Јас сум вегетаријанец веќе еден месец.Не гледам некои промени.Но,никогаш не сум гледала задоволство во јадење месо.Сепак,јас не се откажав првенствено од месото ради убивањето животни.Туку поради тоа што сакав да живеам здрав живот без месо.Секако неќам да јадам месо од нешто што некогаш живеело И не е убаво да се напаѓаат оние кои преферираат месо.На крај,тоа е стил на живот и исхрана.Ние не сме градени како тревопасни животни.Инаку јас се откажав од месото,а од млечните производи не.Па,нели се тие вегани?Тие што не јадат млеко,јајца и се што е од животинско потекло?Јас знам за тие две поделби:веган и вегетаријанец.
Околу 3 години сум вегетеријанец и се чувствувам прекрасно. Све е до навика и ми се чини дека никогаш не сум јадела месо. Едноставно чудно ми е кога ќе помислам дека остатокот од животот не сум била вегетаријанец
Веќе втор месец сум вегетаријанец и мајка ми е многу против тоа. Испораскажала на сите нејзини другарки, роднини и кој и да ме види сите почињаат да ме напаѓаат како да сум утепала некој. Сакав да ги прашам оние кои што по долго време не јадат месо, дали пиете некои додатни витамини? Што да јадам за колку толку да надокнадам?
Од мене се чувствуваат нa некoј нaчин рaзoчaрaнo. Кo нaркoмaн дa сум стaнaл, a не вегетaријaнец. Инaче јaс пијaм пoнекoгaш мaгнезиум директ сo б и ц витaмини. Крвтa ми е супер.
Женска, немој да се оптоваруваш со тоа. Јас сум вегетаријанка 8 години. На почетокот и кај мене беше слично.. ама си се навикнаа. Крвната слика никогаш подобра не ми била,најискрено. Железото бомба..и др.се чудат.. Од време на време знам да си земам б6, вит.Ц, цинк и селен.. Деф.најдобрата одлука во животов..
Само б12. Другото не се замарај, гледај да јадеш балансирано. Симни некоја апликација како my fitness pal и запишувај си на почеток, за да имаш контрола.
Не се замарај, откако знам за мене сум вегетарјанка, сите се чудат ама и знаат веќе дека не јадам месо, исклучиво некогаш ќе апнам пилешко месо колку да надокнадам. Инаку свинско неможам да мириснам а не па да јадам. Поздрав.
Значи не сум едиствена Како мала јадев секакво месо ама кога веќе пораснав и сватив што значат сите тие мрснотии и колку е нездраво се откажав од секакво месо некад знам да каснам пилешко или риба. Ич да не се замарате што ќе кажат другите правете си вие како ви е убаво Јадете зелка,цвекло тоа што има мн влакна Знам да седнам и само салата и леб да се најадам уф уф Предлог рецепт Салата Карфиол Морков и магдонос Маслиново масло и сол Конечено по долго време свекрва свати зашто не јадам месо иако нон стоп ми збореше јади јади ке ти треба не е убаво да не јадеш месо ,пред некој ден ми кажува како зборела со братучедкаи и дека рекла дека убаво си правам што си водам здрава исхрана(си кажува за нејзиниот случај премногу масти има качено све мрсно јадеше сеа несмее ништо да пипне) Затоа ви викам живјете си по свое како ви сака вас душичката Кажете некој рецепт
Гледај храната да ти биде разновидна, а доколку консумираш малку млечни производи, внесувај витамин б12. За што да надокнадиш, не разбрав? Месото не е корисно за организмот, туку напротив, има многу истражувања кои докажуваат дека предизвикува ред сериозни заболувања. Доколку мислиш на протеини, нив ги има и во растителната храна.
Јас сум вегетарјанец откако знам за себе како мала сум одбивала месо цел живот сум вегетарјанец и единствено нешто што пијам како додатни витами е спирулина .
Она кога некој ќе ми каже дека мора да јадеме месо бидејќи било извор на протеини и ред други работи...
Вегетеријанец сум две години, имам 14 години и размислував да станам веган. Само да прашам дали некој вегетеријанец тука имал проблеми со низок холестерол, пошо често ми се вртеше памет. Може ли некој да ми каже совет, оти стварно не сакам да јадам месо, а на доктор ми рекоа дека 99.9% холестеролот ми е паднат од тоа(мислам дека долната граница е 6 а мене ми беше нешто околу 2)?
Здраво. Овој месец правам 1 година откако сум вегетаријанец. Засега немам никаква промена, јадам само риба, 1 месечно... Сестра ми е 2 и пол години и заслабната и е крвта. Не сакам истото и со мене да се случи, па сакав да прашам какви витамини да земам, за да надополнам за месото? Имам слушнато дека некои вегетаријанци конзумираат протеини, специјални за надоместок на месото... Дајте ми совет, бидејќи болна ќе легнам, ама месо во уста не ставам.
Месото буквално не содржи никакви витамини или нешто што ја подобрува крвта. Тоа го прават зеленчукот и овошјето. Јади цвекло повеќе.
Здраво. Се решив да станам вегетаријанец. Отворив на нет прочитав дека вегетаријанец не јаде само месо, а млеко, млечни производи и јајца да... Така? Еден месец како не јадам месо воопшто ама имам чести главоболки и вртоглавици, а многу често и грчеви во мускулите. Дали е тоа нормално?
Не е нормално.Посети си лекар,можеби имаш недостаток од некој витамин.Инаку да,вегетаријанец-јаде се освен месо.