Форумџика на годината

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Значи ваака, постојат вегетаријанци и вегани
    Вегетаријаците се оние што не јадат месо, месни преработки и риба.
    Вегани се оние кои не јадат ништо од животинско потекло, месо, риба,ј ајца, млеко, млечни производи, односно живеат на овошје, зеленчук, житарки, соја, тофу и слично.
    Стварно не ми е јасно зошто љубителите на месо влегуваат во оваа тема, само да ги `исплукаат` вегетаријанците. Се е работа на вкусови, доколку не ви се допаѓа вегетаријанскиот начин на исхрана, никој не ве тера да се храните така.
    А изјавата од типот вегетаријанскиот начин на исхрана може да повлече низа медицински проблеми е сосема неточена, имено познавам луѓе што се вегетаријанци веќе 30 години и се живи, здрави, среќни и активни.
    И `месојадството` и вегетаријанството имаат свои предности и недостатоци, банално е да се расправаме и убедуваме што е подобро а што не.
     
    На Psychen и girl.23 им се допаѓа ова.
  2. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    Првата појава била на лакто-вегетеријанците.
    Кај овие вегетеријанци месото било исклучено од нивната исхрана, додека животинските производи како јајца, млеко и млечни производи ["лакто"] се застапени.
    Најрадикална варијанта на вегетеријанците се веганите.
    Тие покрај месото ги имаат отстрането сите животински производи од нивната исхрана.
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Бев вегетаријанец... дури 5 дена. Не можев повеќе. Таква ни е кујната, навикната сум да јадам месо, риба не толку, ама пилешко и свињско обожавам. Секоја чест за вегетаријанците, една моја тетка веќе 16 години нема ставено месо во уста, ама јас не можам без тоа.
     
  4. dusicka.musicka

    dusicka.musicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    многу сум пребирлива во храната,а од мојата пребирливост знам и гладна да си легнам :) ...а од месо јадам само стек и риба...и тоа во месецот еднаш,а мош и ниеднаш...
     
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    И јас сакам да станам вегетаријанец, арно ама мајка ми не ми дава |(
    Многу сакам животни и гад ми е да јадам месо, салами, колбасици..со мислата дека свинчето си лежело си се гоело а јас сега го јадам ;( или пак коковчето,телето итн.
    Прочитав некаде дека вегетаријанска храна била поздрава.
    Постојат повеќе видови вегетаријанци:

    * Вегани - строго растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло, па дури и медот.
    * Лактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и млеко и млечни производи.
    * Ововегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца.
    * Оволактовегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи.
    * Полувегетаријанци - покрај вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо.
    * Песковегетаријанци - покрај растителните продукти, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана.
    * Пресна храна - јадат само сирови продукти, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) Сметаат дека со готвењето на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце.
    * Здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело пченично брашно.
    * Фрутаријанци - јадат само овошје.
    * Радикални фрутаријанци - јадат само овошни плодови кои сами паднале на земја.
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сега е модерно на некој начин да се биде вегетаријанец, меѓутоа не сакам да се ограничувам и да си ускратувам задоволства во кои уживам. Не сум некоја месојадачка, всушност месо и многу ретко и многу малку јадам, но јадам менси преработки и млеко. Уживам со пилешки прсти, или со кришка Аргета, или лазањи со болоњезе сос, и не планирам да се откажам од тоа.
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Да не постојат пилешките прсти без проблем би можела да бидам вегетеријанка. И не мислам дека е помодарство како може да е помодарство???? И мене ми е сосем нормално ако некој е вегетиријанец и сметам дека тој не си ускратува ништо. Како можам да си ускратувам грав кога тоа не го јадам ??? Истото е и со месото.
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Абе супер си е тоа да не јадиш месо, мислам јас јадам ама ептен ретко, ама воопшто немам нешто против вегетеријанците мислам како што кажа SOVRSENSTVO они не јадат месо оти не им се јаде, како некои не јадат пе4урки на пример како една моја другарка, или нешто друго... :)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не јадам многу месо. Најчесто го јадам кога сум седната некаде, па порачувам Цезар салата. Исто така и во лесковачка. Само поради неа никогаш не би се откажала од него. :inlove:

    Верувам дека треба да се внесе од се по малку во организмот, затоа што инаку не гледам како би функционирале само од тревки. На крај краишта многу ми е глупава цела таа филозофија со повреда на животните. Не се само тие живи организми, и растенијата се.
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    јас сум вегетеријанец 8 години од прилика и ете уште сум жива и ништо не ми фали.
    значи може да се живее убаво и без месо !!!
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Дали вегетаријанците јадат риба? Мама вели дека да, зошто сакам да сум ввегетаријанец ама без риба никако не можам :worried: а друго месо ако ептен морам јадам иначе неќам.
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зависно од тоа како се разбира. Оние кои јадат само риба се паскетеријани (не знам дали преведов точно). Некои јадат, некои не. Одредени вегетаријанци под тој поим подразбираат само црвено месо да се исклучи од исхраната, други пак сите животни. :)
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Нема потреба да си поставуваш правила - „Ако вегетаријанците не јадат риба нема ни ја да јадам...“ пффф... Демек ако станеш вегетаријанец орден ќе ти дадат. Јади тоа што ти се допаѓа. Ако сакаш риба не треба да се откажеш од неа,само за да имаш „титула“ вегетаријанец... ;)
     
  14. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Јадам и јајца и риба и млечнипроизводи. И овошје и зеленчук. Е месо воопшто не јадам!!! Вегетаријанец ли сум? :D Глупаво прашање...
    Секој си има право на избор. Ако некој чуствува потреба за месо-нека јаде. Јас немам ништо против. Ама затоа мразам кога ке почне некој да ми држи предавања што треба, а што не да јадам!!!
    -Луѓето што не јадат месо-демек имале проблеми со крвта? Како да не! Јас не го јадам со години, па сум жива и здрава ;)
     
  15. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Имам слушнато дека се му е потребно на организмот освен шеќер, а ако имаш друг сорс на маснотии тогаш претпоставувам дека е во ред да си вегитаријанец, мада што јас лично неможам, тој мирисот на плескавиците.... Секако дека секој си има право на избор, но не треба да се очекува дека сите ќе те подржат во одлуката да бидеш веган, но важно е ти, како личност (општо зборувам) да си ја почитуваш одлуката. :)
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Месото е богато со железо, кое го има и во зеленчукот (особено во спанаќот). Али ако не јаде некој ни зеленчук , ни месо , тогаш нормално дека ќе има проблеми со крвта :)
     
  17. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Некој овде е избеган од темата.Самото тело ти кажува што сакаш што не.Јас како знам за себе не јадам маесо,со еден збор јас сум чист вегетаријанец.Не го сакам месото и немам потреба од него,и сеуште сум здрава и права и не ми фалело ништо за овие 34 години.Да не сакав да станам вегитаријанец на 5 години,кога мајками се обидуваше да ми стави месо во уста.Да не знаев што е вегетаријанство.Едноставно тоа е тоа.И не е точно дека месото е здраво и дека не се неможе без него.
     
  18. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Постојат два вида на вегетаријанство. Вегани и вегетаријанци.
    Разликата е во тоа што вегетаријанците не јадат никакво месо, вклучувајќи и морски плодови, но јадат производи од животинско потекло, млечни производи и јајца. Додека веганите не јадат ништо што има врска со животни. Мислам дека веганскиот и не е баш многу здрав начиин на исхрана, јадеш само растенија. Но ако си решена подобро прво вегетаријанец, па полека да почнеш да се откажуваш од млеко, сирење....
    Јас сум вегетаријанец, 3 години немам месо ставено во уста. Сега планирам да се префрлам на веганство... ;)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Е сега и ти ме накурчи ]:) :lol:
    А Зашто светици, извини? :wasntme: Па има луѓе што ги сакаат животните и не сакаат да ги јадат и готово!Можеби не уживаат да јадат свинско, мисиркино притоа знаејќи дека животно е убиено за тоа!
    Колку луѓе-толку карактери и толку видици за животот!

    Си веруваат во тоа и готово! Какво помодарство-каков запад!Далеку од тоа дека вегетаријанството е мода |( Жива глупост!
    Плус и од религиски аспект не јадат месо! Верата не им дозволува, мора да бидат вегетаријанци!
    Секој си одлучува за себе, што сака нека си јаде, што сака нека не си јаде!
    И јас кога би можела би била вегератијанка- Ама не можам!
    Тоа значи дека треба да се одкажам од гиро, хамбургер,пица,пилешки прсти, ама ете не би можела!
    Е затоа, од моја страна секоја чест на вегетаријанците!
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    23.272
    Пол:
    Женски
    Прво не сум вегетаријанка, а имам познаници кои се, и ништо не му фали здрави се прави :) имам една другарка само стек и риба јади од месо мелено или свинско и се гади. Не сваќам некои луѓе (општо зборувам) Значи ако си вегетаријанец СИ, значи неможеш да поднесиш да јадеш месо, едноставно ти се гади и од самата помисла, башка тоа ги сакале животните, во ред, ама некои демек сега ќе станеле вегетаријанци ама му се јадело месо :lol: е што е тоа :?: не разбирам, Со сила убавина не бидува. ;)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.