Јас например кога имам , исто ко да немам , во смисол дека не се замарам многу многу иако многу многу ми тече... значи тренирам ракомет и ги правам сите редовни вежби, тешки, лесни не ми е воопшто битно. Сум била и на натпревари па што, не ми е проблем и воопшто не се плашам
Има вежби што се препорачуваат за време на менструација. Инаку јас си вежбам и за време на менструација и немам никакви проблеми.Ретко ме боли стомак и такви ствари така да....Кој може зошто да не
Вежбам речиси секогаш. Се случува некогаш ептен да ме боли стомакот да ми се лоши, немам енергија. Едниствено тогаш.
Јас вежбам со менструација, и понекад настапувам, па ништо..Има некој одма говорат немој не вежбај ова ке те боли нешто ке ти биде.. нема ништо лошо да се вежба
Кога имам добиено, исто како да немам. За мене тоа не е оправдување да не се вежба (или било што да не се прави). Тоа е нормална појава, не е болест. А, нели тогаш сите имаме вишок на енергија, па секако мора да ја потрошиме некако, барем да е на продуктивни цели.
Јас не вежам кога имам менструација бидејки тогаш ме боли грбот и стомакот и едвај издржувам особено првиот ден
Не можам да вежбам додека имам затоа што болките и онака ми се големи во стомакот и градите, па уште вежбање ми фали. А плус, првите неколку денови ми е многу обилно крварењето, така да паузирам тогаш.
денес добив т.е сабајлево.и имам обилно крварење и болка во бубрезите и долниот де од стомакот.ако болката ми се намали ќе се обидам вечер дел од вежбите да извежбам.ако не здравје.
Јас не можам. Првите 2-3 дена сум прикована за кревет, со страшни болки. После демек подобро ми е, и сум пробала, ќе вежбам нешто па колку и да е лесно и едноставно, веднаш болките се враќаат. Еднаш завеси местев на 5-6 ден, после ми се плачеше од болка, а не па нешто вистински да вежбам. А предходниот месец вежбав после вториот ден, се стегнав и решив. Ама после ем ми се продолжи, ем ми се вратија болките. Ама си се јачав, си викав дека не е од вежбањето и си вежбав секој ден додека не ми помина. Мислам дека не би повторила пак...
Мене кога ќе добијам многу ме боли стомакот, баш сега последниов пат на третиот ден вежбав и воопшто не ме болеше стомакот, дури како полесно ми беше но приметив дека помалку ми тече, не толку обилно како порано.
Ако го поминам целиот ден дома лежејќи се чувствувам многу депресивно, стомакот не престанува да ме боли (а апчињата не ги поднесувам и не ги пијам). Ако вежбам пола саат-саат и потоа добро се истуширам се чувствувам многу олеснето, стомакот ич не ме боли и затоа практикувам вежбање за време на менструација. Познавам многу личности кои по цела недела не излегуваат од кревет, се трујат со апчиња и потоа ние сме им „криви“ за се и сешто. А и сум приметила, ако вежбам редовно - немам ПМС.
Јас вежам и искрено немам забележано разлика дали ме боли повеќе помалку. Ги правам истите вежби и кога имам менструација и кога немам Поздрав
Да може да се вежба, не е проблем тоа. Но јас кога еве веќе неколку пати вежбав со менструација, не дека ме болеше стомакот, туку некако се чувствував завеано, како да ќе паднам. Така последниот пат кога вежбав со менструација за малку ќе се онесвестев и главата цело време ме болеше, а такви менструални болки немав.. Значи кај сите е различно но јас сега веќе не практикувам вежбање за време на циклус бидејќи не дај Боже можеби и стварно можам да се онесвестам..