1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Можеби не е соодветна темата но, пред 2 недели прекинав да јадам месо и почнаа бубуљички да ми искачаат и никако да се повлечат. Доста се црвени и дури и болат некои од нив. Никогаш порано не сум имала толку бубуљици одеднаш, сега само искачаат. Дали мислите дека има некаква врска со новиот начин на исхрана?
     
  2. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Може, ако јадеш повеќе млечни производи од порано, а исто така може да имаш и недостаток на цинк.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Да, во право си многу повеќе јадам млечни производи :(. Уште ми е ново ова и комбинирам пак производи што ги имам јадено и порано само без месото сега. Ќе пробам повеќе зеленчук и овошје да вклучам во исхраната од утре :). Фала ти.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Јас кога преминав на веганска исхрана, се префрлив на млеко од соја, а не знаев дека сојата содржи естроген и многу се нафрлив. Потоа престанав, ама повторно имав акни. Сфатив дека ми фали цинк, почнав да јадам повеќе храна која содржи цинк, но повторно не се повлекоа. Наидов на еден блог каде што авторката имаше пишано дека не значи со самото вегетаријанство и веганство дека акните ќе исчезнат. Исто така, кога ќе престанеме да јадеме одредени производи, се префрламе масовно на некои други, на пример тестенини во мојот случај, а тестенините содржат голем број на јаглехидрати кои исто така знаат да бидат причина за акни. Сега гледам исхраната да ми е што повеќе plant-based. Откако престанав да го пијам и млекото од бадем, кое исто така може да биде причина за акни, еве полека се повлекуваат. Не поради тоа што е штетно самото млеко од бадем, туку поради производството и можноста да има некои други додатоци во самото млеко. Сега си правам домашно кое ми испадна супер ко за првпат. Ова не значи дека кај сите е така, или ќе биде. Јас секогаш сум имал проблематична кожа.
     
    На do-re-mi и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не сум за.
     
    На Kimberly11, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до мене или на сите вегетаријанци ви се случува, кога ќе кажете дека не јадете месо ве гледаат како човек да сте убиле. Брееее што народ ќе бевме...

    И после почнуваат коментарите: Ете затоа си слаба ( нема врска, најнормална тежина имам и се контролирам не бутам во уста се што сакам и не сакам) ,како можеш така да живееш, дали си здрава ( а сосема нормална крвна слика имам) , а што ќе постигнеш со тоа што не јадеш?
    Кај нас самата традиција ни наметнала дека мора месо да се јаде или дека ако не јадеш леб нема да бидеш сит (што е потполно неточно) . Уште имам трауми од детство кога мајка ми трчаше по мене и ќе ми речеше додека не го изедеш месото, нема надвор да одиш, а јас со плачење ќе го изедев некако. Сето тоа пошто нели - месото било здраво.

    И сега сум здрава, многу поздрава. :|
     
    На dayla, CrazyGirl15 и Alisa22 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанка сум 14 години.
    Месо јадам ретко кога и тоа само во полнети пиперки или сарма, значи мелено.
    И саламурено, паштети, виршли тоа никоаш немам јадено.Едноставно не сакам да јадам месо.Јадам се друго овошје, зеленчук, риби, морско.
    Моите цел живот се обидуваат да ме натераат да јадам месо, како помала со уцени со мољакање, сега ми зборат како сум возрасна како ќе треба деца да раѓам..
    Кај мене единствен ,,проблем” е тоа што имам брз метаболизам, и тоа што го јадам не се фаќа на мене.Метар 77 сигурно сум висока а иам некои 50кг.
    Они мислат дека сум слаба само ради месотоКако мала ми потпикнуваа во јадењето, почнав да го приметувам и го пикав по фиоки во салфетки, кажував дека ги јадам.Ги најдоа и од тогаш не ме форсираат толку..Викаат дека само јас не сум јадела месо од мои врсници, а имам 5-6 другар(к)и вегетаријанци.
    Мене пример не ми е глупо на скара или со друштво било кај да кажам дека не јадам месо.Си на рачувам тестенини, морско или пица зависи кај јадам и тоа е тоа.
    Нема зашто да ми се чуди некој.Јас не им се чудам на тие што јадат месо, кој сака нека јаде.
     
  8. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Чекајте сеа ме збунивте, пошто прочитав и погоре некои постови. Како тоа сте вегетаријанци ама понекогаш јадете месо?! Нели вегетаријанците не јадат ниту риба , ниту морски плодови јер нели и тие се dead flash. Знам дека има некои ,,варијанти'' на вегетаријанци, ама шо знам според мене или јадеш или не јадеш месо.

    No judging , ова е само мое мислење :)
     
    На senza.parole, hermosa, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Пескотаријанство, луѓе што јадат и риба. Но, овој начин на исхрана луѓето не го рачунаат за дел од вегетаријанството.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Имаш повеќе типови вегетаријанство.
    Ако веќе месо не јадам јадам бар риба и морско.Мил ми е животот мене хахајај.Со години бев анемична едвај се оправив.Само мелено месо можам да јадам и тоа во сарми/пиперки.И тоа јадам колку да внесам бар малку месо во мене.
    Свесна сум дека ми треба, јас не јадам пошто имам блокада во мозокот и одбивам месо ама некогаш стегам заби и јадам.Не ми се играат играчки.Кај сум слаба па и тоа ништо да не јадам нема шанса.
    Не се замарам како се квалификувам, мое право си е
     
