Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Нема докази. Има теории за забите кои одат во двата правци, некои дека сме омнивори некои дека сме "наменети" за вегетаријанци. За вторава поента мислам дека си во право. Квалитетот на месото и посебно тоа колку често јадеме месо и кој дел од месото има најголемо влијание. Факт е дека од секогаш човекот ловел. Ама ловеле колку 5 души најмалку. Фаќаат едно животно, го носат во заедницата каде што го јадат сите и го јадат целото животно. Не оддеднаш туку постепено (затоа има толку начини на природна перзервација на месо). Плус движење кога ќе се додаде на ова на дневно ниво, плус разновидност на храна, плус јок рафинирани шеќери и брашна.

    Баш се согласувам и со твојата прва поента. Јас лично не се декларирам и не сакам да се декларирам никако. И немам зашто пред било кој да се објаснувам.

    пс. не толеранција на желудник ме потсети. Многу пониска толеранција има кај луѓето на лактоза отколку на месо.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.955
    Значи во принцип треба да се пребира внимателно какво месо се јаде, а и не само месо, туку и разни други видови на храна, како ете на пример баничка. Фактички, подобро е да се фокусираш на готвена храна, да исфрлиш процесирана и "сумљива" која друг ја приготвува, да пребираш каков зеленчук и овошје и мешунки купуваш (зошто и тие се исто така со доста лош квалитет секоја година се' повеќе и повеќе).

    Значи, според забите создадени сме да јадеме и месо и зеленчук и овошја и јатки, итн. Искрено, се' мислам дека проблемот лежи повеќе во квалитетот на месото, отколку целовкупно во месото. Истото се двоумам и околу зеленчукот и овошјето, истите се растени под подеднакво сомнителни услови како и животните, истите се прскани со кој знае што се' и истите ни создаваат кој знае какви здравствени проблеми од тие причини. Одговорот се сведува дека најдобро би било сам да си растеш што е можно повеќе растенија и евентуално да ловиш. Но во денешно време тоа е далеку од изводливо...
    Доста често налетувам на подкастови со луѓе што живеат во изолирани места во дивина и имаат одлични искуства и предобро здравје со тоа што постојано ловат диви животни (буквално исхраната им е 99% месо). Но сигурно влијае и фактот дека се екстремно многу физички активни (поминувајќи претерано многу километри низ планини и шуми ловејќи), дишат пречист воздух, не пушат и не пијат, не се оптеретени со технологија и социјални мрежи, итн.
     
    На turist и tigerlady им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Вегетаријанството не подразбира само нутритивна вредност на месото. Туку доста се вегетаријанци од етички причини.
    Пример, мене ми е грев да јадам месо од некое утепано мало теле, јагне итн.
     
    На edna_malecka, dayla, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не сум за вегетеријанство. Не би можела да издржам а да не јадам месо.
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    @MissChievous би ти ја препорачала книгата The Ominovres Dilema од Мichael Pollan. Баш во овие дебати навлегува и практично истражува "како би требало" да се храниме. Општо сите негови книги се одлични по мене но мислам оваа баш ќе ти даде некои нови информации и перспективи.

    Не е ова критика према тебе или било кој што не јаде месо од етички причини, само мислење :) Има доста идеи дека една од причините зашто луѓе се етички вегетаријанци е токму затоа што сме доста дистанцирани од тоа што значи да се убие за да се преживее. Апсолутно дека моментално со целиот избор и достапност на храна никој нема потреба да убива животни за да преживее ама цел систем е во позадина дали не ли и како.
     
    На didisi, MissChievous и GirlRose им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Мислев ќе налетам на рецепти на темава оно глупост до глупост.
     
    На Emilija97mk, edna_malecka и dayla им се допаѓа ова.
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Има ли вегетарјанци на форумов?
    Слабо е активна темава.
    Јас еве 3 ипол месеци како не јадам месо.
    Од нејадење месо не се слабее.
    Се надевам дека никогаш нема да почнам да јадам пак. Се осеќам многу по убаво без месо.

    За појадок јадам нешто намачкано на лепче. Или домати и сиренце. Што ќе се најде тоа.
    За ручек обавезно готвено.
    Моментално ми е омилено манџа со компири, грашок многу лук и кромид, магдонос, пиперка, целер...
    Леќа си правам, грав, компири варени, Тиквички и модри домати печени или полнети, ориз со зеленчук, ретко јадам јајца. Сирење јадам скоро секој ден.
    Сакам и многу шпагети со сос од зеленчук. Свежи салати.
    Горе долу тоа јадам.
    А месо готвам скоро секој ден за мажот ми и полека почнува да ми биде одвратно да го допирам.

    Тешко ми е кога ќе излеземе во ресторант. Ако има пици тоа јадам ама ако нема се чудам што да јадам па најчесто салата и помфрит.

    Инаку и син ми не јаде месо. Не сака да го помириса.

    Дајте некои идеи за јадење.
    Кои вас ви се омилени?
     
