Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Туку ме интересира.
    Сунѓери и корали не се јадат, знаеме.
    Ама да се јадеа - ќе ги јадевте?
    Зашто се животни, ама немаат некој нервен систем па само слабо реагираат на дразби.
    Кој е критериумот што се јаде, што не?

    А тетка ми морала да убие слепо куче зашто лом ѝ правело во бавчата. Така да, вака или така пак правиш некоја помала или поголема штета.
    Стара жена што сама живее и тешко ќе го фатела да го носи негде уџум.
     
    Последна измена: 31 јули 2020
  2. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски

    Како комерцијалното вегетаријанство уништува повеќе животи? Стварно ме интересира. Еве сојата што ја спомна во Амазон, 80% е наменета за храна за животни, потоа оди за масло, и најмал процент, околу 6, оди за директна исхрана на луѓе.

    А и ми падна во очи тоа што подразбираш под етичко вегетаријанство. За некои луѓе, тоа буквално подразбира дека не сакаат по никоја цена да јадат мртви животни и продукти што потекнуваат од експлоатација на животни. Не се вегетаријанци заради карбон футпринт, и заради било кои други параметри за заштита на средината, само не сакаат мртво животно во уста. И ова е најосновната дефиниција за вегетаријанец од етички причини.

    Tи го отвараш прашањето за колку е тоа етички кон животната средина, што е океј, ама е различно прашање. А многу луѓе што почнале да не јадат месо затоа што не сакаат да заради нив животно страда, сфаќаат дека таа одлука не ја донеле само заради животните, туку заради планетата како целина. И тука почнува подлабок интерес за јадење локално, за пермакултура итн. И јас сум против 'murketing' и зелен капитализам и продажба на маркетни решенија за проблеми што истиот маркет ги создал, и проблематикава ми е идна професија, ама првиот чекор ми беше: не можам да јадам месо.

    Верувам дека ако некој стигнал до таа информација дека да не јадеш животни зашто е добро за околината, ќе стигне и до таа информација дека small (& local) is beautiful. Чекор по чекор. Постепена а стабилна промена е најодржлива на долг рок.

    А за бубачките низ градина, ќе се изненадиш колку методи не вклучуваат екстерминација. Сериозно, ѕирни ги принципите и решенијата на пермакултура, ако стварно те интересира аргументов. Ако не, чекам нареден пост да пишеш ако сакаме толку животни, зошто им ја јадеме храната, хе хе. Не постои такво нешто ко совршен човек.

    Само ќе се согласам дека балансирана и креативна исхрана е преважна. Вегетаријанец се заедно сум преку 10 години, почнав на 11 и во една точка имав прекин од година дена, зашто ми се смачи. Исхраната ми беше сведена на бели пецива и тоа што има дома, без месо, ми беше страшно еднолично, невкусно, не сакав ни да јадам, не готвев,
    општо имав многу лош однос кон храната. Воопшто не беше изводливо на долг рок.

    Сега 180° поразлично се хранам и не сум била посреќна и поздрава.
     
    На Sejfullai и Purplelilac им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Низок удар... Некој нерв да не погодив?
    Сум ѕирнала доволно, а гледам и ти си. И редовно следам одредени движења за зачувување на животната средина. И за капитализирање на зелената енергија знам, и за капитализирање на веганството/вегетаријанството. Зошто мислиш дека процентуално најголем број од вегетаријанците и веганите се жени?
    Од тебе очекував нормална дискусија, ама сигурно нема да продолжам да дискутирам со ниски удари како тој горе.
    Oh, my food shits on your food... хе хе.
     
  4. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    @DAngel не разбирам што беше низок удар? Ич не ми беше тоа намерата.

    А инаку фала на прашaње, таков дедукционизам сите нерви ми ги погаѓа, како мене така на сите вегетаријанци што по стоти пат те една иста работа слушаат. Ама добро, изгледа не треба да си веги за ти е ова тригер. 8-|

    Ќе си чекам одговор за тоа како дури и комерцијализираното вегетаријанство уништува многу повеќе животи од јадење месо.

