1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Девојки како си земате а право да нарекувате нечиј начин на живот глупав или да ги навредувате дека се наметливи, дека ве навредуваат па дури имам слушнато дека веганството е некаков култ !? :^)

    Ако некој ви го пренесе нешто што научил и нешто ви што верува не значи дека целта му е да се направе дека е подобра личност од вас. На пример јас станав веган преку ноќ. Пред тоа и јас бев од оние кои ги сметав вегетаријанците дека се чудаци, што е и нормално за секого со оглед на тоа што така сме учени цел живот. Не ни знаев дека постои веганство.
    На интенет наидов на некои студии и видеа каде се е јасно објаснето дека човечкото тело не е способно да разграде месо правилно итн. итн. и веднаш сакав да разговарам за тоа со секој што ќе го сретнев, а мене беше тоа откритие на годината, се чувствува најубаво до сега, јадам прекрасни, вкусни јадења колку што сакам (и губам килограми притоа) и немам чувство на гадење и тежина после оброк.
    Ако не сте отворени за нови информации кои можеби се судираат со вашето сегашно верување јас (или било кој друг) неможам ништо да направам, ама за оние кои се способни да гледаат и од другата страна го пишувам следното:
    Ако мислите дека луѓето имаат природен инстинкт да јадат животни прашајте се следното:
    Ако на 2-годишно дете му дадете јаболко и пиле- што мислите кое ќе го изеде, а со кое ќе си игра?
    Ако чувате крава или прасе со години како милениче (минувате време со него, си играте, го храните од мало) дали ќе имате срце да го убиете и да го изедете?
    Ако по патот видете теле на ливада на една страна и голема сочна лубеница на другата страна што ќе сакате да изедете?
    Ако сте гладни и ве стават во ринг со крава и овошје- ќе пробате да ја соборите кравата за да ја изедите или ќе го јадете овошјето?
    Месото ќе ви биде ли вкусно ако е само варено без зачини и масло?

    Како прво ние немаме канџи за да ловиме животни, поиздадените заби не се за давење на животни.
    Еве да зборуваме за анатомијата на човекот vs пума vs мајмун.
    Човекот има долг дигестивен систем. Желудникот нема исти ензими како пумата за да може да го разложе месото и да го исфрле брзо. Затоа што нашите црева се 3 пати подолги од месојадците месото се заглавува и може да стои во нашиот организам до 3-4 недели :puke:. Затоа се добива тврда столица.
    Нашата вилица не се дрижи само горе-доле како на месојадните животни.
    Еве тука е поубаво објаснето: http://michaelbluejay.com/veg/natural.html

    Ако почнам да објаснувам за витамини, минерали и како млекото и јајцата не се здрави и зошто ова ќе биде мноогу долг текст па ако некој го интересира нешто специфично нека праша тука или пак во порака.

    И да се повторам пак, и јас бев на ваше место со затворен ум ама пробајте да помислите бар а момент дека може има и друг начин и дека е можеби подобро, научете нешто повеќе за растителната исхрана и после правете заклучоци и мислења за другите.
    Размислете вака, сите сме растеле исто, родителите и мене ме хранеа со месо, наутро не излегував од дома без чаша млеко. И мене докторите ми викаа дека неможеш да бидеш здрав без месо.
    И ми беше вкусно, мноогу вкусно. Не сте се замислиле дека сигурно имаме ГОЛЕМА причина што сме се откажале од нешто толку блиско со нас- главниот дел од нашата исхрана?
     
