(без навреди) Никогаш не би можела да бидам вегетаријанец! Може е здраво, може не тоа сеуште не знам сигурно иако читам различни мислења, сепак мислам дека е потребно месо бар во мали количини, еднаш во месецот, ако ништо повеќе.
Има поделби: вегетаријанци, вегани...итн... Ако сакаш да станеш вегетаријанка, не значи одма да исфрлиш се` од исхраната. Намали го месото малку по малку.... А , млечните производи не мора да ги исфрлиш. Затоа што ти не го убиваш животното за да добиеш млеко. Животното само ти го дава млекото - и е потребно да се измолзи. Како што јаболкницата не ја корниш-а, ги земаш нејзините плодови, така и животното-не го колиш, а го земаш млекото. Јас пиев само соино млеко (кое претпоставувам е генетски модифицирано), па го исфрлив скроз од употреба. Млеко не конзумирам, но јадам чоколадо-а, во него пак има млеко. Но не е страшно. Сепак, месо не јадам, и никогаш не би јадела. Ми се лоши само од миризбата, а не па од месото.
Сликите со месото, марулата, каменот и водата воопшто не држат... ако се тргне по таа логика тогаш луѓето може да си ги готват и сопствените бебиња.
Зошто мислиш дека невистински, дека се бламираат, како изгледа прав вегетаријанец? Човек ако не поднесува месо, се подразбира дека не јаде месо, оти не може да не поднесува месо, а да јаде.Воопшто човекот не е целосно информиран за каква храна јаде, без разлика дали е вегетаријанец или не, затоа што нема секогаш можност да види истата како се произведува.А за болестите, треба малку потемелно да се информира кој е еден од изворите за појава на истите, велат здравата исхрана е лек за многу болести, а следствено на тоа би требало човек да внимава што јаде, бидејки болестите не се појавуваат туку така или само од веќе познати причини.Исхраната има огромно влијание за здравјето, а за да има тоа зависи од човекот.
Јас пак, уште како дете сум била одбивна кон месото И ден денес е така. Немам некоја посебна причина но едноставно не ми се допаѓа - никакво. И воопшто не го конзумирам. Без разлика како и да е зготвено, кој и да го зготвил едноставно не можам да поднесам мирис на месо и не се осмелувам да го пробам. Имам во неколку наврати пробано да изедам некое парче,ама слабо ми оди, дури и гадно се чувствувам после тоа.
Свинско месо не јадам од дете.Еднаш се прејадов и се уште ги памтам последиците од тоа прејадување Потоа почнав да не јадам јагнешко,па телешко,па една година јадев само пилешко...И на крај и тоа го одјадов.Цели 15 години бев вегетаријанец,но не во класична смисла на зборот зошто јадев риба и млечни производи (без јајца). Пред неколку години мојот тренер по фитнес ме наговори дека е време да се позанимавам со мојата исхрана зошто не внесував доволно протеини,а тоа и те како се гледаше на мојата става.Полека почнав да јадам бело пилешко и пилешка супа. Се останато од месо и ден денес не јадам.
Нема родени вегетаријанци..Тоа е избор што сами го правиме.Многу научни истражувања докажуваат дека месото нема никакво влијание во нашата исхрана.Тоа само заситува..Секако јасно е дека содржи протеини,но тие протеини ги има во растенијата..Еве на пр.слонот е толку многу големо животно,за кое се потребни многу протеини и сепак внесува преку растенија и е вегетаријанец. Јас сум вегетаријанка затоа што сама го направив тој избор и сум голем обожавател на животните и се борам за нивните права.Порано јадев месо се додека не ги отворив очите и не се соочив со реалноста..Ке ставам линк од видео кое објаснува многу работи и се надевам дека некои луѓе ке сватат зошто сум вегетаријанка и ке го направат истиот избор што го направив и јас..Не значи дека ако го имаме правото да ги јадеме животните,дека јадењето на нив е исправно.Сепак,некогаш луѓето ловеле и убивале животни за исхрана само затоа што немале што друго да јадат.Ако некој на масата стави мртво тело кое пред тоа трчало,се хранело,било дете или мајка и уживало во животот и го нарекол `храна`,не значи дека сите треба да јадеме и да станеме подвижна гробница..Сепак тоа е избор што сами го правиме.АКО КЛАНИЦАТА ИМАШЕ СТАКЛЕНИ ЅИДОВИ-СИТЕ КЕ БЕА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ. (се надевам дека ке ме разберете,секој има право на свое мислење.) Еве ви линк,погледнете.. http://www.youtube.com/watch?v=bhQsIIMcDJc (видеото содржи многу..за крзното,месото,ловот,циркусот,тестирањето,уличното малтретирање..)