    А compost е цела наука, малку е shitty business ама убедливо најдобро ѓубриво, и наaјубави работи растат, so bring it on. :f:
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    1 авокадово дрво троши 209 литра вода дневно. Само во вода, за производство на 1 килограм авокадо се троши 834 литра вода. Авокадото башка се увезува по воздушен пат, како и голем број на несезонските овошја. Огромен carbon footprint, од прилика 3-5 килограми CO2 по килограм овошје.
    Килограм манго 686 литли вода.
    Шпарглите цели полиња имаат во Перу уништено. И огромен карбон футпринт исто, затоа што вон сезона се редовно увезуваат од Перу
    Киноата, некогаш храна на најсиромашните во Боливија и Перу е сега житарка која не можат да си ја дозволат затоа што цената и летна. Милиони полиња на кои се одгледувало се друго се пренаменети само за киноа.
    Има вегани што јадат дневно по 6-7 килограми овошје. Значи дневно придонесуваат за 20тина килограми CO2 во воздухот.
    Не е се црно - бело. Далеку посложено е. И секој ден би порадо била месојад наместо хипстер веган.
    Не сум била никогаш голем јадач на месо оти не ме привлекувало. Секогаш ми било и полесно да зготвам зеленчук, и поубаво да си играм со вкусови. Плус целиот процес на готвење на месо ми е блацкаст. Сепак, летово прв пат јадам месо редовно и прв пат преку лето добивам менструација на време, и покрај целиот стрес што го имав. Одговор на тој проблем секогаш бил „знаеш дека си под многу стрес, многу патуваш, големи темепратурни промени се, нормално е да ти се поремети циклусот“.
    Имам блиски што биле вегетаријанци по 30 години што исто се чувствувале одлично и што престанале да се вегетаријанци за да се излечат затоа што vegetarian food made them sick. Затоа што имаа гинеколошки проблеми на кои гинеколозите можеа да им речат само „хормонски таблети да ти препишеме“ или „ништо, ќе го надгледуваме ова, дојди за 6 месеци на контрола“. Зборувам за жени после нивни 40ти кои исто биле вегетаријанки од 11, 12, 13 години.
    За сите ќе кажеш „не се хранале добро, не знаат“. Да, само ти знаеш. Теши се.

    Искрено преголемо мислење имав за тебе, и затоа се разочарав од „хе хе хе“ пристапот во кој се обиде директно да ме нападнеш. А јас се спремав пиво да пиеме ;(
    Лиа Кит погледни, исто вегетаријанка добри 30-40 години, радикална феминистка и активистка за зачувување на животната средина.
    На крај, зошто не сум веганка или вегетаријанка? Затоа што сум животно. Не сум ништо повеќе од останатите животни и не сметам дека е неопходно да менувам нешто за кое што сум створена. Доволно е малку еволутивна биологија да знаеш за да видиш како промените во исхраната кои ги направил човекот во минатото предизвикале куп непријатни еволутивни промени. Хрчењето, астмата и проблемите со дишење се едни од нив.
     
    На MissChievous и prominent им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Само не ми спомнувајте дека пчелите се експлоатираат со производството на мед, оти не знам колку пати сум го чула тоа.
    Искусен и добар пчелар како очи во глава ги чува пчелите. Имам во фамилија, знам.
    Тоа што вие сте виделе некој таков пример со некое лошо третирање на пчелите, не значи дека тоа е и правилен и единствен начин.
     
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не постои подобра храна за човековото тело од квалитетно месо. Полно со сите есенцијални минерали, масни киселини, па и витамини, освен витаминот Ц што мораме да го земаме од растенијата.
    Никогаш не би се откажала од месото, не само затоа што ми е највкусно и најмногу ме заситува, туку и најдобро ми влијае на дигестијата и ги добивам сите есенцијални хранливи материи. Џабе се надевате дека ќе се снабдите со железо или цинк од гравот, леќата, спанаќот... не е исто, многу е потешко за човековото тело да ги асимилира, да не речам невозможно. Читајте и за антинутриентите во растенијата. Не се толку здрави како што ни ги претставуваат.
    Етичкиот аспект не ме интересира искрено, на прво место ми е здравјето и не гледам ништо себично во тоа да се грижам за себе и да се чувствувам добро. No hard feelings
     
    На MissChievous, Kimberly11 и DAngel им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Ја па никад не сум имала боља дигестија од кога престанав со месо.
    Кој си јаде, јаде си. Кој не, не.
    Ако беше толку битно месото ќе умревме до сега вегетаријанците пошто ако имаш дефицит на витамин лошо е.
    До утре може да се убедуваме дали е арно или не.
     