    На Temperance, Дугокоси Швалер и Аliсe им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Гледам некои повторно наметнуваат мислење за вегетеријанството, а сепак не се свесни дека секој човек на некој начин ја загрозува природата.
    Еднаш спомнав - обожавам животни, но не сум вегетеријанец, навикната сум на таа исхрана, и досега не сум имала проблеми со здравјето, ако се откажам од месо, ќе ми биде мислам полошо, да не зборам за млечни производи и јајца.
    Тогаш зошто користите шминка? Од кај знаете дека стварно не се тестира врз животни? Зошто користите креми за тело и лице, гелови за туширање и секакви хигиенски препарати, м? Зарем тие не се тестираат врз животни? Отпадот што останува од тие хемикалии зарем не ја загадува почвата и водата?Само за нашата исхрана страдаат животните нели? За жал не можеме да го смениме тоа за да живееме во 21ви век Таков е човекот, суров и штетник спрема животната средина воопшто.Точно дека секој си има право на избор, но мене ме нерира фактот дека вегетеријанците се прават херои и заштитници на животните, а ние месојадите сме безмилосни убијци. Да, јас секоја вечер земам една пушка и неколку динамити и го убивам секое животно што ќе го сретнам.
    Не сме биле создадени за да јадеме месо. Но затоа пак не можеме ни трева да пасеме. Нашиот желудник не може целосно да ја разграду целулозата и да ја свари тревата како кај хербиворите. (можеби грешам сепак).
    Како што може во месото да се додаваат хормони и вештачки работи, така и растенијата можат да бидат ГМО, да растат во загадена средина итн. Така да..... after all ниедна храна не е со сигурност безбедна.
     
    На Nigredo Odor, Lella, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27

    Душо, јас не наметнувам мое мислење, темата се вика вегетаријанство за тоа зборуваме сите тука. Никаде не спомнав дека сите треба да престанат да јадат месо или слично.
    Која е разликата дали ти го убиваш животното или плаќаш некој друг да го направе тоа за тебе? На некое животно му бил одземен живот и за да стане стек сепак на тоа се сведува.

    Јас лично користам брендови кои не тестираат на животни и еве во последно време менувам накај органска козметика. Но и покрај тоа и да користам хемикалии таа штета не е ништо во споредба со сточарството. Еве неколку факти за тоа:
    -во последните 40 години луѓето уништиле половина од дивиот свет.
    -во секоја секунда на Амазонот се уништува почва колку едно фудбалско игралиште да се користи за одгледување на храна за стока. Тоа е приближно 136 акри дневно.
    - кравите кои се одгледуваат за прехранбената индустрија произведуваат повеќе гасови од сите транспортни средства заедно (коли, камиони, авиони, бродови, возови). 13% vs. 51%.
    Ова е главната причина за ефектот на стаклена градина.
    - индустријата за нафта и гас користи 100 билиони галони вода додека за сточарството се користат 34 ТРИЛИОНИ галони вода. За еден хамбургер се користат 660 галони вода. Ова значи дека 1/3 од целосната питка вода во Земјата оди во одгледување на стока.
    -Почвата која се користи за храна на стоката (45% од почвата на Земјата) може да ги нахране сите луѓе на светот.
    -Во една секунда се ствара 72 000 килограми отпад од стока.
    За повеќе информации може да го погледнете еден краток документарен филм Cowspiracy ( http://putlocker.li/cowspiracy-the-sustainability-secret-2014-full-movie-putlocker-megashare9.html ). Нема сцени од колење на животни само едукативен филм каде се наведени повеќе информации и интервјуа со влијателни лица и има откриено како ги одбегнуваат прашањата за сточарство и ги кријат последиците.


    Да повторам пак- ОВА НЕ Е МОЕ МИСЛЕЊЕ! Ова се факти кои сметам дека секој треба да ги знае затоа и пишувам на интернет страници како Фемина на оваа тема. Не ми е целта да се правам некоја паметна или да се фалам дека сум јас подобра личност од вас.
    Ако се прашувате од каде па сега ова, како не ги знаеме ние овие информации, тоа е заради политика и пари. Сточарството е НАЈГОЛЕМА индустрија во светот. Не им одговара на многу луѓе ако се дознае вистината.
    И уште нешто, на јутјуб има 20 минутна презентација ( ) човекот е многу релаксиран не е некој кој вреска туку убаво објаснува и дава одговори на тие основни прашања ( кучешки заби, дали сме омнивори или хербивори, дали растенијата имаат чувства (facepalm) итн. итн.)
     