чиста глупост според мене ке седнес некаде да јадеч и они ке јадам пица а ти ке јадеш некоја салата ВЕГЕТАРЈАНСТВОТО Е ЧИСТА ГЛУПОСТ
НЕ НАВРЕДУВАЈ НЕ НАС КАКО ЛИЧНОСТИ ШТО ГО ИМАМЕ НАПРАВЕНО ТОЈ ИЗБОР.Секој има право на свој избор на начин на живеење.Сепак вегетаријанството е многу поздраво.При колење на животните кои брутално ги малтретираат и убиваат,односно живи ги дерат и им ги кршат коските..се шират разни отровни токсични материии низ крвта на животните од страв и го трујат месото со што и луѓето несвесно се трујат себе си и си го скратуваат животот.Ова се само некои поучни и точни информации..Не ве терам да станете вегетаријанци само затоа што сум јас направила таков избор..туку ви давам до знаење каква корист имате и што се случува наоколу во светот..поздрав
Иако не сум вегетаријанка, ги почитувам истите,но не ги оправдувам целосно. А и не сум сведок на ситуации со вегетаријанци што не подржувале нас. Мене никогаш нема да ми е одбивен нечив избор дали да е, или да не е вегетаријанец-сепак за него се работи, не за мене. За разлика од некои, организмот ми бара месо. Било какво само да е месо. Па и едно гравче-тавче го јадам со колбаси. Сум пробала да издржам без месо, не можам, нервозна сум, омалаксана, кенкава, и пак се сведува на истото- ручек со месо за да можам да се најадам и да почнам да функционирам. Една познаничка на мајка ми, вегетаријанец-веган што и да беше, остана бремена. Иако станала вегетаријанец од причина што и било жал за животните, (далеку од тоа дека ние што јадеме месо не ни е жал, и нас ни е жал, но тоа е тоа) во текот на бременоста и кажаа ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да конзумира месо за здраво да се развива плодот. Се си заврши супер а сега нејзиното синче и е 3 години и јаде месо. Таа си продолжи да јаде во текот на доењето, подоцна само намали (не го откажа целосно) но сега се кае дека помислила бременоста да ја истера без конзумирање на месо. Не ги оправдувам тие што би се одлучиле на таков чекор, и тие што не би им давале месо на своите деца заради нивните "верувања" незнам ни како да ги наречам. За мене да имаш дете е свето нешто,не би ризикувала такво нешто за било што, ако треба, што и да треба со сила ќе јадам само да би ми било здраво и живо во мешето, а и понатаму. И сами викате сакате да сте вегетаријанци ама мајките не ви го дозволуваат тоа. Па нели, мајка е таа што се грижи за детето. Тие знаат најдобро. Понатаму дали тоа кога ќе биде доволно возрасно и свесно, ќе се определи за таков чекор или не, тоа е друго. Спојлер Утре, здравје, да имате три машки деца, спортисти, ела нека бидат вегетаријанци па дали ќе ви е жал за животните или за децата ваши дали се најадени.
1- Мајка ми и татко ми биле вегетаријанци пред да се родиме ние, а и оттпосле. Мајка ми низ бременостите немала никакви проблеми, се породила природно, а како деца сме биле преретко болни. Сме растеле здраво и силно. 2-Месо не ни давале затоа што ако родителот верува дека е нешто штетно, не би му го давал ниту на своето дете. Која логика, мајка ми не јаде месо поради нејзини причини, а мене да ми го бута в уста? 3- Месо не јадат ниту машките дома, а татко ми работи физичка работа, брат ми е спортист...Така да нема врска тоа. 4- Мојот дедо е лекар во пензија, кој не јаде месо и имаме подршка и разбирање и од него. Без месо се живее здраво. Не постојат оправдувања дека ќе се разболуваш често, дека не си имун на разни болести...итн. Месото не е незаменливо.