    На orhideea, BloodElf и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас лани пробав да не јадам месо и не можев да издржам булвално зависна сум од месо (само телешко и пилешко јадам) плус вежбам и ми требаат протеини. Единствено се откажав од млечните производи без нив се може и реално не се здрави посебно кравјото млеко.
    За да бидеш вегетеријанец ти треба полн џеб а некои луѓе не можат да си го дозволат тоа и треба доста време да поминуваш во кујна затоа што е покомплицирано.
    Вегетеријанството го поддржувам ,ама да се биде веган според мене е премногу.
     
  10. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    @DAngel ама нит киноата нит авокадата, нит ништо од тоа што наведе, не ги јадат само вегани и вегетаријанци. Живеам моментално во држава каде што се јаде многу, многу месо а рафтовите се секогаш полни со свежи авокада што редовно некој ги купува. Здравата храна доживеа огромен бум последнава декада, исто и вежбањето, и огромен дел од блоговите и јутуб каналите што го промовираат овој живот, не се ни вегански, ни вегетаријански. Процентуално гледано вегетаријанците
    се многу малку, посебно во Европа. А пак, рафтовите полни со се' што наведе. Аспарагус завиткан со сланинка е практично национално јадење во Белгија. Пиши рецепти за било што од ова, бар пола ќе се со месо. Зошто го игнорираш овој момент?
    Моментално истражувам за еко communities во Европа, и луѓето кои ги запознавам и за кои читам, се огромни поборници за локална конзумпција и производство. Сите се вегетаријанци, пескатаријанци или вегани. Искрено мислам, еве немам истражување ни статистика за ова, ама од целово лично искуство, тие што се замараат за проблемите на глобализација, пробуваат да се етички во многу погледи. Се збори за киноа и авокада, ама што е со бананите, јаткастите плодови, со целиот конзумеризам и fast fashion што се ист, ако не и поголем, темелен проблем? Киноата ајде е нова, ќе ја натовариме на вегетаријанците и нели помодарство, ама кој ги јаде бананите со децении наназад?
    Ова нема врска со вегетаријанството, туку е друг проблем, и знам дека го разбираш ова и не ми е јасно зошто го употребуваш против вегетаријанството. На една дискусија, девојка од Перу си кажа дека не можеш да најдеш компир што не е увезен од Белгија, а пред една генерација имало огромен биодиверзитет на локални компири, а да беше само Перу. Тоа што нема Европа и САД ќе си увезат а секаде каде што ќе може тие да извозат, или уште поубаво да направат еден фин монопол со Монсанто и комплетно да го дотолчат биодиверзитетот, нормално ќе. Не се работи за побарувачка, туку за профит, апропо муабетот за киноата и авокадата. А маркетингот врти ланци, и камо, камо да беше до вегетаријанците само. И затоа не можам никако да се согласам со тврдењето дека вегетаријанството уништува повеќе животи. Едноставно, на ниеден начин не е така.

    И нема да претерам, ама добри бар 95% од луѓето што одбиваат да учествуваат колку што можат во овој ланец, не јадат месо. Немаш добиено ваква импресија? Не мислам дека е само помодарство. А инаку и јас го прочитав тоа за веганите што јадат по толку овошје, ама сериозно, кој процент е ова? Крај краева, засади неколку дрва од тоа овошје што расте локално, засади неколку грмушки и добар си, на зима компот. Кога гледаш статистики колку вода му треба на еден зеленчук да порасне, на пример озогласената марула, се статистики од комерцијалната агроиндустрија. Ене ја марулата во двор, расте ко луда, само зашто врне често. Скоро се' што си засадив, минимално се мешам, зашто е погодно за климата. Тоа ни една статистика не го зема во предвид, освен во пермакултурата.

    Ако некој сака да јаде месо, ќе јаде, знам дека ништо не може никој да му каже. Многу луѓе вклучуваат и риба во исхраната, и се чувствуваат поздрави. Лиа не можам да ја најдам, ваљда партал ја спелувам. Ама има и еден куп луѓе што се цел живот здрави на ваква исхрана.
    Ич не сум од тие вегетаријанци што се лупаат во гради, што водат рецки дали некој еднаш во годината каснал месо, или јаде риба, или го прилагодил вегетаријанскиот начин на исхрана кон себе. Многу сум среќна што генерално, луѓето стануваат посвесни што конзумираат.

