Па да баш тоа и го спомнав во погорниот коментар примитивната свест и човекот од примитивната доба... ти текнуе?
@loveandpassion страствена, не ми одговори зошто им ја јадеш храната на животните кога толку ги сакаш. Остај ја мојата суровост и примитивизмот кој го содржам.
Да, ова е форум и секој може да си каже што сака, ама не сфакам зошто вегетаријанство се сфака ребелинг. Гледам по интернет, не јаделе месо, ама јаделе само пилешко. Или од голема љубов за животните, престанала да јаде место од фарми каде ги малтертираат животните и сега е вегетаријанец. Или јадеш или не јадеш. Повеќе од 20 години не јадам месо од животни, птици, водоземци, инсекти, риби и се друго што мрда само, пред да стане храна. И јадеа некаква скара и дечко ми вика ќе јадеш, и после дебата велам во ред, значи најмало парче, најпрепечено што може. И оп другарка ми. Ете не си вегиталијанец. Јадеш месо. Ок, не сум. Нека не сум, Што ми е важно како ќе ме нарекуваат. Нека сум и месојад 356 денови, помножено со 20, и поделено со 10 грама пилешко, признавам. Месојад сум Ако некој јаде само риба/пилешко, а се смета за вегетаријанец, ок. Ако тоа го прави среќен и го исполнува
А мислите дека само волкот може да ве убие? И мачката може да ве убие, да ве нападне, на спиење да ве удави. И кучето може да ве убие, да ве угриза, да збесне, да искрвавите до смрт, итн. Човекот ловел и ќе лови, тоа е синџир на исхрана. Не знам од кај тоа дека човекот бил вегетаријанец се додека некој не почнал да прави бизнис со храната. Човекот ловел многу пред првите ковани пари, а па да не правиме муабет за бизнис. Профитот во прехранбената индустрија е друга тема. Инаку, не сум вегетаријанец, јадам месо и производи од животинско потекло и баш убаво се осеќам. А и пивото после мрсно најубаво легнуе.
Не е проблемот во месото туку во начинот на кој се приготвува и тоа што нам ни се продава. Сувомеснатите производи ми се ѓаволот лично. Обично јадам само пилешко и риба, свинско многу ретко. Не чувствувам толку потреба за месо, а има и некои кои пример не можат да си замислат оброк без месо. Во врска со животните, не знам што да ви кажам. Убаво е што сте толку хумани и добри спрема нив, ама да можете ќе ја убиете кучката што ја мразите и игнорантни сте спрема човековата болка. И сега некои локални наркоманчиња се појавија да ми беседат какво било прекрасно чувството да не јадеш месо. Да бе, Буда.
@Abeja јас го кажав тоа, целосно иронично, како одговор на коментарот пред мене. Факт е дека човекот е сештојад, таков го направила еволуцијата, таков е неговиот дигестивен систем. Крај на муабетот.
Јас направив еден сплет од тоа што ми падна в очи, иако сега гледам ти на твоето си имала прашалник, а и не памтев точно кој што кажал. Ма да не беше директно обраќање со цитирање, туку индиректно. А ти веган си? Или сештојад?
Мене ми боде очи сета таа голема фама за љубовта кон животните. Ок е, и јас имам куче, отсекгаш сум имала, ги сакам животните, ама повеќе ги сакам луѓето. Ми се гади од луѓе кои упорно се прават хумани и згрижуваат животно, бараат донации, домови. А да ги згрижите бездомниците, да собирате пари за сирачињата и болните деца, м? А не да ги окупирате социјалните мрежи продавајќи хуманост и глумејќи лудило. Па и вегани биле, од жал кон животните .
@Abeja јас сум сештојад. Ги сакам животните и сето тоа е фино. Се додека вегетаријанците и веганите не припаѓаат во несвест, објаснувајќи го мојот карактер, секако во негативна конотација, а врз основа на тоа што јадам јас, не ми пречат. Му текнало на некого дека убивањето на животните за храна било не-знам-каков чин, направил движење, потоа некој додал дека и употребувањето на производите од животните не е фер, сум го прочитала сето тоа, ја сфаќам филозофијата, ама не се согласувам. Фала, пријатно. Постои еден интересен циклус во природата, меѓу многуте, наречен синџир на исхрана. Животните, растенијата, човекот се дел од тоа. И јас сум дел од сето тоа, без никаква грижа на совест, бидејќи јас не вршам тортура над никого, а тоа е нечовечно и нехумано.