  11. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Вегетаријанците не јадат ништо убиено. Така да, не можеш да бидеш вегетаријанец а некад да јадеш месо.
    Месото нема врска со дебелеење, ниту пак со слабеење. Можеш да бидеш здрав, со супер крвна слика иако не јадеш месо.
    Воопшто не ми е јасно зашто луѓето мислат дека месото е здраво, кога баш напротив - воопшто не е. Тие животни кои што вие ги јадете ги хранат со свашта.
    Јас како дете бев вегетаријанец околу една година, се додека моите не ми даваа да станам од маса додека не изедам парче месо. Морав со сила да почнам да јадам. Пред точно една година по втор пат(но овој пат никој жив нема да ме премисли) ја донесов најдобрата одлука во животов, а тоа е да станам вегетаријанец. Не земам никакви вештачки витамини, јадам се освен месо и риба и крвта ми е супер. Физички се осеќам многу подобро, а да не зборам психички.
    На сите нас стомаците може да ни бидат полни и без да ни се крвави рацете.
     
    На Anna-Banana, Alisa22, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не си вегетаријанка, едноставно само не си љубител на месо.
     
    На senza.parole, Alisa22, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Јас неколку месеци прекинав со јадење месо но поради тоа што незнам како да се исхранувам ако не јадам месо морав повторно да почнам.Најмногу ми пречеа коментарите од типот:"Слаба си нема потреба да нејадеш месо за да ослабиш повеќе.""Еве само еден залак земи,нема да ти биде ништо" Се надевам дека во иднина повторно ќе прекинам со јаењето месо и овој пат засекогаш.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Има премногу опции, јас навеќе сакам домашно готвено грав, грашак, леќа, супи итн. Салати, макарони, пица, компир печен, варен, пржен, тиквички поховани, плескавици од грашак, киноа со марула, патлиџан, прчурки потпречрни со пиперка и со многу лимон, кускус, овошни салати итн. Има многу избор за готврни јадења дома, што не е случај по ресторани и кафани и тоа е проблем. Многу често кога ќе седнам негде јадам пржени компири, шопска, поховани тичвички или пица, пошо тоа се единственоте работи кои што ги имаат на мени за вегетаријанци...
     
    На Alita, Ketchup и piksooki им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Најглупиот ама без конкуренција најглупиот коментар што го имам чуено е - Господ ги создал животните за да ги јадеме хехехе
    Ако Господ ги создал за да ги јадеме нема да рикаат и да се дерат и да бегаат од колење. Треба да е човек ептен ненормален за во ова да верува ама има и такви шта чеш
     
    На dayla, Oscar Lady, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Пред три години се обидов да не јадам месо, мислев дека ќе немам гајле и така терав неколку месеци во кои станав хиперактивна и не можев да спијам. Се откажав и се вратив во нормала. Не беше за мене.
     
  17. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Се се прави постепено и со правилна исхрана.
    Јас пример сум 100 пати поздрава од кога престанав да јадам месо и многу млечни производи.
    Голема улога исто така игра и тоа колку си психички спремен и одлучен во тоа :)
     
    На Oscar Lady и Irreplaceablee им се допаѓа ова.
  18. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Цел живот јадам месо, без месо ден не можев да замислам и од кога останав бремена со второво, мирис на месо не можам да поднесам. Сите околу мене се месождери и во кафана не знам што да нарачам, како идиот зјапам во менито и пробувам да не повратам од мирисот на месиште (кој инаку ме привлекувал одувек). Се надевам ќе се вратам на свое чим се породам и дека детево нема да ми биде веган :D
     
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Прво и основно, не можам ама вистински најсериозно не можам да разберам како се замарате што другите коментираат за што тоа вие јадете. Туѓата потреба за коментирање за да испаднат помудри е туѓа глупоќа, зошто вие би се чувствувале неубаво?

    Второ, она што ме интересира е следново: некои тврдат дека месото е штетно и создава болести (затоа што човекот не е роден месојадец, желудникот не трпи месо?), дали за тоа има докази уште од почетоците на постоењето на човекот? Поточно се прашувам, дали можеби сепак денешното месо кое е комбинирано со се' и сешто и самите животни се растени со ужасна исхрана, дали можеби сепак тоа е проблемот односно дали можеби само денешното месо е неквалитетно? А не и општо месото?
     
    На Angie1432 и DevilBoy212 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Јас на пример не се замарам.
    Освен себеси уште една личност (блиска другарка) што ја знам е вегетаријанец.Сите останати од моите дома па другари/другарки се месојадци.
    И многу од нив ми се чудат како не јадам месо.Или пример зашто јадам само мелено (и тоа пребирам во што го јадам), али никад не сум се осеќала глупо пример ако се собираме и они јадат скара а јас не.
    Моиве, еве 19 ќе полнам уште малце и упорно (мајка ми повеќе) пробуваат да ме натераат да јадам стек или било какво пилешко месо бар.
    Знам дека е здраво, знам дека е стварно богато со протеини и масти кои не можам да ги заменам со зеленчук или овошје али едноставно не ми е убаво.
    Пример свинско не можам да ставам во уста само ради помислата дека прасињата јадат помија, а плус сакам ептен да чувам прасенце како милениче па никад не би можела да го гледам како храна.
    Или зајче на пример.
    А реално знам дека и по фаст фус рестораните, месото не е 100% месо туку дека има секакви додатоци како на пример соја.
    Баш праевме муабет со другарка пред некој ден, имаше земено баничка со месо од Цујо и ѝ беше месото одвратно.И ѝ реков ,,колку што во бурекот со сирење има сирење, толку и во таквите работи има месо”
    Никој нема да фрла пари реално за сирење или чисто месо за некоја брза храна
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.