    А за месец дена се враќам кај доброто пиво, уште те чека. Месо не служам ама! :!:
     
    На orhideea и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    166.090
    Пол:
    Женски
    https://www.allrecipes.com/recipe/85452/homemade-black-bean-veggie-burgers/

    Нешто шо не е благо а ми е при рака во телефон, овие ми се убедливо највкусни. Баздат на пиперка ама ич не се осеќа на вкус, иако мирисот е прејак. :D

    Од канали шо ги гледам и ги сметам за едукативни на прво место е Unnatural Vegan. Многу, многу ја неќат оти не брани некој кој промовира небалансирана исхрана и збора за недостатоци во веганска исхрана и како е најдобро за хранење и како личи балансирана веганска храна. Најопседната со внес на протеини и масти.

    На второ ми е Мајлс од HealthyCrazyCool. Исто исхрана висока на масти. Ама генерално јади мноооогу.

    Не велам дека нема други добри, само не ми фатиле око пошто претежно се хранат со високи хидрати. Бинџам на благо, не ми требат екстра идеи како да јадам шеќер. Ама има многу лоши, као коса ми се крева ко ќе им видам видео од шо јадат. Али нивно си е. Сами да јадеа само себе би си наштетиле. Со платформа на многу. Овие горе бар помагаат со платформа. И леле срам да ми е, во поглед рецепти, Садија од Pick Up Limes.

    Идол. Колку шо имам научено од неа, од никој. Башка идеи, вау. Лесни и за промена, се шо немам, а шо имам слично лесно поминва. Нешто шо воопшто немам, го заменвам со нешто од пазар. Као буквално само идејата ти ја дава и е отворена кон импровизација. Од неа научив да прам чили и секој пат по мое го прам, само идејата е од неа. Впрочем највкусно нешто шо јадам кога е ладно. На топло не ми оди некако.

    Овие дефинитивно сакам да ги пробам периодов, или барем варијанта од нив:

    https://www.pickuplimes.com/single-post/2020/05/10/Baked-Green-Pea-Chickpea-Falafels

    https://www.pickuplimes.com/single-post/2020/03/30/Vegan-Butter-Chicken-with-Baked-Tofu
     
    На dayla, Ketchup, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    166.090
    Пол:
    Женски
    Ааа сојата заборајв!!! Ко прочитав ова знаев дека ќе пробам само по мое зеленчук кладов. Веќе сервирам, на др полојна ќе клам соја.
    IMG_20200802_135447.jpg
    Ок и со кромид од страна аххаа.
     
    На orhideea и Ketchup им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    12.418
    Пол:
    Женски
    Како ти се допадна?
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    166.090
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба појаки зеченчуци, баш како шо пиша морков, целер, кромид. Океј беше мојот микс али со кромидот пржен од страна со сув домат и сува пиперка мн поубав шмек имаше. Ќе пробам покасно со додаена соја и некој зачин плус оти прво само сол и пипер ставив да видам како е оргиналниот вкус за да знам шо зачин да клавам и шо оди. Ама дури и вака во примарна форма, би го јадела пак.
     
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    @Mantub што убаво и двајцата што не јадете месо. Не мораш да готвиш по две три јадења како мене.

    @theowndemon јас месото го откажав на еднаш. Долго време сакав да го сторам тоа ама се си мислев како ќе ми биде, што ли ќе јадам... И еден ден решив не јадам и крај.
    Има толку многу голем избор на јадења без месо.
    Секоја сабота си пазарам зеленчук од луѓе што си одгледуваат дома и секогаш имам свеж зеленчук. Толку многу е вкусен и сочен за разлика од купениот зеленчук од маркет.

    Омилено ми е интегрални шпагети со сос од зеленчук. Баш вчера јадев ќе ставам и слика.
    На оган ставив половина главица кромид и лук 3-4 чешнина и 2 помали тиквици, кратко ги пропржив и додадов пире од домати и оставив да крчка на тивко. И зачини. Јас користам секогаш многу зачини. Инаку тоа имав за сосот. А уште поубав ми е со модар домат ама немав во моментот.
    Ставам и пиперка кога ќе имам.

