1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Поради фактот што секогаш кога пробам да јадам месо ми се поврака од мислата дека ова што ми е во чинијата некогаш трчало по природата, јас сум вегетаријанец 4 години и сум горда на тоа. Ми е жал, многу ми е жал. Јас лично сум во некоја посебна врска со животните, ги обожавам сите и ми е грев што им ги дерат кожите живи, ги тепаат до смрт и сл. (несакам да почнувам, темата е Вегетаријанство а не се животните ) Освен ова, месото ми е гнасно на вкус а и се што е направено од месо.
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Вегетеријанец сум, иако пред тоа јадев месо. Ех, јас си знам колку сум се расправала со моите за ова... Јад месо, па јади месо. И на крај се откажаа. Иако до ден денешен знаат да ми преречат се откажуваат. А вегетеријанец станав од проста причина дека немам срце да јадам животни зошто после ке имам грижа на совест...
     
  3. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Јас не јадев месо 4 години ама крвта многу ми беше слаба и морав ради здравјето !!! =//
     
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Ич не го сакам вегетаријанството. Мислам се е океј со па да го наречам почитувањето на животните и јадењето ако може да се нарече здрава храна. Една другарка викаше дека ќе станела вегетаријанка и не издржа ни два дена :lol: Незнам ја тоа ич не можам и не би ни пробала.

    А и неможам да си го замислам животот без мариниран пилешки стек :inlove:
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    нема шанси да преживеам без месо :)
     
  6. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Не јадам никакво месо само пилешко јадам ии премногу ретко 1до2 пати во годината риба ако каснам така да не суум вегетаријанец но јадам само 2 вида на месо xD
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    подршка за сите што се придржуваат до овој начин на исхрана :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Милиони пати до сега во мојот живот бев пред финална одлука да станам и јас тревопасно животно и така терав некое време се до денот, кога во куќава ќе се направеше пица со кулен :( шпагети со болоњезе сос, мусака, полнети пиперки.. да де се тоа можам и без меснатиот дел да го јадам, ама по ѓаволите и така ми е убаво што да правам. :(
    Не сум некој страсен месождер. Ретко јадам месо, ама сепак го јадам. Пилешко, свинско, телешко!
    Риба не баш, од слава на слава јадам, кога прави мајка ми ослич, пошто единствено тоа некако можам да изедам две-три тркалца испржени, ама ако се добро испржени, накај изгорени исушени :D .. пак за морски некакви си пливачи јок! збор не станува.
     
  9. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    За делот со животните, иако сум голем љубител на животни не се согалсувам бидејќи месото ни е навистина потребно за витамини,а некои (како мене) кои имаат слаба кондиција и слаб имунитет навистина ни е потребно. Ако не беше потребно во ред,но сепак тоа е важен дел од нашата исхрана. Иако може да се преживее без месо,сепак добро е да јадеме месо бидејќи е здраво и дава голема енергија и исто така витамини кои ги нема баш во секој зеленчук или овошје. Јас би сакала да бидам вегетаријанец,заради тоа што месото ми е гадно, единствено пилешко ми е убаво и чајна(а и тоа се поретко јадам :worried: ) ,но од дома не би ме оставиле :devil: ќе бидам кога ќе пораснам,сега плус сум во развој и ми е потребно месо особено за здравјето, бидејќи имам навистина слаб имунитет.
     
  10. mirandakerr14

    mirandakerr14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    jas bev zavisnik od meso a sega sum vegetarijanec iako jadam samo tuna ( poradi omega3 masnite kiselnini mislam taka se vikaja) se custvuvam mnogu poubavo i polseno :)
     
  11. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    сакам животни да.ама без месо неможам да го замислам мојот систем на исхрана зашто јас внимавам да се исхранувам здраво ама под здраво не се подразбира само зеленчук и овошје тука се вклучува и месото како и риба.Знам многу кои пробале да бидат Вегетаријанци и крвта им беше многу заслабната.Такада си јадам месо и ке си јадам не планирам да станам вегераријанец ;) и нека не ме разберат погрешно вегетаријанците,секој си има свое право на избор :!: поздрав. :*
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Па потребни се витамините, точно, ама истите можеш да ги најдеш и во други јадења. Мене ми е баш убаво вака, ништо не ми фали да чукнам во дрво. Ни ми се слошило некогаш, ниту пак имам потреба од месо. Убав ми е животов. Лично за мене зборувам, не знам за другите.
    Исто, пред неколку дена ми донесоа витамини кои биле замена за месо, ама уште се мислам дали да ги земам, ок ми е и вака. Бев и на доктор, крвната слика ми е супер, а веќе 5 години како сум вегетаријанец.
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Вегетаријанството е многу повеќе од јадење на леб и ајвар. :!:

