Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Затоа и форумов служи, односно темава. Да се изнесат позитивни и негативни последици од (не)конзумирањето на месо.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ....
    Жално.

    Сега коментар - ама јас употребувам соино млеко.
    Зарем не Girl.23? ;)
     
    На RedWine, Lilit, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Јас упорно и упорно се обидувам да ви ја сфатам логиката во етикетирање на оние што јадат месо а се против крзно - како дволични. Ако му удрам шамар на некој, значи дека треба и да го убијам? Исто му се фаќа.

    Вегетаријанка не сум, ама повеќето видови на месо ми се гадни. Уживам во пилешко и риба. И не мислам дека сум дволична. Кога веќе станува збор за примарни потреби (како јадењето месо), глупаво е истите да се споредуваат со потреби кои некогаш биле примарни (нашите мили но глупи побратими такозвани неандерталци, кромањонци, итн. итн.) а денес не се.

    Искрено се надевам дека некогаш ќе се најде еквивалент на месото што ќе биде пристапен и за пошироките маси, а ќе ги исполнува сите потреби на организмот. Не се сеќавам дека организмот некогаш ми барал да носам крзно на себе.
     
    На mims-89, JoxyTheFreak, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.434
    И ето видиш и у право сум била. Станаа вегетариајнци ради мода. Реков јас нема ниеден таков на темава и вистина нема. Еве ви и доказ.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не ми е поетата никој да навредам, но стварно не ја сваќам поентата на вегетаријанството!
    Океј жал ви е за сите тие животни што умираат, да океј сваќам на сите ни е! ама тогаш престанете да се шминкате, бидејќи голем дел од козметиката е тестирана на животни, на кој сигурно им е подобро да умрат отколку да ги мачат! Скоро сите сапуни ги тестираат на животни, остај те вие тоа што викаат дека НЕ тестираат, лажат! не се мијте бе со сапун ај да ве видам! итн, итн има многу аргументи да не ја тупам!
    Медицински е докажано дека здраво е конзумирање на месо и месни производи! јас лично не можам да си го замислам денот без млеко, и тоа не од оние воднине1,5 е тоа е вода, туку нормално! Од една чаша не се дебелее сигурно!
    Со месување на сите протеини од месото му даваме енергија на организмот! Не сум експерт, ама лудото горе убаво се кажа, како посоодветна од нас!
    не викам дека сте фејкери, помодари, или дека лажте, браво за вас ако можете, но не мислам исрено дека тој начин на искрана е најздрав! Се е убаво ако се прави умерено, така и со месото, умерено внесување 2-3 пати неделно!
    П.С
    епа убаво викаат србиве, док не пробам лав, за мене крал на животните е свиња :lol: ајмо на кременадли утре ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Не ми е поетата никој да навредам, но стварно не ја сваќам поентата на вегетаријанството!

    види HIPSTER, некои луѓе едноставно не сакаат да јадат месо, жал им е и тоа е тоа :) Aма реално да е ради животните, а не ради килограмите, или ред други причини
    зашто јас имам читано статистики на интернет, и голем % се одлучиле на оваа исхрана заради килограмите. т.е да не се дебелеат...

    Aјде ок, нека биде само месо, сфаќам до некаде,емоции, жал ти е итн... ама јајца и млеко(млечни производи како јогурт, сирење, кашкавал итн) е тоа не можам да го сфатам

    прост пример млечните производи содржат лактоза, а таа организамот не може да ја произведе, и сега ти ако не користиш млеко, нема лактоза, а недостаток на лактоза води до дијареа

    Mногу работи предходно не сум ги знаела, ама се се учи!

