Едната поголемата ми ја оперираа пред две години. Другата беше помала ама кога ја средија големата почна да расте. Не се знае точно кога ми се појавени. Прв преглед на гинеколог ми ги открија.
Кај киропрактичар да идеш, да провериш проб со кичма, ако е квалитетен ќе ти исчезнат и проб со цистите, нема да згрешиш, јас познавам многу добар ама не е од Мк, кога ќе средиш проб со кичма нема да имаш проб со цисти, за исхраната секоја чест
Храни се балансирано и нема од шо да се плашиш. Јас летово и есенва праев крвна слика и праеше матичниот споредба на резултати и беше импресиониран колку се било подобро на есенската крвна слика. Инаку ај да прокоментирам, јас јадам многу сува храна ама конечно ми се смачи. Вчера ја напрајв првата манџичка и е погодок. Кромид и морков пропржени, додаден морков на кругчиња и сладок компир и многу, многу печурки на големи парчиња, вода, зачини ( буковка, ловоров, пипер, сол, вегета, лук во прав, мајоран, сув магданос зошто свеж е EW), тахини и го остајв да си се вари дур си шетав Пес. Пред да додам се пропржив малку и печурките. Штом се напрај компирот го сметав за готово. За зачини не знам колку кладов. Постојано пробвав дур добив убав вкус. А, и за да не ставам домат имав уште малку доматен сос и турив. Неќам топол домат. Таан чист неќам да јадам ама мислам дека во манџава дојде феноменално. Најболно ми е дека никогаш нема да можам исто да го напрам пак.
Рецепт за лазањи со спанаќ?. Мислев да направам бешамел и да ставам спанаќ и сирење. Ама може некој има поинаков рецепт?
Јас ја правам смесата со рикота, спанаќ и мускатно оревче (дава мнооогу добар шмек). Ништо посебно, го пропржувам спањакот, додавам рикота и зачини и ја редам лазањата. Обично правам еден ред бел сос, еден ред доматен сос (со пропржени други зеленчуци: модар патлиџан, тиквичка, пиперки, што ми се наоѓа). За преливот, во мало тенџерче растопувам коцка за веге супа и додавам неколку конзерви концентрат од домати и зачини. Од горе моцарела. Превкусно.
Леле ова звучи многу вкусно ... :о Кога ќе решам дека не ми е гајле да ме боли желудец, прво ова ќе пробам. Уф па и доматен сос со модар патлиџан, тиквица, пиперки .... леле :о
@FreeMind од горе го преливам, ставам моцарела и печам. Jас од око ставам по мерка на садот кој го имам, а никако не можам да го најдам рецептот на нет, многу одамна прв пат го најдов. Не ставам многу сос, доволно да покријам од горе и да се слее по страните, ама да не е многу течно. Секогаш ставам концентрат место доматен сос, кога е погуст ми е повкусна лазањата. Едит: заборавив да пишам, прво ја растопувам коцката во шоља, шоља и пол (од око) вода што врие, па после го додавам концентратот. И покрај зачини ставам обавезно нешто за засладување, на пр. една две лажички шеќер/сируп, многу разлика прави во вкусот. Инаку ја направив и со тиква, ептен беше добро. Да ставите слики женски, ве чекам.
Еве ја Во моментов јадам и незнам дали ќе можам да се воздржам да не ја изедам цела Лазањи од спанаќ, бешамел со лук, фил од спанаќ, сирење и кашкавал.
https://veganuary.com/ https://www.theguardian.com/food/20...gned-up-record-400000-people-campaign-reveals
Океј сега проверив мејл. Кога ќе се пријавите на линкот на претходното мислење, првиот линк, добивате мејл со 3 документи - две книги со рецепти ( едните се како омилени на одредени актери и како да ги напрајте и една е на буџет јадење, онака ефтини веган оброци) и трета книга со насоки за правилна и балансирана исхрана. Пробав да прикачам ама не ми оди.
ГоспО здравје да ти даде што го сподели ова. Многуу убави рецепти и дизајн, се разлигавив, и многу корисни информации. Стварно убаво го осмислиле. Ако барате уште рецепти, she's the one: https://www.rachelama.com/see-all-the-goodness Има и YouTube канал, јас од таму ја знам ама не го имав ѕирнато сајтот, сега заради Veganuary ми излезе. Демонке, ќе учествуваш ли? Јас си ветив да, заедно со 30 day yoga journey од Адриен, како старт за 2021. Ама овие не знаат дека нас Божиќ ни е после НГ, затоа тенџерето руска оваа недела ќе го правам. Ќе видиме како ќе биде, последниве месеци ме фати генерално мрза за готвење, ова некако ептен ме мотивираше. Само да ми потрае мотивацијата.
Да, да. @dayla и јас руска оргинал ( минус салам бе) ќе прам сега оти ќеф ми е и после то ќе прам посна аххахахахахахах Се приклучи и на фб групата? Ептен фини се човече. Ептен. Али можиме ние и тука да си се бодриме.
Од работи шо можиш да замениш: растителен кашкавал и посен мајонез без жолчка шо е. Ама мора скроз да изоставиш белка од јајце. Немам замена за то. Другото е краставичка кисела, грашак, салама не клавам одамна и посно е колку шо памтам. Не памтам шо се клаваше др, морков ....
Јас ја правам со макарони. Најситни макарони, мешавина за руска, кисели краставички и посен мајонез. Искрено нема некоја огромна разлика од непосната, и во таа мајонезот и киселите краставички доминираат. Единствено и јајцето дава плус шмек, ама и без него не е лоша.
So, I see you've joined a cult @dayla јога со Адриен ми е најпозитивното вежбање што го имам направеноз а моето тело. На страна сите теретани, сите интензивни тренинзи. Адриен е кралица. И така мило суштество е плус.
@theowndemon њамам фб, па супер би било тука ако се бодриме. Уствари ти и така си инспо со постовите, ама може и темава да ја активираме. Има ли тема за веганство уствари? Инаку посна руска не сум правела, затоа со последниот воз ќе ја спремам, до 1ви да ја нема. @DAngel ја обожавам жената. Не знам дали нешто не е во ред со мене, ама многу сум емотивна кога станува збор за неа. Уствари јас за се сум многу емотивна, ама тоа е друг муабет. Најдобро нешто што се случило на Јутуб. Walking sunshine e, и Бенџи. Многу, многу мило суштество, и целиот вајб на нејзините постови и видеа е позитива.