Не знам зошто толку се разгорува дебата на темава. Секој си има право на избор, некој од желба, друг од навика јаде, односно не јаде месо.Без навреда, но вегетаријанциве повеќе критикуваат како што видов. Јас обожавам животни, просто не можам да одолеам, на мачиња, кучиња, зајачиња (најмногу) исто така птици, желки и други. Но сепак од како знам за себе, јадам месо и тоа секакво - пилешко, риба, свинско, телешко. Јадам и јајца и млечни производи. И до денес не сум имала никакви проблеми со здравјето. Ретко (скоро никогаш) сум била болна, па и кога сум била, секогаш било со полесни или брзо минливи симптоми. Дури мислам ќе се разболам ако се откажам од месо, уште полошо ако не јадам јајца и млечни производи кои ми се дел од секојдневната исхрана. Едноставно навикната сум. Освен тоа крвна група сум нулта, за која месото е препорачливо во умерени количини. Инаку не ми е мило да гледам на пример убиено животно, или пак сама да убијам. Ако јадам месо, не значи дека јас уживам во убивањето на животни. Дел е од мојата исхрана, и да сакам не можам да се одвиканм Точно дека и во месото се додаваат некои нездрави работи за вкус. Ама ако беше до толку многу и толку беше штетно месото како што ќе читам сегде, јас до сеа три пати ќе умрев од рак. И во природата сите животни не се хербивори. Има и такви кои се само месојади и убиваат за да живеат. Сигурно не може лав кој до вчера убивал и јадел, денес да земе да пасе трева Како да јас лично сум земала пушка и на секој чекор убивам животни. И ајде за месово, ама што толку лошо има во млечните производи, јајцата и медот? Кравата мислам дека не би требало да трпи маки за млеко да пиеме, напротив, ако во неа остане повеќе млекото, може да и предизвика некои проблеми ( не знам точно какви) И за јајцата, во нив пиле може да настане само ако кокошката лежи врз него 21 ден. Ако не лежи, не правиш никому штета ако го земеш и изедеш. За медот па ептен ми е несфатливо да не јадеш. Јас го јадам во палачинки, во млеко, на леб, инаку така да го јадам не можам, многу ми е благо. Пчелите медот го вадат за себе, но медарите го вадат она што е вишок во летниот период. Ако веќе толку се грижите толку за животната средина, тогаш немојте воопшто да користите кола или јавен превоз. Одете пешки или со точак Се загадува нели. Но автобусиве и да одиш со нив и да не одиш, тој пак загадува, но многу помалку отколку 30 коли со кои би оделе тие луѓе кои секој денс е возат со автобус. Што значи не критикувајте, зошто не е само до самите нас тоа што јадеме месо. Зависи и од навиките, самиот организам итн. Секој си има свој избор
Поентата ми е да им докажам на паметните луѓе овде дека и со тоа што си веган, сепак ги загрозуваш, убиваш и малтертираш животните индиректно примери има цел куп, бидејки самиот процес на произведување растителна храна денес прави да е така, а и од секогаш бил таков. Ја незнам како некои луѓе неможат да имат општа претстава за нешто, и да немој да мислите дека го оправдувам модерното вештачко фармерство.
А вие оставете не нас од големото добро утро што не сакаме да јадеме месо Уште не сфаќам зашто одма некој кога ќе каже дека не јаде месо е нападнат. Нит ти го вадам на тебе месото што го јадеш од уста, нити ме интересира твојот начин на исхрана. Не идам по улица да се дерам дека сум вегетаријанец. Единствено ако некој ме понуди со нешто што има месо културно одбивам, и ете ти ја одма реакцијата ''лелеее што ти е што не јадеш месо, па како се прехрануваш ти'' Верувај иритира многу
Не знам колку е тоќно ова со целулозата што читав еднаш ама... Некои овде имаа пишано дека човекот не е предодреден да јаде месо. Забите, желудникот, рацете не се прилагодени како кај месојадните животните. Јас пак имам обратно слушнато - дека кај хербиворите постои ензим кој целосно ја вари целулозата од растенијата, и може да ја свари тревата, додека кај човекот тој ензим го нема. Ако ние јадеме трева, не можеме да ја свариме. Сакам и јас животни, но живееме во време кога тие се принудени да трпат, а ние не можеме ништо И за вегетеријанциве - освен што не јадете месо, немојте да користите шминка која никој со сигурност не гаранира дека не е користена врз животни. Не користете шампони, гелови за туширање, дезодоранси, прашак за алишта. Исто така од дома исфрлете се што е произведено во фабрика - електрика, секаков вид храна, хемиски производи (кои предмалку ги наведов) и живејте така. Со сите тие производи кои се тестираат врз животни, фабриките кои ги загадуваат водите и воздухот, отпадот кој се фрла и ги загадува водите и почвите преку кои исто така се загадуваат и растенијата, се прави огромна штета на животните. Мене не ми е сеедно што е така, но немаме друг избор за да живееме во 21ви век.... Колку и да се трудите да ги спасите животните, тие секогаш ќе страдаат од човечки раце. А и никој не гарантира дека салатата што ја јадете и овошјето се безбедни. И почвата и водата со која ги полеваме растениата се загадени така да.... Сепак пак ќе кажам - секој си има право на избор. И џабе е колку и да се разгорува дебатава, никој не може во нешто да ме убеди да правам, па колку и самата да сакам, ама не можам.