    и убаво кажа дузи, во америка имаат еден куп супермаркети за вегетаријанци и што се немаат!
    Jас имам сајбер пријателка која е реална веганка

    нити јаде, а нити чука кремнадли за некој и нити крши и мати јајца, за некој друг да ги јаде ;)
    Eдноставно, не сака месо да гледа, камо ли да го кува и во зејтин да го става

    е за мене тоа е прав вегетаријанец

    а не тие што не јадат месо оти им се лошело од него, грдо им било, ќе ги здебелело, под дифолт тие се веганите
    да да
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Јас сум вегетеријанка. Не се фалам, ниту пак сакам да наметнувам ставови. Покрај тоа што не јадам месо не јадам ни желатин, не користам козметика тестирана врз животни, бојкотирав многу светски производители на храна, лекови, секогаш читам содржина на производот пред да го купам, итн.

    Со овој начин на живот започнав пред се заради здравиот начин на живот, бидејќи месото денес не е тоа што било некогаш. Напукано е со хормнони за раст, антибиотици и ред други отрови.
    Втората причина е гад. Гад ми е да пикам нешто мртво во уста, гад ми е да го мирисам...
    Третата причина е жал.

    Мојата крвна група е нулта позитив, и крвната слика ми е повеќе од добра.

    Ах да, и кој сака да се нарече себе месождер, нека го каже тоа откако ќе изеде живо месо како што прават вистинсите месождери. :D :drunk:

    Еве линкчиња за вегетеријансвто, да се едуцираме малце, доста само се расправате.

    Ова клипче може да ви го вознемири стомакот

    http://www.youtube.com/watch?v=odgldsDVDis


    а ова е пдф книгиче од македонската харе кришна веб страна, има интересни работи

    http://www.harekrishna.mk/PDF/Smislata na vegetarijanskata ishrana (mk).pdf
     
    На Dreamer, Kaetana и Jojoba им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Почитувам. Шо би рекле ние из СкопЉа - поштуем брат! :D
    Најсериозно. Ми велиш дека си вегетаријанец, не јадеш месо, заради причини кои не ме интересираат и со кои што не мораш да ми образложуваш зошто ти ќе си нарачаш салата а не месо, ок. Немам најмал проблем со тоа. Јас не образложувам зошто денес носам сиво фустанче, зошто нема никогаш да нарачам свинско или друго мрсно месо во кафана, зошто не користам кармин, и зошто не го сакам Хари Потер - доколку некој не ме праша, но очекувам исто така да биде испочитуван мојот избор како што го почитувам јас твојот. Точка.

    Ама нема да ги разберам следниве „вегетаријанци“.

    1) јас сум вегетаријанец, многу сум против убивањето на животните ама јадам риба, школки, октопод, сепија.
    Не, не си драга. И рибите се животни!
    2) јас сум вегетаријанец, ми се гади од убивање на животните и се борам за нивните права.
    ОК.
    Седнуваме во Дубровник во ресторан и младава дама нарачува чинија со морски плодови. Ја гледам и и велам - чекај малку, нели си вегетаријанец?
    Е добро де на одмор сум сега, тоа не се важи и никој од работа не ме гледа.
    Цурава работеше и мислам дека сеуште работи за Гринпис, шета низ цел свет и може да ја видите на најжустрите протести низ планетава земја. Ама за време на одмор - јаде животни. Фино :up:
    3) јас сум вегетаријанец и немој да си нарачала месо во моја близина - е од овој вид најмногу се ежам. Ги викате некаде, на кафе, во кафана, во ресторан, сеедно арно ама мора да мислите на вегетаријанците, затоа што на нив не им е доволно да си нарачаат салата, сирење, што и да е - мора сите да си нарачате салата. Што е полошо, мора да се соберете на друго место затоа што кафаната функционира обратнопропорционално од нивните принципиелни ставови - дека животните не смеат да се убиваат.

    Епа не може то тако. Каде е меѓусебната толеранција? Сакаш да се дружиме? Во ред - но не ми наметнувај твој стил на живот исто како што не ти го наметнувам јас мојот. Ти јади патлиџанче јас ќе јадам риба. Готово.
    И врв на се е кога ве следат како јадете со одбивна, намуртена фаца, остентативно го спуштаат приборот и почнуваат да ви држат лекција за тоа на кој начин и во која количина се убива животното кое се спремате да го грицнете со сласт. Епа не иде. Коса ми се крева во вакви ситуации.