    Со самото исклучување на месото од нашата исхрана, сме исклучиле, да речеме, еден кабел, кој ни носел корисни работи во нашето тело. Затоа, прочитав неколку поста дека крвта ви слабее после одреден период вегетаријанска исхрана. Значи, кога веќе некој е цврсто решен дека скроз на скроз ќе го отфрли месото од својот живот, треба да внесе еден куп други производи, барем малку од малку да надокнади за исхраната.

    За жал, кај нас многу ретко некој може целосно да се исхранува вегетаријански а да остане здрав. Прво, здравата храна е ненормално скапа. Треба животот да си го свртиш кон тоа што да јадеш, како да јадеш, од каде да јадеш... Мислам дека е премногу труд. Слично како и диета. Да, можеби е начин на исхрана, но верувајте дека во некои денови, секој од нас сака да го јаде тоа што прво ќе му дојде прирака.

    Не ги гледајте филмовите, на запад имаат специјални супермарките за вегетаријанска исхрана. Овде, е тешко да се биде вегетаријанец. Не знам како успевате, но секоја чест.

    Јас лично не би се откажала од месото. Не сум којзнае колку голем љубител, повеќе сакам тесто и такви ми ти работи, но го јадам. Ако сте загрижени за доброто на животните, има милион подобри начини да им се помогне од оној да не се јаде месо. И фабриките за кафе дневно трујат милиони животинки со испуштање на штетни гасови, плус илјадници луѓе се трујат од истите, па не престанувате да го пиете, нели ? ;)
     
    На Kitten, JuLleE, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Пред да одтанам бремена бев вегетарјанка,но потоа почнав да јадам месо во неделата еднаш,но откако ќе родам се враќам на вегетарјанството,и ќе пробам и со децата да ги направам во мали вегетарјански манстрс ;) :D
     
    На spellbound, Kaetana и Dulceee им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не јадам месо бидејќи не сакам некое животно да биде убиено поради моја наслада или потреба.
    Не јадиме месо никој дома, сите сме вегетаријанци.
    Никогаш сме немале некакви здравствени проблеми, не паметам кога последно сум имала и грип.
    Имам сила, енергија, се чувствувам здраво и енергично.
    Крвта ја проверувам редовно, секогаш се` ми е во нормала.
    Моите родители немаат проблеми со холестерол, диабетис, со срцето, или главоболки. Не пијат никакви апчиња (редовно одат на контрола) и се чувствуваат одлично и младолико.
    Јадам зеленчук и овошје и уживам во нив.

    Не ги напаѓам тие што јадат месо, секој има право на свој личен избор. Но, исто така не сакам ни некој да ми паметува колку било битно месото, затоа што ако јас знам дека се чувствувам одлично без месо, кој е тој друг што подобро знае од мене како ми е?
     
    На ariela09, mims-89, spellbound и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Крвна слика - џам.
    Проблеми - никакви.

    Вегетаријанец: 8 и кусур години.

    Пред се, не осудувам никој што си јаде месо. Не сакам ни да навредам некој.

    НО, во оваа ера, во која мајке ми не сме со копјето во раце и се бориме за живот, личен став ми е дека воопшто нема потреба да глумиме дека сме дел од некаков синџир за опстанок (барем за исхраната не сме)...

    Синџирот за опстанок е во други полиња - како на пример, хранењето на кокошките со хормонска храна - за да се поголеми, за да продуцираат повеќе јајца - кои сепак, човекот ги внесува... Општо, хранењето на животните со таква храна за да се помасивни...

    Ако некој прај муабет за крвни слики... нека подразмисли за тоа...

    Ако бев со копје во раката, ќе си јадев месо... и барем ќе знаев какво месо внесувам...
     
