Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вегетаријанство

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Waka-waka, 30 јули 2010.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Јас сум вегетаријанка веќе 4 години, и супер ми е. Ама се откажав само од месо, а од јајца и млечни призводи, не можам, нема шанси. А од месо немав ни потреба, онака порано сеедно ми беше дали за ручек ќе има месо или не, дури некако и полесно се осеќав кога не јадев месо. Сега вака ми е супер, никогаш не осеќам тежина или пренајаденост, секогаш гледам полесна храна да јадам. Крвта ми е супер, значи на крвна слика не ми влијае лошо, а можам да речам и дека добро ми влијае воопшто на целикупното здравје :)
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    до пред 10тина години нејадев воопшто месо ми се гадеше и малку да каснам едноставно не ми го примаше желудникот...не дека и сега се убивам од јадење ама јадам пилешко стек или само бело месо , копани такви работи не. свинско ептен малку и тоа кртина, јагнешко јарешко не . телешко само чисто месо и тоа малку :) риба и морски плодови никако.
     
  3. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Same here! :) :hai:

    P.S. Вегетаријанка сум 3 месеци и супер ми е :)
     
    На Angel-Wings и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била вегетарианка затоа што не можам да се откажам од млечни производи.
     
  5. kitten622

    kitten622 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Јас не јадам месо,а од млечни производи неможам да се откажам :wasntme:
     
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не би можела да бидам вегетеријка само заради млечните производи. Јас да поминам ден без млеко па тоа нема шанси :D
     
  7. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Долго време сум вегетеријанка, од како знам за себе. Е сега како многу мала не се секавам дали моите ми давале сосила месо или како ... Во мое опкружување сите јадат месо, и не можат да сфатат дека едноставно не осекам потреба од било какво месо. Гадно ми е месото, ми смрди, ми е гадно да го гледам и да го пипкам. Има многу други работи кои ги јадам ама месо НИКАКО. Како и да е, убаво ми е. Е сега да ве прашам, на некои места имам стрии, и се мислам дали е ради тоа што не внесувам месо, па кожата нешто ми изгубила па ми се појавиле. Зашто немам варијации во тежината па да речеш од нагло слабеење или здебелување, секогаш сум на иста килажа.
     
  8. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Ова „на телото му треба месо“ и „без месо ќе ти се расипе крвта“ ми е како да ја слушам баба ми.
    Најраспространети се овие мислења на нашево полуостровче. Балкански месојадци.
    Не сметам дека е погрешно ако некој јаде месо, нека си јаде. Но, ми пречи неверојатно многу кога некој мене ме тера да јадам месо. „ЈАДИ!“
    Е не јадам!
    Прво поради здравјето. За да можат произведувачите на месо да ја задоволат потребата за истото (која е огромна во светот, па и кај нас) добитокот го ранат со секави хемикалии и модифицирани оброци со цел да е поголем. Поголем добиток = повеќе месо.
    По пристигнувањето во месарата дел од месото се третира со јаглерод моноксид за да изгледа посвежо.
    [​IMG]
    Се што добивате од месото можете да го добиете од зрнестите плодови,зеленчукот.. Спанаќ, соја, кикирики, костени, леќа, црн грав, обичен грав..
    Не убедувам никој да биде вегетаријанец, тоа си е личен избор.
    Јас едноставно не можам да ја поднесам помислата да јадам нешто што било живо пред да е на мојата трпеза. Животно. Па и ние сме животни. Единствената разлика е што ние сме на врвот на ланецот на исхрана па си даваме за право да убиеме поради нашата потреба за мрсно свинско.
    Не не, благодарам. Се водам според една изрека. Ти си тоа што јадеш. Ако јадеш нешто мртво, таков ќе бидеш и одвнатре.
    [​IMG]
    :)
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
  10. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Можеш да бидеш вегетаријанка: да конзумираш млечни производи, само месо не... :)
     
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Вегетаријанец сум веќе 1 година и препрепрепрепрепрепрепрекрасно ми е! 8) :) ;)
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Да ве потсетам дека ќе одржиме веге-фест во Скопје.. :)

    Драги пријатели,


    „Анима Мунди“ (https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia) оваа година има во план да го организира првиот веге-фестивал во Македонија кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција! Фестивалот се планира да биде третиот викенд од октомври (20 и 21 октомври) бидејќи октомври е посветен на фармските животни и вегетаријанството.