    Поздрав до горенаведениве со саксија во рака и тажно фациче - не ми ги јадете растенијата бе па и тие имаат душа :(
     
    На Daydream, JuLleE, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Гледав сега, во скоро време едни клипови на youtube, предавање од некоја докторка искрено поима немам која е. И многу ме замисли. Се што кажува држи вода. Прво тоа што веќе го имам пишано, човекот физички не е изграден да јаде месо, устата т.е. забите, желудникот дури ни рацете не му се изградени како на месојадите. Докторкава повикува исхраната да се базира на „ЖИВА“ храна, односно овошје, зеленчук. Месото кое ние го јадеме е од мртви животни, логички. Покрај тоа имаше една слика што дефинитивно многу ме натера да размислувам. Слика од лав наспроти хиена, и сокол наспроти мршојадец, кој изгледа поубаво? Лавот кој јаде животни штотуку убиени, да не речам живи, или хиената која јаде мртви животни? Соколот кој јаде штотуку убиени, или мршојадецот кој јаде повторно мртви животни? Одговорот е јасен нели. Многу треба да се размилува на оваа тема. Значи тоа што го пишува во книгите е таму уште од пред 100 години да кажеме, кога не постоеле вакви хормони, концентрати и ред други работи. Да месото е одличен извор на протеини ама необработеното месо, а не ова што ние го купуваме од месара. Кој има баба, дедо на село ако чуваат животни за исхрана прво која разлика во бојата ја има во меѓу тоа месо и ова што ние го јадеме. Јас за жал немам никој на село, ама еднаш купувавме месо од една приватна фармичка и искрено запрепастена бев. Нас ова месо што ни изгледа нормално во споредба со тоа е МОДРО луѓе. МРТВО! Плус уште еден факт сакам да споделам за млекото, за жал се повеќе се молзат кравите, овците со механизирани доилки што се премногу груби па не често покрај млеко собираат и крв и гној од боските на вимето. И потоа цела таа мешавина се пастеризира, а јас мислам дека има голема разлика меѓу пастеризирано млеко, и меѓу пастертизирано млеко со крв и гној?
    Не сакам никој да згадам, мислам сето ова и мене ме допре и ме натера многу да размислувам. Ако има некој поврзан став баш би сакала да прочитам
    Значи стварно не ми е од жал за животните, затоа што тоа веќе го образложив тие животни со векови се чуваат така и поразлично не би опстоиле ни тие година дена или неколку месеци. Ама луѓе до составот и квалитетот на тоа што ние го бутаме во уста е. А не до жал.
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    искрено, прв пат слушам за млекото, до сега немам чуено, за ова не сум упатена :)
    и уште поискрено, највеќе дојдов на темава, зашто во крзно многу се збореше дека е контрадикторно чим јадеш месо- која е поентата да не носиш крзно?? :^)

    Aјде сега, пошто сме месојади, да земеме и мачиња и кучиња да тепаме по улици ако не!
    де месо јадеме, што има везе ако запалиме некое маче
    !
    за мене поконтрадикторно е да се декларираш како веган, а да користиш Mакс фактор Aвон итн, а тие се тестираат врз животни
    и плус, веган си, а да готвиш месо, да кршиш јајца (кои нели можеле да бидат живо суштество) за некој друг да ги јаде!