Леле сликава погоре, сериозни сте? Се надевам дека беше сарказам. Ако одиме по таа логика, исто и оние во лабораториите се присилени на некој начин да вршат тестирања врз невини животни, тоа е. Патем, ниту ми сметаат вегетаријанци, вегани и ним сличните, ниту пак сакам да ми солат памет некои од нив во врска со мојата исхрана. Секој сам бира што ќе јаде, па бидете фер и не држете проповеди меѓусебно едни на други. Човекот патем, е во групата на сештојадите, така да, верувам дека не би требало да се говори на големо дека човекот отсекогаш бил предодреден да јаде растенија. Не, не бил и историјата тоа го покажува доволно. Јас не можам да бидам вегетаријанец или веган. Не сум некој преголем обожавател на месо, но не можам да се откажам од него, а и не сакам. Ист случај и со млечните и сите останати производи од животинско потекло. Не можам да си дозволам таков шок на организмот, знам по себе дека ваквата исхрана нема да ми одговара со мојот начин на живеење. Вегетаријанство и веганство не се вид на диета, не зборувам за конкретни случаи од форумот, туку имам впечаток дека некои од мојата околина си ги сфаќаат на тој начин. И тоа е начин на живот, сличен или помалку сличен на мојот. А јас на пример, не можам да „одолеам“ и да издржам, а да не каснам некакво сирење или кашкавал, меса со сосови и така натаму и така натаму. Сакам животни, дома имам безброј миленици, љубам и згрижувам улични животни, но тоа не значи дека по дифолт морам да спасувам златни рипки, коковчиња и што ли уште не. Не ги мачам, не се изживувам врз животни, но едноставно тоа е начинот на мојата исхрана, за мене оваа храна е можеби и од круцијално значење. Ми газат по нерви единствено оние со бубачки во глава, кои на големо проповедаат како јас сум била штетник на планетава и сум требала под итно да престанам да јадам црвено месо, заради тоа што секој ден „страда“ невино животно. А со мојата крвна слика што правиме? Не сакам да се трујам со Ферумлек, да речеме. Не знам зошто си земаат слобода да му се мешаат некому во да речам, животниот стил. Да сакав да бидам вегетаријанец, ќе бев по моја иницијатива, а не затоа што другарка ми или некоја си таму ми рекла дека сум убиец и што ли уште не. А кога ќе се почнат пак со натегања веге Vs. не-веге, ми се повраќа. Никој не треба да се меша во нечија чинија и секој нека си го брка својот начин на исхрана, оној кој го исполнува и му ги одржува духот и телото здрави.
Долго време размислував да станам вегетеријанец, и така не сакам многу многу месо. Но, ми беше слаба крвта и мојот доктор и татко ми(исто така медицинско лице) не ми дозволуваа да престанам да јадам месо. Јадев само пилешко и риба и ептен ретко свинско. Само пилешкото ми беше вкусно, друго се со сила јадев. Од август решив да пробам да се исхранувам без месо најмалку еден месец и да видам како ќе ми е. Па полека, полека од средината на август почнав да се одвикнувам од јадење месо. Официјално од 1ви септември сум вегетеријанец. Да појаснам дека конзумирам млеко и млечни производи и јајца. Сега сакам да се одвикнам од јајца, ама се во свое време. Се е супер си јадам се нормално само без месо. Малце е потешко кога дома прават се со месо, а јас не можам да јадам, ама си правам ориз со печурки или од КАМ маркет тие ќофтињата од печурки и се е супер. Вчера направив поховани патлиџани, предобри беа! Мислам дека организмов полесно ми ја вари храната и дека немам многу надуеност. И јадам повеќе овошје и зеленчук затоа што кога ќе отворам во фрижидер само месишта гледам и си викам поарно јаболко ќе јадам!