    Последна измена: 9 септември 2015
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Јас не сум вегетаријанец бидејќи од кога знам за себе јадам месо и сите мои блиски јадат месо. Ама како што секој има право на избор, така и нема право да му суди на другиот за неговиот избор. Затоа не се натпреварувајте кој повеќе ги сакал животните, дали тие што јадат месо се убијци и слични теми.

    Дојдов на темава бидејќи прочитав дека повеќето вегетаријанци не јадат млеко, јајца, сирење, мед... :^) Дури некаде прочитав и дека не било здраво. :o Баш напротив млекото е поздраво дури и од овошјето, да не зборувам за јајцата и медот. Особено јајцето, една жолчка од јајце има доволно витамини и белковини за цел ден. Не значи дека ако јадеме јајца ги убиваме пилињата.
    Најнесфатливо ми е за млекото, зошто сте против мелкото, односно молзењето на кравите, овците и козите? Ако не се измолзат ќе имаат сериозни здравствени проблеми. Не напаѓам воопшто, само ме интересира.

    Патем, јас не би можела да се замислам да не јадам месо, млечни производи и јајца. Иако обожавам салати, и сè што е од растително потекло, веднаш чувствувам промена кога постам. Вистина е, вегетаријанството е многу добра работа и целосно го поддржувам, ама многу вегетаријанци ги нарекуваат другите убијци и слични работи. Вегетаријанци сте, ваш избор, нема што да се мешаме. Ама и вие не мешајте се во нашиот. :)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Абе ајде ве молам, споредувате штетни издувни гасови од автомобили и фабрики, со гасови од ЖИВ ОРГАНИЗАМ ?!
    А баш бев убедена дека прочитав сè...
     
  6. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Знаеш дека орангутанот без проблем јаде јајца, инсекти, црви и слични животинки, шимпанзото исто така дури и лови поситни цицачи, само горилата е чист веган и има еден куп примери низ историјата за појава на прост канибализам претежно во војните пример во Ленинград за време на опсадата тамошните луѓе биле опасни ко волк значи и нстинкт :D а и можеби дигестивниот систем не е како кај карнивалите ама и во никој случај не е ист како кај хербиворите и како што ти наброи факти за разликите со месојадите, така и има еден куп факти за сличностите само ме мрзи да ги пишувам одамна ги имам читано.
     
    Последна измена: 21 септември 2015
  7. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    И во Амазон шумите највеќе ги уништуваат ради плантажите за какао и земјоделие поради плодната почва, а не ради сточарство. ;) :D
     
  8. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Не сум баш вегетеријанка но не не јадам ниедно месо освен риба
    Се друго од наведеново ми е грозно : телешко,свинско,сланина,салама,јагнешко,зајачко и какво било месо
    Веке кучешко и мачешко да измислат :puke:
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Сточарството можеби е голем бизнис.Но што би било ако да речеме сите луѓе станат вегани? Полјоделството дупло и три пати ќе се зголеми, а тоа си носи и некои штети. . Како што кажа @Lefk огромни површини се зафаќаат за одгелдување растенија, и до некаде уништува природата. А и секаде нема плодна почва за да огледуваш растенија. За да се задоволат сите потреби, треба да се користат вештачки ѓубрива, пестициди за да се нахрани почвата, а сите тие отрови одат во растенијата и нашиот организам. Инаку (ако досега некој не знаел со оглед на вашите муабети) изметот од кравите се користи како природно ѓубриво за почвата. Мислам дека особено тоа важи за суптропските и тропските растенија кои бараат посебни услови. Пред ваши очи ли ги растат?
     