    На Irreplaceablee, Purplelilac, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    10 год јас, маж 15. Јајца пробај да јадеш многу се битни, ако не можеш така, мешај ги во палачинки на пример или нешто слично.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    Пола година +/- тука. :D Сега веќе и во процес на намалвање млечни производи и јајца. Неќев наеднаш за да не ме фати нерва. Клучот кај мене е во постепеното. Пола година ич како немам месо каснато, пред то намлавав од секој ден на секој втор, па на еднаш неделно, па на два пати месечно, па на еднаш и кога веќе стигнав до ич телото не ми ни реагира на месо до мене. Ни ме влечи да го јадам, ни ми се гади. Ми се гади ко ќе ми текни дека е животно.

    Јас со @Ketchup си се бодриме, ќе ставам после линкчиња на вкусни рецепти пошто сега сум во брзање. Ако има друштво скроз сум за да си делиме идеи тука.

    Јас јадам се. Мислам, баба ми ми пушта зеченчук со изговор дека само јас и кравите сме јаделе.

    Каков сос од зеченчук прајш за шпагети? Јас прам веге болоњезе сос, место мелено заменвам со цевена варена леќа и ептен убо згуснува. Или луто чили со плус сецкан зеленчук внатре.
     
    На orhideea, Purplelilac, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    12.419
    Пол:
    Женски
    Јас често си правам плескавици од тиквици, има рецепти на Интернет за нив а и овде на форумот исто има да не се повторуваме само што јас додавам и семки исто така ми се повкусни а имаат и поголема нутритивна вредност.
    Од тестенини знам да си направам со неутрална павлака и кари сос, после тоа со тиквичката и павлака исто стандард сос се прави прво се пржи малку тиквичката и се додаваат павлаката и зачините потоа се ставаат макароните во сосот.
    Од салати можам да ти препорачам салата со кус кус, павлака, златна мешавина и зачини по желба ми беше многу вкусна кога бев вегетаријанец исто така и нашата шопска салата е исто многу вкусна со веганското тофу сирење но вкусот е комплетно поразличен особено ако додадеш и чиа, оригано, семки од сончоглед и тиква.
    Не знам колку сакаш да експериментираш во кујна би ти препорачала и едно кинеско јадење ориз со јајца имено прво ги пржиш јајцата делумно и во садот со јајца додаваш предходно сварен ориз и мешаш се додека не добиеш единечна смеса а потоа додаваш зеленчук по желба моркови, целер, кромид и зачини и повторно мешаш соја сос по желба се додава, мене овој рецепт ми беше откритие едно време и многу го сакав и да не заборавам дека не испаѓа убаво со обичен ориз мора да е долгнавест.
     
    На orhideea, raww и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се немам целосно откажано од месо, но јадам многу многу ретко.
    Имам намера и целосно да го откажам, затоа што не ни чувствувам некоја потреба од истото а воедно и организмот се одвикнува и често пати тешко ми е ако пробам и парче стек.
    Мислам дека се' од месо би откажала, единствено за рибата се мислам бидејќи има доста нутритивни вредности кои се прилично поволни за организмот.

    Исхраната инаку ми се базира на свеж зеленчук, хумус, компир, ориз, просо, грашок, леќа, боранија, брокула, тестенини во помала мерка од претходно, модри домати, тиквички, печурки, а од млечни производи најмногу сирење (другите млечни производи во многу мали количини и ретко).
    Искрено многу ми одговара тоа што имам исклучено доста нездрави нешта како сувомеснати производи, пашетети, газирани пијалоци, мајонез и слични нешта уште пред некои си четиринаесетина години.

    Не ми е тешко што вака се исхранувам, но е малку проблем во ресторан кој претежно има мени во кое е застапено месо, скари и слично. Но секогаш постои опција за некои тестенини (салати најчесто не јадам во ресторан бидејќи немам доверба во тоа како се измиени зеленчуците).
    Сепак она дома што ќе си зготвам ми е најсигурно и највкусно. :)
     
    На orhideea, Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    За мачкање можеш речиси од секое зрно да направиш намаз.
    Најпопуларно ти е хумус, се прави од наут, таан, маслиново масло, лук и сол. Секако може и да експериментираш со состојки.
    Имам правено и од печурки намаз, ги пропржуваш со зачини и потоа ги блендираш. Вкусот е феноменален, ама текстурата воопшто не ми се допадна, така да ако се решиш да правиш би ти препорачал да не ги блендираш скроз, или ако имаш дома некое сецко во тоа да ги изблендираш.

    Од манџи шарениот грав многу ми се допаѓа, го имаш во Кам и за разлика од обичниот не се распаѓа и не се толку меки зрната. Црвена леќа исто така ја обожавам. Ориз со зеленчук. Кога сме веќе кај оризот, речиси во секој ресторан имаш вегетаријански ориз. Меѓутоа ако си и од етички причини вегетаријанец, кажи им да го изостават пармезанот, доколку им е во рецептата. Пармезанот не е вегетаријански. Ма да и да им стои во рецепта, не го ставаат, скап им е, ама за секој случај.
     