    и јас не јадам веќе јагнешко, не јадам јунешко, туку телешко зашто јунето е се уште мало бебе, и сега да се декларирам ко 1/4 вегетаријанка? :^) поради тоа што осеќам жал за јагнето и јунето повеќе одколку за прасето и пилето?
    Mногу јасно дека не...
    или си вегетаријанец/веган или не си!
    можеби си вегетаријанец, ама со Mакс фактор пудрата сигурно не си веган
    пошто гугл е добар извор, веганите можат да си прогуглаат кои компании не тестираат а кои тестираат врз животните

    и треба да бидат 100% сигурни дека облеката не им содржи волна,перницата им е без пердуви, нити било што од животно
    E тогаш нека дојдат и нека кажат- да веган сум ;)
    едит-
    http://www.peta.org/living/beauty-and-p ... fault.aspx
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^ Ама тука веќе почнува да се меша и друга тема во поглед на квалитетот на храната која ја јадеме.
    И јас се згрозив од Food Inc, каде што кокошките и другата живина ја клукаат со секакви концентрати и растот им се забрзува за 3-4 пати, па поради нагло зголемената тежина, паѓаат како покосени, затоа што не можат да издржат на сопствените нозе.
    Исто како што на телето за време на стоење му направија дупка на сред тело (да, дупка), додека ова кутрово си трепка, па му внесоа некаква направа и го затворија, чиниш капаче на тенџерче, и тоа побрзо да се развивало, за да даде повеќе месо за рекордно брзо време.

    И тоа е болно, и се согласувам дека ваквиот тип на вештачка храна е нездрава и може да предизвика милион инфекции и болести.

    НО!

    Зборуваме за САД, со околу 313 милиони жители, и зборуваме за Македонија со околу 2 милиони жители.
    Нашата побарувачка и потрошувачка за храна не е ниту приближно еднаква.
    Со тоа можеме да си дозволиме далеку подобар квалитет.

    Па ние до пред некоја година немавме ни поим што е тоа органска храна, додека во другите големи држави помпезно се рекламира.

    Сериозно сакате да ме убедите дека немаме квалитетно месо, млеко и дека (барем засега) постои опасност од такви вируси и инфекции и генетски мутации и болести како на Запад?

    И уште нешто, Јојоба упорно го наведува примерот како човечката конституција не е создадена да консумира месо.
    Уште од памтивек - човекот бил ловец, а жената домаќинка и собирачка на плодови.
    Веројатно сите тие копја и останати орудија за преживување не им биле потребни да ловат краставици или круши.
     
    На Daydream, drugarka, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Прво, го почитувам ставот на вегетаријанците да се хранат на тој начин, како што го почитувам и обратниот став да не бидеш вегетаријанец, бидејќи и јас не сум.

    Само што темава заминала во сосема друг правец околу безбедноста на храната. Факт е дека и зголемената популација го претвара масовното производство на храна во еден убрзан процес и дека може да настанат хормонски дисбаланси, ама па далеку сме од вистината дека баш во современиот свет сме најизложени на опасности. Пак, ќе речам и до информираноста е. Реално, ако купуваш рефус колбаси или друга рефус преработка од месо која дреме во еден фрижидер којзнае колку време (реално вака на отворено пропишано е да се конзумира за ден до два максимум), колкава е веројатноста за квалитетен внес? И во крајна сметка никој со сила не ви го дава помодреното месо во месара, јас лично ако треба и сите месари ќе ги ишетам и ќе го одберам најубавото и најсвежо и да, ми се случиле и мини кавги кога инсистирале да ми подметнат полоши парчиња, ама не им поминало. Значи како купувачи сами бираме (не)квалитет, е сега дека опаднатиот стандард си го прави своето - да, ама ако треба ќе јадам два пати неделно квалитетно месо, отколку недела дена отпадоци од месо и месни преработки. Околу млекото при молзењето температурата е висока, топло е народски кажано и некоја капка крв во него е помалку штетна од масовниот развој на бактерии кои на таа топлина се шират ненормално, пастеризацијата е лекот на 70 степени се‘ ќе исчезне. Плус сега барем медицината е многу поразвиена знаете ли дека до пред некој век единствена борба против болестите било пуштањето на крв? Во крајна сметка како сме се одржале како род толку илјадници години наназад без никаква медицина, без пастеризации и стерилизации и сл. Веројатно зошто и не сме толку нежни, а денес со толкав напредок искрено се повеќе свилени човечки примероци патат од најразновиднии фобии мислите дека порано имале време или потреба од тоа? Искрено се сомневам.

