Мхм да, само значително помалку активна. К о н е ч н о Пробав мој култ да напрам ама не ми одеше, мораше некако. Хмм јас ставам грашок, кисели краставички, морков, (раст) кашкавал сега и посен мајонез. Има по рецепт и белка од јајце рендана ама то ќе изоставам. Се др 100г ми напиша мајка, само белка една.
Црвено месо престанав да јадам пред 3 години, риба пред 7 месеци, морски плодови и слично во животот немам јадено ниту еднаш. Јајца не ни јадев но користев за подготовка на други јадења а пред 4 месеци престанав и тоа и користам ленено семе како замена. Од млечни производи користам млеко (не пијам, туку за подготовка на други јадења)и користам чедар кашкавал. Од бело месо значително намалив со стек (еднаш во два месеци само), но тешко дека ке успеам со "chicken nuggets" кое ми се најомилени од се.
Јас и @dayla ќе прајме Veganuary ако си заинтересиран. @Deva Path На тема Веганизам ќе се бодриме. На претходната страна ставив и линк за пријава, книги праќаат по мејл.
Скоро година веќе не јадам месо. Не давам никој да ми влијае на одлуката, често добивам зајадливи коментари и гледам да не го експонирам многу тоа. Сепак ми требаат повеќе рецепти за вегетерјанска храна бидејќи ги вртам се едни исти работи и тоа не влијае многу добро на мојот организам. Добро би ми дошле неколку предлози.
@WarriorMind тука има интересни рецепти https://jedozovniduo.blogspot.com/search/label/Vegan friendly А еве уште предлози лазања со печурки и кашкавал, проја со сирење, кис.краставички, пиперки туршија. динстани печурки со кромид грашок манџа, грав, леќа, брокула, карфиол варени во малку зејтин и вода ( вино), после ставено павлака и рен сос помфрит, пире од целер сарма посна, подварок, спанаќ пире, спанаќ и ориз, ризи бизи, турли тава само со зеленчук крокети од кромпир или морков
Мал апдејт: Целосно исфрлен стекот, со chicken nuggets намалено на еднаш неделно(претходно 3-4 пати неделно). Останаа уште млекото(што го користам само при подготовка на други јадења) и чедар кашкавалот. Некоја замена за млекото при подготовка на други јадења?
Било кое растително. За десерти некои поблаги како кокосово, бариса за кафиња зошто тоа пени, инаку онака по неутрални за други јадења: овесово, оризово, соино.
Јас не сум голем јадач на месо, ама на моменти кога другите околу мене јадат месо и мене ме привлекуваат и ме убедуваат да јадам месо можеби затоа што не се навикнати тие на таква исхрана. Но, сепак јас постепено станувам вегетаријанка. Досега видов како е да сум Веган ама не ми е многу прифатливо, затоа вегетаријанска храна ми изгледа подобар избор. Гледам вегански и вегетаријански рецепти само колку да добијам идеа што да зготвам ама и да ми одговара на вкусот. Не е дека не ми се допаѓа таа храна туку е поради тоа што тие рецепти што ги гледам и ги правам ретко нешто да ми се погоди како што треба. Поточно јас се хранам здраво и затоа го дозволував да го јадам пилешкото месо и рибата бидејќи се рачунаат како поздраво месо. Може ли да споделите некои рецепти што се прават брзо ?
Во Скопје од почетокот на март годинава (2021) има нов вегански ресторан - Paradaise Food се наоѓа во Центар кај Беко, во истиот ред дуќани со dm маркет и "Просветно дело" книжарата. Цените не се ниту ефтини ниту скапи, лазања со спанаќ, тофу и вегански мајонез е 70 денари, ролки со соина виршла 40 денари а имаат и разни овошни слатки. Продаваат готвени јадења и на кило. Околу 300 денари е кг. зависно што земате.
Извадок од интервјуто со пејачката на Ареа, интересен и убав став: „Вегетаријанка сте, зошто се одлучивте за ваква исхрана и ваков стил на живот? – Вегетаријанка сум повеќе од 20 години и добро се чувствувам поради тоа. Верувам во единството на постоењето, единството меѓу човекот, животните и природата, верувам во Бога. Сметам дека животните се Божји созданија, исто како и ние и сметам дека ни се дадени за да ни помагаат на разни начини, а не за да се храниме со нив. Покрај тоа мое убедување, во текот на животот кај мене се разви и љубовта и сомилоста кон животните. Знам дека и тие чувствуваат радост, болка и страдање. Тоа е единствената причина поради која сум вегетаријанка„ извор
Веројатно во време кога немало ништо друго да јадат за да преживеат, па се одлучиле да го пробаат месото и така сметале дека тоа ги најадува доволно и не внимавале на никакви последици што можат да произлезат од тоа се додека не се преработуваат тие меса и се продаваат насекаде од што тие преживувале финансиски и немале милост кон тие одредени животни за кои имаат дозвола да ги искористуваат целосно, односно се што можи да се произведе од нив. Од таа гледна точка тоа им било исплатливо да го прават и за да користат што можат повеќе од тоа што го имаат. Да го спомнам и фактот што го дознав дека веганска или вегетаријанска храна во маркетите почнала да се произведува и продава од 1940 година. Јас не сметам дека е тоа корисна и добра идеа покрај тоа што можеле да преживеат со грав,грашок и со одгледување на нивите со зеленчук и овошје. Како и да е, сега веќе кога има разновидна храна на располагање нема зошто да се прават тие работи, поради најголемите и многубројни болести што се утврдени од месо во кои спаѓа во поголема можност и корона вирусот за што е веќе е спомнато дека некој јадел месо и поради што тоа месо е во денешно време преработено како фаст фуд кое што е многу помрсно правено и повеќе штетно.
Каква веганска и вегетаријанска храна се произведува од тогаш? Како колбасици, млека и сл? Пошто се останато има да излезиш во природа или да влезиш во бавча.
Да така е, ама за прв пат почнале да го продаваат во тој маркет кој бил наменет само за веганска храна во Берлин. Значи незнам што друго се продавало од тогаш.
Да. Јас сами по себе ги блендирам нив си тие до нив, малку се гледат на сликата. Со доматен сос и зачини си прам сос за тестенини. Или со малку bbq сос ама ситни блендиран прам meatless meatballs. Сами по себе ги неќам ни едните ни другите, ама во комбинација се топ.