    Нашето здружение веќе неколку години по ред организира дегустација на веге-храна во „Ла Кања“ и токму поради тоа што забележавме дека има огромен интерес на тие едновечерни журки оваа година сакавме да отидеме еден чекор понапред и да организираме ваков голем настан што ќе трае два дена со целодневна програма.

    Бидејќи многу тешко ни оди со обезбедување финансии, сечија помош/идеја се добредојдени! Затоа, сите заинтересирани да помогнат на каков било начин (да волонтираат во организацијата/да подготват некој веге-специјалитет, да не` упатат кај некој нивен познат што би можел да придонесе на каков било начин кон фестивалот) ги замолуваме да пишат приватна порака на (http://www.facebook.com/dragana.velkovska) која е организатор на фестивалот.


    Нацрт-верзијата од проектот е ваква:


    - медитација/кунг фу/јога/таи чи чуан/гледање во сонце

    - мини ликовна колонија

    - џус бар/коктел бар

    - детско катче

    - проекција на едукативни филмчиња/клипови

    - продажба на накит/разни др. ракотворби

    - сувенир штанд

    - презентација на козметика што не се тестира на животни

    - предавања од нутриционисти

    - централниот настан, дегустација на веге-храна

    - претставување на веге-кујна од различни ресторани

    - демо приготвувања на веге-специјалитети

    - настапи на бендови/музичари/диџеи

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    moj den!neka mi e cetit preznikot!se razbira i na drugite vegetarijanciiii!!!! :)
    Da ziveat vegetarijancitee! :talk:
     
    На LOmikol и COollLady им се допаѓа ова.
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А има ли меѓу вегетаријанците во темава такви кои конзумираат исклучиво жива храна од растително потекло? :) Ме интересираат искуства од тој начин на исхрана, па ако има поинформирани може да се вклучат на темава. ;)
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Мислиш на вегани :)
    „Анима Мунди“ објавува повик за волонтери по повод организирање на првиот вегефестивал во Македонија.

    https://www.facebook.com/notes/anim...нтери-за-скопје-вегефест-2012/434676819921895

    Ајде волонтери придружете ни се :)
    По повод одбележување на Месецот на вегетаријанство и веганство, кој стартува токму денес на 1. октомври со Светскиот ден на вегетаријанството, „Анима Мунди“ со задоволство Ве кани да земете учество во нашиот ВЕГЕПРЕДИЗВИК!

    https://www.facebook.com/events/466721803373162/?fref=ts
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако добро сум била информирана веганите јадат исклучиво храна од растително потекло, но не сум чула и дека термички не ја обработуваат. Дополнително строго не носат облека од животинско потекло (волна,кожа,крзно,бисери,корали итн.) и не користат козметика тестирана на животни.

    Ова за што јас прашувам ми се чини дека е друг тип на веганство т.е. се работи за вегани кои пак јадат само нетермички обработена храна (raw food veganism) или како што ја нарекуваат жива . Toa што досега успеав да го соберам како информација го пренесов во посебната тема за жива храна која ја наведов погоре.
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ова е месото што го јадете:
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Не сум вегетаријанец,а и несакам да бидам...
     
  20. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Вегетаријанците одамна предупредуваат на штетното влијание на месото врз здравјето на луѓето, но авторите на еден индиски учебник за основно училиште отишле чекор подалеку, предупредувајќи ги учениците дека со конзумирање на месо може да станат лажговци, крадци, па дури и силувачи.

    Невообичаената морална поука е содржана во учебник за 11-годишници со упатства за одржување на здравјето и хигиената на телото и духот, објави индиската телевизија НДТВ њуз.

    Во делот за не-вегетаријанците, авторите наведуваат дека лицата кои јадат месо лесно се служат со лаги и превари и ги забораваат дадените ветувања.

    - Овие луѓе се нечесни и користат лоши зборови, крадат, се тепаат и склони се на насилство и сексуални злосторства, се наведува до учебникот.

    Во делот посветен за бракот што, исто така, предизвика контроверзии во јавноста, жените се советуваат да најдат маж меѓу 18 и 25 години, бидејќи со тоа ќе избегнат озборувања.

    Наспроти длабоко вкоренетата култура на вегетаријанство и верската забрана за конзумирање на месо, Индијците се повеќе јадат месо.

    Според податоците на Организцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, минатогодишната потрошувачка на месо во Индија изнесувала околу 5,5 килограми по глава на жител, што е досега најголемо количество откако се прават овие мерења.
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.