    Сoсемa е прирoднo и нoрмaлнo чoвекoт дa јaде месo, не знaм ствaрнo кaкo мoжaт некoи дa ги нaрекувaaт убијци и дa ги oбвинувaaт тие штo јaдaт месo.. Oсoбенo Анимa Мунди и нивните глупи кaмпaњи..
    Сoсемa е oкеј и дa некaдеш oд штo ти е жaл зa живoтните, пoзнaвaм луѓе штo им се гaди oд пoмислaтa кaкo дoшлo тoa месo нa мaсaтa.
    А oвa сo декa требaлo сaми дa гo улoвиме живoтнoтo не држи вoдa.. Чoвекoт кaкo штo евoлуирaл, сфaтил декa е мнoгу пoпaметнo дa припитoмиш живoтни, дa чекaш дa се рaзмнoжaт и дa ги убиеш, oткoлку дa ги бркaш пo шумaтa, дa трoшиш енергијa и дa ризикувaш дa бидеш нaпaднaт..
     
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Абе не направивте забегани ако не сакаме месо да јадеме..
    Јас од брзо време станав вегетаријанец, затоа што ете едноставно не ми е убаво месото и не уживам во него. И така во последно време јадев само пилешко месо, и тоа многу ретко.
    Вака ми е сосема ок. Го почитувам и веганството многу, но мислам дека не би можела до тој степен да издржам, можеби во иднина, сега вака за почеток ми е супер :) (највеќе не би можела за кафето со млеко што го пијам 3-4 пати во денот :rofl: )
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Не јадам месо веќе неколку години.Се откажав сосема од месо кога видов животно спремно за колење во едно село.

    Самото откажување од месо не ми беше толку тешко колку што ми беше тешко да се справувам со идиоти и нивните прашања од типот:
    "А сега со што се исхрануваш" или "Ако толку ги сакаш животните тогаш зошто им ја јадеш храната" , "Животното ионака е веќе убиено" :headbang: :headbang: :headbang:
    Ваквите прашања мислам дека не ни заслужуваат одговор.

    Не јадам ниту риба ни пилешко,бидејќи и рибата и кокошката се живи суштества.
    Јајца и млеко само ако начекам домашни,а не индустриски од крави и кокошки кои не виделе сонце.

    И незнам зошто некои се згрозуваат од тоа што во Кина убиваат и јадат кучиња,мачки кога тие истото го прават со прасиња,крави,јагниња...Навистина не ги разбирам,бидејќи сите животи имаат иста вредност.
     
    На Дугокоси Швалер, kim.k и Oscar Lady им се допаѓа ова.
  11. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    :clap::clap::clap:
    Isto i jas :) Ne im se zamaram i ne gi zabelezhuvam onie koi mi "prefrlaat" za toa zashto ne jadam meso.
    Moj zhivot ,moe pravo, kako sakam taka kje go zhiveam.
    Ne se umira bez meso. Aman.|-):^)
     
    На Miss666, joy1 и Аliсe им се допаѓа ова.
  12. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    А дали некогаш си размислувала колку е тешко производството на растителна храна и колку човечки жртви и животни страдаат за да ти бидеш веган? Имаш ли замисла колку многу се уништуваат живеалиштата и шумите на животните ради земјоделските површини? Потоа сите денешни модерени препарати што се употребуваат, инсектициди, пестициди,отрови, канализацијата, депониите, дури и кога вршиш хигиена влијаеш на еко системот пошто све е вештачко и отровно. дали знаеш дека некои луѓе секојдневно умираат и букваллно се робови во некои сиромашни земји само за некој да ужива во банани и кокос? Зашто не ставете во главата дека на земјата нема услови односно нема доволно почва и вода за да се обезбди храна од растително производство а камо ли да се мисли на заштита на некои животни, ама чекај само мачето и кучето се животни.. Глупаво лицемерие.
     
  13. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    А,животните не ги хранат со хемикалии?Не се користи вода и храна за да се одгледа едно животно?
     
  14. loveandpassion

    loveandpassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Со тоа што храниш мачиња и кучиња ти си сфатила дека сакаш животни? А прасето не е животно? Кокошката не е животно? Кравата? Итн. Не ги сакаш ти животните ти ги сакаш само мачињата и кучињата и си премногу себична за да можеш да ги сфатиш вегетаријанците, уствари треба да почуствуваш емпатија за животното кое страда за ти да го јадеш, емпатијата треба да биде нели вообичаена човечка особина но за жал се претвори во премногу ретка емоција ради примитивната свест на луѓето и задоволување на сопствените потреби а од друга страна и парите се побитни нели? :^)Светот од храната со животинско потекло направи билионски бизнис и тешко некој да го запре тоа, но вистинските љубетили на животните, оние кои вистински сочуствуваат со животните се трудат да направат една пропаганда која за жал тешко може да биде прифатена од себичниотсвет гладен и страден само за своите потреби!
     
    Последна измена: 3 септември 2015
    На Аliсe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
     
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^^ О, ајде зборувај ни за бизнис. Низ годините луѓето биле вегетаријанци, и на некого му светнало дека може да направи пари од храна од животинско потекло?
     
  17. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    И мене ме заинтригира како прават светските food корпорации пари кога ловам риба и ја јадам. Или кога убивам дивеч во планина и го јадам. :D
     
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @NovusOrdoSeclorum или евентуално, оние орудија што ги гледавме во учебниците, како напредувал човекот, како ловел, а парите не постоеле како поим?!
     
  19. loveandpassion

    loveandpassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Аха значи човекот кој има способност да размислува и да сочуствува го споредуваш со животно,мислам дека самата си даваш дефиниција за себе а ко призна пола му се простува.

    А јовановска ти сериозна си со прашањево и мислиш дека нема бизнис со хранава?
     
  20. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе премногу сурово за племенитата животинскољубна душа на @loveandpassion :D