    И околу мутациите и модификациите на вирусите тоа е друга тема, тука во игра е биолошкото оружје, тие се создадени во лаборатории бидејќи фармацевтската (која треба да го обезбеди лекот) како и воената индустрија моментално се најголемиот прилив на развиените земји.
     
    На ludoto19 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Трендафилка, значи јас јадам месо, млеко не пијам затоа што не ми го поднесува желудникот, исто и јајцата. И не сум тука да убедам некој да јаде или не јаде месо, да пие или не млеко, туку чисто дискутираме на тема која сите нас не засега. Човекот верувала ти или не, не е созададен да јаде месо. Тоа не го измислив јас, нити некој научник туку природата го создала така. А копјата не можеле ли да ги користат за заштита? Само за ловење ли се користеле? Човекот пробал месо, и му се допаднал вкусот, прво му се допаднало живо, после му се допадало зготвено. И продолжил да го јаде. Ама никој не наведува дали уште тогаш на човечкиот организам му било потребно тоа месо, млеко, јајца или не, или ете почнал човекот да јаде затоа што открил нов извор на храна која не го труела. Тогашниот човек не размислувал, ааа ќе јадам сеа месо, од него ќе ми се синтетизираат есенцијалните аминокиселини, кои тревопсните животни сами ги синтетизираат, и кога ќе ја изедам кравата ќе стигнат кај мене. :^)
    Сте биле ли во македонска кланица? Квалитет? Можеби кај нас нема модифицирани животинки од типот на пиле со 12 крилца и без глава, затоа што Американциве најмногу јадат пилешки крилца, ама мислите дека нашите животни не ги трупаат со концентрати и хормони? Па баш ги трупаат, затоа што инспекторите функционираат на принцип дај ми 200-300-400 евра и еве ти уреден записник. Прашајте ги тие инспектори дали јадат месо од секоја фарма. Сеа да не ширам пропаганда, ама дел од свињите кои ги користи за производство Жива, се хранат на штипската депонија. Квалитетно месо кај нас има во село, кај што баба чува 2 крави и 3 овци и си се хранат со тревичка. Е сега па од тука друг фактор тргнува, таа тревичка здрава е? Не е загадена од околната фабрика која е на 20 км ама е толку лошо изградена што се што не треба иде по дифолт секогаш накај населено место, па макар да е тоа и селце со 5 куќи. Значи тоа е толкав круг и толкава широка тема за дискутирање, на која јас искрено баш би сакала да дискутирам и имам што да кажам. Ако е овде оф топик предлагам нова тема за тоа, затоа што јас сум сештојадец и мене ми е многу битно да јадам квалитетна храна, без разлика дали е марула или кременадла.
     