    На Lefk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
     
    На Temperance, cooll, O.l.i.v.a и 2 други им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    15 ноември 2015 (недела) во скопскиот Хотел Континентал (до Скопски Саем):

    [​IMG]
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Јас сум вегетеријанец и од тој начин на живот имам само придобивка и се чувствувам многу убаво во секој поглед, здравствено, психички и физички. Затоа дотолку сакате да станете вегетеријанци не се двоумете, станете! (y):)
     
    На Temperance, Дугокоси Швалер и daylight им се допаѓа ова.
  13. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци незнам точно на кој празник беше, бевме во црква и таму со музика вртеа врзано јагненце за потоа да го колат...толку беше мало, мило, исплашено...ете после таа слика јас си реков веќе нема да јадам месо, нема да придонесам за страдањето на ова мило суштество и на останатите како него. Денес се гордеам со ваквиот чекор и се чуствувам прекрасно :)
     
    На Irreplaceablee, Temperance, Дугокоси Швалер и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам и се гордеам со тебе! Ете уште една добра причина! Прво и прво во христијанската религија не е дозволено одзимање животи на невини суштества како животните, но ете нашите цркви и не функционираат баш по тие правила на религијата. Од друга страна тоа е толку сурово да се убиваат такви кутри суштества како во случајов јагненцето. Затоа вегетеријанците важат за хумани луѓе! Ете голема предност на вегетеријанството и во тој поглед :)
     
    На Temperance, Дугокоси Швалер, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не можам без мевце и никогаш, по никоја цена не би се откажала од него. Добро ми влијае на здравјето и на физичката форма, а освен тоа и не можам да си замислам ручек без парче печено или пржено месо. Така што знам дека вегетаријанството не е за мене, немам ништо против ако на некој му одговара но јас не би :)
     
  16. Goody

    Goody Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Станав вегетаријанец март минатата година ,еве сега скоро една година ќе правам.Многу сум горда на себе си поради овој ччекор затоа што знам дека со тоа спасувам безброј невини суштества да бидат убиени и изедени од човекот.Уште од мала не бев фан на месото,јадев само пилешко,сега исклучив се.Моите го прифатија тоа сосем нормално,бидејќи и тие пред извесно време беа 7 год песко-вегетаријанци(само риба јадеа).Првиот месец се одлучив на се или ништо т.е ги исклучив и млечните продукти практикувава веган исхрана еден месец,па наредниот си продолжив како вегетаријанец.Само имам еден проблем јас сеуште јадам риба по настојување на моите,а и плус велат дека е добра за здравјето:^)Јадам еднаш,два пати во месецот но пак јадам.Сакам да ја исклучам скрос.И вака како студентка што живее сама ,што би ме советувале (доколку ја исклучам рибата од исхраната) со кои продукти кои лесно можам да ги припремам може да ги заменам за витамините во рибата ?
     
    На Temperance и joy1 им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    [​IMG]
     
    На Goody и cooll им се допаѓа ова.
  18. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанец сум веќе 9 години т.е. полу вегетаријанец пошо јадам пилешко месо (само стек) ама ретко многу еднаш во 3-4 месеци може да ми текне. Моите дома и после 10 год уште не се помирија со фактот дека не јадам месо, секој ден ми зборат дека треба да јадам дека во иднина ќе сум се разболела (пошо многу сум слаба 43 кила имам и носам облека најмали бројчиња што ги носат деца од 12 години) секој ден ми досаѓаат и секој ден доаѓа до кавги, се едно исто јадам и веќе ми е згадено и затоа секој ден се караме што јас да јадам што да ми прави мајка ми, за мене секогаш посебно готви, а крвта ми е супер само уште да се здебелам некако :^)
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама не си вегетаријанец. :D И не постои нешто како полу-вегетаријанец. Терај си како што ти е убаво, супер што се чувствуваш добро, ама не можеш да речеш дека си вегетаријанец ако јадеш пилешки стек.
     
    На Irreplaceablee, kjukli, Oscar Lady и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Goody

    Goody Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам престанав да јадам риба веќе пред 2 месеци и се чуствувам одлично.Јадам повеќе јадки,соја,ориз,чиа,сушено овошје ... Се надевам во скоро време ќе ги ифрлам сите млечни производи од мојата исхрана :D:D:D