Јас реков дека ги почитувам сите мислења, ако ти така велиш дека ти е добро, така нека биде. Јас не би ризикувала. Сепак се работи за млеко, месо, јајца. А и се што ги заменуваат, не се баш исти како нив, тоа е моето мислење. Јас гледам во мојата околина како е, брат ми е спортист и висок два метри,и со висина си носи и тежина, Него не го најадува една порција ресторанска месо, така што знам што значи за некои машки храна. Мојот поранешен дечко, исто така. Моите другари што се спортисти исто така. Секој си има право на избор. Но ако јас не верувам дека месото е здраво, а на моето дете му се јаде, секако дека ќе му дадам, нема да го ускратам тоа задоволство. (бидејки за човек како мене да се најадам ми претставува задоволство). Јас можеби не го оправдувам тоа, но кој како си милува. Едит-Оправдувам велам конкретно за децата додека се мали, инаку ги оправдувам тие што сметаат дека не треба да јадат месо на поголема возраст кога се оформиле физички и психички да го прифатат вегетаријанството како начин на живот.
Лично мислам дека е во ред..но сепак во месото има есенцијални протеини (растителни) кои се незаменливи за нашето тело и кои не можат да се синтетизираат.Сепак оние што се вегетаријанци немаат проблеми со тежината толку често како и оние што си јадат се.
На самиот организам му треба железо. Железото најмногу го има во месото. Со самото тоа, месото човекот е потребно да го конзумира. Сигурно можеш да внесуваш железо и преку други работи, или вештачки, но месото си е месо сепак. Немам ништо против вегетеријанците, и јас самата не сум љубител на месо. Единствено што јадам е пилешко, плескавици и чајна салама. Е од овие работи, не би се одрекла. Ретко го јадам месото, но сепак сметам дека е потребно.
Грешка си.... вегетаријанството е начин на живот.... право на избор што ке јадеш и дали ќе дозволиш на некого да му се одземе животот за ти да си ги задоволиш потребите.... има и друг начин да се исхрануваш кој како прво е поздрав..... за жал кај нас во Македонија многу слабо се конзумира здрава исхрана и луѓето мислат дека ако нејадат месо ке нема од што да живеат.... па луѓе време е да прочитате малку на интернет да се едуцирате и да видите дека месото многу лесно може да се замени со други продукти...... иначе да се биде вегетаријанец не значи ти да не конзумираш ништо од животинско потекло.....тоа се вегани..... ако барем малку знаеш низ што се поминуваат тие кутри животни и колку им се скратува животот ти не би сакала ни да помириснеш месо.... несакам да ме разберете погрешно... несакам да наметнам мислење... сакам само да не не осудувате нас вегетаријанците...тоа е наш избор....ти јади си пица... јас ке јадам што сакам....
Јас сум ЗА вегетаријанството! Сакам да го применувам овој начин на исхрана, мислам дека во скоро време и ова ќе биде...Да се надевам од понеделник па натака, здравје боже. Едино ме загрижува фактот дека месото треба да го употребуваме во нашата исхрана..Потребно е за нашиот организам за енергија и други ствари... Ама добро, ова нема да ми претставува проблем, затоа што освен пилешко месо, друго не јадам а не ни планирам да пробам. Па, wish me luck Aко има некои новости во врска со ова, ќе се пофалам хахххахха
уште од мала чувствував одбивност и гадење кон месото. немам потреба од него затоа што тие протеини ги има и во јајцата, сирењето, млекото итн... мислам дека имам подобар начин на исхрана од луѓето кои јадат месо затоа што мојот организам не е оптоварен со маснотии и функционира супер... МИЛО МИ Е ШТО СУМ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ ОД ПОТРЕБА А НЕ ОД КОМПЛЕКС!!!
не е потребно месо за твојот организам, потребни му се протеини кои ги има во јајацата и млечните производи...
Ne mozam da se deklariram kako vegetarijanec no imam odbivnost kon mesoto pogotovo ako go vidam svezo i posle toa spremeno ne mozam da podnesam ni miris ni vkus,skoro i da ne jadam meso,koga vikam meso mislam na nekoe parce salamaa na drugo ne,jadam ovosje zelencuk domasna hrana sportuvam aktivno i imam krv kako na masko,def ne mi treba meso vo zivotot za da bidam zdrava