Јас не практикувам вежбање... имам сложен циклус... првиот ден имам многу болки, а вториот обилно крварење... се разбира сакав да вежбан, но потоа не можам да ги издржам болките....
Првите два дена кога ќе добијам не вежбам ништо едноствано тие денови ми се за одмор. После тоа си почнувам со некои полесни вежби и во последните денови почнувам да џогирам
Вежбам исто и како кога немам немам некои посебни болки освен тоа чувство доле во стомакот дека нешто се случува (ќе ме разберете) така да не ми претставува проблем,ама гледам барем првиот ден да е тренинг со тегови да не скокам многу многу па да ми пробие и да направам се лом
Jas koga imam menstruacija i vezbam mn me boliii.......zatoa koga imam ne vezbam [mod-kirilica:3awb210f][/mod-kirilica:3awb210f]
Јас секогаш вежбам и тоа исти онакви важби како и кога немам, а некогаш и потешки ми се тренинзите баш во тие денови , па се е ок, немам никакви проблеми ниту па продолжена менструација ако немаш силни болки слободно вежбај си
јас имам многу болки па поради тоа првиот ден не вежбам, веќе од вториот почнувам со полесни вежби..но откако почнав редовно да вежбам, секој ден морам да кажам дека и болките во последниве 3 пати кога добивам ми се намалени..пу пу..да не се урочам... затоа на сите кои имате болки ви препорачувам да почнете да вежбате и болките со тек на време ќе се намалуваат и дај Боже нека исчезнат.поздрав
Кога како! Понекогаш да, понекогаш не, но најчесто ме тера да мирувам, а ако вежбам правам полесни вежби.
Првите два дена си давам одмор, бидејќи имам болки и тегоби, а со вежбањето не ми поминуваат, туку напротив - чувствувам дека се засилуваат (особено после стомачните). Е веќе третиот ден можам слободно да вежбам без проблем.
Феминки јас денес почнав да вежбам , али само шо почнаа да ми растат цицките (после долго отчекување )па се плашам да не престанат да растат ако продолжам да вежбам... постои ли таква можност?
Немам гајле Баш коа правам кардио а имам добиено убрзува циркулирањето и побрзо се чистам (да не речам, побрзо ми тече)
Постои ли некаков начин да пливаш кога имаш добиено? (а да не ја направиш водата црвена, се разбира) Знам дека може со тампони ама не сакам да ги користам!