    На orhideea, dayla, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    @orhideea

    Тука сме. (highfive)
    Еве еден блог од каде што константно земам идеи, омилен ми е, прееевкусни рецепти има.
    https://cookieandkate.com/

    Константно експериментирај со рецепти, има толку многу идеи. Мене исхраната ми е мислам 90% зеленчук. И зачини, многу зачини. :inlove:
     
    На FreeMind, orhideea и Purplelilac им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јајцата се битни оти се буквално единствените скоро целосни протеини што ги внесува еден вегетаријанец. И МАСТИ!!!

    Ве читам и сите јадете шеќери и шеќери и шеќери...
    Ко она, во кантина една работна, седнал веган и јаде леб со помфрит и кечап. Ефектите од ваква исхрана на долгорочно ниво ќе ги почувствувате. Жените посебно. Протеините и МАСТИТЕ се многу битни за одржување на хормоналниот баланс. Од масти ни М не јадете... Вегетаријанство од здравствени причини е срање.

    Етичкото вегетаријанство е најголемо срање со оглед на тоа што диви животински видови се уништени за да се направат плантажи за соја. Она што препорачуваат најголемите и најрадикалните активисти за заштита на животната средина и со тоа на природниот баланс е да јадете ЛОКАЛНО.
    Исфрли киноа од исхрана, исфли соја. Иди на пазарче, иди во месара. Немам ние хорор филм месн аиндустрија како америка, и никаде нема ни да ја има да јадеа луѓето тоа што го има околу нив и тоа што им го дозволила природата.

    Вегетаријанството ви е капитална индустрија. Ви продаваат храна, посебни состојки, посебни храни растени на една страна на светот, пакувани на друга. Милиони и животни и луѓе страдале да се донесе таа киноа на вашата маса, ама битно не сте јаделе месо и не сте виделе како е убиено животно за вашата храна. Единствената разлика е што НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ.

    Тешете се дека има нешто етичко во вегетаријанството...
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    Кој инаку се користат дупли поќе за прехрана на стока. Место со едно да врвиме, со три врвиме са.

    Се согласувам, голем дел не јадат доволно протеин и маст. Вклучително и јас пошто бинџам на благо, али то и дур јадев месо беше случајот. Протеини и масти се клучни и неопходни за исхрана. Ми се чини уста пена ми фаќа за колку се важни. Ама ги има во многу продукти, локални, покрај месото.

    Апсолутно. Се шо има на пазарче или кај баба, оти ја спомнав да ја спомнам пак. :D Јадам нешто увезено кога ептен ќе склоцам да пробам нешто. Обично на проба останва, ништо ме нема импресионирано.

    Имаме зборано за ова и јавно и приватно. Веганството* е комерцијализирано. Многу. Ама не е то причината зошто толку луѓе се хранат небалансирано. И омниворите се хранат небалансирано. Зошто моето балансирано доминантно зелено хранење е полошо од нечие ич небалансирано месојадење? Кога има баланс можи да се увидат нијансите на ризик од веганство, и помалите ризици од вегетаријанство и помалите ризици од омниворство. Ама се шо имам видено до сега, и истражувањето за шо зборавме, трите категории ( омиворство, вегетаријанство и веганство) имаа типични болести на небалансирана диета. Безразлика дали јадат месо или не. Ама ние луѓето сме толку тркнати по задоволство шо како и да се храниме пак нема да е балансирано сем мал број луѓе. Полесно е јадење месо при небалансирана диета. Потешко е веганство и искрено не го препорачувам оти е потешко за контрола при нездрава исхрана. Мора многу учење и мозгање за да е правилно.
     
    На Sejfullai, Purplelilac и Ketchup им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во право си, браво, дај рачето за 5ка (highfive):rofl:
     
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    @DAngel па не мора да јадеш соја, не мора да јадеш киноа. Убаво си рече, оди на пазарче и јади локално, или уште подобро, сам одгледувај овошје и зеленчук. Тоа што го напиша го практикуваат многу луѓе, и на големо расте бројот и свеста, ништо ново не напиша и далеку е од радикално. Глупост е да се тапшаш по рамо дека етичкото вегетаријанство е срање. Никој не е совршен, да ама не значи дека не треба да пробаме да бидеме подобри.

    А дека кај нас не се хорор услови во месарите, чекај да се насмеам. Имаме првокласни хорор шинтерници, хорор зоолошки, ама месарниците не се хорор. Аха.
     
    На Purplelilac и Ketchup им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Веганите јадат риба?
     
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Ниту вегетаријанците, ниту веганите не јадат риба. Пескотаријанци се луѓето што не јадат месо, но јадат риба и морски плодови.
     
    На Alisa22 и martiiinna им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Немаме фабрикување на месо како што има Америка. Тоа мислев.
    И сам да си одгледуваш овошје и зеленчук, пак мораш да убиеш животно за да ја заштитиш храната од штетници. Може нема со хемикалии, ама сеедно ќе го убиеш. Сеедно, оставаш далеку помал траг на околината. Се сложувам дека не напишав ништо револуционерно, ама сеедно ќе наидеш на критики како кој знае што да си напишал.
    Да, комерцијализираното етичко вегетаријанство е срање и уништува далеку повеќе животи од јадењето месо. Не е ни тоа ништо револуционарно, ама сите некако одма скокаат на тоа. :D