И јас сум ЗА вегетаријанството и сум вегетаријанка. Премногу ги почитувам и сакам животните што не ми дава повеќе срце да јадам храна која имала лице...Вегетаријанците водат поздрав живот.
Како можете да бидете вегетарјанци, и да се откажете од месото ?! Јас никогаш не би го можела тоа, немам никави предрасуди, не сум некој страствен љубител на месо, но кога има дома секако дека јадам, јадам само домашно свинско месо, и ретко пилешко. Инаку, обжавам селско кое јас сама си го правам, и бидејки сум многу стрвна , неможам да се откажам од месото
мене воопшто па не ми е тешко без месо, ама те сфаќам и тебе, пошо на пример од благо за ништо на светов не би можела да се откажам
неполн месец сум пешко вегетарјанка и се гордеам со тоа без риба неможам, некако не ми оди дома моите збесуваат, особено мајка ми(замена за месо внесувам печурки-од толку печурки, и печурка ке станам , црвен грав, соја(неорганска) тоа беше моја одлука (буквално преку нок) каде и да отидам лиги ми прават, ама не се откажувам и првите неколку дена ми беше малку тешко, ама се навикнав
И јас сум тој тип на вегетаријанци Иначе, песко вегетаријанците можат да јадат риба, јајца, сирење, кисело и пресно млеко, јогурт, кашкавал итн
Јас на некој начин сум вегетиријанец. Јадам риба, понекогаш свинско и телешко. И никогаш во животот не би сакала да пробам елени, фоки и такви некој работи...самото тоа што замислуваш дека јадеш душа е тажно..
Јас сум голем обожавател на животните,значи ептен голем.Но не можам да бидам вегетаријанец од причина што месото му е многу потребно на организмот.Иако не јадам секаков вид на месо туку претежно пилешко.Така да кога веќе не ги обожавам другите видови избегнувам да ги јадам. Искрено,им завидувам и честитам на оние кои се вегетаријанци.Секоја ест на изджливоста.Јас не би издржала оти ми бара организмот многу месо,како што кажав најмногу пилешко. Но риба,зајак и слично не можам да поднесам да јадам и никогаш не би пробала.
Јас сум вегетарианец. Поточно оволактовегетарианец. Месо, воопшто не јадам. Никакво. Ни паштета, ни шунка, ни виршли, ни пак риби. Јајца страшно избегнувам, но ете, ги има во се и сешто. Не можам без нив. А млеко и сирење, да сакам. Им го земам млекото на телињата Почит спрема животните.
секоја чест на тие што можат да издржат без месо.....не сум против тоа секој има право да јаде што сака и како сака....јас лично не сум бас љубител на месо....мене ми е сеедно ако нема направено за ручек нема ни да посакам да јадам месо...али невикам дека нејадам....највејќе јадам пилешко....ретко јадам свинско...а за друго не ни помислувам и нема ни да укусам .....сепак голема подрска на тие сто можат без месо....
Е ова не го разбирам-ќе може некој да ми појасни ?? Значи овие го јадат овошјето кое само паѓа,а не што тие го берат ??? Или.. ??
Ја не дека сум вегетаријанец, ама мене самиот организам ми одбива месо, и просто неможам да го смислам месото, ми се гади кога ке видам месо, било какво , на било кој начин спремено и зготвено, а за салами па да не зборам. Ужас... Ама далеку од тоа дека сум вегетаријанка. Сепак, овој начин на живот многу го почитувам. Се разбира доста е здрав. Додека самото Веганство ми е претеризам .
Не бре, какво тресење. Па да го повредат растението, чувај боже. Чекаат само да падне, буквално само.