    Во секое јадење ставам многу лук и кромид. Секој ден јадам :lol:

    @нина122 Јас не јадам соја. Мислам не сум ни пробала. Ни кус кус. Гледам храната што ја јадам да биде здрава колку што се може повеќе. Пржено избегнувам. Само варам и печам најчесто.
    Од салати многу често си правам рендан морков и цвекло. Роквици и краставица. Шопска. Грчка.
    До сега немам направено плескавици од зеленчук но ќе пробам. Фала на идеите.

    @Ketchup досега немам направено хумус ама ми е во план. Еднаш купив и го фрлив не ми беше убав, се надевам домашниот е поубав.
    Омилен намаз ми е со авокадо, ако имам слика во архива ќе ставам.
    1 авокадо, една рака сончоглед, 3-4 јатки орев, лук по желба јас ставам 2-3 чешниња, сок од пола лимон и 3-4 зелени маслинки, зачини и мас масло. Прсти да излижеш ете толку е вкусен намазот :D.
    Имам правено од печен модар домат, Изварка, ореви, мас масло, лук, малку оцет и зачини. И охридско макало со лук.
    Живеам во Австрија и во сите ресторанти има вегетаријанско и веганско мени освен во балканските каде што има само месо и месо :lol:
     
    На mal.ecka, dayla, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    20200802_120114.jpg Интегрални шпагети со сос од зеленчук. 20200731_144409.jpg Омилената манџа со копири, грашок, целер, пиперка, кромид и лук.
    И ситно сечкана краставица, сечкан лук, павлака, мас масло сол и бибер. И лебчето ми е домашно со семки од сончоглед. 20200512_165013.jpg Намазот со авокадо.

    Јас сум ЗА да си ставаме во темава јадења и да си разменуваме идеи. (highfive)
     
    На FreeMind, mal.ecka, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Интересен текст кој зборува за муслимани кои се хранат вегански и даваат алтернатива во поглед на тнр. курбан (жртва) но без насилство и крвопролевање.

    Тие истакнуваат дека поентата на празникот не е убивање животни туку благодарност и служење на Бога
    (на арапски: Алах) преку служењето на други луѓе, на пр. споделување на храната со други кои ја немаат доволно.

    линк:
    https://www.livekindly.co/vegan-muslims-create-new-qurbani-sacrifice-tradition/
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Јадам месо, ама никогаш нема да ме убеди некој дека месото е здраво и дека има некои здравствени придобивки од тоа, се знае зашто уште од одамнешни времиња јаделе месо, а не дека било здраво па поради тоа, ама така останало уште се до денес како и рибата, јајцата, само ретко кој човек размислува во денешно време што јаде, битно да е вкусно, па сега дали е заклано животно или сладолед во кој се става дури и отров против вошки, не битно вкусно е...
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Секако дека е здраво месото, во умерени количини.Содржи многу протеини и аминокиселини кои се неопходни за човекот.Единствено што носи повеќе штета од корист се преработените продукти како виршли, паштети, сувомеснати производи, но не и чистото месо.
    Рибата пак е уште поздрава поради богатството со омега 3 масни киселини, витамини и останати елементи кои се битни за здравјето, па токму поради тоа се препорачува да се консумира редовно.
    Морската храна придонесува за здрав кардиоваскуларен систем.

    Да не бидам офтопик, едно време бев многу заинтересирна за вегетаријанство и веганство но сфатив дека преминувањето во било кое од нив не би ми донело здравствен бенефит ниту пак мислам дека таа исхрана е прикладна за мене.
    Всушност, мислам дека лишувањето на цели групи од нормалната исхрана може да донесе и одредени ризици.

    Според мене балансираноста е секогаш клучна, па така и во овој сегмент.

    Сепак, начинот на исхрана треба да остане сопствен избор и единствено против кое што имам против е наметнување на субјективни ставови и морализирање кое честопати се сретнува од двете страни.
     
    Последна измена: 6 август 2020
    На Ambitious и Konfetka им се допаѓа ова.
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Како што изборот на исхрана треба да биде сопствен избор така и мислењето , нема потреба од дрско контрирање, ти сметаш дека е здраво, мене никој нема да ме убеди дека месо, јајца и риби се здрави,поздрав и до тебе.