    На Dreamer, faye и spellbound им се допаѓа ова.
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Прво, не сум вегетеријанец. НО!
    Ако ви се јаде месо јадете си, не проповедајте тука дека тие протеини се неопходни за човечкиот организам затоа што не се! Искрено преку глава ми е од тие проповедања, со цел сами на себе да си олесниме ејјј морам да го јадам тоа протеини се, па тие протеини се изградени од тие и тие аминокиселини, леле ако не ги внесам нема да ми функционира нормално организмот. Значи НЕ. Месото НЕ Е НЕОПХОДНО за организмот. Еднаш пишав и на друга тема, прво и основно желудникот на човекот не е создаден за да вари месо. Второ забите на човекот не се изградени како забите на месојадите. Значи човекот не е создаден да јаде месо, тоа го прави затоа што му е вкусно и сака. Јас јадам месо затоа што сакам и кога сакам, не затоа што ќе внесам протеини кои иначе нема од каде да ги внесам. Дај ве молам! Од една страна сметам дека вегетеријанците малце може ја претеруваат, ама па од друга овие што јадат месо и продукти од животинско потекло ептен ја претеруваат! Прво за вегетеријанците, тие животни кои се користат за добивање на храна се чуваат во заробеништо со години и години. Ако се пуштат на слобода за брзо време ќе подиват пак, ама нема да се снајдат. Нема да има доволно храна за нив, особено не во зима. Едно теле јаде на ден околу 10кг а може и повеќе храна, да не збориме за една крава. Ако е така секој вегетеријанец нека си земе дома по 5 крави и нека ги чува од љубов, да видам до каде ќе стигне и како ќе го направи тоа. Значи кравите, овците, свињите едноставно сега веќе не е возможно да бидат слободни животни. Тоа не е синџир на исхрана, туку синџир на трговија. Работата е на тие мили животни да им се обезбеди нормален живот и нормална смрт, а тоа не се обезбедува но нели сите ние гледаме на позитивната страна и се молиме еднаш засекогаш луѓето да се смилуваат и нормално да ги третираат производните животни. За оние кои јадат месо пак, не луѓе, стварно не ни е потребно. И уште еднаш ве молам, јадете си месо затоа што ви се јаде и кога ви се јаде, а не затоа што се правдате со тоа дека е неопходно. НЕ Е. И сите оние вегетеријанци на кои им ослабнала крвта, им се јавиле одредени здравствени проблеми итн, тоа се случило затоа што не го припремиле организмот и настанува шок. Затоа мој совет, сите оние кои планираат да станат вегетеријанци тоа да го прават постепено. Истото важи и за вегетеријанците кои сакаат да пројадат месо (ако има такви).
     
    На livert и Feminkaa им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Moментално учам од компјутер, од материјал
    A сприптава е од доктор на исхрана
    човек кој ја има докторирано исхраната и предава толку предмети за исхрана,колку што ние немаме прсти
    копи-пејст на делов му напраив-


    Есенцијални аминокиселини
    Нашето тело не може да ги произведе
    есенцијалните аминокиселини па затоа мора да
    се осигура нивниот внес преку консумирање на
    одредена храна.
    Добар извор на есенцијалните аминокиселини се :
    месо, риба, јајца, млеко и млечни производи
    Како и некои производи од растително потекло:
    мешункасти производи (грав, леќа, соја)


    ;) ;) ;)


    и сега што да пишам на колоквиум, ова или дека на човекот не му е потребно месо,м?? :wasntme:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Не пишува дека есенцијалните аминокиселини ги има само во месото...значи се може без месо ако си јадеш доволно грав пример ;)
     
    На ariela09 и girl.23 им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    хахахах, па ти знаеш ли колку есенцијални амино киселини постојат?
    едните се во гравот а другите?

    п.с не дека јас имам нешто портив вегетаријанците, напротив ги почитувам поради нивната решителност, ако реално тоа го прават заради животните, а не како тренд ( што не верував дека постои но, сепак постоело, жив пример -деми и ештон)или за диета или или или...

    ама кога станува збор за факти- фактите си се факти

    едит-
    Биолошка вредност
    јајца и млеко-100
    Овие протеини после ресорпцијата можат целосно да

    се искористат во организмот!
    Биолошката вредност на овошјето и зеленчукот е
    помала – некои аминокиселини недостасуваат или
    се во недоволна количина
    Исклучок- мешункастите производи
    Утврдено е дека искористувањето на протеините од
    растително потекло значително се зголемува
    доколку се комбинира со протеини од животинско
    потекло

    мора да е грешка професорот... кој му дал да докторира јас не знам :D
    ;)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.