    На faye и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Аиии за да се јадело месо морало да се убие животно кое има душа, па и човекот има душа сака да се најаде, ако гледаме така и растението има душа, и тоа ако го скинеш овенува, скапува, ајде сега зошто ги уништувате растенијата само за да се најадете вие вегетаријанци, зошто ја кинете краставицата само за да ја задоволите својата глад, зар не може таа да си расте и да си остаре и умре од природна смрт? :D
    Ако не постои тој синџир на исхрана во природата па на планетава ќе се намножат толку многу животни што нема да има кислород за дишење, што ќе им правиме на тие свињи, кокошки и сл. ќе се множат и множат, ќе раѓаат свињите по 12-13 прасиња годишно, не знам кај све ќе ги сместиме.
    На организмот ми е потребно месо колку што му се потребни овошје и зеленчук.
    И јајцето не мора секогаш да стaне пиле, секој сперматозоид кај човекот не бидува бебе.
    Човековото тело е конституирано за јадење месо. Тоа се забите, од кои во минатото кога човекот не ја обработувал храната умникот имал значајна улога, но со развојот на човештвото ја губи улогата и мислам дека и вилицата ја губи првобитната форма, се намалува, умникот ја губи својата првобитна функција бидејќи човекот веќе нема потреба од голем напор при обработка на месото бидејќи тој веќе самиот го обработува пред да го јаде.
    Не сум вегетаријанец.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Девојки би сакала дискусијата да ја продолжиме на темава
    hrana-i-pijaloci/kvalitet-i-bezbednost-na-hranata-t9074/#p791865
    не знам дали модераторите веќе ја одобриле, но мислам дека нема потреба овде од оф топици :)
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јојоба, ти го разбирам ставот и потребата за конзумирање на здрава храна, сега може ќе одам уште повеќе офтопик ама еве бидејќи е за вегетаријанство темава, веројатно нема да ми се замери што ќе зборувам околу зеленчукот. Како производител кој е и директно засегнат еве ти тврдам дека не е можно производство во целост на органска храна. Последниве години дали е до киселите дождови ли или кој ѓавол е, не знам точно но без употреба на средства за прскање нема шанси да го очуваш родот, тие се втора или трета категорија на отрови во однос на топлокрвни животинки од помали размери во моментот на употреба, за човек имаат каренца од неколку дена до недела обично после која се смета дека е безбедно да се јаде. Ама, :!: големите оранжериски производители не се држат воопшто до ова. Јас како помал производител внимавам повеќе секако, ама ти тврдам во денешни услови еве да го земеме компирот нема шанси да го произведеш органски не знаеш дали побргу ќе го уништи пламеница или компирова златица или комбинирано, инаку колку за информација кг. семенски компир за сеидба е 100 ден./кг. некогаш и повеќе, за голема нива треба огромна килажа, каде се трошоците за ѓубриво, наводнување, култивација итн?! Оние демек органски производи огромни, сите од ред иста големина и форма се обичен маркетинг, луѓе навистина органско производство, нетретирано без никакви хемикалии дава помалечки, често со неправилна форма производи, со несовршена кора (дамкавост и сл.).

    Едит- до модераторите, ако може нека биде префрлено ова и претходните мислења во новата тема :) .
     
    На LivingGlam, Jojoba, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Да, имам напишано пост (побарај го каде е) каде пишувам дека конзумирам соино млеко. И секој ден го имам во фрижидерот. Чиста замена ми е за обичното млеко!
    И не морам тебе да ти давам оправданија. Ама повторувам поради другите феминки. :!:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пробав да бидам вегетаријанец, и успеав да издржам дури 3 дена :lol: Не можев повеќе.
    Месото и сувомеснатите производи не ми се проблем, нив можам да ги тргнам од менито. Проблем ми се млекото и млечните производи кои се дел од мојата секојдневна исхрана. Не можам да го замислам денот без млеко, сирење, кашкавал, зденка. Така ме научиле моите, денот да го започнувам со млеко заради сите негови корисни состојки и дома пиеме исклучиво домашно млеко, ретко купуваме во тетрапак.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    Ги почитувам и поздравувам вегетаријанците. Секоја чест за нив. Јас не сум вегетаријанец, ама многу многу ретко јадам месо. Најчесто на туна сум. проблем ми се единствено млеко,јогурт и млечни производи, НО вегетаријанец подразбира само не јадење на МЕСО, мислам дека ако не конзумираш јајца и млечни производи и било кои продукти од животинско производство, тогаш си ВЕГАН, ама така мислам, не сум 100% сигурна. Битно, не сум вегетаријанец, бидејќи од време на време си јадам месо, ама не сум зависник од него, подобро ми е во италијански ресторан со многу тестенини и сосови да јадам, него во традиционален наш ресторан со стек, бифтек, кременадла... |(
    Иако и за тоа од време на време ми се појавува желба...3 пати годишно :)
     
  20. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Не би се сложила со овој начин на исхрана, НО секој има свој вкус :puke:
    Сепак мислам дека месото е неопходен детал на домашната трпеза(без навреда на вегетарјанците....)