Јас за доручок најчесто правам брускети со багет леб, кашкавал, маслинки, патлиџан. За ручек пример сакам полнети пиперки со печурки, исто и паста (веге лазањи, макарони, шпагети со веге сосови). Вечера ретко јадам искрено. Летно време повеќе јадам овошје и зеленчук. Разни салати, дали шопска, таратор, марула. Разни смути со банани и млеко, јагоди, малини. Најнездраво кај мене е што сум голем љубител на благо...
Во последно време живеам само на енерџи, помфрит и кашкавал/павлака. Ќе се потрудам да пробам некои рецепти или да се хранам малку поздраво, па ќе споделам овде.
Со тортиљи не можиш да утниш. Да се претставам, јас сум Демон и сум зависник. Затопли ги малку по минутка пред да ги полниш. Е сега намачкај долу со шо било. Јас најчесто клавам чили сенф, или зденка. Другото е на твојата фантазија. Во последно прам јајце со сирења различни, малку зеленчук, маслинка, течности. Го виткаш, потпекваш свиткано малку and happily apply to face. Кога сакаш нешто свежо, многу марула, испечи печурки или спржни со зачини, домат. Можиш и пармезан. Некни со друштво јадев најбезик, намачкано со павлака, домат, краставица, кашакавал рендан, пармезан и кечап. И пак беше убо. Зато велам нема шо да згрешиш, шо и да клајш е убо. Ах можиш и покрај мачканото и течностите, стави некогаш canned beans. Феноменално иди. Исто така можиш да напрајш чили лазања, нешто шо сакам да напрам наскоро. Како шо прајш мусака со компири, така клаваш најдолу голема тортиља, прајш смеса со пиперка, домат, кромид, зачини ( чили, сол, пипер, буковка), печурки, пченка, грав и соја ( порано шо беа трошките, сега тофу изронето) и ја пржиш заедно смесата. Додај и кечап и чили сос. И после само реди. Ред тортиља, ред смесава, ред рендан кашкавал. И така дур не ти се дотроши. После печи убо да се потпечи, сечи парчиња и happily apply to face. Ок бинџав видеа со Мајлс, зато ми иди ова да го велам. Оф денес имав поедноставни замисли за денот ама ете ме сакам чили лазања. Едит. За ништо мерки немам. Се од око прам така да со среќа.
Да не прашаше што е сејтан, веројатно уште немаше да знам што е, иако цело време читам дека го користат. Фала и од мене @LiliBoz. Ова бев јас пред некои две години. Мораш да се трудиш да внесуваш повеќе овошје и зеленчук бидејќи ќе ти ослабе крвта. Иначе маслинки избегнувам кога се работи за нешто ко бурито, или јадење со повеќе видови зеленчук. Сами по себе ми имаат многу убав вкус, ама кога ќе ги измешам со друго, вкусот на останатите состојки воопшто не доаѓа до израз.
Тенк ми лејтер, ако пробаш сендвич со сејтан од Хармонија (ако уште постои)... нешто навистина предобро за вегетаријанци.
Ги наполнив со чедар, варен компир, црвен грав од конзерва, кромид, малку сирење и зачини. Ги потпечив малку и ставив од горе кашкавал. Се прејадов Не се баш фотогенични ама другиот пат ќе биде подобро.
Авввввв аввввв авввв на диета сум потоа е ова првото што ќе го спремам лиги ми потекоа. Патем за муабетот погоре има се и месо и сирење и се веганско. Не можам да го најдам кма еден блог вегански на македонец како готви леле секогаш лепам телефон на нос. Се спремам за веган наскоро. Во фаза сум на проучување што и како треба. Па наскоро се надевам се гледаме од другата страна. #veganforanimals
https://www.facebook.com/thevegandiaryofnikolaeftimov/ Еве го блогот дечки, готви за мерак. Многу фини рецепти дава.
Ја не кажувам повеќе дека сум вегетарјанец. Бевме на одмор и неможев да му одолеам на еден октопод Значи месо дефинитивно не сакам повеќе во животов. Не сакам ни риба ама морски плодови сакам. Не често ама барем еднаш месечно.
Поарно доминантно plant based него секој ден месо макар и да има повремено јадење и месо. Грешките ни се во природата, океј е. Па и да не се грешки туку да е свесен избор е океј. @orhideea На твитер се смеам секој ден со вегани пошто пола се као: "или целосно си веган или си фејк и не ти е гајле и немаш емпатија" и други као: "батали шо зборат овие, и да јадиш месо еднаш неделно, месечно не е страшно се дур намалваш конзумација". Јас навивам за вторите пошто вака нема да се оттргнат луѓе од веге живот. Ако одиш на нешто на сила има контраефект. Туку на факс колешката ми беше вегетаријанец и секогаш ѝ велев "еден ден ќе пресечам и ќе ти се придружам ама до тогаш да ги поминам сите мајтапи" пошто веге мајтапи се најсмешни. Сега Кечо го спамам со веге мајтапи. Денот ко решив да пресечам кај неа на кафе бев.
Ааа Да ѝ пуштам овие. Со второто на овие ме потсети, во чатот со другарка ми отворив оти цел чат е селфиња, слики од факс и веге мајтапи.
Појадок Тортиља премачкана со зарѕики (купено) пире од компири што ми остана од вчера, моцарела и црвен грав од конзерва! Зошто нема смајли што се лигави
Пред околу година престанав да јадам месо, риба, јајца, од млечни производи само сирење јадам. Се спремам за крвна слика па се надевам добро ќе биде.
Пмс ок менструација прв пат овој месец ми касни ама не е сигурно од што е можеби е до цистите кои ги имам.